Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Дали летате со американска или европска авиокомпанија? Од тоа зависат вашите права при доцнење на летот

Изборот на авиокомпанија може да биде пресуден за правата што ги имаат патниците кога летот ќе доцни или ќе биде откажан. САД и Европската Унија применуваат различни правила за обврските на авиопревозниците, а од тоа кој го извршува летот може да зависи дали патниците ќе добијат оброци, хотелско сместување или финансиски надоместок.Во САД, од 19 октомври 2026 година, почнува примената на промени со кои на списокот на околности надвор од контролата на авиокомпаниите се додаваат 10 нови ситуации.

Свет | пред 1 седмица

dzordza-meloni

Мелони: Протестирањето е право, но претворањето на нашите градови во пепел не е

Италијанската премиерка Џорџа Мелони остро го осуди насилството за време на протестите и ја повика опозицијата јасно да се огради од учесниците во немирите.„Протестирањето е право, но претворањето на нашите градови во пепел не е. Повторно ја упатувам мојата порака до опозицијата: не бидете двосмислени по ова прашање. Секое премолчување станува оправдување за насилството“, порача Мелони.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjiha2p46h59v3FmkOtq

Над 15.000 хотели ја тужат „Букинг“: Со години не можеле слободно да ги одредуваат цените

Повеќе од 15.000 европски хотели се приклучија на колективна тужба против платформата „Букинг“, барајќи надомест на штета поради правилата што со години им го ограничувале слободното одредување на цените. Хотелиерите тврдат дека спорните клаузули ја намалиле конкуренцијата и ги принудиле да зависат од посредничката платформа.Тужбата официјално била поднесена во Окружниот суд во Амстердам, а ја покренала независна холандска фондација со поддршка на европското здружение на хотелиери HOTREC и повеќ

Свет | пред 1 седмица

media-librarycsh1i936ka910S4pYET

Детали за крвавиот напад во стан во Карпош: Еден ја покажал локацијата и шифрата од зградата, другите двајца нападнале со нож

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против тројца државјани на Турција осомничени за обид за убиство во стан на улицата „Прашка“. Двајца од осомничените биле приведени при обид да ја напуштат државата преку граничниот премин Блаце, додека третиот успеал да избега на Косово.Според Обвинителството, тројцата се осомничени дека како соизвршители учествувале во кривично дело убиство во обид. Еден од нив им помогнал на другите двајца, одведувајќи ги до зградата во која престојувале два

Македонија | пред 1 седмица

ebola

Епидемијата на ебола се прошири во осмата провинција во Конго, над 4.000 починати

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се прошири и во Северен Убанги, осмата провинција зафатена од болеста, која се граничи со Централноафриканската Република. Информацијата ја соопшти Институтот за јавно здравје на Конго.Во Северен Убанги се потврдени два случаи на ебола, објави Ројтерс во четвртокот, повикувајќи се на двајца здравствени претставници.Според податоците на здравствените власти, бројот на потврдени случаи во Демократска Република Конго надминал 9.000, додека од боле

Свет | пред 1 седмица

media-libraryf8k1v5j6u4rq4TZVGKP

Стотици илјади на улиците во Франција, протестите се проширија и во други европски земји

Незадоволството поради растот на животните трошоци и влошувањето на јавните услуги предизвика масовни протести во Франција, кои во саботата ескалираа во насилни судири. Во немирите еден демонстрант починал од срцев удар во Париз, повеќе од 500 полицајци биле повредени, а околу 1.800 лица биле приведени низ земјата.Протестите се одржаа во повеќе градови, каде што стотици илјади граѓани излегоа на улиците. Според францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, на маршевите учествувале околу

Свет | пред 1 седмица

media-libraryt0vb9c1h1fssecfheQB

Тројца возачи со над 1,50 промили алкохол уапсени во Скопје

Четири лица биле лишени од слобода при засилена сообраќајна контрола во Скопје, од кои тројца управувале возило со повеќе од 1,50 промили алкохол во крвта, а едно лице возело без возачка дозвола.Акцијата ја спровела Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во текот на ноќта меѓу 17 и 18 октомври, од 21 до 3 часот, на подрачјата на општините Илинден, Гази Баба и Кисела Вода.При контролата биле откриени вкупно осум возачи кои управувале моторни

Македонија | пред 1 седмица

media-library77lonlb976v482h68Gz

(Видео) Најмалку седум загинати и десетици повредени во експлозија и пожар во канадска воена база

Најмалку седум лица загинаа, а десетици се повредени во тешка несреќа во канадската воена база Вејнрајт, каде вчера попладне избувнале експлозија и пожар. Поради големиот број повредени, болниците во регионот се под силен притисок, а на терен е активирана обемна акција на итните служби.Според информации од воени извори што ги пренесува „Глобал њуз“, експлозијата се случила околу 16 часот по локално време, за време на вежба со боева муниција, кога бил погоден гасовод во рамките на базата. Кралска

Свет | пред 1 седмица

dron1

Дрон се урна во Литванија, НАТО испрати борбени авиони

Дрон се урна во северниот дел на Литванија, откако најверојатно влегол во воздушниот простор на земјата од соседна Полска. Министерот за одбрана Робертас Каунас денеска го потврди инцидентот, при што остатоците од леталото оштетиле автомобил, но нема повредени, соопшти шефот на Националниот центар за управување со кризи, Вилмантас Виткаускас.Засега не е познато дали дронот носел експлозив, а истрагата е во тек. Претходно, властите ги повикаа жителите на централните и северните делови на земјата

Свет | пред 1 седмица

media-library3g7snnpg5fc23SjjbPp

(Видео) Ураганот Труди го погоди мексиканскиот брег, предупредување за поплави и свлечишта

Ураганот Труди, проследен со обилни врнежи и силни ветрови, денеска погоди делови од пацифичкиот брег на Мексико. Американскиот Национален центар за урагани предупреди дека можните поплави и свлечишта би можеле да бидат опасни по живот.Предупредувањето за ураган останува во сила на подрачјето од Манзанило, во сојузната држава Колима, до Капо Кориентес, во Халиско, објави АП.Според најновите податоци на Националниот центар за урагани, ураганот од втора категорија, со постојани ветрови до 165 кило

Свет | пред 1 седмица

media-library8elij499rd8h2sPUedJ

Ѓорѓиевски им честиташе на нуркачите за историскиот подвиг во пештерата Врело

Пештерата Врело во Матка достигна нов историски успех, откако полскиот нуркач Бартломиеј Питала, со поддршка на тим нуркачи, се спушти до длабочина од 338 метри. Со ова достигнување, Скопје добива дополнителна можност да се афирмира на светската мапа на пештерското нуркање.Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го поздрави подвигот, истакнувајќи дека станува збор за резултат што носи гордост за градот и за Македонија.Истражувањето траело девет часа, а зад успехот стојат храброста, знаењето

Македонија | пред 1 седмица

IMG_6878

Хутите ослободија 159 лица притворени во Јемен

Јеменската група Хути ослободи 159 лица кои неодамна биле притворени, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). Ослободувањето било спроведено еднострано од властите во Сана, со поддршка на оваа хуманитарна организација.Претставници на МКЦК разговарале со притворените пред нивното ослободување и ги известиле нивните семејства. Организацијата обезбедила и помош за нивното враќање дома. Медицинските тимови ја процениле нивната здравствена состојба и способноста за патување, а за оние

Свет | пред 1 седмица

aplikacii-telefon

Израелска компанија користела онлајн реклами за шпионирање телефони, погодени и страници на ЕУ и НАТО

Израелска технолошка компанија наводно користела онлајн реклами за да овозможи тајно следење и потенцијално заразување мобилни телефони со шпионски софтвер. Реклами поврзани со оваа операција биле прикажувани и на официјални веб-страници на Европската Унија, НАТО и Обединетите нации, открива истрага на истражувачи за сајбер-безбедност.Истражувањето го спровеле „Ситизен лаб“ при Универзитетот во Торонто и компанијата за сајбер-безбедност „Конфајант трет интелиџенс“. Тие откриле техника наречена „

Свет | пред 1 седмица

media-librarylfhsascnika0cnle4Ie

Запленети дрога, пиштоли, пушки и муниција при полициска акција низ државата

Шеснаесет лица се лишени од слобода, а при претреси на повеќе локации низ државата се запленети дрога, огнено оружје, муниција и пари. Акцијата ја спровел Одделот за криминалистичка полиција, во координација со секторите за внатрешни работи и Единицата за службени кучиња, во текот на 16 и 17 октомври.Во рамки на засилените активности за откривање и сузбивање на криминалот биле извршени вкупно 47 претреси во домови и други помошни простории.При претресите биле пронајдени и одземени поголема колич

Македонија | пред 1 седмица

media-library6s2jrnfa16q91wczfge

(Видео) Масовни украински напади врз Русија, погодени нафтен терминал и центар за податоци

Украинските напади врз Русија предизвикаа пожар на терминал за извоз на нафта во Санкт Петербург, додека Киев лансирал повеќе од 1.000 беспилотни летала кон руска територија. Станува збор за еден од најмасовните воздушни напади од почетокот на војната, во период на зголемени тензии меѓу Украина и Вашингтон, по критиките на американскиот претседател Доналд Трамп за украинските удари врз руската нафтена инфраструктура, објави „Њујорк пост“.Локалниот гувернер Александар Беглов соопшти дека во напад

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Во Брвеница гласале 1.480 граѓани, изборниот процес тече без посериозни проблеми

На предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 11 часот гласале 1.480 граѓани, односно 9,11 отсто од запишаните избирачи. Излезноста е малку повисока во споредба со локалните избори во октомври минатата година, кога во истиот период гласале 8,34 отсто од избирачите, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ.Маричиќ, заедно со уште четворица членови на ДИК, ја посети Брвеница и обиколи шест избирачки места, при што утврдиле дека гласањето започнало

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryjohi0te5esv38xjd81v

Без возачки испит, пијани или со забрана зад воланот: 25 возачи уапсени

Вкупно 25 возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со возило. Меѓу нив, 12 возеле без положен возачки испит, 11 биле под дејство на алкохол, а двајца управувале возило и покрај активната забрана.Од МВР информираат дека полициските службеници ги лишиле од слобода на различни локации во државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ според член 297-а од Кривичниот законик.Меѓу лицата кои возеле без положен возачки испит се

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryrhpb65f5dknm194Hqau

44-годишен маж тешко повреден во судир на автомобил и товарно возило во Струмица

44-годишен жител на Струмица се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа меѓу патничко и товарно возило на булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица.Според информациите од МВР, несреќата се случила на 17 октомври 2026 година, во 10:40 часот. Во судирот учествувале патничко возило „хундаи“, управувано од 80-годишниот Н.Ш., и товарно возило „нисан“, управувано од 34-годишниот А.А., двајцата од Струмица.Во несреќата тешко бил повреден сопатникот во „хундаито“, 44-годишниот Т.А. Повредите би

Македонија | пред 1 седмица

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Жена пријавила физички напад од сопругот во Скопје

31-годишна жена пријавила дека била физички нападната од сопругот во нивниот дом во скопската населба Бит-пазар.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 18 октомври 2026 година, околу 2:50 часот, во СВР Скопје. Жената навела дека нападот се случил претходната вечер, на 17 октомври, околу 22 часот, во домот на подрачјето на Бит-пазар.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysasrcqetedop2jWM3rs

23-годишник ја нападнал маќеата и нејзината малолетна ќерка

42-годишна жена и нејзината малолетна ќерка биле физички нападнати во својот дом во скопската населба Бит-пазар, а за нападот е пријавен 23-годишниот посинок на жената.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 17 октомври 2026 година во 19:40 часот, во СВР Скопје. Жената пријавила дека нападот се случил истиот ден, околу 14:30 часот, во нивниот дом.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

media-library1bm0jdblcp44fiPxk3i

18-годишна девојка тешко повредена откако со „ауди“ излетала од патот во Липковско

Осумнаесетгодишна девојка се здобила со тешки телесни повреди откако автомобил „ауди“ излетал од патот и удрил во метална конструкција во селото Опае, во Општина Липково.Според информациите од МВР, несреќата се случила на 17 октомври 2026 година, околу 15:10 часот, на регионалниот пат Куманово – Липково. Со возилото, кое било со кумановски регистарски ознаки, управувала 18-годишната С.А. од селото Слупчане.Во несреќата тешко била повредена нејзината сопатничка, 18-годишната А.А., исто така од Сл

Македонија | пред 1 седмица

media-library442u516q70206nazeAm

67-годишен пешак тешко повреден откако го удрил автомобил

67-годишен жител на селото Оризари е тешко повреден откако бил удрен од автомобил на регионалниот пат Куманово – Липково.Според информациите од МВР, несреќата се случила на 17 октомври 2026 година, околу 6:05 часот, во селото Оризари, во Општина Липково. Патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот А.Р. од селото Липково, удрило во пешакот Д.Д. (67) од Оризари.Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Ск

Македонија | пред 1 седмица

media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Марихуана и дробилка пронајдени во возило при полициска контрола во Македонска Каменица

Пакување со марихуана и дробилка биле пронајдени и одземени при полициска контрола на возило во Македонска Каменица.Од МВР информираат дека на 15 октомври 2026 година, во 20:30 часот, полициски службеници од мобилниот тим на „Task Force“ запреле патничко возило „цитроен“, со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од 30-годишниот Н.С. од истиот град.При извршениот преглед биле пронајдени и одземени пакување со марихуана и една дробилка. За случајот бил известен јавен обвинител, а п

Македонија | пред 1 седмица

2

Прашкаста материја пронајдена кај осуденик во затворот „Идризово“

Прашкаста материја била пронајдена и одземена при претрес на осуденик во затворот „Идризово“.Според информациите од МВР, на 16 октомври 2026 година, во 14 часот, во СВР Скопје било пријавено дека при претрес извршен околу 11:30 часот кај осуденикот С.С. била пронајдена прашкаста материја.Надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryl57p2o6jkug75UUGPVk

Загина 59-годишен гостиварец откако со автомобил удрил во бетонски ѕид во Долна Бањица

59-годишен жител на Гостивар го загубил животот во сообраќајна несреќа што се случила во селото Долна Бањица.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 17 октомври 2026 година, во 22:55 часот, во ОВР Гостивар. Патничко возило „опел“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.М. (59) од Гостивар, излетало од коловозот и удрило во бетонски ѕид.Во 23 часот, дежурен лекар ја констатирал смртта на возачот. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукци

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања