Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Скопје1.мк

b2Vk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnprN01EQV8vZTI0N2NkNDc3ZjllYTBjZDA3NTRkM2NhY2VkYWMxYjMuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

(ВИДЕО) Експлозија на нафтовод во Мексико, загинаа 73 лица

Бројот на загинати во експлозијата на нафтовод во централно Мексико порасна на 73, изјави гувернерот на мексиканската држава Идалго Омар Фајад.Повредени се 74 лица, а голем дел се водат како исчезнати.Властите сметаат дека вчерашната несреќа се случила кога крадци се обиделе да украдат гориво и ја пробиле цевката, пренесува Ројтерс.Ова е една од најлошите експлозии на нафтовод во Мексико, вели агенцијата.

Свет | пред 7 години

VIK_8062

Тевдовски: Влезот во НАТО ќе придонесе за неколкукратно подобрување на повеќе економски показатели

Влезот во НАТО ќе делува како катализатор на економскиот раст во Македонија, вели министерот за финансии Драган Тевдовски. Тој посочува дека стабилноста и меѓународната позиција кои ги добива земјата со членството, кај земјите кои пристапиле кон Алијансата резултирале со повисоки инвестиции, поголема економска активност, намалување на невработеноста и подгинување на животниот стандард.-Значително забрзување на економскиот раст се забележува кај сите земји од регионот, по пристапувањето во Алијансата. Стабилноста и меѓународната позиција која ја обезбедува членството, придонесуваат за неколкукратно подобрување на повеќе економски показатели. Пред се, тоа се забележува кај странските директни инвестиции. На пример, по пристапувањето во НАТО во Бугарија трикратно се зголемија странските инвестиции, во Албанија двојно - вели Тевдовски.Тој посочува дека новите инвестиции, значат нови работни места, нова додадена вредност, зголемување на обемот на трговија и зголемена економска активност.-На пример, по влезот во НАТО растот на БДП во Бугарија е зголемен од 2,8% на 6,7% во просек. Невработеноста кај земјите кои пристапија во НАТО во 2004 во просек е намалена од 11,4% на 6,3%. Сето тоа резултира со подигнување на животниот стандард, што се покажува и преку растот на номиналниот БДП per capita усогласен за паритетот на куповна моќ, кај овие земји-вели Тевдовски.Неделава кредитната агенција „Фич“, како и реномираниот фонд за управување со средства „Итон Венс“ посочија дека Македонија има напредок во евроатланските интеграции и дека местото и е во ЕУ и НАТО. Од „Фич“ истакнаа дека тоа влијае на забрзување на економската активност, додека „Итон Венс“ ја оценија Македонија како најпривлечна дестинација за инвестирање во Централна и Источна Европа.

Македонија | пред 7 години

5dRk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWmpZN01EQV8vNjA3YzI4NzM5ODQ2NTQyMTZkYjYwMWZhY2I5YzhmM2QucG5nkZMCzQLkAIGhMAE

(ВИДЕО) Америка лансираше шпионски сателит во свемирот

Моќната ракета „Делта 4 Хеви“ со американски шпионски сателит е лансирана во саботата од Калифорнија.Ракетата во космосот испрати сателит од воздухопловната база Ванденберг во 11:10 часот по пацифичко време.Лансирањето беше одложувано повеќе пати до крајот на минатата година поради излевање на хидроген, јаки ветрови и проблем со опремата за комуникација со копното, велат од американската агенција.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Откако ја ограбија и уништија македонската економија, Заев се сети на обичниот граѓанин

СДСМ продолжува бесрамно да ја лаже и манипулира македонската јавност. Откако целосно ја ограбија и уништија македонската економија сега криминалната и одродена власт предводена од аболицираниот Зоран Заев наводно се сети на обичниот граѓанин, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.„Ги зголемија даноците и давачките кон државата, ги зацрнија пазарџиите со катастрофални законски решенија, а нема капитални инвестиции, ниту повисоки пензии и плати за грѓаните.СДСМ ги осиромаши граѓаните со низа лоши законски решенија и погубни економски политики, а сега без срам лаже за некакво си враќање на парите кај граѓаните. Криминалната власт најпрво треба да ги врати милионите евра кои ги украде директно од џебот на граѓаните преку криминални тендери и грантови, измислени раководни позиции и партиски вработувања за партиските послушници.Македонската економија и натаму е последна во регионот, но и во Европа. Додека европските држави доживуваат вистинска економска ренесанса, благодарение на сопствената неспособност Заев се фали со минимален раст и стагнација на македонската економија. Нивото на корупција е единственото нешто кое се покачува овие две години. Рангирањето на Македонија на листата на меѓународната Транспарентност покажува дека Заев ја претвори државата во дувло на корупцијата , најлоша во Европа.Доста е економски црнила, време е оваа криминогена власт да замине. Избори веднаш“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

ucenici

Утре почнува второто полугодие

По три недели зимски одмор, околу 270.000 средношколци и основци, меѓу кои и 20.000 првачиња утре ќе се вратат на настава за второто полугодие од учебната 2018/2019 година.Министерството за образование и наука пред една седмица соопшти дека за евентуално одложување на второто полугодие поради заразата од морбили ќе биде во координација со министерствата за здравство и за труд и социнална политика, но Комисијата за заразни болести од Министерството за здравство пред два дена заклучи дека нема продолжување на распустот за учениците.Министерот Арбер Адеми неодамна информираше дека е во финална фаза втората нацрт-верзија од новиот закон за основното образование и дека наскоро ќе биде објавена на електронскиот регистар на прописи-ЕНЕР.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пронајдена марихуана и хероин при претрес на возило во Струга

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Љ.А.(32) село Шум, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 16.01.2019 година во село Шум, при претрес во дом и возило на пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана и хероин.

Македонија | пред 7 години

Capture-13

(ВИДЕО) Црквата „Свети Димитрија“ во Мелбурн под синџири за Водици

Верниците и свештеникот кога утрото на Богојавление пристигнале пред црковниот храм „Свети Димитрија“ во Спрингвел, Мелбурн, наишле на заклучена црква со синџир од кој никој го немал клучот, вклучително ни свешетникот. Верниците се револтирани и вознемирени и бараат објаснувања и одговори.

Македонија | пред 7 години

e28k9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnpnN01EQV8vNzU3ZjM5N2E3MWUxODhjNzA2NmI0ODQzZmNhYWU0YWQuanBlZ5CBoTAB

(ФОТО) Топлотен бран ја погоди Австралија, се очекува зголемување на температурите

Австралија се бори со топлотниот бран кој трае околу една недела, а последиците се многу сериозни.Температурата не паѓа под 40 степени веќе шест дена, а се очекува истата се уште да се зголемува.Повеќе од 60 пожари гореа во Нов Јужен Велс оваа недела.https://twitter.com/CNN/status/951340684212162561?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E951340684212162561&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fnezapamceni-vreli-talas-zivotinje-umiru-od-vrucine-asfalt-se-topi-bukvalno-foto%2F2xw7jwz

Свет | пред 7 години

grip

Грипот во Хрватска зеде замав, Девет лица починаа, а 8.500 се заразени во последните две недели

Девет лица починаа, а 8.500 се заразени во последните две недели во Хрватска. Податоците се изнесени од страна на министерството за здравство денеска. „Имаме пациенти со тешки облици на грип и воспаление на белите дробови. Од грип во Хрватска до сега починаа девет лица, а се уште се чекаат официјални резултати за два смртни случаи во Сплит, изјави директорот на Хрватскиот завод за јавно здравство Крунослав Цапак.Сппред Министерот Хрватска по епидемијата на грип е трета во Европа со оклу 8.500 заразени лица, додека на прво место е Велика Британија.Директорката на загрепската Клиника за инфективни болести Алемка Маркотиќ наведе дека ситуацијате со заболени е сериозна, но и дека нНема причина за паника, но има за сериозно постапување.

Свет | пред 7 години

brza-pomos

Автомобил удри велосипедист, пренесен во Клиничката болница Штип

На 19.01.2019 година околу 19.15 часот на регионалниот пат Свети Николе-Овче Поле, кај село Пеширово, Ј.З.(33) од Свети Николе, управувајќи патничко возило „Фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, удрил во велосипедистот Т.М.(69) од Свети Николе.Т.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.

Македонија | пред 7 години

soobrakajna-nesreka

Штипјанец излетал од коловозот и удрил во сообраќаен знак

На 19.01.2019 година во 16.45 часот на магистралниот пат Кочани-Штип, на влез во село Долни Балван, В.Д.(56) од Штип, управувајќи патничко возило „Форд Фокус“ со штипски регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во сообраќаен знак.Од ударот возачот В.Д. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болнца Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 7 години

sv-jovan-krstitel

Денеска се празнува Собор на св. Јован Крстител, дел од моштите има во Бигорскиот манастир

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јануари.Православните Христијани денеска го одбележуваат празникот Собор на Св. Јован Крстител. Именден прославуваат, Јован, Јована, Јоне.Свети Јован Крстител е важен светец во христијанството, братучед на Исус Христос според евангелието на Лука и човекот којшто го крстил во реката Јордан. Со оглед дека оваа главна улога на Свети Јован се остварила на денот на Богојавление (19 јануари), древната Црква денот по Богојавление му го посветил на неговиот спомен.Моштите на св. Јован Крстител се наоѓаат на неколку места низ светот, а дел од дланката се наоѓа во Бигорскиот манастир, св. Јован Крстител во Македонија.Јован Крстител најверојатно имал голема улога во првите векови во христијанството, а според некои, тој дури имал и поголем број на верници.Денеска, во христијанството, Јован се смета за светец и маченик. Во исламот е познат како пpорок Јахја ибн Закарија. Медејците, пак, го сметаат за единствен и вистински меcија.Празникот Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 20 јануари по македонскиот православен црковен календар.Исто така, во православната црква се празнува и денот на отcекувањето на главата на Св. Јован Крстител (11 септември). Меѓу евангелските личности околу Исус Христос тој има посебно место.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во кои земји во Европа има најголема консумација на кокаин

Кокаинот e илегален стимуланс кој најчесто се користи во Европа, а околку 2% од младите изјавија дека ја користеле оваа супстанца во изминатата година.Организацијата OECD објави податоци за употребата на кокаин во земјите од Европската Унија кај лица од 17 до 34 години во последните 12 месеци.Според нив, најмногу кокаин се користи во Данска, Холандија, Шпанија и Велика Британија. Во овие земји употребата на кокаин е 3% или повеќе.Германија, Естонија, Франција, Хрватска, Италија, Летонија, Словенија, Шведска, Норвешка и Белгија имаат консумација на кокаин од 1,1 до 2,5%.Консумацијата на кокаин во Чешка, Грција, Луксембург, Унгарија, Финска и Бугарија се движи од 0,6 до 1%, додека употребата на оваа дрога во Кипар, Литванија, Австрија, Полска, Португалија,, Романија и Словачка изнесува помалку од 0,6%. 

Свет | пред 7 години

mediumi14

СДСМ: Недозволиво е било какво попречување на работата на новинарите, надлежните да го расчистат случајот

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го осудува физичкиот напад врз новинарката на Канал 5 телевизија, која известувала од  манифестацијата за одбелжување на верскиот празник Водици, вчера, во Скопје.„Неприфатливо е било каков било физички напад, неприфатливо е било какво попречување на работата на новинарите, тоа е недозволиво.СДСМ очекува надлежните институции што поскоро да го расчистат случајот и напаѓачите да понесат одговороност односно соодветна законска казна“, се вели во реакцијата од партијата.

Македонија | пред 7 години

paridenari1

СДСМ: Кон средината на годината ќе се воведе поврат на 15% ДДВ за физички лица

„Владата предводена од СДСМ во претстојната 2019 година продолжува да ги спроведува зацртаните мерки што се во интерес на граѓаните, економијата и иднината на државата.2019 е година во која ќе биде остварено уште едно клучно ветување од Програмата за работа на Владата.Започнати се подготовките кон средината на годината да биде воведена мерката за поврат на 15 отсто Данок на додадена вредност за физички лица.Оваа мерка на крајот на секоја година ќе обезбеди дополнителен приход во секое семејство, ќе ја засили куповната моќ и позитивно ќе вилјае врз зголемување на потрошувачката.Владата предводена од СДСМ останува посветена на обезбедување повеќе пари назад кај граѓаните, назад во економијата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

vmro-dpmne-zgrada-650x396-1

ВМРО-ДПМНЕ: Заев спротивно на волјата на граѓаните се откажа од се што е македонско

Аболицираниот Заев говореше дека не се родил Македонец кој би го променил Уставот со цел промена на уставното име. Излезе дека таков антимакедонски лик се родил и во историјата ќе остане запаметено дека Зоран Заев е човекот кој се откажа од вековното име, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Истиот тој Заев спротивно на волјата на граѓаните, со закани и уцени ги протурка уставните измени и го промени уставното име на државата. Не само што го промени името, го промени и идентитетот, јазикот и историјата на македонската држава и народ. Со други зборови се откажа од се што е македонско.Иако во кампања тој се колнеше во своите предци и идни поколенија дека не помислува на ваков капитулантски чин, кога ја превзема власта за спас на својата бедна политичка кариера ги продаде националните и државните интереси.„Поетот“ Заев не така одамна говореше и за македонска жица која доколку се скинела тој „изгубен во времето, би го барал семето, одејќи по жица“. Сега кога сам ја искина македонската жица трага по семето на скијање во Гармиш-Партенкирхен.Лагите на Заев се црнила за граѓаните, секоја една лага секое едно неисполнето ветување значи црнила за македонскиот граѓанин. Тој самиот е олицетворение на црнилата кои надвиснаа над нашата држава. Граѓаните ќе ги поразат црнилата, зората ќе ги порази црнилата. На следните предвремени парламентарни избори граѓаните ќе одлучат дали се „ЗА“ понижена Северна Македонија или „ЗА“ напредна и успешна Република Македонија“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

cile-620x350

(ВИДЕО) Силен земјотрес од 6,7 степени го погоди Чиле

Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди Чиле, а за сега нема информации за евентуални штети или повредени.Епицентарот на земјотресот бил на оддалеченост од 15,6 километри југозападно од градот Кокимбо на длабочина од 53 километри.https://twitter.com/WFP_ADAM/status/1086833830181376000Националната служба за вонредни ситуации на Чиле нареди евакуација на жителите во околината на Кокимбо, но потоа истата е повлечено.https://www.facebook.com/NoticierosTelevisacom/videos/385419422219957/Надлежните соопштија дека земјотресот не може да предизвика цунами.https://www.facebook.com/RedClimaticaMundial/videos/801645203504277/ 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Шест лица од кои четири деца загинаа во бомбардирање во Сирија

Најмалку шест цивили, од кои четири деца загинаа во воздушен напад на селото Багуз во Сирија, соопштија од Сириската опсерваторија за човекови права.Во соопштението се наведува дека во нападот кој бил извршен вчера се убиени шест цивили и десет борци на Исламската држава.Нападот го извршила коалицијата предводена од војската на САД. 

Свет | пред 7 години

19303golema

ССНМ ги осудува нападите врз новинари и фоторепортери од страна на обезбедувачите на МПЦ 

Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници (ССНМ) најостро ги осудува денешните физички напади врз новинари и фоторепортери од страна на обезбедувањето ангажирано од Македонската православна црква (МПЦ) за манифестацијата фрлање на крстот во Скопје по повод верскиот празник Водици.„Според изјавите од напднатите колеги, како и од наши членови очевидци на инцидентот, обезбедувачите од агенцијата „НИКОБ“, грубо физички се однесувале кон новинарката на Канал 5, Мирјана Мирчевска-Јовановиќ, кон фоторепортерката од МИА, Ивана Батев и кон фоторепортерот од Република, Александар Ивановски. Новинарката на Канал 5 притоа има здобиено повреди на раката и вратот, поради што ѝ била укажана лекарска помош во Универзитетската хируршка болница „Св. Наум Охридски“.ССНМ бара од полицијата и Основното јавно обвинителство темелно да го истражат инцидентот и соодветно да ги казнат напаѓачите, со што ќе пратат порака дека нема толеранција за каков било напад врз новинари или врз медиумски работници, а особено не за физичко насилство при вршење на основната дејност – информирање на јавноста.Ова дотолку повеќе го бараме затоа што ова не е прв инцидент со обезбедувачи на МПЦ за време на Водици, поради што за одговорна ја сметаме и МПЦ и второ, затоа што со практика на неажурност на надлежните дополнително се придонесува кон охрабрување на напади врз новинари и медиумски работници“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 7 години

man_original

МАН: „Никоб“ да ги пријават насилниците во полиција, а МВР што побрзо да го расчисти случајот

МАН остро го осудува инцидентот за време на денешната манифестација по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици, во кој беше повредена новинарката Мирјана Мирчевска од Канал 5 телевизија.„Очекуваме од агенцијата „Никоб“ најпрво сами да го расчистат насилството и да ги пријават насилниците во полиција.МВР мора што побрзо да го расчисти случајот, а виновниците да бидат санкционирани.Правниот тим на Македонската асоцијација на новинари ѝ стои на располагање на новинарката Мирјана Мирчевска“ се наведува во реакцијата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Облачно со појава на магла, од вторник нови врнежи

Денес времето ќе биде променливо облачно, претпладне со локален слаб дожд, а на планините со повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од -4 до 3 степени, а дневната од 2 до 9 степени.Во Скопје времето ќе биде облачно со температура од -2 до 5 степени.Следува период на променливо облачно време со повремени слаби врнежи од дожд во пониските места, а на планините од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во вторник, особено во западните и јужните делови. По котлините ќе има појава на магла.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, слаб снег во Маврово

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Слаб снег, кој не се задржува на коловозот паѓа во Маврово.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.AМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

palmi-ohrid

Побаран притвор за осомничен од Охрид во чиј дом е пронајдена дрога

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против 35-годишен охриѓанец за неовластено производство и продажба на дрога..Како што се наведува, осомничениот неовластено набавил марихуана и ја држел во својот дом во Охрид. При извршен претрес на неговиот дом, пронајден е еден килограм дрога спакувана во одделни пакувања, како и опрема за мерење – две дигитални ваги со остатоци од растителната материја.Покрај донесената Наредба за спроведување на истражна постапка, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Охрид достави и предлог за определување на мерката притвор против осомничениот.

Македонија | пред 7 години

siromastija

Во Македонија над 500.000 вработени се водат како сиромашни

Половина милион граѓани од земјава иако се вработени се водат како сиромашни. Овој алармантен податок за Алсат го обелодени Оливера Доцевска од невладината организација Платформа за борба против сиромаштијата.Статистички можеби овој негативен феномен се намалува, но во реалноста е сосема друго, кај најмладите, но и кај лицата од третата доба, сиромаштијата се зголемува со забрзано темпо. Потребни се поголем број мерки, програми и законски решенија.„Многу е тешко во Република Македонија да кажеш кој е сиромав, а кој не е. Замислите ние имаме половина милион сиромашни – вработени, а тоа е онаа стапка под минималниот приход и минималната плата“, рече Оливера Доцевска, Македонска платформа против сиромаштијаПоголемиот дел од граѓаните кои ги анкетиравме сметаат дека нискиот стандард и слабата куповна моќ на младиот човек е доволна причина да си замине од земјава. Но, сепак, кај дел од граѓаните сè уште постои оптимизам.„Животот во Македонија е многу поскап од европските земји, а нашите плати се многу ниски. Прашањето е за децата, што иднина ние садиме за нашите деца. Мислам дека за 100% треба да се промени мислењето, треба да останат младите во Македонија и ние како возрасни треба да им подадеме рака за подобра иднина.“„Знаци има за подобрување, да бидеме искрени. И кај народот и надвор веќе нè почитуваат.“„Треба како што се ветува, плата од 500 – 600 евра, минимум требаат толку пари за една фамилија, ако се повеќе членови во фамилијата и илјада евра се малку бидејќи цените се високи за сè“, реагираат граѓаните.Од Министерството за труд и социјална политика велат дека новите законски решенија ќе влијаат врз намалување на сиромаштијата. Со пакетот закони за социјална реформа кои се во собраниска процедура, сметаат дека ќе се подобри состојбата кај ранливите категории на граѓани.

Македонија | пред 7 години

mirjana-mircevska

Нападната новинарка од обезбедувањето на МПЦ

На манифестацијата по повод верскиот празник Водици денеска во Скопје се случи инцидент меѓу обезбедувањето ангажирано од МПЦ и новинарските екипи.Во еден момент новинарите и снимателите беа насилно спречени да земат изјава од момчето кое го фати крстот, а притоа кон нив беа упатувани навредливи зборови и пцости.Најлошо помина новинарката на телевизија Канал 5, Мирјана Мирчевска која заврши со повреди на вратот.-За оваа невидена агресија, на ден кој треба да е духовен празник, Канал 5 телевизија ќе поднесе пријава до јавното обвинителство и полицијата. Истовремено се прашуваме, како е можно МПЦ да дозволи, на настан организиран од нејзина страна, да се случуваат вакви напади врз новинарски екипи?, велат од Канал 5.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања