Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Скопје1.мк

lavina-avstrija

Расте бројот на жртви и исчезнати во Австрија -воени хеликоптери доставуваа храна

Австрија и Германија се соочени со големо снежно невреме.Илјадници се без струја или заробени во домовите пред снежната прекривка која расте од час во час. Aлармот поради заканите од лавини е на највисок , петти степен.Повеќе од 40 места во покраината Салцбург, Тирол, Долна Австрија и Штаерска се отсечени од остатокот на Австрија и до нив не може да се стигне, поради што се прогласени кризни зони.Речиси секојдневно во се објавуваат вести за жртви. Во Абтенау настрадаа двајца австриски државјани, еден словенечки скијач, кој скијал надвор од писта, погинал во Цаухензе, една Швајцарка и тројца Германци ги загубија животите во покраината Форарберг, а вчера попладне загина 16-годишен тинејџер во Санкт Антон ам Арлберг.Во моментов се трага и по некои исчезнати лица во општината Лиленфелд.Воени хеликоптери интервенираат со цел да ги снабдат жителите со храна, а повеќе од 1.200 војници се вклучени во акцијата за спасување и извлекување на граѓаните од завеаните места.Австриските власти стравуваат да не се повтори драмата од пред 20 години, кога лавина ја погоди општината Гачтир и усмрти 38 лица, а повреди 50.

Свет | пред 7 години

Silegov-520x292

ФОТО: Шилегов чисти снег

На социјалните медиуми се споделува фотографија, која е шега на сметка на скопскиот градски татко, Петре Шилегов. Станува збор за фотомонтажа, каде се гледа како Шилегов чисти снег. Под фотографијата пишува „Ред бул ви дава крила? Абе само ракија“. Инаку, во текот на ноќта, Шилегов ги гледал сообраќајниците преку надзорните камери, во Центарот за управување со кризи.

Магазин | пред 7 години

49599779_277305376296982_3090305376940195840_n-2

Проверете: Поради снегот во Скопје, повеќе автобуски линии нема да возат

Поради снегот денеска во Скопје повеќе градски и приградски автобуски линии се скратени. Не сообраќаат автобусите до Средно Водно и до Нерези (Македонско село) и приградските линии 64, 74, 80 а и 81.Како што соопшти ЈСП „Скопје“, од приградските линии автобусот со број 58 место до селото Добри Дол сообраќа до општина Сопиште. Автобусите со број 11 и 11а сообраќаат до Дексион рампа, 18 а до црквата во Визбегово, а 32 до Сарај.Автобусот со број 47 сообраќа до крстосницата во село Љубанци, а 47 а до влезот на селото Љуботен. Автобусот со број 51 а сообраќа до мостот во Моране, 53 до селото Катланово, 55 б до крстосницата во Арачиново, а 55 в место до Грушино оди до депонијата.Автобуската линија со број 56 место до селото Бојане сообраќа до патот за Бојане (Расадник), 56а до патот за Копаница (подвозник), 60 место до Матка оди до селото Шишево, 64а место до Никиштани сообраќа до Орман.Автобусот со број 70 место до Батинци сообраќа по новиот пат до Дризла, 71 кој сообраќа до селото Бањани денеска оди по коцката, во двата правци. Автобусот со број 160 сообраќа до селото Шишево, 164 за Кучково не соообраќа, а за Никиштани оди до Орман, 165 не сообраќа само за селото Виниче, 167 не сообраќа само за Страхојадица, а 180 оди до патот за Маркова река.Граѓаните за детален преглед на скратените линии може да ја посетат веб-страниацта на ЈСП „Скопје“.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Грчки весник: Прашање на часови, а не денови е кога ќе биде променет уставот во БЈРМ

Прашање на часови, а не на денови, е кога ќе бидат изгласани уставните амандмани согласно договорот од Преспа, велат извори од Владата, пренесува „Катимерини“.Како што наведува грчкиот дневен весник во статија објавена утринава, се очекува уставните измени да се изгласаат денеска, или најдоцна утре.„Катимерини“ го цитира лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски, кој вчера соопшти дека партијата нема да присуствува на собраниската седница за да не му даде легитимитет на процесот.Седницата на која ќе се расправа за уставните амандмани треба да почне денеска во 13.00 часот.

Македонија | пред 7 години

slika-4-1

Граѓаните ќе го казнат Заев и Филипче за сите овие црнила и злодела кои и ги нанесуваат на здравството

„Хаосот во здравствениот систем е се повеќе очигледен. Народот виде дека Заев и Филипче донесоа црнило во здравството.Во предизбориетo Заев ветуваше бесплатно лекување за сите граѓани на Република Македонија. Токму тоа Заев го има ветено на митинг на 2 декември 2016 година - „Ви реков болничко лекување ќе биде бесплатно за сите. За секој да може да биде болнички згрижен ако има потреба од тоа, никој да не страда“. А, сега делумно го обезбедува за одредени групи граѓани. Очигледно манипулацијата му е главна алатка. Македонскиот народ нема кратко паметење.Со самиот почеток на оваа година не само што сите граѓани не добија бесплатно болничко лекување туку и се зголеми партиципацијата. Врз основа на самата партиципација која што ја плаќаат пациентите е покачена за дури околу 20-30%, тоа значи дека пациентите ќе плаќаат поскапо.Затоа граѓаните ќе го казнат Заев и Филипче за сите овие црнила и злодела кои и ги нанесуваат на здравството“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

apasiev

Апасиев до ВМРО-ДПМНЕ: Можевте да ги спречите уставните промени, ама не сакавте

„Она што никад не смее да им се прости на ДПМНЕ е дека напуштија терен тогаш кога најмногу и требаа на Републиката!  Ако ВМРО влезеше радикално во процесов, денес пред Собрание ќе бевме 50.000 наместо 500. Но, реалната битка се води внатре во парламентот. Имавте капацитет да го одолговлекувате процесов барем до пролет. Таман додека падне Ципрас“, пишува професорот Димитар Апасиев на социјалните мрежи.„За комуњарите од СДСМ знаевме дека се квислинзи, ама за вас не знаевме дека сте колаборационисти! Ви олесна шо на СДСМ му се „падна паричето“ да го решава името.Епа - еве, не' решија! Со Преспанска + Тиранска платформа (гратис).  Можевте да спречите. Со координирани акции на Претседателот на Републиката и на пратеничката група. Имавте и имате процедурални инструменти во рака. Плус, можевте и со тавчиња и тенџериња внатре, со солзавец и петарди, па дури и со тепачки у Собрание!  Можевте . Ама - не сакавте“, се додава во објавата на Апасиев.

Македонија | пред 7 години

ljubco_georgievski

Љубчо до ВМРО-ДПМНЕ: Дајте два гласа за Беса да не го условува Заев

Според извори од владејачкото мнозинство, разговорите со Беса до утрината не донеле резултат. Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски дава совет како да се обезбедат 80 гласови.Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски и фрли ракавица на неговата поранешна партија, дајвајќи и јавен совет како да го покаже декларираниот патриотизам, со конкретна одбрана на македонскиот идентитет.„ВМРО-ДПМНЕ мора да стане државотворна партија во овој момент. Еве, јавно ќе дадам еден совет, кој не сум го пратил тајно на никого во ВМРО-ДПМНЕ. Сега имаме уцена од оние двајца пратеници на Беса, за да се избрише придавката „македонско“ (кај државјанството - н.з.). Замислете Заев да е во таква ситуација, да треба да попушти и таа да се избрише, само за да помине Договорот со Грција? И што сега? ВМРО-ДПМНЕ и други патриотски партии ќе бидат среќни со тоа? Јас не би бил среќен. Во овој момент таа ситуација би била еден добар мост за да се каже: 'Еве, вие покажавте дека сте неспособни да организирате 80 пратеници, ние свесно ви даваме двајца, само Македонија да не прави нови отстапки во Договорот со Грција“, јавно и сугерираше Љубчо Георгиевски на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју на ТВ „24“.Според него, тоа ќе биде можност за „елегантен влез за премостување на сегашната ситуација, и во односот на ВМРО-ДПМНЕ кон меѓународната заедница, но и во обидот за да се заштити дел од она што се нарекува македонска кауза“. Георгиевски го критикуваше деценискиот период на идеолошка манипулација на граѓаните од страна на Груевски, како и фактот дека не е патриотизам на меѓународни собири со парче хартија да се покрива кратенката ФИРОМ, туку дека треба да се направи нешто тој проблем да се реши.

Македонија | пред 7 години

Mickoski-4-SREDBA-1012-Glavna-Slika

Со закани, уцени, спротивно волјата на граѓаните, СДСМ продаде сè со уставните измени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Република Македонија се наоѓа пред финалниот акт на црното и срамно сценарио на Зоран Заев и СДСМ за промена на името на државата, идентитетот, јазикот,  културата и историјата.Зоран Заев и СДСМ ги продадоа националните и државни интереси и ги погазија Уставот, законите и волјата на македонските граѓани.Зоран Заев и СДСМ се решени да уништат се што е македонско и затоа насилнички и со закани и уцени врз пратеници и нивните блиски ја доведоа Република Македонија до финалниот чин за промена на Уставот со цел промена на уставното име.За нив не важат законите, не важат демократските процеси, а ниту пак важи јасно искажаната волја на граѓаните на Република Македонија на неуспешниот референдум кога јасно порачаа дека се против  промената на името на државата.Две години ништо немаат сработено и единствено се фокусирани како да го променат името на државата, идентитетот, јазикот, културата и историјата.За таа цел Заев во своја служба ги стави Кацарска Судството, Русковска обвинителството и СЈО и преку нивните механизми на криминален начин преку механизми уценува пратеници за да гласаат и да го исполнат неговиот црн план за погребување на Република Македонија.Додека пак на целата македонска јавност е свесна селективното помирување и селективните промени на Кривичниот Законик беа единствено за исполнување на црното сценарио на аболицираниот Зоран Заев.Европска Македонија не се станува со погазување на демократијата и волјата на граѓаните. Заканите, уцените врз пратеници и неистомисленици не се европски вредности исто како што европски вредности не се ниту механизмите на партиските Кацарска судство и Русковска обвинителство.Затоа ВМРО-ДПМНЕ нема намера да учествува во овој црн процес ниту има намера да му даде легитимитет за промената на Уставот и погазувањето на македонското достоинство и бришење на македонскиот идентитет кој нема поддршка и легимитет од граѓаните на Република Македонија.Северна Република Македонија можеби е на Заев, а за ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе остане Република Македонија онаа за која што мнозинството гласаше на референдум на 8 септември 1991 годинаМакедонија мора да престане да губи, во економијата, во бизнисот, во индустријата, образованието, земјоделието. На планот на државните и стратешки интереси и цели.  Затоа граѓаните ќе го казнат Заев и СДСМ за сите овие црнила и злодела кои и ги нанесуваат на Република Македонија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 7 години

Nudisti-768x512

Се затвора првиот нудистички ресторан во Париз

Првиот нудистички ресторан во Париз беше принуден да ги затвори своите врати 15 месеци по отворањето бидејќи не успеа да привлече доволно клиенти. Ресторанот O’Naturel, кој се наоѓа во центарот на Париз, ќе ги затвори своите врати трајно во февруари, објави „Дејли мејл”. Првиот таков ресторан беше отворен во ноември 2017 година.„Ќе се сеќаваме само на убави времиња, дека запознавме прекрасни луѓе и клиенти кои беа воодушевени да ја споделуваат својата интимност со нас“, рекоа сопствениците на ресторанот.Близнаците Мајк и Стефан (42) одлучија да отворат нудистички ресторан, иако никогаш не биле нудисти. Тие рекоа дека ја препознале можноста за бизнис во земјата која е една од првите дестинации за нудисти. За разлика од плажите, овој ресторан им нуди на луѓето можност да бидат голи во текот на целата година.На тој начин гостите ги оставаа своите алишта и телефони по пристигнувањето во ресторанот, а од персоналот добиваа влечки за влез во ресторанот. Жените, од друга страна, можеа да останат во своите високи потпетици.Сепак, по само 15 месеци работа, ресторанот е принуден да ги затвори вратите.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Во Маврово 73, на Шапка 40 сантиметри снег

Во Маврови Анови снежната покривка достигна 73 сантиметри, додека во Попова Шапка паднаа 40 сантиметри снег. Во Крушево има 39 сантиметри, 33 во Битола и Охрид, 32 во Претор и Пожаране, 30 во Лазарополе, 27 во Тополчани, 24 во Дебар, 21 во Ѓуриште, 16 во Тетово и Берово, 15 во Струмица и Прилеп.Најниски температури ноќеска се измерени во Тетово, Маврово и Крушево -7, -6 во Лазарополе, -5 во Скопје, Крива Паланка, Прилеп, Куманово, -4 во Битола, Штип, Демир Капија, Виница, Струмица, Дебар, -2 во Претор, Гевгелија, Берово, Дојран, -1 во Охрид.

Македонија | пред 7 години

49831885_383728725531225_9013277470983454720_n

Нов протест пред Собранието од 12 часот

Инцијативата „Македонија блокира“ и денес ќе излезе на протести пред Собранието, против уставните промени и промена на уставното име.Тие вчера протестите ги прогласија за успешни, бидејќи како што рекоа, привремено ги спречиле пратениците да ги изгласаат овие штетни измени со кои се брише се што е македонско.„Отпорот продолжува во 12 часот. Излезете масовно Македонци и Македонки, ако сме бројни ќе успееме. Татковината повикува, последната шанса на нашата генерација“, велат од „Македонија блокира“.Вчера, на протестот се придружи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со дел од партиското раководство и пратениците. Тој беше исвиркан откако не сакаше да се обрати пред присутните.

Македонија | пред 7 години

nikovski-1

Никовски не им се приклучи на демонстрантите, дали за него е веќе доцна за протест?

Еден од најголемите противници на уставните промени и македонски дипломат, Ристо Никовски не е на простестите пред Собранието. Него објактивот на „Скопје1.мк“ го затекна како нервозно шета на плоштадот во Скопје, а потоа пешачеше до населбата Кисела Вода.  Дали Никовски смета дека веќе е доцна за простет?Македонскиот дипломат во јуни минатата година трвдеше дека мали се шансите Договорот со Грција да биде спроведен, односно никој друг освен актуелната власт нема да прифати таков договор во кој Македонците се откажуваат од државјанството.Тогаш Никовски изјави дека „македонско“ ќе се избрише,  оти не може македонско државјанство да излезе од Северна Македонија.„Нашите маки следуваат, а ова ќе биде ужас до крај“, потенцирааше неодамна Никовски.

Скопје | пред 7 години

znaminja-777x437

Индекс на демократија: Македонија на 78 место од 167 држави

Македонија на Индексот на демократија за 2018 година на британскиот неделник „Економист“ напредна за десет места во споредба со минатата година и се наоѓа на 78 место со 5,87 поени, на скала од нула до 10. Земјата се наоѓа во категоријата „хибридни режими“, кој ги опфаќа државите со поени од 5,98 до 4,06, пишува 24.мк.Со индексот на демократија опфатени се 167 држави, а оценувани се по 60 показатели во пет категори – изборен процес и плурализам, функционирање на владата, полтичко учество, демократска политичка култура и граѓански слободи.Според Индексот на демократија, земјите кои имаат од нула до четири поени заведени се под категоријата „авторитарни режими“, од четири до шест се „хибридни режими“ од шест до осум се „недоволни демократии“, додека тие кои имаат од осум до 10 бодови спаѓаат во категоријата „целосни демократии“.Во категоријата „хибридни режими“ од балканските земји се Црна Гора со 5,74 поени на 81 место, Босна и Херцеговина со 4,98 бодови е на 101 место, додека Турција е на 110 место со 4,37 поени.Во категоријата „недоволни демократии“ се Хрватска со 6,57 поени е на 60 место, а Србија со 5,41, додека Словенија е на 36 место со 7,5 поени.Грција на 39 место со 7,29 поении, Бугарија 46 место – 7,03, додека Романија – 66 место со 6,38 бодови.На самиот врв на Индексот на демократија, како и досега се нордиските земји – Норвешка е на прво место со 9,87 бодови, Исланд на второ – 9,58, Шведска на трето место со 9,39. На четврто место е Нов Зеланд – 9,2, додека Данска е на петто место со 9,22 поени.На последното место на листата е Северна Кореја со 1,08 бодови, а на претпоследно е Сирија со 1,43 поени. Во категоријата „авторитарни режими“ на 165 место е Демократска Република Конго – 1,49 поени, потоа на 164 место е Централноафриканската Република со 1,52бодови.Според најновиот Индекс на демократија, британскиот неделник „Економист“ заклучува дека демократијата во 2018 година не се намалувала.– Само 4,5 отсто од луѓето во светот живеат во „целосна демократија“, но вкупниот глобален резултат во 2018 година остана стабилен, првпат во последните три години, наведува „Економист“.Само 42 држави забележаа пад во споредба со 89 земји во 2017 година, што е охрабрувачки знак, бидејќи 48 држави го подобрија својот индекс на демократија.„Економист“ наведува дека во изминатите години заканите по демократијата ширум светот станале се поочигледни – од замирањето на Арапската пролет, доживотното владеење на кинескиот лидер, изборни победи на популистите со авторитарни тенденции во Филипини, во Бразил и во Мексико, до поткопување на демократските институции во Унгарија, Турција и Полска.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Нов ден, нова седница: Пратениците со нова шанса за гласање на уставните измени

Собраниската седница на која треба да се донесат уставните амандмани како последна фаза од спроведувањето на Договорот од Преспа продолжува денеска во 13 часот, а според премиерот Зоран Заев сѐ уште не е обезбедено двотретинско мнозинство.Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера попладне ја прекина седницата откако Заев ги образложи уставните амандмани за да може, како што рече, пратениците да го добијат текстот од експозето на премиерот.Заев пред пратениците кажа дека се загарантирани македонскиот идентитет, македонскиот јазик, Македонец, како и дека „Грција еднаш за секогаш го признава нашето право на самоопределување“. Тој им се заблагодари на СДСМ и коалицијата, ДУИ, ДПА, Беса и осумтемина независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои, според него, се конструктивна опозиција за разлика од остатокот, како и на пратеникот Панчо Минов за придонес во предлозите вградени во амандманите, на Беса на Касами и на Зијадин Села од Алијансата за Албанците.На денешното продолжение на седницата пратениците да го утврдат предлогот на амандманите за што се потребни со 61 глас, за разлика од донесувањето и прогласувањето на амандманите за што е неопходно двотретинско мнозинство, односно 80 гласови, по што следува уставниот закон за спроведување на уставните амандмани кој исто така се носи со двотретинско мнозинство.

Македонија | пред 7 години

merkel

Меркел: Решение на спорот за името е историска шанса

Германската канцеларка Ангела Меркел со оптимизам гледа на договорот за решавање на спорот за името.Решението на спорот за името е историска шанса, изјави денеска во Берлин портпаролот на германската влада, Штефен Зајберт. Еден ден пред патувањето на германската канцеларка во Грција, Зајберт нагласи дека Ангела Меркел е оптимист во врска со можното решение на спорот за името.Ова е вторпат во период од неколку дена официјален Берлин да се изјасни околу Договорот од Преспа и надминувањето на спорот помеѓу Македонија и Грција. На владината прес-конференција пред неколку дена, заменикот портпарол на Владата, Мартина Фиц на прашање на Дојче веле рече дека смета оти канцеларката Меркел за спорот за името ќе разговара со грчките претставници во Атина. Таа додаде дека германската влада го поздравува договорот за решение на спорот и дека се надева оти со него може да биде надминат деценискиот спор.

Македонија | пред 7 години

tramp

Трамп одлучен за ѕидот на јужната граница, а ќе ги подели и Американците

Доналд Трамп сака ѕид, зборува за „национална безбедносна криза“ и за тоа ги обвинува демократите. Со тоа само го продлабочува расцепот во американското општество, оценува Михаел Книге.Теоретски, две години по стапувањето на функцијата и среде еден од најдолгите владини застои во поновото минато, Доналд Трамп имаше две можности:Можеше да ја искористи бината за да се прикаже како вистински лидер на земјата, кој сериозно се обидува да го надмине јазот кој се заканува да ја подели нацијата. Можеше да каже дека останува на тоа дека ѕидот е најдобро решение за борба против она што, според него, претставува проблематична и опасна ситуација на јужната граница на земјата. Да каже дека стреми кон постигнување компромис помеѓу демократите и републиканците, со цел да се стави крај на „шатдаунот“ и истовремено да биде заштитена американската граница. Трамп можеше да каже нешто во стилот: „Мои американски сограѓани,независно од тоа дали сте републиканци или демократи, дали ми давате поддршка или не, ноќва е ноќ за нов почеток во интерес на нашата земја, за соработка со цел да се стави крај на застојот.“Со други зборови, откако самиот се доведе в ќош, можеше да се обиде да ги закопа политичките јазови и да му понуди рака на новоизбраниот Конгрес со цел да се постигне компромис за обезбедувањето на границата.И, знаете што? Неговите приврзаници сигурно и натаму ќе му пружаа поддршка затоа што му веруваат, сеедно што кажува. Сигурно, десничарските „хардлајнери“ можеби ќе му префрлеа дека отстапува. Сигурно дека демократите и многу републиканци немаше да му веруваат и ќе бараа докази дека мисли сериозно. Но, ако пробаше одново да се пронајде себеси како обединувач на една поделена земја, тоа барем ќе беше обид да се избегне тотална пропаст поради владиниот застој, кој го предизвика тој лично.Трамп, се разбира, во својот говор вчеравечер не направи ништо од сето ова.Повеќе на Дојче Веле. 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Пет милиони евра ќе платиме за избор на нов претседател

Државната изборна комисија е подготвена за претседателските избори, уверува претседателот на ДИК, Оливер Дерковски. Ќе се гласа на стариот начин, со ултравиолетова лампа и спреј, а според проценките ќе бидат потрошени околу пет милиони евра. Најмногу, околу три милиони евра, ќе се одделат за надоместоци за избирачките одбори, а останатите се за транспорт и изборен материјал. Околу 300 илјади евра ќе се одвојат за сместување на избирачките одбори.Дерковски најави дека се работи на тоа за наредните парламентарни избори да се гласа со нови технологии, поточно со примена на електронски отпечаток од прст.„Постојат инструменти што го вчитуваат отпечатокот од прстот и вршат идентификација, се појавува ваша фотографија, а потоа излегува гласачкото ливче. Целта на примената на новите технологии е заради постојаните забелешки за маани и недостатоци во избирачкиот список и заради подигање на довербата и остварување на принципот еден човек еден глас. Засега, лампата и спрејот сè уште остануваат како превенција од можни злоупотреби“, кажа Дерковски.За да се отстранат сомневањата околу Избирачкиот список, од ДИК предлагаат да се воведе електронско гласање и електронска проверка на податоците. Но за тоа е потребно време и измени на Изборниот законик. Експертите сметаат дека проблемот со избирачките списоци ќе постои сè додека не се воведе вакво гласање. Дигиталното или онлајн гласање овозможува гласачите да го искористат своето право на глас надвор од избирачкото место, така што се пристапува кон веб-апликација која би се нашла на веб страницата на ДИК.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

nema-voda

Делови од Центар без вода

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека во текот на денот, поради отстранување дефект на затворач од водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм, некои од корисниците во општина Центар ќе останат без вода.„Од 8 часот до завршување на интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата 50. дивизија, дел од улицата Јордан Мијалков и објектот на Министерството за здравство во општина Центар“, инфомираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Скопје | пред 7 години

odbojkari

Македонските одбојкари за првпат во историјата се пласираа на Европско првенство

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва обезбеди историски пласман на Европското првенство.Нашите одбојкари ја победија Унгарија со 3-0 во сетови, што беше доволно со оглед на останатите резулатите во групата што беа во наша полза.Ова е прв пласман на оваа репрезентација на Европско првенство, од нејзините почетоци во 1994 година.

Спорт | пред 7 години

dimitrov

Власта ќе ги исполни желбите на БЕСА, нема двотретинско мнозинство

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во вечерашното гостување на 1ТВ рече дека Владата се уште преговара со БЕСА и дека се уште не е финализиран текстот кој се однесува на државјанството, а кој требаше да гласи „македонско/државјанин на Република Северна Македонија“. Рече дека се уште немаат обезбедено 80 гласа, но дека се на добар пат.-Цел ден сме во консултации. Ова е здраво за нас, бидејќи за важни прашања разговараме, наоѓаме решение, да ги покриеме главните грижи и сето да биде во духот на Договорот од Преспа. Финалето ќе се случи кога ќе се гласа, мислам дека работите одат во добра насока. Сакам да ги уверам и македонскиот народ и сите други дека сите интереси ги заштитуваме и дека ќе дојдеме до еден текст, уште не сме дојдени до таму. Во моментов најинтензивни разговори се водат со БЕСА како да се најде начин да се зачува формулата на државјаството од Договорот: македонско/граѓани на Република Северна Македонија, и од друга страна да се адресира стравот дека тоа не навлегува во нивната етничка припадност. И тој интерес е многу важен, рече Димитров.

Македонија | пред 7 години

zaev-bejta

За Заев не е важно што Бејта ја вработил ќерка му во МЕПСО

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека не бега од прашањата поврзани со вработувања на блиски роднини на функционери во државни фирми и институции.-Не можеме да најдеме кадри, пропаѓаат огласи. Инофрматичари, архитекти, да не зборувам за професори по математика. Од локалните избори наваму, преку 40.000 луѓе се вработени во приватниот сектор и во . Слушнав дека мојот пријател Невзат Бејта ја вработил ќерката во МЕПСО. Но, тој веќе не е функционер. Знам дека има такви случаи, но тие се минорни, рече Заев.

Македонија | пред 7 години

kasami-besa-88923893-696x443-1

Или ќе нема „македонско“ кај Албанците, или БЕСА нема да гласа за уставните измени

Ако не се исполнат барањата на Беса, тогаш нема да гласаат за уставните измени. Ова вечерва го изјави лидерот на Беса, Билал Касами во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.Условите на Беса се да не стои „македонско“ за државјанство кај Албанците, да нема заштита само за македонската дијаспора, туку заштита на дијаспората на Македонија.

Македонија | пред 7 години

49853191_2147543871958480_5364183070578573312_n

(ФОТО) Шилегов дежураше и се сликаше, додека ги гледаше скопските сообраќајници

Градоначалникот Шилегов вчера до доцна во ноќта, беше  во ЦУКС (Центар за управување со кризи на Скопје) , каде со екипите на Зимската служба на Град Скопје, на мониторите внимателно ја следеше состојбата на терен.,,Градските сообраќајници се чисти и проодни, а активностите на зимската служба продолжуват и во текот на ноќта“-информираат од Град Скопје.

Македонија | пред 7 години

49751022_349144189232644_6296297222711541760_n

Денес нови врнежи од снег и зголемување на снежната покривка за 20 см

Денес не очекува облачно време со врнежи од снег, повеќе во западните и северните делови. Снежната покривка во овие делови дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 см. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура на целата територија на државата ќе биде под нула, а на некои места ќе достигне и до -6 степени. Дневната температура во југоисточните делови на земјата ќе се искачи до 3 степени.Во Скопје облачно време со врнежи од снег и температура под нула која ќе се движи од -5 до -1 степен.Од петок до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините. 

Македонија | пред 7 години

UGTPZ-pat-sneg-kamion

Внимателно возење, забрана за камиони на овие патни правци

Сообраќајот на држвните патишта се одвива по влажни коловози, а на планинските премини со остатоци од кашест снег на коловозот."Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово - Дебар, Гостивар - Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, планинските премини Ѓавато, и Буково , Струга - граничен премин Ќафасан, патот Прилеп-Мак.Брод на планинскиот премин „Барбарос“ како и на патниот праевец Тетово - Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).Снег врне со променлив интензитет во цела Држава.Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони", велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања