Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Скопје1.мк

nema-voda

Утре без вода корисниците на улицата „50 дивизија“ и дел од Клинички центар

Утре од 9 часот без вода ќе бидат корисниците на улицата „50 дивизија" и дел од Клиничкиот центар во Скопје. Прекинот ќе биде поради изведување на водоводен приклучок од ф 100 мм на таа улица.Прекинот ќе трае до санирање на дефектот, соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје.

Скопје | пред 7 години

Capture-7

(ВИДЕО) Илон Маск на пробно возење во тесниот тунел во Лос Анџелес

Милијардерот Илон Маск ја одведе новинарката Гајл Кинг од Си-би-ес на пробно возење во тунелот во Лос Анџелес.„Не можеме да излетаме од шините, нели?“, плашливо го прашува таа Маск.„Не сакам да се движиме побрзо од ова, не благодарам“, му одговара Кинг на Маск, кој вели дека се движат многу побавно од планираните 240 километри на час.Тој во интервјуто во текот и по возењето ги наведе причините кои го поттикнале да го изгради тунелот. „Пред сè тука е големиот метеж во Лос Анџелес кој ме убива“, вели Маск.Тој го отвори тунелот со визија да направи револуција во превозот во милионските градови со сообраќаен метеж.

Магазин | пред 7 години

S7ak9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWmpNN01EQV8vM2FkMDk3NmUzZTZlYTVmNzAyYTU0ZjM2ZTRhYzlkNWYucG5nkZMCzQJCAIGhMAE

Срби шверцувале дрога од Бразил во кикирики и пченица

Меѓународна банда на криумчари на кокаин од Бразил со месеци организирала транспорт на дрога во Велика Британија и Франција. Позади оваа банда најверојатно стои нарко бос од Србија.Според информациите се претпоставува дека позади ова криумчарање на кокаин стојат Срби, а полицијата уште во април годинава започнала со тајана акција, за време на која запленила повеќе од еден тон кокаин.„Целта на оваа нарко-банда бил транспорт на кокаин со бродови од Бразил, Сао Паоло до Англија и Франција. Полицијата во изминатите месеци запленила 450 килограми кокаин кој бил скриен во товарот со пченица, а на 29 октомври запленет е околу еден тон кокаин кој бил скриен помеѓу кутиите со кикирики“, велат медиумите.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Откриени страшни детали за убиството на две Европејки во Мароко

Тројца радикални исламисти убиле две туристки од Данска и Норвешка, во Мароко, така што ги избоделе со нож, додека на едната ѝ ја отсекле главата.Данкињата Луиса Вестерагер (24) и Норвежанката Марен Уеланд (28) се убиени додека биле на кампување во Мароко. Локалните жители ги пронашле мртви. Едната била убиена во шатор, а другата надвор од него.Жените пред исчезнувањето се видени во Маракеш заедно со три мажи со кои тргнале на планинарење.Данските власти соопштиле дека овие убиства ги сметаат за терористички чин. Како што пренесува британскиот „Sun“, убијците викале: „Ова е одмазда за нашите браќа во Сирија“.Утрово извор од полицијата изјавил дека осомничените се уапсени откако локалните медиуми ги објавија нивните фотографии. Станува збор за 33-годишен Р.А., 27-годишен А.Е. и 25-годишен О.А.Наводно, постои снимка од тој ужасен настан, а скандинавските земји се обидуваат да проверат дали е оригинална. 

Свет | пред 7 години

valjon1-37lq51x63jpiw310m5hr0g

ТВ21: Повредениот Беља барал средба со градоначалникот на Чаир поради стопирана плата

Како што неофицијално дознава ТВ21, Ваљон Беља му се јавил на Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу со кого побарал да оствари средба во Топанско поле, кај маркетот Принц.Како што објавува телевизијата, економскиот директор на Клиниката за Гинекологија, му замерил на градоначалникот за тоа што му била стопирана платата која што ја примал од општината.По ова неофицијлано објавува ТВ21, градоначалникот повикат други луѓе по што настанала тепачка која завршила со пукање.МВР го потврди вооружениот инцидент велејќи дека едно лице е повредено откако било пукано од огнено оружје.

Македонија | пред 7 години

ivor-mickovski-11

(ВИДЕО) Мицковски: Премиер што не се грижи за својот град, како може да се грижи за друго?

По објавувањето на фотографиите видео снимки од село Костурино, Општина Струмица каде се ложат гуми во печки за вар, при што загадувањето е огромно, колумнистот Ивор Мицковски се огласи на социјалните мрежи. Според него премиер кој не се грижи за својот град, како би можел да се грижи за било што друго.„После Струмица бил еден од најзагадените градови.  Па премиер што не се грижи за својот град, а бил градоначалник 3 мандати, и ова го дозволил со години, како може да се грижи за било што друго.  Какви лажови, каква превара. Вие сте дамбетер од ратни профитери“, напиша Мицковски на Фејсбук.https://vimeo.com/307105775?fbclid=IwAR0CPWly40Wu1yu6B4Oon1kvi-jsQHKcClwXuAFMaxvLsMWaihcJ_pUgrPw

Македонија | пред 7 години

sela

Села ќе го оспори Законот за амнестија пред Уставен

Алијансата за Албанците најави дека ќе поднесе иницијатива до Уставен суд за оценување на уставноста на Законот за амнестија.– Собранието по скратена постапка донесе закон за амнестија. Со Законот ќе бидат амнестирани одредени луѓе директно вмешани во настаните од 27 април. Алијансата за Албанците не беше присутна на гласаањето и го осудува овој чин. Во процедура сме за покренување постапка за оценување на уставноста на овој закон – рече пратеникот Сурија Рашити.

Македонија | пред 7 години

valjon1-37lq51x63jpiw310m5hr0g

Пукано во економскиот директор на Клиниката за Гинекологија

Ваљон Беља од ДУИ вечерва е ранет во вооружен напад во скопската населба Чаир. Во него е пукано со два куршуми, по што е однесен во болница. Напаѓачите не се познати.„Денеска во 17:45 часот е пријавено дека на ул.„Лазо Трповски“ било пукано во В.Б. (40) од Скопје во пределот на десната подколеница. Во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н.. В.Б е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски. Се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР.Беља пред неколку месеци беше поставен за нов економски директор на Клиниката за Гинекологија.Беља прв пат се појавува на политичката сцена со невладината организација Реалитети, а подоцна и како лидер на партијата Албански Сојуз во 2010 година кога за регионални медиуми тој порачува дека целта на неговата партија е да ја подели Македонија на три кантони- еден македонски, еден албански и еден мешовит кантон. Подоцна оваа партија се спојува со ДПА на Мендух Тачи каде Беља ја добива потпретседателската функција.Но, по преминувањето во ДУИ на Ахмети, Беља станува познат по заканите кон екс градоначалникот на Чаир Изет Меџити на кого во јуни 2016-та, според информации објавени од медиумите, му испраќа куршум завиткан во салфетка како закана за остварување на неговото барање да биде поставен за директор на пензискиот фонд. Подоцна тој беше приведен од полицијата во врска со овој настан, но епилогот од истрагата е непознат.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Возач на „57“ физички нападнал патничка

Е.Ц.(40) од Скопје вчера пријавила дека била нападната од возач на автобус на ЈСП.-Околу 08,45 часот во автобус на ЈСП со број 57 на улица „Васил Ѓоргов“, Е.Ц. се упатила кон возачот за да му каже да застане за да се симне, по што тој отворил вратата и физички ја нападнал.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Филипче: Ќе се проверуваат вакциналните картони, невакцинираните да се вакцинираат

Министерот за здравство, Венко Филипче, уверува дека вакцините се безбедни и се единствената превентивна мерка со која се заштитуваат децата од морбили, односно мали сипаници. Тој информира дека се преземени итни и неопходни мерки за да се спречи понатамошното ширење на епидемијата од морбили што се појавија во детска градинка во Радишани.„Поради актуелниот случај со морбили во детска градинка во скопската населба Радишани, каде има 5 заболени деца и еден возрасен, од кои сите се во стабилна состојба, заедно со Комитетот за имунизација и Комисијата за заразни заболувања, како и Државен здравствен и санитарен инспекторат, преземени се итни и неопходни мерки за да го спречиме понатамошното ширење на болеста“, изјави министерот Филипче.Градинката во населбата Радишани ќе биде затворена 15 дена. Од Министерството за здравство информираат дека веќе е извршена дезинфекција на целиот објект. Во неа биле запишани 223 деца, а во овој период во просек ја посетувале 104 деца.Филипче потенцираше дека сите мерки што се преземаат во моментов се превентива од ширење на болеста и се однесуваат за целата територија на земјава.„Препорачуваме, вакциналните пунктови во здравствените домови да спроведат вакцинација за сите деца на возраст од 1 до 14 години на територијата на целата земја, кои досега биле пропуштени или невакцинирани од која било причина. Но, само како вонредна мерка за децата од скопската населба Радишани, се препорачува вакцинација од 6-месечна возраст. Сите деца кои ќе бидат вакцинирани во овој момент, а се на возраст од 6 месеци до 15 месеци подлежат на примање на уште една доза вакцина од 18 до 24 месеци“, изјави Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.Лицата на возраст над 14 години до 45 години кои биле во непосреден контакт (фамилијарен или друг) со заболените лица, да се повикаат во Центрите за јавно здравје – Скопје за да се провери нивниот вакцинален статус и доколку не се вакцинирани, да се вацинираат.Во моментот Министерството за здравство има во залиха доволна количина на МРП-вакцини за спроведување на горенаведените активности. Министерот за здравство упати апел до родителите кои имаат мали деца од предучилишна и училишна возраст задолжително да ги вакцинираат децата.„Се формира работна група поврзана со изготвување на измена и дополнување на важечката законска регулатива поврзана со надзор на заразни заболувања и спроведување на вакцинација. Во работната група ќе учествуваат експерти од повеќе области од превентивна здравствена заштита, примарна, секундарна и терциерна здравствена заштита, правни експерти и од Државен здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ). Единствената превентивна мерка со која ќе го заштитат здравјето и животот на своите деца. Колективниот имунитет е еден од клучните фактори за неширење на болеста и за спречување поголеми епидемии. Секоја епидемија треба да се сфати сериозно, со целосна одговорност како на институциите, така и на населението. Министерството за здравство гарантира дека вакцините се комплетно безбедни“, потенцираше министерот Филипче.

Македонија | пред 7 години

russia-earthquake-1654502

Земјотрес од 7,4 степени во Русија, можна е појава на цунами

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Камчатка, на истокот на Русија. Како што јавија локалните медиуми, издадено е предупредување за цунами.Потресот се случил на длабочина од 33 километри во Берингово Море, со епицентар на 80 километри источно од брегот на Камчатка.Најблиско населено место до епицентарот е селото Николскоје. Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Свет | пред 7 години

tamara

Тамара Тодевска за Влатко Илиевски: Во овие најсреќни денови, фалиш да го споделам тоа со тебе

Македонскиот пејач Влатко Илиевски почина во јули оваа година откако беше пронајден мртов во својот автомобил. Семејството, колегите и пријателите тешко го поднесоа неговото заминување.Тамара Тодевска на својот профил на „Фејсбук“ напиша статус во кој потенцираше дека го мисли секој ден и дека и недостига во овие среќни моменти.„Ми текнува на овој дел од концертот кога се појави Морал и Влатче беше највеќе свој додека пееше со нив. Колку плачев од среќа зошто знаев дека во тој момент беше најсреќен на светот. Ова  беше музика која најмногу му лежеше и најмногу му стоеше. Ваков го запознав и ваков ќе го запаметам.Покрај тоа што беше уметник и уникатен, беше другар за пример, полн со љубов, емоција,емпатија.Многу ми фали да ме насмее, да ме извади од такт, да ме расплаче. Фалиш друже. Во овие најсрќени денови од мојот живот, фалиш да го споделам тоа со тебе. Секој ден. Секој ден помислувам на тебе, не можеш да не ми пројдеш низ главата. Многу те сакав и засекогаш ќе постоиш во моето срце длабку врезан. Мојот сакан Влатче. Мојот најсакан другар, брат ,колега…“ напиша Тамара на „Фејсбук“.

Магазин | пред 7 години

48417064_1953739871409997_6203854631555039232_o

(ФОТО) Во струмичко се ложат гуми во печки за вар

Од граѓанската иницијатива О2 на социјалната мрежа Фејсбук објавија фотографии од селото Костурино, Струмица, на кои може да се види како во печките за гасење вар се ложат гуми.„Ложење гуми во печки за вар кај Костурино, Општина Струмица.Апокалипса на нашата реалност, дистопичниот свет на нашата земја како исечок од Mad Max.Секо кој знае/л и бил/е одгвоорен и надлежен во било каков конктекст ќе одговара за ова. За ова се лежи во затвор“, велат од О2 Иницијатива.

Македонија | пред 7 години

crven-krst-dedo-mraz

(ФОТО) Дедо Мраз ги посети малите херои во Државна болница

Во пресрет на новогодишните празници, Тимот за спасување на планина на Црвен крст на град Скопје и волонтерите на Црвен крст Центар, на Клиниката за детски болести и Клиниката за Онкологија при Клиничкиот центар Мајка Тереза – Скопје, организираа показна вежба. Членови од Тимот маскирани во Дедо Мразовци, се спуштаа по јаже и им делеа подароци на децата хоспитализирани во двете клиники. Вежбата се реализираше во соработка со Општина Центар и Бугарската амбасада во РМ.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2098067137170102&id=1460662487577240

Скопје | пред 7 години

sudar-na-tetovska-patarina-203292

(ФОТО) Четири возила се судpиja на наплатната рампа кај Тетово

Четири патнички возила се судриja на наплатната рампа кај Тетово, за среќа нема жpтви.Во сообраќајката учествувале „хонда“ со словенечки регистерски таблички, управувана од 56-годишниот Ф.В. од Добридол, гостиварско, „пежо“ со охридски таблички управувано од Д.Г. (50) од Охрид, „цитроен“ со бугарски регистерски таблички управуван од С.У. (55) од Струга и „мазда“ со австриски регистерски таблички, управувана од 34-годишниот Ј.М. од Австрија. Сите се движеле од Гостивар кон Тетово.Пoвpедeн е возачот на „хондата“. Во тек е полициски увид, по што ќе се знаат околностите кои довеле до судирот.

Македонија | пред 7 години

JSP-avtobusi-parkirani

Во тек е набавка на гуми за автобусите на ЈСП

Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху денеска изјави дека во тек е набавка на гуми за автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие.– Веќе е активна една набавка за гуми за новите градски автобуси и потоа ќе има уште една набавка, истакна Салиху.Што се однесува до расипаните автобуси, Салиху рече дека се прави пресметка со цел да се види колку ќе биде исплатливо да се поправат. Во однос на набавката на еко автобуси што ја планира Град Скопје, тој изјави дека кредитот ќе биде во висина од околу 10 милиони евра, а со него ќе се набават од 35 до 40 еколошки автобуси.–   Веруваме дека ќе ги видиме по улиците во Скопје рано следната година, рече Салиху.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Почнаа бесплатните часови по лизгање на плоштад „Македонија“

Денеска на лизгалиштето „ЕУ за тебе“ во Винтерленд почнаа бесплатните часови по лизгање за почетници овозможени од Град Скопје и Хокеј Федерација.Бесплатните часови на лизгалиштето се одвиваат секојдневно во два термини: од 11 часот претпладне и од 20 часот навечер за групи до 20 пријавени лица, Oбуките ги држат двајца професионални инструктори.Заинтересираните за бесплатни часови по лизгање може да се пријавуваат секој работен ден во Информативниот центар на Град Скопје од 9 до 16 часот на телефонскиот број (02) 3297-255.

Скопје | пред 7 години

DSC_4450

Министрите од економски ресори на средба со стопанските комори: Исполнети се сите предуслови 2019 биде економска година

Денес, во Владата на Република Македонија се одржа втората седница на Комисијата за јавно приватен дијалог, којашто произлезе како резултат на склучениот меморандум за соработка помеѓу Владата и најголемите четири стопански комори (Стопанска комора на Македонија, Сојуз на стопански комори, Стопанска комора на Северозападна Македонија и МАСИТ). Главна цел на овој процес е воспоставување на дијалог помеѓу јавниот и приватниот сектор преку кој ќе се придонесе за подобрување на состојбите во деловното опкружување, зголемување на конкурентноста на стопанството, подобрување на квалитетот на домашните производи и услуги и забрзување на севкупниот економски раст и развој на Република Македонија.Вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, министерот за финансии д-р Драган Тевдовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, разговараа со претседателите на стопанските комори Бранко Азески (Стопанска комора на Македонија), Данела Арсовска (Сојуз на стопански комори), Неби Хоџа (Стопанска комора на Северозападна Македонија) и Горан Попоски (МАСИТ).Вицепремиерот Анѓушев истакна дека Владата во Меморандумот за соработка се обврза дека забрзано ќе работи на решавање на прашања за економски развој, за создавање поволна клима за работа, за привлекување на нови странски инвестиции и поддршка на домашните компании и за владеење на правото. Тој додаде дека заедно со стопанските комори, но и со академската фела и меѓународните организации, преку отворен дијалог и најтранспарентен начин работиме на подобрување на регулативата и политиките за економски раст.„Индустријата, градежништвото, земјоделството и трговијата учествуваат со 50-60% во создавањето на Бруто домашниот производ. Ако се анализираат резултатите оваа година, три од четирите гранки бележат пораст, единствено градежништвото во првиот квартал бележи намалување. Ако градежништвото се врати во нормала, што се очекува, а останатите гранки ги задржат проектираните стапки на раст, се исполнуваат сите услови 2019 да биде економска година. Градежништвото ќе се врати назад, никогаш повеќе патишта во истиот момент не биле во изградба, првата фаза на железницата кон Бугарија интензивно се работи, а наскоро ќе започне со изградба и втората фаза на оваа железничка делница. Во моментов петнаесетина странски компании градат свои производствени капацитети, ќе се градат два големи комплекси и сето тоа ќе има импакт на градежништвото до 60 милиони евра месечно, што ќе доведе до раст од 3-7% само во градежништвото“, потенцираше АнѓушевНа денешната седница од страна на коморите беше предаден преглед на позициски документи до Владините претставници, кои опфаќаат прашања по однос регулатива во фаза на менување или постоечка, со цел детална разработка на истата и поставување на финални и конкретни одговори од сооодветните институции.„Би сакал да ја издвојам соработката со Министерството за земјоделство, како ветувачка соработка во склоп на која како комори веќе имаме висок степен на инклузија. Дополнително ја истакнуваме соработката со Министерството за информатичко општество и администрација, поврзано со инспекцискиот надзор, која соработка се надеваме дека ќе резултира со донесување на квалитетен закон. Ја поздравуваме и работата на Министерството за труд и социјална политика, во однос на разбирањето за потребата и поддршката за развивање на нов закон за практиканство. Моменталниот статус на предлог законот е дека истиот е усвоен на Влада и чекаме негово донесување во Собрание“, изјави Горан Попоски, претседател на МАСИТ кој е и претседавач на Комисијата.Денешната седница е уште еден од чекорите за интензивирање на соработката помеѓу Владата и приватниот сектор. Меѓусебната соработка треба да резултира со подобрување на бизнис регулативата, како и во креирање на економски политики и мерки со кои ќе се поттикне стопанството и економскиот раст и развој на Република Македонија. 

Македонија | пред 7 години

ojo-1

ОЈО Гостивар врши увид на местото на сообраќајка каде загина 65-годишна жена

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи врши увид на лице место каде денес околу 13.30 часот се случи сообраќајна несреќа. Според првичните сознанија товарно моторно возило удрило во жена на возраст од 65 години, која поминувала на пешачки премин. При тоа на сега починатата и се причинети повреди кои имале смртна последица.Јавниот обвинител нареди обезбедување и прибирање на траги од лице место. Наредено е и вршење на сообраќајно техничко вештачење и обдукција на починатото лице. Воедно побарани и обезбедени се видео записи од околните камери. Возачот се наоѓа во полициска станица и се преземаат дејствија за утврдување на фактите во предметот.​

Македонија | пред 7 години

mkd-381349

Турчинка шверцувала злато од Истанбул

 Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истрага против 27-годишна државјанка на Република Турција поради сторено кривично дело – Криумчарење од член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничената на 18 декември, околу 20 часот на аеродромот во Скопје, избегнувајќи ја царинската контрола пренела непријавена стока-накит од бело злато и тоа дваесет и едно парче накит со вкупна тежина од 380.50 грама кои имаат вредност од 11.106.000,00 денари. Таа откако пристигнала со лет од Истанбул, се упатила кон излезот на преминот каде поминуваат патници кои немаат стока за пријавување. По што, при селекција од страна на царинскиот службеник и преглед на личниот багаж била пронајдена непријавената стока.Јавниот обвинител кој постапува во предметот ценеше дека се исполнети законските основи, па достави Предлог за определување на мерката притвор за осомничената. Предлогот беше прифатен од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје и со Решение е определен притвор против осомничената во времетрење од триесет дена

Македонија | пред 7 години

Trchame-so-Nikolcho

Хуманитарно трчање од Струмица до Гевгелија - за сите кои се борат за здив!

Хуманитерно трчање за подигање на свеста за постоењето на ретка белодробна болеста - Пулмонална хипертензија. Трката ќе се одржи на 23.12.2018, недела и ќе започне во 09:00 часот од плоштадот во Струмица, а финиш линијата е во Гевгелија, со должина на патеката од 50 километри. Трасата води од Струмица преку Валандово, Богданци и се очекува да заврши околу 14:30 на плоштадот во Гевгелија. Велосипедскиот Клуб „АКТИВ“, Струмица и Здружението Асоцијација за Пулмонална Хипертензија „МОМЕНТ ПЛУС“ го организираат првото хуманитарно трчање по овој повод и кој ги поврзува овие два градови, под наслов „Трчаме со Николчо“.Трчањето е во чест на гевгеличанката Ѓургица Ќаева, како и на сите пациенти кои страдаат од оваа болест.Маратонeцот - предводник е Николчо Ѓоргиев, кој често ја поддржува оваа иницијатива на сите маратони кои ги трча, со носење маичка со логото и мотото на Здружението - „Остани без здив“. Досега се пријавени 32 учесници кои ќе се приклучуваат од различни окрепни точки по трасата.Белодробна артериска хипертензија (ПАХ) е прогресивна болест предизвикана од стеснување на белодробната артерија која ги поврзува десната страна од срцето со белите дробови. Пулмоналната хипертензија е сериозно заболување кое прогресивно се влошува со тек на време и понекогаш завршува фатално. Иако пулмоналната хипертензија не е излечлива болест, третманот кој постои ги олеснува симптомите и го подобрува квалитетот на живот.Во Македонија постојат 15 регистрирани случаи на оваа болест, за која малку се знае. Со цел подигање на свеста за постоењето и борбата на болните, буквално секојдневно за здив, Велосипедскиот Клуб „АКТИВ“,Струмица и Здружението Асоцијација за Пулмонална Хипертензија „МОМЕНТ ПЛУС“ го организираат овој настан, со поддршка на Општина Струмица и Општина Гевгелија.Под мотото „Остани без здив“, Здружението Асоцијација за Пулмонална Хипертензија „МОМЕНТ ПЛУС“ ги продолжува своите активности и во 2019та за подигање на свеста за оваа ретка болест.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Се огласи ЈСП Скопје по днешниот инцидент

ЈСП Скопје сака да ја информира јавноста дека е запознаено со денешниот инцидент кој се случил меѓу патник и двајца контролори во автобус на линија 2 во Сарај кон Центар, неколку минути после пладне, а кој за кусо време ги преплави социјалните мрежи, стои во соопштението од претпријатието за денешниот инцидент помеѓу патник и контролори.-Веднаш по инцидентот, на терен излезе екипа на Внатрешна контрола на ЈСП, а повикана била и екипа на МВР. Според исказот на контролорите, инцидентот се случил откако патник без билет физички го нападнал едниот контролор, по што, се вмешал и другиот контролор. Патникот, според Внатрешната контрола, се обидел да избега, но бил приведен од страна на екипа на МВР. И патникот и контролорите дадоа исказ во МВР. Во случајов, и Внатрешната контрола на ЈСП Скопје ќе утврди дали евентуално и контролорите имаат вина во инцидентот, односно дали го прекршиле Кодексот на вработените и дали против нив ќе се поведе соодветна дисциплинска постапка, стои во соопштението и се додава:„ЈСП Скопје сака да потенцира дека не толерира кршење на Кодексот на вработените од страна на било кој вработен (возач, контролор, билетарка, аминистративен работник и слично) и е отворено за жалби/пријави/поплаки од секаков вид. Истите можат секојдневно да се доставуваат на веб страницата на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk или во инбокс на www.facebook.com/jspskopje , со точно наведени податоци за настанот (ден, време, линија, гаражен број на возило и слично), за да внатрешната контрола или друга соодветна служба го испита случајот и против вработениот, доколку се утврди вина, презеде соодветна дисциплинска мерка“.

Скопје | пред 7 години

PFM1

Тевдовски: Значаен прогрес во реформата на јавните финансии

Направен е значаен прогрес во реформата на јавните финансии. Законските решенија предвидени со Програмата за реформи во управувањето со јавните финансии ПФМ се или подготвени или во финална фаза на подготовка, додека истовремено се работи на оперативата и јакнење на капацитетите на институциите.Ова беше истакнато денеска на третиот ПФМ дијалог кој се одржа во Министерство за финансии, на кој присуствуваа министерот за финансии Драган Тевдовски, амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевески, претставници од институциите, од невладиниот сектор и експертската јавност.-Во 2018 година бевме фокусирани на подобрување на легислативата во повеќе клучни области, како планирање и буџетирање, јавни набавки јавна внатрешна финансиска контрола, управување со јавен долг и финансиска контрола во јавниот сектор - рече министерот за финансии Тевдовски.Министерот посочи дека за новиот Закон за буџети има подготвено работна верзија и дека во текот на следната година истиот ќе се најде во собраниска процедура. Со тоа ќе се направат значајни измени во носењето на буџетот, односно ќе се воведе среднорочно буџетирање.Тој посочи и дека во тек е подготовката на новиот Закон за јавна внатрешна финансиска контрола, кој исто така се очекува да влезе во собраниска процедура следната година. Новите закони за јавни набавки и јавен долг се веќе подготвени. Првиот е веќе во собраниска процедура, додека вториот закон е објавен на ЕНЕР. Министерот Тевдовски истакна дека како дел од сеопфатната реформа на јавните финансии се и континуираните мерки за зголемување на транспарентноста.-Направена е веб-платформа за „Граѓански буџет“ на која беа поставени Ребалансот на Буџетот за 2018 и Предлог-буџетот за 2019 година. Исто така во процес е и креирањето на платформата „Open finance” со која јавноста ќе има увид во исплатите од Трезорот во реално време - рече Тевдовски.Амбасадорот на ЕУ во земјава Самуел Жбогар истакна дека спроведувањето на Програмата за управување со јавните финансии е од исклучително значење. Тој посочи дека има напредок, особено во делот на фискалната транспарентност.ПФМ е прва сеопфатна програма за реформи во јавните финансии. Таа има за цел да го зајакне системот на јавни финансии и да ја подобри ефикасноста и ефективноста на јавните трошења. Оваа Програма е подготвена врз основа на интензивна соработка на релевантните национални институции, со поддршка од Делегацијата на ЕУ и експертска помош од СИГМА, при што земени се предвид препораките од извештаи за оценка на состојбите во областа на управување со јавни финансии: PEFA, WB PFM Review, SIGMA Baseline Assessment.

Македонија | пред 7 години

Zimski-festival-na-knigata-vo-TRI

Зимски фестивал на книгата

Издавачкиот центар ТРИ започна уште едно издание на Зимскиот фестивал на книгата – вистински книжевен празник што секоја година се одржува во книжарниците на ТРИ. Фестивалот е успешна приказна која со години работи на популаризирање на книгата и читањето, како и подарувањето на книгата во пресрет на новогодишните празници. Тоа е и период на промоција на новата издавачка продукција на ТРИ, која вклучува многу врвни изданија од домашната и светската продукција, од етаблирани автори и од автори за кои допрва ќе се зборува.Фестивалот носи раскошна и разнообразна понуда на книги со сезонски попусти до 50 % на над петстотини изданија на ТРИ, Паблишер, како и на литературата на странски јазик, празнични пакети со книги подготвени за подарување, одлична акција на 5 наслови за 499 денари, како и многубројни интерактивни настани со авторите и членовите на Клубот на читатели на ТРИ.ТРИ најавува дека ги има сите потребни состојки за книжевен празник. Ви препорачуваме да ги посетите нивните книжарници и да ја погледнете фестивалската понуда која ќе трае до 31 јануари 2019 година.

Магазин | пред 7 години

21768229_2023641844535704_7970060343535694264_n

(ВИДЕО) Првата македонска игра на Nintendo Switch и Xbox One

Прва комерцијална игра “Odium to the Core” на Dark-1, независно македонско студио за видео игри наскоро ќе биде издадена на Nintendo Switch (25. декември) и Xbox One (26. декември) конзолите.“Ова е прва игра развиена од македонско студио која ќе биде достапна на овие платформи. Издавач за Nintendo Switch верзијата од играта е Qubic Games SA“, велат од Dark-1.Во моментов може да се направи пред-нарачка на Nintendo Switch на линкот.„“Odium to the Core” е предизвикувачка игра базирана на музика која се игра со едно копче, со темен монохроматски стил. Води го Одиум низ опасни и интензивни нивоа водени од музиката да се бориш и да ја спречиш корупцијата која се шири. Стигни до јадрото и спаси го светот!“, велат од Dark-1.“Држи рамнотежа да ги избегнеш стапиците, непријателите и движи се низ тесни премини. Порази ги предизвикувачките чудовишта и откриј ја приказната зад корупцијата на светот на Одиум„, велат од Dark-1.Dark-1 е независно македонско студио за видео игри, кое својата прва игра “Odium to the Core” за прв пат ја издава на 11 мај 2018 година за Steam, iOS и Android платформите.Играта нуди:Контрола со едно копче: Механиките на играта се екстремно едноставни. Држи за да се движиш нагоре, пушти да одиш надолу. Контролите се лесни за учење, тешки за владеење.Базирана на музика: Оригинална музика направена специјално за секое ниво. Почуствувај го миксот на D&B и Jungle музиката кој тресе во позадина15 предизвикувачки нивоа: Избегни замки, непријатели и соочи се со опасните чудовишта во игра со брзо темпо.Кошмар: Обиди се да ги поминеш сите нивоа без зачувување. Повеќе замки демнеат низ екстремно тесните премини.Уникатен монохроматски стил: Уживај во глетките на убавиот но темен свет на Одиум и откриј ја приказната кажана низ кратки анимирани видео инсерти.Откриј ги тајните: Пронајди ги тајните за да отклучиш опции за модификации на ликот.Бескрајно: Тестирај ги своите вештини во бескрајно, процедурално генерирано ниво.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања