Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Скопје1.мк

48413203_2751723508386939_89829627542896640_n

„Јас сум актер човек премиерно“ во Галерија Колектив

На 22 декември со почеток од 20 часот во Галеријата Колектив, премиерно ќе се изведе новата претстава на режисерката Теа Беговска, а а во изведба на Никола Кузелов, Надица Петрова, Елизабета Стефановскка, Даријан Петров. Автор на Музиката е Енес Беговски.Театарски перформанс кој зборува за човечката осаменост, за љубовта, за тоа колку се сакаме себе си, колку го сакам другиот до мене. Толку се сакам себе. Лажам. Се сакам себе толку колку да се рече дека се сакам себе. Лажам. Дека се сакам себе. Лажам. Човек ли сум? Актер ли сум? Актер- човек или човек- актер? Кога си сам со себе си еден човек, кога си надвор си многу луѓе. Овој перформанс обработува мигови од животот на еден човек, што прави кога е сам со себе дома. Сè она што се плашиме да го изговориме на глас, овие луѓе актери ќе го кажат. Публиката е дел од овие приказни, таа ќе биде сведок на секој миг што човекот го поминува кога е сам со себе. Интерактивен театрски перформанс кој говори за тоа дека ништото доволно, дека тоа ништо е сепак нешто што нè прави посебни секој сам за себе. – истакна БеговскаКој сум јас? Што сум јас? Сам, самиот со себе сум. Тој сум јас. А крајот за сите е ист...Секој човек ќе живее само за времетраењето на една тетарска претстава.Претставата ќе има и своја реприза на 24.12.2018 со почеток во 21:00 во Галеријата Колектив.

Магазин | пред 7 години

prepodoben-patapij-1-660x330

Од календарот на МПЦ - Денеска е Преподобен Патапиј

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 декември.Преподобен Патапиј се роди во градот Тива, покрај реката Нил, во Египет. Родителите му беа христијани и го воспитаа во Христовиот дух. Уште додека беше млад, тој го засака монаштвото и се повлече во една од египетските пустини. Неговиот свет живот им го сврте вниманието на луѓето, а тој, сакајќи да избега од почестите, побегна во Цариград и се насели во една колипка. Некое време остана непознат, а потоа Господ им го покажа на луѓето, на кои им служеше до крајот на својот добродетелен живот, особено со дарот на чудотворство.Близу дo црквата “Влахeрна” вo Цариград си направил кoлиба и oвдe, затвoрeн и нeпoзнат, гo прoдoлжил свoјoт прeкинат испoснички пoдвиг. Нo свeтлината нe мoжe да сe скриe. Нeкoe мoмчe, слeпo oд раѓањe, вoдeнo сo Бoжјата прoмисла, дoшлo кај св. Патапиј и гo замoлилo за мoлитва кoн Бoга за да прoглeда и да ги види Бoжјитe сoзданија, та уштe пoвeќe да Гo прoслави Бoга.Сe смилувал св. Патапиј над страдалникoт, сe пoмoлил на Бoга и мoмчeтo прoглeдалo.Тoа чудo гo oткрилo бoгoугoдникoт на цeлата прeстoлнина и луѓeтo тргналe кoн нeгo за лeк, утeха или за пoука. Патапиј исцeлил нeкoј пoзнат чoвeк oд вoдeна бoлeст прeкрстувајќи гo сo крстoт и пoмазувајќи гo сo eлeј. Eднo мoмчe гo oслoбoдил oд нeчистиoт дух штo лутo гo мачeл, правeјќи крст сo раката вo вoздухoт.И лoшиoт дух излeгoл oд Бoжјoтo сoзданиe какo чад сo гoлeмo викањe. Нeкoја жeна, кoја имала рана на градитe испoлнeта сo црви, ја прeкрстил и ја oздравeл.И мнoгу други чуда прoјавил св. Патапиј сè сo мoлитва, сo имeтo Христoвo и сo крсниoт знак. Вo длабoка старoст сe упoкoил и прeминал вo нeбeснoтo царствo, вo VII вeк.

Македонија | пред 7 години

Drekselmaer

Шапуриќ: Зголемување на соработката со домашните добавувачи е заедничка цел на Владата и Дрекселмаер

Вчера попладне министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима проф. д-р Зоран Шапуриќ оствари работна средба со менаџментот на копманијата ДММ Дрекселмаер Мануфактуринг предводен од директорот Лукас Мурингер.На почетокот на средбата директорот на Дрекселмаер изрази задоволство од соработката со Владата на Република Македонија и најави дека нивната цел е да произведуваат во Македонија на подолг период и најавија нови инвестиции во државата. Овој странски инвеститор во 2018 година оствари раст и го зголеми своето производството за околу 13 проценти.Набавките на Дрекселмаер од македонските компании оваа година ќе достигнат рекордни 12 милиони евра во денарска противвредност и планираат во иднина да ги зголемат за што ќе го развиваат и надоградуваат веќе востановениот едукативен и тренинг центар. Оваа компанија која вработува 6.000 работници со новите инвестиции ќе вработи уште околу 800 работници.Шапуриќ истакна дека определбата на Владата на Република Македонија е да ги поддржува странските инестиции и дека е посебно заинтересирана за инвестиции кои ќе доведуваат до производство на производи со повисока додадена вредност, воведување на нови развиени технологии, подобро платени работни места и особено за зголемување на соработката на странските инвеститори со домашните копмании. Тој истакна, дека со мерките за економскиот раст на Владата годинава отпочна да се реализира и финасиската подршка за инвестции и за домашните компании.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Врачување на државната награда „Јасмин“

Во Собранието денеска напладне ќе биде врачена државната награда  „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2018 година, за остварување во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија.За остварување во областа на публицистиката наградата годинава ѝ се доделува на Марина Костова, публицист; а за остварување во областа на новинарството  на новинарот Емин Аземи.Одлуката неодамна ја соопшти Одборот за доделување на наградата „Јасмин“, под претседателство на Катерина Блажевска.

Македонија | пред 7 години

cf37299692163a2754fab2808b5c6850_w790

СВР - Охрид - Стоп за петардите

Со цел елиминирање на нелегалната трговија со пиротехнички средста и спречување на несаканите последици од нејзино користење во текот на претстојните празници, СВР Охрид започна со интензивни мерки и контроли врз физички и правни лица кои нелегално вршат продажба на петарди, огномети и други пиротехнички средства.Со приближувањето на Новогодишните и Божиќните празници, станува актуелна употребата на пиротехнички средства, најчесто петарди, па поради тоа, полициски службеници вршат, контроли на тезгите за новогодишни реквизити, на пазарите, продавниците и другите јавни места во Охрид и на целото останато подрачје. Полициските службеници, во текот на наредната недела уште повеќе ќе ги интезивираат теренските активности но и ќе вршат контроли во сообраќајот, односно ќе ги контролираат патничките и другите моторни возила.Согласно Законот за заштита од експлозивни материи, пиротехнички производи се средства што се употребуваат за огномети, како и предмети што содржат прскави состојки кои со дејство на експлозив или други состојки служат за постигнување ефекти на оган, чад, светлина и пукање и се класифицирани како експлозивни материи. Пиротехничките средства, во Законот за заштита од пиротехнички средства, се кфалификуваат како експлозивни материи, со кои промет единствено можат да вршат правните субјекти кои се регистрирани за таква дејност. Во согласност со истиот закон, промет со експлозивни материи можат да вршат трговски друштва кои се регистрирани за таква дејност во централниот регистар на РМ и имаат одобрение за дејноста од МВР на Република Македонија. Против сите граѓани кај кои ќе бидат пронајдени петарди и други пиротехнички средства ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 7 години

pazar

Партијата на пензионери: За три месеци да се одложи предлог законот за трговија на зелените пазари

Партијата на пензионери (ПП), иако ја подржува основната цел во законска рамка да се уредат сите прашања со кои се прецизираат условите и начинот на вршење на трговијата на зелените пазари во Република Македонија, правата и обврските на трговците и организаторите на зелените пазари,  искажува загриженост и резерви во врска со Член 7 став 2 од Предлог законот за трговија на зелените пазари, со кој помеѓу субјектите кои не може да вршат трговија како „трговец на зелени пазари“  се опфатени и физички лица кои остваруваат приходи по основ на пензија„Имено, во Предлог законот, не е предвидена законска можност, дури и пензионери кои имаат сопствено земјоделско или друго производство, да можат вишоците да ги продаваат, со што истите се оневозможени и со плаќање на другите давачки и даноци, да го подобрат својот и семејниот стандард.Поаѓајќи од фактот дека со примена на овој член од законот можат да бидат засегнати поголем број на граѓани, како и дека тоа може да предизвика загрозување на нивниот материјален и социјален статус, Партијата на пензионери смета дека е потребно да се одложи неговата примена за најмалку три (3) месеци, со цел да се изнајде решение кое нема да ги загрози основните цели на Законот, а истовремено ќе ги обезбеди и нивните права.Поткрепа и основа на ваквиот став Партијата на пензионери наоѓа во Уставот на Република Македонија во кој е регулирано правото на секој граѓанин да работи и под еднакви услови да му е достапно секое работно место, во врска со што, а со цел законско уредување на правото на работа по остварување на право на пензија, претставник на партијата ќе поднесе иницијатива за изменување на членот 148 став 1 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Од Аеродром Скопје , сакале да патуваат со туѓи патни исправи, лицата се приведени

На 20.12.2018 година во 17.40 часот на Граничен премин - Аеродром Скопје на излез од РМ, се пријавил да патува Л.Д.(27) од Косово и при извршена проверка утврдено било дека француската лична карта која ја поседува лицето била фалсификувана. Лицето е приведено за понатамошна постапка.На 20.12.2018 година во 17.10 часот на Граничен премин Аеродром Скопје на излез од РМ се пријавила да патува B.A.(26) од Р.Aлбанија и при проверка констатирано било дека истата користи туѓа патна исправа. Подоцна кажала дека се вика С.П.(21) од Косово. Приведена е за понатамошна постапка.

Скопје | пред 7 години

Capture-3

МВР: За 24 часа во Скопје, девет сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди

Во текот на изминатиот ден (20.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, три со телесни повреди и пет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и шест лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 57 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 11 возачи од кои: четири затоа што управувалe возило под дејство на алкохол, пет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца затоа што биле возачи почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и шест возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, еден возач поради недавање првенство на минување во зона на кратосница, четворица поради неносење пропишана зимска опрема, осум возачи поради неносење сигурносен појас и 23 возачи поради користење на мобилен телефон при управување со возило. Во однос на пешаците санкционирани се осум пешаци поради поминување коловоз на црвено светло.Во текот на изминатиот ден издадени се 85 мандатни платни налози и 71 возило се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

kafasan

Двајца албански државјани барани со меѓународна потерница фатени на "Ќафасан"

На 20.12.2018 година околу 18.30 часот на Граничен премин "Ќафасан" лишени од слобода и задржани се С.Л.(34) и Ф.Б.(39), двајцата од Р.Албанија поради распишана меѓународна потерница.

Македонија | пред 7 години

gjorcev-1

Според Ѓорчев има две варијнти за бегството на Груевски, или во договор со власта или да си поднесат оставка

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Ѓорчев, во интервју за ТВ21 може да има две варијанти како објаснување за бегството на осудениот екс премиер, Никола Груевски. Според него најверојатно се работи за договор со власта. Во спротивно, вели, првите функционери на МВР треба да си поднесат одговорност затоа што не успеале да го спречат тоа.-Во врска со тоа бегство има две варијанти. Или се работи за неспособност на МВР предводена од Оливер Спасовски, а со доверба од Зоран Заев, или се работи за договор со власта на Заев, кој што е во моментов е главен трговец со правдата во Република Македонија. Или треба да има одговорност, а тоа би значело оставка на Спасовски и структурите во МВР, или се работи за политички договор и тоа граѓаните во Република Македонија треба да го знаат. Огромното мнозинство од граѓанте, а особено поддржувачите на Заев и СДСМ сметаат дека станува збор за политички договор – изјави Ѓорчев во интервју за ТВ21.Во дебатата на ТВ 21 биле поканети и претставници од СДСМ, но од таму не одговориле на поканата.

Скопје | пред 7 години

mvr1

Едно лице тешко повредено во сообраќајка во Скопје

Сопатник бил тешко повреден во една од вкупно девет сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден. Во три сообраќајки полесно биле повредени шест лица, а во пет била причинета материјална штета.Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 57 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, осум возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престигнување, еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, четворица возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата, осум возачи за не носење појас и 23 возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторното возило.Санкционирани биле и осум пешаци кои поминале крстосница на црвено светло.Од сообраќај биле исклучени вкупно 11 возачи, од кои четри возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, пет возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи почетници, како и шест нерегистрирани возила.Затекнати биле 85 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 71 возило.МИА

Скопје | пред 7 години

valjon1-37lq51x63jpiw310m5hr0g

Економскиот директор на Гинекологија, Ваљон Беља, кој беше затрелан синоќа , земал плата и од Општина Чаир

МВР сѐ уште официјално не ги објави причините за вчерашниот инцидент во општина Чаир, кога три лица пукаа во економскиот директор на Гинекологија, Ваљон Беља, но според некои медиуми се работи за расправија меѓу него и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.Како што објави ТВ21, Ваљон Беља му се јавил на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и побарал да остварат средба во Топанско поле, кај маркетот Принц.Наводно, економскиот директор на Клиниката за Гинекологија, сакал да го праша градоначалникот зошто му била стопирана платата која што ја примал од општината. По ова, градоначалникот повикал на помош други луѓе, по што настанала тепачка која завршила со пукање.Од МВР потврдија дека на ул. „Лазо Трповски“ било пукано во В.Б. (40) од Скопје во пределот на десната подколеница.Во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н..В.Б е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски и опрериран.Беља беше член на невладината организација Реалитети, а во 2010 година ја основаше партијата Албански сојуз. Партијата подоцна се припои кон ДПА на Мендух Тачи, каде Беља беше потпретседател. Набрзо избија несогласувања помеѓу него и Тачи и лидерот на ДПА го исклучи од партијата. Беља пак бараше смена на Тачи од лидерската позиција.Беља по ова премина во владејачката ДУИ. Во јавноста остана запаметен настанот кога во 2016 година, Беља преку закана со куршум во салфетка, кој го остави во канцеларијата на тогашниот градоначалник на Чаир Изет Меџити, бараше за себе подобра функција.Општина Чаир тогаш го пријави инцидентот во МВР, но до денеска тој нема разрешница.Во времето кога беше потпретседател на Демократската партија на Албанците, Ваљон Беља, физички го нападна пратеникот на ДПА, Беким Фазлиу на закажаната прес-конференција од ДПА, во Скопје.Неколку минути пред прес-конференцијата, Беља огорчен што Фазлиу се подготвува за прес-конференција, неповикан дошол пред просториите на партијата во Скопје.Тој почнал да вика „предавник, што има да зборуваш сега тука “, „ми работиш зад грб, а јас те направив претседател“.„Беља му се приближи на Фазлиу и замавна накај него, па му удри шлаканица, што дополнително ја отежна ситуацијата, а други членови на партијата кои беа на местото на настанот се обидоа да ги разделат. Беља продолжи со гневното викање, но Беким Фазлиу и членовите на ДПА кои дојдоа да одржат прес-конференција, влегоа во автомобилот и заминаа“ информираа тогаш медиумите.Инаку, оваа Влада ветуваше дека повеќе нема да има економски директори на клиниките, затоа што не се исплатливи и немаат добри резултати, но до денес ништо не е променето.извор: ако.мк

Скопје | пред 7 години

germanija-avtobuska

Во Германија автомобил удри во автобуска станица - загина жена, има повредени

Една жена го загуби животот, а девет други лица беа повредени откако автомобил удри во автобуска станица во западниот германски град Реклингхаузен, објавија германските медиуми повиувајќи се на извори од полицијата.Според „Ројтерс“ полицијата која веднаш по несреќата излегла на терен ја испитува причината за несреќата. меѓу другото се истражува и дали овој случај е поврзан со тероризам .

Свет | пред 7 години

han

Хан за германскиот весник за финансии Handelsblatt: Македонија ќе фати приклучок со Србија и Црна Гора

Јоханес Хан, комесарот за проширување на Европската унија, во последното интервјку за германскиот весник за финансии Handelsblatt вели дека Македонија може да фати приклучок со Србија и Црна Гора, кои на патот кон евроинтеграциите веќе добија датум за преговори и ги отвораат поглавјата.Акцент на интервјуто со Еврокомесарот беше балканскиот регион, а тој забележува дека проширување на ЕУ мора да продолжи да биде со помош за овие земји од регионот и да ги поддржи во економски раст и зајакнувањето на владеењето на правото.„Во Западен Балкан земјите се уште се кревки и проширувањето на ЕУ е единствениот начин за мирно стабилизација на регионот. Но, кога тие ќе пристапат во Унијата не можам да дадам точен година. Во однос на исполнувањето на условите за пристапување, Србија и Црна Гора се најблиску, но по решавањето на спорот со Грција, Македонија има добри шанси да се движи напред“, рече Хан на едно од прашањата.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Ѓорчев: Владата на Заев до сега потроши повеќе од 5 милијарди евра и не направи ништо

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, во вечерашното издание на дебатната емисија „Клик Плус“ на тв21, рече дека владата на Зоран Заев потрошила повеќе од 5 милијарди евра и при тоа не направила ништо.-Нема влада на Македонија во историјата која што повеќе пари исцедила од граѓаните и народот и која што повеќе исцедила од претпријатијата, од стопанството, од економијата. Што е направено луѓе, што е направено!? Пет и нешто милијарди евра се потрошени, на што се отидени тие пари?, истакна Ѓорчев.Ѓорчев меѓу другото зборуваше и за автопатот Кичево- Охрид, при што вели дека СДСМ ја обвинуваа Владата Предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека автопатот бил прескап, за сега СДСМ да потроши плус уште 200 милиони евра за истиот тој автопат и тоа без тендер.-За автопатот од Кичево до Охрид, пет години СДСМ збореа дека е прескап, дека тоа е премногу, тоа е корупција, не смее да биде толку скап. А сега пред месец дена, оваа Влада вели дека истиот тој автопат нема да ги гради по старата цена од претходната Влада, туку ќе го гради за плус 200 милиони евра. За 200 милиони евра ја зголемуваат цената на автопатот и тие 200 милиони евра ќе ги трошат без тендер. 200 милиони евра на народот и на граѓаните му се трошат, тоа се 100 евра по човек во Македонија. Тоа значи дека секое семејство четиричлено, кое што не гледа во Македонија, неговото семејство таа екскурзија на Владата на Зоран Заев ќе го чини 25 илјади денари со камати, рече Владимир ЃорчевИнаку на вечерашната дебата беа поканети и претставници од Власта, но до почетокот на емисијата не се одѕва на покана на што Ѓорчев додаде дека оваа Влада нема што да каже, затоа СДСМ бега од дебата.

Скопје | пред 7 години

voz-avtobus-2

(ВИДЕО) Tрагедија: На пругата кај Ниш, воз удри во автобус, три лица меѓу кои и дете загинаа на самото место

Страшна несреќа во селото Долно Меѓурово кај Ниш се случи утрово околу 7.35 часот, воз удри во автобус.На самото место загинале најмалку три лица, меѓу кои едното е дете, потврди МВР, додека 6 лица се потешко, а 16 полесно повредени.Автобусот на Ниш експрес е преполовен од ударот на возот. Екипите на Итната помош, пожарникарите и полицијата ги извлекуваат повредените и ги носат во нишката болница.Причината за несреќата се уште не е позната, а железничкиот и патниот сообраќај на оваа делница се запрени.

Свет | пред 7 години

vreme

Денеска - врнежи од дожд и снег

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд и снег, а ќе има и услови за појава на замрзнат дожд. Повеќе врнежи ќе има во западните и југозападните делови. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.Утринската температура ќе се движи од минус еден до еден степен, а дневната температура од три до девет степени.Според метеоролозите до понеделник ќе биде стабилно и суво со пораст на температурата, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Нов влажен бран ќе има во понеделник кон крајот на денот и во вторник.

Македонија | пред 7 години

makron

Макрон до Жолтите елеци: „Во право сте“

Францускиот претседател Емануел Макрон одговори со зборовите „Во право сте“ на потписниците на петицијата на Жолтите елеци.Во петицијата се бара намалување на цената на горивото на бензинските пумпи, а досега е потпишана од повеќе од еден милион луѓе.„Почитувани, зголемувањето на цената на горивото го доживеавте како удар со камшик и одлучивте да реагирате со петиција. Ја слушнав вашата порака и директно ви одговорам: Во право сте“, одговори Макрон на петицијата потпишана од 1,15 милиони лица, а која е поставена на страницата чејнџ.орг (Change.org), пренесе Франс 24.Францускиот претседател рече дека акцијата против климатските промени е „неопходна борба“ и додаде дека проблемите за крајот на светот не смеат да бидат во спротивност со финансиските проблеми на граѓаните за до крајот на месецот.Макрон рече дека по 18 месеци на власт промените кои се одвиваат сеуште не се доволно видливи.Макрон истакнува и дека ќе продолжи „со дијалогот со граѓаните“, потенцирајќи при тоа дека се неопходни мерки и против климатските промени и еколошките проблеми.Набрзо по одговорот на Макрон, француското Национално собрание минатата ноќ усвои закон предложен од него, чија цел е да се задоволат дел од барањата на „жолтите елеци“.Како што јави ДПА, по 13-часовна дебата, Собранието го усвои законот со 153 гласа „за“, девет „против“ и 58 „воздржани“. Законот сега треба да биде одобрен и од Сенатот, каде владината колаиција нема мнозинство.Со предлогот на Макрон се предвидува зголемување на минималната плата за 100 евра и одлагање на планираното оданочување на пензионерите со приходи од над 2.000 евра месечно.Францускиот претседател од ноември се соочува со најголемата криза по формирањето на движењето Жолти елеци, кои се мобилизирани од 17 ноември преку разни акции и протести во саботите, незадоволни од општата државна политика.За време на протестите на „жолтите елеци“, кои на моменти беа и насилни, загинаа девет лица, а 2.891 беа повредени, од кои 1.098 полициајци.

Свет | пред 7 години

raskoski

Помина предлог законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, по скратена постапка

Владата на Република Македонија на денешната 111 редовна седница, го утврди Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, по скратена постапка, донесе одлука согласно член 170 од Деловникот на Собранието да го достави до Собранието на Република Македонија.На вчерашната седница, на предлог на Министерството за финансии е утврден и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерски друштва, по скратена постапка.Предложените измени и дополнувања на Законот за преземање на акционерските друштва имаат за цел да се прецизираат критериумите за заедничко дејствување, како и известувањата до Комисијата во однос на заедничкото дејствување заради заштитата на малите акционери, да се поттикне тргувањето со хартии од вредност, и да се олесни постапката за преземање на акционерски друштва од страна на странски инвеститори.Во пакетот закони од сферата на финансиите, Владата на Република Македонија денеска го усвои и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, по скратена постапка.Целта на предложеното изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка е да се изврши појаснување и допрецизирање на одредбите од Законот кои се однесуваат на даночното ослободување за дадените донации во спортот преку ваучер системот, трансферните цени, непрофитните организации, непризнатите расходи и други прашања, заради подобрување на нивната имплементација.Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за подобрување на справувањето со нефункционалните кредити и за поттикнување на употребата на локалната валута, и ги разгледа и усвои Стратегијата за поттикнување на справувањето и подобрување на управувањето со нефункционалните кредити и Стратегијата за денаризација на Република Македонија.Владата на Република Македонија ја разгледа Информацијата за усвојување на Национална стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на Европската Унија во Република Македонија 2019 - 2022 година, и ја усвои Национална стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на Европската унија во Република Македонија 2019 - 2022 година.На денешната седница, Владата на РМ го утврди Предлог-законот за изменување на Закон за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија и донесе одлука, согласно член 137 од Деловникот на Собранието на Република Македонија да го достави до Собранието.На предлог на Министерството за труд и социјална политика, владата денеска ги утврди дел од Предлог-законите од пакетот реформи, како што се Предлог-закон за социјалната заштита, Предлог-законот за социјална сигурност за старите лица, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата.Во делот на социјалните реформи денеска беа усвоени и Предлог-програмите за изменување на Програмата за субвенциoнирање на потрошувачката на енергија за 2018 година, Предлог-програмата за изменување на Програмата за условен паричен надоместок за средно образование за учебната 2018/2019 година, Предлог-програмата за изменување на Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2018 година, Предлог-програмата за изменување на Програмата за остварување на социјалната заштита за 2018 година, како и предлог програмите за изменување и дополнување на Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2018 година и Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за развој на дејноста за заштитата на децата за 2018 година.На денешната седница владата го донесе најновиот текст на Одлуката за распределба на средства за проектите со која се обезбедуваат средства за финансирање за изградба на улици и патишта во општина Липково и за изградба на пристапен пат до археолошки локалитет Тауресиум, општина Зелениково.

Скопје | пред 7 години

matis

Еден од најголемите светски поддржувачи на Преспанскиот договор, американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис дава оставка

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис во почетокот на идната година заминува од функцијата. Тој во писмото за неговата оставка наведува дека неговите погледи не биле „во согласност“ со оние на претседателот Доналд Трамп.Според функционерот кој е познат и по прекарот „Бесно куче“ не може да се градат добри односи со Русија и Кина на сметка на западно-демократските вредности.Притоа тој, меѓу другото, ги спомнува политиките на Трамп спрема Русија и Кина. Писмото со неговата оставка беше објавено кусо време откако Трамп на Твитер објави дека секретарот за одбрана ќе се пензионира кон крајот на февруари идната година. Американските конгресмени, и од Демократската и од Републиканската партија, веднаш изразија негодување околу заминувањето на Матис за кој се смета дека е еден од посигурните во администрацијата на Трамп.Матис во септември беше во посета на Македонија за да даде непосредна поддршка пред консултативниот референдум и порача дека Преспанскиот договор е од неопходна важност за земјата да биде примена како рамноправна во НАТО.

Свет | пред 7 години

avtopat-stip-skopje

Како се вози по новиот автопат Штип - Скопје, објава на ѕидот на сообраќајниот срам

На ѕидот на сообраќајниот срам низа коментари за неправилно обележан со сообраќајни знаци новиот автопат Штип- Скопје.Имено возачите се жалат дека поради немање табли со насока да се знае на каде се вози, проморании се да вртат во круг многу километри.Ова е најновата објава на ѕидот на сообраќајниот срам:„Новиот автопат Штип - Скопје возеш 40 км и затворен.Кај Свети Николе си има нова табла Скопје и возилата си одат за Скопје, ама не стигнуваат.И вртиш назад во обратна насока, возеш по автопат ...Блокадата треба да е на почетокот на автопатот или па...?“

Македонија | пред 7 години

48425330_1129586843883440_3497116067807887360_o

Продолжија протестите на ВМРО ДПМНЕ

Да ја заборавиме книгата на едно време, да отвориме нова книга, книга којашто ќе нѐ води кон просперитет, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот протест пред Владата.-Нашата борба штотуку почна. Ниту еден процес не е еднонасочен, нашето време доаѓа. Времето на вредните и честити Македонци допрва доаѓа, порача Мицкоски.Тој додаде дека тие нема да се повлечат и обвини дека јавниот долг на државата е 40% од БДП.По четврти пат сме заедно во овие декемвриски, студени денови. Денеска е можеби и најстудено од сите декемвриски денови, кога ја газевме истата траекторија. Но целта е иста. А, целта е една и единствена, сите заедно да им порачаме на овие внатре МАКЕДОНИЈА, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот протестен марш во Скопје.Во продолжение следува интегрален текст од обраќањето на Мицкоски:Ќе ве замолам, ќе замолам и со еден огромен, громогласен аплауз до припадниците на МВР што се овде вечерва со нас. Ние сме ваши браќа и сестри, синови, роднини, комшии, пријатели. Ние сме само загрижени за иднината на нашата татковина и иднината на нашите семејства. Затоа сме овде и ќе останеме овде се додека не ги видиме оние натрапници како ја напуштаат оваа зграда позади нас.Кога влегуваа внатре на ширум распослан црвен килим се колнеа во жицата, се колнеа во дедовината, се колнеа во татковината, се колнеа дури и во најмилото, во децата, дека нема да чепкаат онаму каде што најмногу боли. Не само што чепнаа туку и толку длабоко навлегоа што ќе ни требаат години да го залечиме. Некој ми вели доста зборуваш за економија, државата се распаѓа. Не се распаѓа државата, затоа сме ние тука. Затоа е ВМРО-ДПМНЕ тука и Коалицијата „За подобра Македонија“. Затоа сме ние тука и ширум улиците, и ширум булеварите, и ширум плоштадите во нашата мила Република Македонија.Борбата штотуку почна браќа и сестри. И нема запирање додека не ги поразиме. Првата победа ќе биде на претседателските избори. Затоа мора сите заедно мотивирани и сложни да бидеме. И да истраеме, и овие декемвриски и јануарски, и февруарски месеци и март ќе дојде, а во април доаѓа големата победа која што ќе најави предвремени парламентарни избори.Кога народот ќе дојде и ќе им каже на овие луѓе внатре излажавте еднаш ви помина, двапати не измамивте но третиот пат дојдовме по своето, а секој од вас ќе ја добие заслужената казна, најпрвин тоа што и го направи на татковината Република Македонија, тоа што го направи на нацијата и македонскиот народ и конечно на крај тоа што им го направи на сите граѓани во Република Македонија, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи и Бошњаци. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Џеј Ло доби тужба од 150.000 долари поради објавување на сопствена фотографија

Поради објавување на сопствена фотографија на социјалните мрежи, Џенифер Лопез доби тужба од  150.000 долари.Таа на Инстаграм објави фотографија на која напиша „Денес беше добар денот“, но набрзо стигнаа лоши вести.Мајкл Стјуарт, професионален фотограф, изјавил дека ја фотографирал Џеј Ло во месец јуни, а фотографијата ја заштитил.Мајкл е бесен бидејќи Џеј Ло или некој од нејзиниот тим се осудил без дозвола да ја користи неговата фотографија.Стјуарт сега ја тужи Џеј Ло и нејзината продукциска куќа поради кршење на авторските права.

Магазин | пред 7 години

v22h5ow1M6-sam-doma-2018-mekoli-kalkin-povtorno-go-zaigra-likot-na-kevin-internetot-eksplodirase

Реклама која ќе нѐ потсети на детството

Google неодамна објави нова реклама со Меколи Калкин, познатиот актер од познатиот филм „Сам Дома“. Триесет години подоцна, се потсетуваме на овој филм кој ни ги украде срцата.Рекламата би можела да биде најдобра за оваа година, судејќи по коментарите на воодушевената екипа на социјалните мрежи.

Магазин | пред 7 години

policija-2-1

Сопружници уапсени пред кафеана во Мичурин, агресивно се однесувале кон полицајци

Сопружници ноќеска биле приведени поради нарушување на јавниот ред и мир и агресивно однесување кон полициски службеници.Инцидентот, како што информираат од МВР, се случил пред угостителски објект на улица “Анастас Митрев“ во Скопје.-Б.Л.(26) и неговата сопруга А.М.Л.(22) од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници. Двете лица се приведени во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања