Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Скопје1.мк

Нема фотографија

Да се побара или да се очекува покачување – дилема која го засега секој професионалец

За жал, во голем дел од компаниите покачување нема да добиете се додека не се осмелите сами да го побарате од вашиот менаџер. Па дури и тогаш, не мора да значи дека ќе го добиете бидејќи ќе наидете на голем број прашања кои ќе ја испитуваат вашата лојалност, посветеност и вештини. А ако се согласат да ви ја покачат платата, уште следниот месец ви ги зголемуваат работните обврски така што изгледа дека покачувањето не го добивате поради вашите претходни заслуги.Прашањето е: Дали тоа треба така да функционира во една здрава компанија со силна деловна култура и функционални интерни процеси?Секако дека не! Во една таква компанија имате менаџер кој го следи вашиот развој и се залага да добиете фер третман од страна на вашиот работодавач. Со други зборови, се бори за вас исто како за себеси бидејќи е свесен дека штетата е голема доколку ве изгуби – за него, но и за компанијата. Тој знае кога се вложувате повеќе од тоа што сте платени и кога треба да ви обезбеди повисока плата.Покачувањето кога доаѓа без да го побарате е многу поефикасно средство за мотивација бидејќи знаете дека некој ја надгледува и цени вашата посветеност. Тоа не само што е добро за работникот, туку и за целата компанија бидејќи создава (1) култура на самомотивираност и (2) систем на награди според заслуга.7 знаци дека е време за покачувањеЗа тие што се сигурни дека заслужуваат покачување, а се’ уште чекаат да им биде дадено, посочуваме 7 знаци кога е време сами да го побараат:Вашата компанија е во добра финансиска состојбаВашиот шеф е во добро расположениеДругите колеги добиле покачувањеВреме е за разгледување на вашиот перформансНа вашата компанија и оди доброСте се здобиле со нова вештина или титулаИмате понуди од други компанииИзвор: Вработување.ком

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Новинари до Заев: Касните како економскиот раст

Денеска премиерот Зоран Заев заедно со Министерот за финансии Драган Тевдовски одржаа прес-конференција на која ги најавија очекувањата на финансиски и економски план во 2019 година.Прес-конференцијата беше најавена во 12:30 часот, но истата почна еден час подоцна, по што еден од новинарите му рече на премиерот дека касни како економскиот раст. На тоа премиерот Заев само се насмевна и наместо да им се извини на медиумите, тој започна со прес-конференцијата.https://twitter.com/tetkicai/status/1080855569131548673?s=12&fbclid=IwAR0aHNfX7tu9Rc01A7Uur7o-jN8rCxaTpm8xgFM4fnFgcL8bOTAEySQHOQQ

Македонија | пред 7 години

policija-22

Незаконско вработување и исплата на плати во Македонски Брод

Надоврешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод  поднесе кривична пријава против М.В.(59), Љ.Б.(52)  и Г.М.(51), сите од  Македонски Брод, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.На 30.10.2006 година првопријавениот, како  градоначалник на Општина Македонски Брод, без согласност од Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика, ја именувал третопријавената за директор во Детската градинка ,,7-ми Септември“ – Македонски Брод.Исто така, во текот на 2016 и 2017 година, првопријавениот, извршил незаконско именување на двајца раководни административни службеници во општина Македонски Брод. Во текот на 2016 година, второпријавениот, како директор на детската градинка ,,7-ми Септември“ – Македонски Брод, без распишан јавен оглас, ја вработил третопријавената, со што истата, по основ на плати, се стекнала со противправна имотна корист од 1.054.971 денари, додека била предизвикана и дополнителна штета на градинката од 48.840 денари.Во периодот од 30.10.2006 до 30.04.2008 година, третопријавената, како директор на детската градинка ,,7-ми Септември“ Македонски Брод,  спротивно на Законот за работни односи, Законот за вработени во јавниот сектор и спротивно Закон за извршување на Буџет на РМ, без согласност од Министерството за финансии, вработила две лица.Исто така, во текот на  2007 и 2008 година, третопријавената, и покрај тоа што знаела дека во наведената институција не била во редовен работен однос, депонирала свој потпис во Централен регистар, а  потоа врз основа на одлука на Совет на Општина Македонски Брод, ретроактивно и биле исплатени шест плати, со што се стекнала со противправна имотна корист од 101.262 денари. 

Македонија | пред 7 години

lWgk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvT1RRN01EQV8vZThlZWZhZDY3YTA0ZjlmZTliOGVhZjk2ZTM4YWFjYjEuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

(ФОТО) Во рок од една недела втор ураган ја погоди Шведска

Десетина илјади лица во Шведска останаа без струја, а во прекин се и телефонските врски отако земјата ја погоди вот ураган во последните седум дена.Кровови, дрва и далеководи се оштетени од силниот ветер чија брзина била поголема од 30 метри во секунда.По невремето луѓето не можеле да побараат помош поради прекинувањето на врските и снемувањето на струја.https://twitter.com/Expressen/status/1080344374746251264?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1080344374746251264&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fu-svedskoj-drugi-uragan-za-nedelju-dana-desetina-hiljada-ljudi-bez-struje-telefoni-ne%2Flyjdk34Во некои места лошото време предизвикало прекин во сообраќајот поради затварањето на мостовите. Голем број на училишта останаа затворени и ја откажаа наставата.Исто така многу летови се одложени или доцнат, а авионите слетале на алтернативни аеродроми.Засега 28.915 луѓе немаат струја, од кои 26.177 во областа на Стокхолм. 

Свет | пред 7 години

A-k9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTkRZN01EQV8vMWVhMTQzOTM0MWE3MGNjOTIyNjY2ZGNiODY3OGNkZGMuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Контејнери со опасни хемикалии паднаа во море, се стравува од загадување на природата

Околу 270 контејнери, од кои дел се со хемикалии, паднаа во морето кај германскиот град Боркум. Тие паднале од товарниот брод „MSC Zoi“.Контејнерите стигнале до северната обала на Холандија.Стражата веднаш почнала со истражување на Северното море бидејќи се стравува од загадување на природата на пет острови, вклучувајќи го и Тершелинг во Холандија.Надлежните велат дека три исчезнати контејнери имаат хемикалии, а германската и холандската стража апелираат до граѓаните да не се доближуваат до плажите.Бродот е најголем во Европа и истиот има капацитет за пренос на 19.000 контејнери. 

Свет | пред 7 години

JC-k9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTUdJN01EQV8vYjI2NWI5NzE2MDJhYTEzNDliZDdkNDhjNmQ3Yjc3ZmUuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Германските новинари предупредуваат: Не патувајте во Турција

Германското новинарско здружение ги советува новинарите и блогерите да не патуваат во Турција.Здружението кое ги застапува новинарите се повикува на известувањето за апсење на државјанин на Германија минатата недела кој беше осомничен за пропаганда поради објава на социјалната мрежа Фејсбук. Тој во објавата и дал поддршка на независната курдска држава.Германските медиуми јавуваат дека за сега тој е пуштен на слобода, но наредено му е да остане во Турција.Групата ги повика новинарите пред да патуваат да проверат дали на социјалните медиуми имале објава која е поврзана со турската политика.

Свет | пред 7 години

49241519_2235431753147556_669467654917980160_n

Министерот за култура Асаф Адеми присуствуваше на Новогодишниот концерт на Виенската државна опера

Министерот за култура Асаф Адеми присуствуваше на Новогодишниот концерт на Виенската државна опера, кој годинава се одржа во чест на одбележувањето на 150-годишнината од основањето на оваа светски еминентна оперска куќа.Министерот Адеми, заедно со претставници на Министерството за култура, овој ексклузивен настан, го проследи на лична покана од директорот на Виенската државна опера Доминик Мејер со кого оствари и работна средба. На средбата со директорот на една од најзначајните оперски куќи во светот, министерот за култура Адеми разговараше за можностите за соработка помеѓу оваа реномирана културна институција и националните установи од Република Македонија. Во рамките на престојот во Виена, министерот за култура Адеми се сретна и со светски познатиот виолинист Шкелзен Доли, кој е член на Виенската филхармонија.

Македонија | пред 7 години

marihuana2

19-годишен скопјанец уапсен поради продажба на дрога

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против  Х.Т.(19) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.При претрес во домот на пријавениот, пронајдена е марихуана.

Скопје | пред 7 години

UfVk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTXpZN01EQV8vOTBhNDA4NTAwODVhZTA0NGI2MzNmMzk3YmRkYjEyY2QuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Заврши потрагата по преживеани во Русија, единствено преживеано е 10-месечното бебе

Потрагата по исчезнати под рушевините на зградата во Магниторск во Русија заврши. Конечниот број на жртви е 39, велат од руското Министерство за вонредни ситуации.Министерството денес прогласи крај на потрагата во која учествуваа стотина спасувачи отако на 31 декември поради експлозија на гас дојде до рушење на дел од зградата.Единствено преживеано е 10 – месечното бебе.Бебето е во болница во Москва, со потешки повреди, но неговата состојба е стабилна.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, внимателно возење на овие патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.„Снег со среден интензитет паѓа во Маврово,Дебар, Битола, Ресен, Крушево, Кочани, Делчево и на планинските превои Стража,Буково,Ѓавато и Плетвар.На регионалниот пат Р-1203 од с.Рогачево до г.п.Јажинце поради силен ветер наместа има намети од снег.Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.На планинскиот превој Ѓавато задолжително е употреба на зимска опрема ( ланци )“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

francuska-policija-pariz-gazenje-vojnika-5-620x350

Маж се забил во пешаци и притоа го убил неговиот двегодишен син

Маж со автомобил се забил во група пешаци и притоа го убил неговиот двегодишен син во Луксембург.Во инцидентот повредени се уште 4 лица, меѓу кои и мало дете кое има полесни повреди, изјави обвинителот.Полицијата се сомнева дека причина за ова е семејна расправија бидејќи помеѓу ранетите е и поранешната партнерка на возачот.Осомничениот е уапсен и обвинет за убиство.

Свет | пред 7 години

studenski-dom

Фатени студентите кои снимале во тоалетот во Студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“

Од државниот студентски дом „Скопје“ - Скопје информираат дека се идентификувани студентите кои поставиле мобилен телефон со камера на надворешната страна на прозорецот на тоалетот на третиот кат во Студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.„Се работи за двајца студенти кои престојуваат во Домот, а се фатени веднаш по дојавата. Безбедноста на студентите, како и заштитата на нивната приватност, се многу важни за раководството на Домот. Секое нивно нарушување се зема за сериозен прекршок, а студентите ќе бидат соодветно санкционирани, согласно Правилникот на Државниот студентски дом.Во меѓувреме, раководството на Домот работи и на поставување на видео надзор во студентските домови, за зголемување на безбедноста на студентите“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Гостиварчанец додека го чистел оџакот паднал од покривот

На 02.01.2019 година околу 17,30 часот во гостиварската oпшта болница бил донесен Ќ.А.(64) од Гостивар кој, како што е пријавено,  чистејќи го оџакот на својата куќа, се лизнал и паднал од покривот. Ќ.А. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош е префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Извршен е увид на местото на настанот. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Славевски: Ја поздравуваме најавата дека власта има намера да се сврти кон економијата во 2019 година

Како најголема опозициска партија ние секако ја поздравуваме најавата дека власта конечно има намера да се сврти кон економијата во 2019 година, но во никој случај немаме гаранции дека она што се најавува дека 2019 година ќе биде година на економијата, а најмалку година на економски бум, ќе се оствари, вели Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ.„Што ни дава за право да го констатираме ова? Прво ако се направи една мала споредба со перформансите на некои изминати влади во изминатиот период дека владата предводена од СДСМ и ДУИ ја искористи шансата и покажа колку знае и умее на полето на економијата односно може со сигурност да се каже дека ја прокоцка шансата. Имено резултатите на економски план, граѓаните ги чувствуваат и од морето на бројки кои што беа денеска изнесени ќе оставиме сами да проценат дали подобро живееја или живеат во 2018 година и какви се нивните очекувања врз основа на досега реализираното за 2019 година.Сакаме да се задржиме на споредба повторно на првите две- три години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ целосни од 2007, 2008, 2009 година затоа што тоа е релевантно со првата целосна година од владеењето на СДСМ. Имено само да потсетиме дека тогаш растот на БДП изнесуваше околу 6 проценти,а сега се задоволуваме или треба да се задоволиме со раст кој што може да биде дури понизок од 2,8 проценти и покрај тоа што се презентираат бројки за некоја зголемена активност во последниот квартал од 2018 година.Понатаму, министерот за финансии презентираше во делот за фискалните реформи 10 таканаречени реформи кои што тешко можат да го добијат тој епитет.Имено, освен она одложувана најавувана дискутирана оспорувана реформа во наводници за зголемување на даноците мислам дека сето друго е само козметички промени. Еве на пример дали може фискална консолидација да ја наречеме реформа која што се остварува со прво нереализирани расходи во буџетот, пред се за капитални инвестиции значи пари прибрани од граѓаните, а не вратени во стопанството, реализацијата на капиталните инвестиции сигурно нема да надмине 50 отсто, со што е невидено досега во практиката на министрите за финансии и владите во Македонија или пак да бидеме горди на буџетски дефицит од само 1.8 отсто кој што повторно не е реализиран со неспособноста за трошење на прибраните даноци и реализација на оние проекти кои што требаше да го подобрат животот на граѓаните и да придонесат за подобрување на климата за водење бизнис во Република Македонија.Или пак дали е реформи намалувањето на неизмирените обврски. Се разбира не станува збор за реформи и мислам дека треба речникот или терминологијата да се приспособи на она што е вистински резултати затоа што мислам овие изјави и прес конференции ги следат и нашите пријатели во странство и треба да комуницираме и со нив, а не само со домашната јавност која што која исто така не е наивна. Овдека јас би укажал на фактот што беше истакнат денеска дека има зголемена наплата на даноците има зголемување на фискалните приходи, дека данокот на добивка е зголемен дури за 29 проценти, нешто слично се случува и во областа на персоналниот данок. Но, сакаме да укажеме ова е резултат на подготовка на претпријатијата и на поединците и субјектите, за зголемување на даноците кој што веќе стапи во сила од први јануари 2019 година. Имено, во последните два месеци во 2018 година нември и декември, извлечени се значителни средства од претпријатијата како предвремена исплата на девиденди, се со цел нели заради неизвесноста која што претстои или беше предизвикана кај претпријатијата од најавените зголемувања на даноците во 2019 година. Значи тоа се однесува и на данокот на добивка, и на персоналниот данок од доход“, вели Славевски.Тој потенцираше за негативните ефекти на кои што многупати минатата година укажа oд воведувањето на прогресивното оданочување и зголемувањето на даночните стапки кај приходите или доходите од капитал како што се кирии закупнини, понатаму од хонорарната работа, оптоварувањето дополнително на земјоделците и слично.„Имено се уште не јасно како може да се тврди дека станува за само еден процент засегнати граѓани во Република Македонија со прогресивното оданочување кога видовме дека сите комори што претставуваат стотици илјадници претпријатија, во кои што работат десетици стотици илјади вработени, беа против и укажуваа на негативните последици од оваа реформа.Не само што ќе ги почувствуваме негативните последици туку со извлекувањето на значителни парични средства од фирмите што се случи во последните два месеци од 2018 година. Понатаму, со бегството односно преселбата на наши професионалци на своите сметки во соседните земји на своите активности во соседните земји подготовките за даночна евазија веќе сме сведоци и ги чувствуваме првите негативни последици од таканаречената даночна реформа со зголемување на даноците од страна на Владата на СДСМ и на ДУИ.Почитувани еден комплекс на прашања кој што зазеде еден добар дел од денешниот прес беше околу зголемување на платите во 2018 година и на очекуваните зголемувања во 2019 година. Имено факт е дека статистиката тоа го потврди платите се зголемени во Република Македонија номинално и тоа за 5, 5 или 5, 7 % што не е за потценување но само да потсетам дека во 2007 година платите беа зголемени за 8 % , 2008 година 10,3 % 2009 година 24 % овдека има и ефекти од воведувањето и на концептот бруто плата односно интегрирањето на некои примања што ги имаа вработените во бруто платата за да настапи финансиската криза рецесијата во Република Македонија и 2009 и 2012 што предизвика умерен раст на платите но сепак како што истакна министерот за финансии имаше раст.Имено, министерот Тевдовски е статистичар и како таков многу добро знае да манипулира со цифрите тој го зеде просекот на раст на платите од 2013 до 2017 година а не се врати малку поназад тоа беа години нели кога дефинитивно се уште се чувствуваат последиците од двете рецесии низ кои што помина Македонија во 2009 и 2012 година и секако дека тоа беше нормално однесување на претпријатијата. Само да потсетам во истиот период соседна Грција ги намали платите за околу 30 % ги намали пензиите за исто така 25 – 30 %.Владата на ВМРО ДПМНЕ тоа често го истакнуваше дека во услови на економска криза пензиите во Република Македонија растеа за разлика како што спомнав во Грција и некои други земји а истото се однесуваше и на платите.Едно од прашањата на кои што ние и претходно имаме укажано а на кое навистина треба да му се обрне внимание е она со што Владата на господинот Заев се фали дека социјалната помош од 1 јануари 2019 година е зголемена за 3 пати. Знаете ова убаво звучи но укажуваме на негативните ефекти и последици на пазарот на труд од една ваква мерка ако се реализира на начин на кој што е зацртана.Внимавајте изедначување на социјалната помош со минималната плата значи декуражирање или обесхрабрување на работоспособните лица да се вклучат во пазарот на работна сила затоа што на пример станува збор за семејства каде што квалификациите се такви што тие на пазарот на труд не би можеле да достигнат до просечната плата или би биле некаде испод просечната плата. Па кој е сега интересот ако државата ви плаќа за седење дома 12.000 денари вие да работите за минимална плата од 12.000 денари или за дополнителни 2.000 денари што би ги добиле или 3 илјади денари за малку повисока плата над минималната. Во услови на стеснување на пазарот на труд во Република Македонија, заради демографските трендови заради иселувањето итн. се губи, односно се пасифизира еден работоспособен дел од работната сила во Република Македонија што секако на економски план ќе има многу негативни последици.И на крај на прашање на новинарите, беше зачнато прашањето на негативните последици од ширењето на хазардните игри, односно игрите на среќа на територијата на Република Македонија од што се видливи бројни реакции од родители и други заинтересирани страни, ние сакаме да предупредиме и да побараме од Владата да поводи сметка во контекстот на она што соседна Албанија нели информациите се дека од почетокот на годинава воведе ригорозни мерки при што по моите сознанија некаде 2300, 2400 такви објекти кладилници се затворени. Може да се очекува притисок на тој капитал на таа опрема на територијата на Република Македонија, ние треба да најдеме начин да се заштитиме од напливот на опреми и отворање на нови места , нови обложувалници наместо оние мерки или намери на Владата дека ќе се анализира кој биле негативните последици итн. Така што овдека сме убедени дека треба да се преземат итни превентивни мерки во оваа насока“, вели Славевски.

Македонија | пред 7 години

bebe-vakcina

Сакаш во градинка, мора вакцина - досега вакцинирани Околу 300 деца

Денеска градинките ги затворија вратите за дечињата кои немаат примено МРП вакцина. Ова е причина родителите да ги вакцинираат своите деца. До поплднево околу 370 деца ја примија вакцината МРП.Инаку министертсвото за здравство прогласи епедимија на морбили на територија на град Скопје. Прстот го нсочи кон антивакциналните кампањи, за кои велат дека го земаат данокот.Според информациите досега, има 19 заболени, од кои 13 се веќе докажани, а шест се сомнителни и за нив се уште се чека лабораториска потврда. Сите заразени не се вакцинирани.

Скопје | пред 7 години

studenski-dom

Со мобилен телефон се снимаат женските тушеви во Студентскиот дом Кузман?

Станар во Студентскиот дом „Кузман” смислил начин како да ги гледа оние кои се тушираат во женските тоалети, пишува Вечер.Фоторепортерот на весникот Вечер го фати моментот како од надворешната страна на прозорецот на тоалетот на третиот кат на Домот некој го закачил својот мобилен телефон со цел да ги снима женските тоалети.Иновативноста на овој станар веднаш е споделена на социјалните мрежи со цел да се информираат засегнатите страни.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Германија има потреба од шофери, автомеханичари,чистачи - плата 1800 евра

Германија има потреба од работна сила. Најголема потреба од работници има Берлин, а зад него се Минхен, Хамбург. Повеќе од 10 илјади слободни работни места има во Келн, Штутгарт, Диселдорф.Барани се и возачи, возачи на виљушкари, автомеханичари чии плати се движат околу 14-15 евра од час. Посредници од областа на осигурувањето, магационери и сезонски работници заработуваат околу 16 евра од час. Платата за чистачи се движи до 1.800 евра.Фармацевтската индустрија дава највисоки плати со просечни бруто примања од околу 70.000 евра годишно. На второ место се банките, а на третото индустријата за автомобили. Во машинската индустрија работниците земаат околу 65.000 евра бруто плата годишно.

Свет | пред 7 години

buckovski

Бучковски прогнозира дека СДСМ ќе победи во првиот круг на претстојните претседателски избори со разлика од 100.000 гласа пред ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ сега го испитува рејтингот на своите кандидат и таму не гледаме дека е профилиран кандидат кој однапред би имал сериозна поддршка. Можно е по првиот изборен круг, кога би била разликата според мене повеќе од 100.000 гласа за кандидатот на СДСМ, затоа што сум убеден дека СДСМ ќе биде фаворит на овие избори, без разлика кој ќе биде кандидат од оние кои се споменуваат во јавноста, тогаш ќе биде голема дилемата кај ВМРО-ДПМНЕ дали да учествуваат во вториот круг за да биде исполнет цензусот. Во спротивно тивкиот бојкот ќе значи рушење на претседателските избори. Варијантата на Владата дека имаат резервна опција да се отвора Уставот и да се бира претседател во парламентот, според мене е решение кое требаше да биде промовирано не како резултат на неуспешени претседателски избори, туку како решение кое одговара на Уставот и на приликите во Македонија“, вели поранешниот премиер, Владо Бучковски.Според него 2018 година ја одбележал Преспанскиот договор.

Македонија | пред 7 години

mvr

Омаловажувал полициски службеник

На 02.01.2019 година околу 17,20 часот во Скопје на улица „1506“ , Љ.П. (54) омаловажувал и агресивно се однесувал кон полициски службеник при преземање на службени дејствија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 7 години

nagrdai-mvr-1

(ВИДЕО) Наградени полициски службеници за остварени забележителни резултати во работењето

“Чест ми е што како министер за внатрешни работи ja имам можноста да ви оддадам признание за се она што е реализирано изминатиов период, а со особен квалитет и покажана иницијативност во работењето и вршењето на работни задачи во текот на минатата година, и сето тоа да се верификува на ваков начин со доделување решение за зголемен износ на плата.“ Ова меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешното врачување на триесет решенија на исто толку вработени во различни организациони единици на МВР кои што се еднократно наградени заради остварените забележителни резултати во работењето во текот на изминатата година.Министерот Спасовски потенцираше дека овој успех и постигнатите резултати ќе претставува поттик не само за наградените туку и за нивните колеги, уште поагилно и попосветено да работат во подигнување на интегритетот на полицискиот службеник, и да се соочат со сите професионални предизвици со максимална посветеност и пожртвуваност.Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски изрази уверување дека сите вработени во МВР ќе продолжат со несмалено темпо на работа.“ Како ваши претпоставени ние сме должни да внимаваме на секој ваш професионален чекор, но и да ги вреднуваме вашите успеси и заложби. Нема да толерираме никакво непочитување на професионалните стандарди или селективност во постапувањето, бидејќи законот мора да важи еднакво за сите“, истакна директорот на БЈБ, Тасевски“.

Скопје | пред 7 години

zaev-odgovornost

Заев: Ако истрагата утврди одговорност за бегството на Груевски , ќе ја понесеме почнувајќи од мене, министер, директори, сектори во МВР

„Додека не заврши истрагата предводена од Јавното обвинителство, чесно е извршната власт да не се истрчува со претходни детали што може да бидат дел од предистражна или истражна постапка што ја водат истражните органи. Штом Јавното обвинителство ќе даде пас и тоа на било кој начин ќе го обелодени, ние ќе ги соопштиме сите детали од аспект на извршната власт, пред се, од Министерството за внатрешни работи“, рече премерот Зоран Заев, одговарјќи на новинарско прашање за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.Заев уште додаде дека ако постои одговорност некаде, и доколку тоа се потврди со конкретни докази и аргументи, одговорноста ќе се понесе почнувајќи од мене, министер, директори, сектори во МВР или било која друга државна институција од извршната власт.-Тука нема дилеми. Уште еднаш потенцирам тајни договори кои значат избегнување на правда немало и нема да има, рече Заев.

Македонија | пред 7 години

severna_korea

Најважниот дипломат на Северна Кореја се крие и чека азил од Италија

Севернокорејскиот дипломат Џо Сонг Гил , кој привремено ја вршел функцијата амбасадор во Италија , пребегнал и се крие со семејството на тајно место , објави тајната полиција на Северна Кореја.Амбасадорот на Северна Кореја во Италија, Јо Сонг-гил побара азил во земјата во која ја врши должноста, пренесува „Гардијан“. Со барањето на азил, ова е уште еден случај од ваков тип, каде висок претставник на севернокорејската дипломатија бара азил во една од земјите каде што ја претставува својата држава.Според информациите од дипломатски извори во Сеул, Јужна Кореја, Јо Сонг-гил побарал азил заедно со неговото семејство, а италијанските власти потврдија дека тој е на „сигурно“ додека не се донесе одлука дали неговото барање ќе биде прифатено.Последниот висок диполомат од Северна Кореја кој побара азил и ја напушти својата позиција е Тае Јонг-хо, кој служеше како амбасадор на оваа земја во Лондон до 2016 година.

Свет | пред 7 години

lavina

Норвешката полиција трага по четворица туристи од Шведска и Финска, се стравува дека се затрупни од лавина

Норвешката полиција трага по четворица туристи од Шведска и Финска . Тие се водат како исчезнати откако вчера, како што се стравува, ги затрупала лавина во арктичкиот дел на Норвешка.Лавината се случила во северниот норвешки регион Тромс, популарен меѓу скијачите.Временските услови не им дозволиле на спасувачките екипи денеска да ја продолжат потрагата, иако таа се уште не е откажана.

Свет | пред 7 години

zaev-cipras

„Нова демократија“ нема да го ратификува Договорот од Преспа - Ципрас треба да бара ново мнозинство

Портпаролката на Нова демократија и европратеничка, Мариа Спираки, во интервју за грчкото радио „Њуз247“, уште еднаш повторува дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа ниту во овој, ниту во следниот парламент, објави МИА.– Мислам дека не постои нешто друго околу ова прашање. Ова им го имаме кажано на сите наши соговорници и во и надвор од Грција, го имаме кажано со истиот речник, го имаме кажано на сите јазици. Нова демократија нема да го ратификува договорот, ниту во актуелниот ниту во следниот парламент, каде што ќе имаме мнозинство – вели Спираки.Во однос на најавите на коалициониот партнер во владата и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, дека ќе се повлече од владата кога договорот ќе дојде во грчкиот Парламент, Спираки вели дека тоа ќе создаде нова ситуација и Ципрас ќе мора да побара доверба од парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.– Повлекувањето на господниот Каменос и неговите министри од владата, неопходно е да го одведе господниот Ципрас во парламентот за да побара ново мнозинство. Во спротивно, за нас нема никаков легитимитет – вели портпаролката на Нова демократија во интервјуто за грчкото радио.За можноста Нова демократија да достави иницијатива за гласање недоверба на владата, Спираки уште еднаш повтори дека „сите парламентарни оружја се на маса“, а кое ќе го искористат „е одлука на лидерот на партијата, Кирјакос Мицотакис“.извор: МИАПремиерот Алексис Ципрас треба во грчкиот парламент да бара ново мнозинство, бидејќи неговиот коалициски партнер, Независни Грци, најверојатно нема да гласаат за договорот од Преспа. Ова во интервју за радиото 24. 7 го изјави портпаролката на главната опозициска партија Нова демократија, Марија Спираки.

Свет | пред 7 години

kom-higiena-2

На кого му сметаат контењерите за отпад - запалени 10

За време на новогодишните празници, вкупно десет садови за собирање на комуналниот отпад на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје беа запалени и уништени во целост.За време на новогодишните празници, вкупно десет садови за собирање на комуналниот отпад на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје беа запалени и уништени во целост.Најголемиот дел од запалените контејнери се наоѓаа на булеварот Партизански одреди, во општината Карпош, а дел беа поставени на улицата Јане Лукроски, во општината Гази Баба, каде што е опожарен и еден специјален контејнер-ѕвоно, наменет за селекција на стакло.Со овие постапки се нанесува голема финансиска штета на Претпријатието, но и се создаваат проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад во градот. Апелираме граѓаните да престанат со уништувањето на опремата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и совесно да го одлагаат својот отпад, за нашите екипи да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски согласно Оперативната програма за работа.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања