Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Скопје1.мк

soob

ФОТО: Сообраќајка кај Симпо, учествувале две возила

Сообраќајна несреќа во која учествувале две возила се случи попладнево околу 13 часот на крстосницата од улицата „Франклин Рузвелт“ и булевар „Партизански одреди“, објави Курир.мк.Од МВР за Курир потврдуваат дека во несреќата учествувале Џип и Уно.До овој момент нема пријава за повредени лица, а екипи на МВР се на терен и вршат увид.извор: Курир.мк

Скопје | пред 7 години

Bojan

Театарски ден во Ресен

Домот на културата „Драги Тозија“ од Ресен беше организатор на две театарски претстави во Кино салата во овој град, кои се одржаа во соработка со театарот Дел Арте од Битола. Првата претстава „Новогодишните играчки на Ема“,  е претстава наменета за претшколска возраст и за деца до 10 години, додека втората, „Љубов или нешто слично“, се однесува на тинејџерската популација.„Нашата цел е секоја година да понудиме што повеќе настани пред новогодишните празници и со тоа да ја дополниме празничната атмосфера. Во еден ден одлучивме да организираме две претстави во соработка со театарот „Дел Арте“ од Битола, во претпладневните часови за најмладите, а во вечерните часови за тинејџерите. Особено беа среќни помалите деца, кои ги имаше во голем број од градинките и училиштата и се радуваа на оживеаните играчки од претставата. Тинејџерите пак, како популација која секогаш има што да праша и да научи, се чини дека најмногу реагираат на темата љубов, што всушност и беше целта на претставата „Љубов или нешто слично““, рече директорот на Домот на културата Драги Тозија, Васко Василевски.Вечерва продолжуваат културните настани во оваа општина. Во Ресенскиот Сарај, во 18 часот ќе се одржи концерт на хорот кој работи под закрила на Македонско-Словенското здружение „Триглав“ од Битола, со што, велат од оваа културна установа, е понудена културно-уметничка програма за сите вкусови. 

Магазин | пред 7 години

mladen-cadikovski

Чадиковски се повлекува од функцијата главен и одговорен уредник во Телевизија 24 , ќе се посвети на ЗНМ

Младен Чадиковски, денеска на својот фејсбук профил напиша дека се повлекува од местото Главен и одговорен уредник , функција која ја обавуваше 2 и пол години.„Денеска, пред сите колеги и соработници во Телевизија 24 соопштив дека се повлекувам од местото Главен и одговорен уредник на телевизијата. Мојата одлука да се повлечам од ова уредничко место ја донесов поодамна, во моментот кога решив да се кандидирам за претседател на ЗНМ.На овој начин посветено и ангажирано ќе можам да одговорам на професионалните предизвици што ме чекаат во ЗНМ, без двојство на функции или можност за конфликт на интереси од било каков карактер.По 2 и пол прекрасни години во Телевизија 24, чувствувам дека во телевизијата постои простор и за понатамошна професионална надградба. Јас останувам дел од тимот на телевизијата, на располагање на сите колеги и на новиот уредник, кому му посакувам многу успех“, напиша Чадиковски на фејсбук.

Скопје | пред 7 години

irena-cvetkovik

Шарените револуционери се во ФИРОМ, разочарани и со трауми

Ирена Цветковиќ, активистка за човекови права и познавач на родовите прашања, дел од Коалиција „Маргини“, на својот фејсбук профил објави статус во кој се запрашува каде се шарените сега?, но и си одговара на своето прашење. Еве го статусот на Цветковиќ во целост:Каде се Шарените сега?Драги заинтересирани,Шарените се тука, уморни и разочарани. Тука сме, во фиром, измрцварени, секој со својата траума. Се справуваме кој како може и знае.10 години од нашите животи посветивме по улици, тротоари, плоштади. Протестиравме, се боревме и сонувавме за промени заедно. Губевме време, нерви, здравје, некои од нас и работа, пријатели, членови на семејство.Се боревме за право на абортус, за човекови права, за универзитетска автономија, против полициска бруталност. Се боревме за слобода и правда, се боревме против режим. Бутнавме власт и добивме нова. Знаеме дека новата не е ни приближно добра како што се надевавме. Не барајте од нас и оваа битка да ја водиме.Една власт симнавме низ протести. Немаме резервни животи за уште една деценија ист пат. Секој човек има сила за една голема битка. И толку.Не ме барајте више за протести. Уморна сум, прегорена, разочарана. Од 10 години борба против режим заработив депресија, анксиозност и пристап до мир единствено преку апатија.Вие сте на ред. Шарена заврши. Еве ви ги улиците, тротоарите, плоштадите. Борете се сега и за нас, напиша Ирена Цветковиќ, на својот фејсбук профил..

Скопје | пред 7 години

mvr

Маж пронајден мртов во својот дом во Радовиш

Машко лице утринава било пронајдено починато во својот дом во Радовиш. Од полицијата потврдуваат дека имаат пријава за починато лице, но повеќе детали не се откриваат.Идентитетот на мажот, како и дали смртта е природна или насилна, од полицијата се прецизираат.Повеќе информации се очекуваат по завршување на увидот кој е во тек, а за настанот известен е и Јавен обвинител.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Просечната нето плата исплатена во октомври во земјава - 24.817 денари

Просечната нето-плата исплатена во октомври изнесувала 24.817 денари и била повисока за 6,3 проценти во споредба со истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.Според податоците на ДЗС, зголемувањето се должи пред сѐ на покачувањето на платите во секторот Рударство и вадење на камен, Информации и комуникации и Преработувачка индустрија.Зголемување на просечната нето-плата по вработен во однос на септември е забележано во секторите Рударство и вадење на камен, Административни и помошни услужни дејности и Други услужни дејности.Просечната бруто-плата по вработен во октомври изнесувала 36.488 денари.извор: МИА

Македонија | пред 7 години

nis-dete

Потресно: Се идентификуваат жртвите - дете случајно разбрало дека мајка му е една од нив

Две лица од повредените во страшната железничка несреќа кај Ниш, починаа во болница за време на операција, јавува српски „Блиц“, тоа се М.К. (15) и Н.Ј. (42). Дел од останатите повредени се во многу тешка состојба и не се знае дали ќе преживеат.Бројот на жртвите порасна на пет лица во несреќата во која патнички воз удри во автобус и го преполови.Според српск блиц од ходниците од Клиничкиот центар во Ниш одекнуваат лелеци и плач од семејствата кои дознале дека нивните блиски се починати.Една жена од шок колабирала пред болницата, а на расплакан маж му била пружена лекарска помош во ординација. А дете кое стоело во ходникот сосема случајно дознало дека мајка му е една од починатите во стравичната несреќа.Маж облече во црна јакна се потпрел на еден пулт во болницата. Им пришол човек со наведната глава и со полно сочувство ги прашал: Дали вам некој ви настрaдал?Со нaведната главата мажот одговорил: Да жена ми!Син му тогaш шокирано го погледал и запрашал: Мама настрaда?Тешко тркалајќи ги зборовите низ усните, таткото го прегрнал синот и одговорил: Да сине. Не знаев како да ти кажам…Во момент се стивнало. Мажот и неговиот син стоеле прегрнати и плачеле. Со нив плачеле и сите кои се нашле на тоа место.Им пришол докторот и ги прашал дали нешто им треба.Таткото љубезно одбил, а тогаш држејќи го синот во прегратка, тргнал кон излезот. Во минување кратко рекол: Тој ми е се, што ми остана од жена ми!Полицијата се уште истражува како дошло до стравичната несреќа во селото Долно Меѓурово кај Ниш, кога воз на српската железница преполови автобус кој ја минувал пругата на обележан премин преку пругата. Што и да се испостави како причина, во прашање наверојатно е човечка грешка поради која најмалку пет семејства сега се завиени во црно. Уште седум луѓе се борат за живот со тешки повреди во КЦ Ниш.

Свет | пред 7 години

kerim-i-jana

Керим и Станисављева недостапни за СЈО

Некогашните први луѓе во „Медија принт Македонија“, Срѓан Керим и Јана Станисављева, два месеца се недостапни за специјалното јавно обвинителство, пишува „Макфакс“.Неофицијално, на двајцата трагата им се губи од почетокот на октомври, односно набргу по нивниот распит во просториите на обвинителството. Според истите извори, Керим и Станисављева ја напуштиле Македонија на почетокот на октомври годинава, односно набргу по нивниот првичен распит во специјалното јавно обвинителство. Оттаму засега не побарале мерки со кои би го обезбедиле нивното присуство.Според нашите сознанија, групата што ја истражува СЈО во предметот „Империја“ е проширена токму за предметот со стечајот на МПМ. „Макфакс“ дознава дека Срѓан Керим преку скопскиот аеродром заминал кон Виена, а неколку дена подоцна со авион заминал за Дизелдорф. Во Виена беше канцеларијата на Керим во времето кога тој директоруваше со групацијата ВАЦ за Југоисточна Европа. Тоа беше и местото каде што неофицијално требаше да биде испорачано шишето со 750 илјади евра, со кое беше фатен неговиот личен возач.извор: Макфакс

пред 7 години

novogodisni-cestitki

Се сеќавате ли на новогодишните честитки? Традицијата изумре, спомените останаа...

Не постои технологија или начин на комуникација што се поинтимни од испишаното мастило на лист хартија. Но, од година во година полека но сигурно изумре традиионалното некогашно ритуал на одбирање, купување, пишување и испраќање на честитки.Продавачите на новогодишни честитки на плоштадите ширум земјава како да стојат по џабе. Во многу мал број, споредбено со некогаш, ги украсиле тезгите со балони, сијалички, новогодишни украси, но никој не ни застанува, а камоли да купи од понуденото.На форумите одмана се отворила темата Дали се купуваат и испраќаат новогодишни честитки, но одговори има секави.Некој напишал: „Самиот чин на давање на честитката (лично) или криењето во ранец (пази да не те види) беа интересно и возбудливо искуство кое не го заборавам“, друг напишал : „Најинтересни ми беа тие што ги цртавме на ликовно, не купечки, интересно беше да се види каков труд и емоции ќе вложи авторот :)“Има и вакви коментари: „Фала богу што сум осетил такви моменти, сега на децата и ставија дома интернет и нема да знаат за тавки моменти... за жалење се..“....или пак: „Сега секој Нова Година честита преку Интернет илии преку телефон. Ретко кој праќа честитки. :toe: Јас праќам( не јас, домашните) :)) само на роднини некои од подалеку“.Како и да е, новиот тренд е честитање преку порака СМС, преку месинџер, вибер, видео разговори... и многу други брзи начини на комуникација кои ни ги овозможува новата технологија.Како и да е за оние повоздрасните доколку се искрени ќе признаат дека убаво беше времето кога еден месец пред дочекот на Новата Година, се купуваа честитки и се внимаваше истите да стигнат до саканата адреса пред дочекот на Новата Година.

Магазин | пред 7 години

prezivean

„Луѓето плачеа, крв имаше насекаде, се се случи за миг“, вели момче кое ја преживеа трагедијата кај Ниш

- Јас бев позади, ништо не можеше да се види. Само возот удри и на два дела го подели автобусот. Седев, излегов надвор и видов луѓето плачат, крв насекаде. Почувствував како го удри автобусот и се подели на два дела, изјави Шеснаесет годишниот Димитрије Јовановиќ , момче кое било во преполовениот автобус и кое помина со полесни повреди во денешната несреќа.Момчето во изјава за РТС вели дека во автобусот има многу негови другарчиња.Иаку според последните информации на српските медиуми, во страшната несреќа загинати се пет лица, меѓу кои 15 годишно момче, а повредени се околу 30 кои се хоспитализирани во Клиничката болница во Ниш.Несреќата се случи утринава околу 7:15 часот се случи кај Ниш, кога патнички воз удрил во автобус во кој најголем дел биле деца, и го преполови.

Свет | пред 7 години

turski-avioni

(ВИДЕО) Турски воени авиони 110 пати навлегле во грчкиот воздушен простор

Турски воени авиони во текот на вчерашниот ден вкупно 110 пати го прекршиле грчкиот воздушен простор, објавија грчките медиуми, повикувајќи се на информации од Генералштабот на Армијата на Грција.Според истите извори, како што јави дописничката на МИА од Атина, во прекршувањата во североисточниот, централниот и југоисточниот дел на Егејското Море учествувале 35 турски авиони од типот Ф-16 и Ф-4. Биле регистрирани и шест виртуелни воени борби со грчки авиони, а 16 прекршувања извршиле и шпионски авион.Прелетувањата на турските авиони во грчкиот воздушен простор, се очекува да биде една од темите за кои ќе разговараат членовите на Советот за надворешна политика на Грција, во кој членуваат претставници на грчките партии.Со состанокот ќе претседава алтернативниот шеф на грчката дипломатија Јоргос Катругалос, а според официјалната најава, тема на Советот ќе биде информирање за клучните прашања поврзани со надворешната политика во следниот период, кипарското прашање и грчко-турските односи.

Свет | пред 7 години

klinicki

Синдикатот на Клинички центар бара самостојно да преговара со премиерот Заев

Самостојниот синдикат на вработените во Клиничкиот центар информира дека тие се иницијатори на средбата со премиерот Зоран Заев и дека остануваат на ставот на договорената средба самостојно да преговараат.– Сметаме дека на така организирана средба, поради евентуални различни ставови и барања, постои потенцијална можност за непотребни конфликти на претставниците на двата синдикати, се вели во реакцијата на Синдикатот на Клинички центар, по изјавата на премиерот Заев дека на договорената средба ќе разговара со синдикатите.Во таа насока, синдикатот на Клинички центар информира дека во два наврати, на 17 и 19 овој месец, побарале од министерот за здравство да го информира премиерот Заев за овој став на синдикатот на Клинички центар и да го извести синдикатот за одговорот.Синдикатот на Клинички центар, потсетува дека тие се иницијатори и барале средба со премиерот Заев, договорена за 24 или 25 декември годинава.Самостојниот синдикат на вработените во клиничкиот центар на 12 овој месец излезе на протест против одлуката на Советот на Град Скопје за зголемување на цената за паркирање за вработените на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Скопје | пред 7 години

nova-god

Обичаи и верувања за Нова година, што носи среќа, а што несреќа

Во Новата Година Голем пропуст е да не се честита празник на драгите луѓе, бидејќи така ја привикувате емотивната дистанца во својот живот, Никако не се позајмуваат пари на 31ви декември ни 1ви јануари, ова значи 12 месеци материјални проблеми. Никако не треба да се изнесува ништо од дома на 1ви јануари. Ништо значи апсолутно ништо! Ова важи и за ѓубре. Баксузен период ги очекува оние кој во домот по полноќ прва им влезе личност со плава или црвена коса. Првата личност која ќе дојде дома не треба ни да е жена бидејќи многумина веруваат дека тоа носи несреќа. Работа не се склопува на 1ви јануари – тоа значи нема да е успешна. Не треба да се пере долна облека или чинии на 1ви јануари, постоела опасност некој да си замине од куќата во наредната година.Ова се неколку работи кои се верува дека доколку ги правите на првиот ден од Новата година, носат несреќ. А што носи среќа:Данците кршат чинии, Јапонците се кикотат, Бразилците носат бело, Шпанците јадат грозје, а Србите прасечко- сето ова во името на благосостојбата во новата година. Обичаите се различни, но низ цела планета луѓето се уверени дека одредени „адети“ носат среќа во идната година.Германците веруваат дека вревата ги брка злите духови, па така во новогодишната ноќ одат по улица удирајќи во тапани и други инструменти.Во Данска цела година чуваат чинии за на 31 да ги искршат пред влезната врата на домовите на своите пријатели. Со тоа пријателството е поцврсто па целта е да се искршат што повеќе чинии.Бразилците на новогодишната ноќ се облекуваат во бело – носело среќа и мир. Во Шпанија е обичај на полноќ да се изедат точно 12 зрна грозје, како во текот на сите 12 месеци во наредната година среќата би им била сојузник.Голема љубов ги чека оние кои на Нова година ќе се бакнат под имела, веруваат жителите на САД.А според едно верување распространето во светот на новогодишната ноќ треба да се носат црвени или жолти гаќи – црвени за љубов, жолти за пари.На Балканот обичаите се некако поврзани со храната. Се верува дека новата година мора да се дочека со полн фрижидер, да има пари во секој паричник во куќата за да се има пари и да се полни цела година. Да се платат сите сметки пред празникот и во нова година да се влезе безгрижно.

Магазин | пред 7 години

putin-1

(ВИДЕО) Путин ја кажа својата желба за Нова Година, а со тоа ја оствари најголемат желба на слепо девојче

“Мојата желба е едноставна – сите желби да се исполнат”, истакна претседателот Владимир Путин, на интервју со слепо девојче.Имено, рускиот престедател на Реџина Парпиева ѝ го исполнил сонот, пренесува “TASS”. Реџина е слепа, и нејзина најголема желба била да е новинар. Рускиот претседател прифатил да и одговори на неколку прашања, вклучувајќи и како станал претседател, дали е тешка работата и што ќе посака во Новата година. На прашањето дали е уморен, Путин ѝ одговорил на Реџина дека разговорите со новинари како неа му даваат дополнителна сила за работа.https://twitter.com/AlessioK47/status/1075841462321991683?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1075841462321991683&ref_url=https%3A%2F%2Finfomax.mk%2Fwp%2F%25d1%2581%25d0%25bb%25d0%25b5%25d0%25bf%25d0%25be-%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25b2%25d0%25be%25d1%2598%25d1%2587%25d0%25b5-%25d0%25bf%25d0%25be%25d1%2581%25d0%25b0%25d0%25ba%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25be-%25d0%25b4%25d0%25b0-%25d0%25b1%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5-%25d0%25bd%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b0%2F

Свет | пред 7 години

spasovski

Спасовски: Мицкоски му беше секретар на криминалецот Груевски, сега нека молчи

По барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, да си поднесе оставка, денеска се пред новинарите својот став го кажа и министерот.Спсовски му порача дека тој како лидер на опозицијата треба да размисли за неговиот кредибилитет и да молчи.– Јас од него очекував многу други одговори, кои треба да ги даде како лидер на опозицијата, во однос на важни прашања за македонската држава, а тоа од него не слушнавме. Воедно не слушнавме и да одговори за хидроцентралите, како и на кој основ ги има стекнато, ама веројатно ќе се даде одговор и на тоа прашање. Ако смета дека тоа во политиката му е потребно да повикува на давање на оставки малку треба да размисли за неговиот кредибилитет. Тој беше генерален секретар на криминалецот потврден Груевски во време кога ја водеа Македонија во бездна. Најмалку што може е да молчи, истакна министрот при денешната посета на СВР Велес.На новинарско прашање за естрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски, министерот Спасовски потенцира дека естрадицијата е во рамки на Министерството за правда и оттаму треба да се побара одговор на ова прашање.

Македонија | пред 7 години

goran-koseto

Ќосето бара амнестија за 27 април

Обвинетите од „крвавиот четврток“ Горанчо Ангеловски и Иван Цветановски ќе поднесат барање за амнестија. Ова денеска го соопшти адвокатот Драган Пешевски на денешното рочиште за овој процес.Адвокатот Пешевски се надева дека обвинетите Ангеловски и Цветановски ќе бидат амнестирани согласно Законот за амнестија.Од денеска започнува да тече рокот од 5 дена за поднесување на барање за амнестија од страна на обвинетите.

пред 7 години

voz-avtobus-2

(ВИДЕО) Расте бројот на загинати и повредени во страшната несреќа кај Ниш

Најмалку пет лица загинаа утринава, а 30 се повредени во судирот на воз и автобус на железнички премин во Доње Меѓурово кај Ниш во Србија.Според официјалните информации што ги соопшти директорот на српската полиција Владимир Ребиќ, бројот на жртвите пораснал на пет. Триесет лица се повредени, од кои пет се моментално во операциони сали, а две лица се во тешка состојба.Несреќата се случила кога воз удрил во автобус, при што од силината на ударот возот излетал од шините, а автобусот бил преполовен.Докторот Миодраг Лазиќ, директор на Ургентниот центар во Ниш, кој работел и како воен хирург, за српските медиуми рекол дека Ова е како да има војна. Во рок од 15 минути примивме 30 пациенти, а на 10 до 12 животот им е во опасност. Имаме десетина деца со повеќекратни повреди, тоа се тешки повреди и тие се на интензивна нега. Имавме вонредна ситуација, во рок од 10 минути пет пациенти влегоа во операциска сала. Операциите се во тек, а исходот е неизвесен“, изјавил докторот.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Германија со највисок раст по однос на плата - просечната заработка во оваа земја од 3 до 4 илјади евра

Според Државниот завод за статистика на Германија ,платите во оваа земја во третиот квартал од годинава пораснале за 1,5 отсто, што е најсилен раст во последните две години.Најголем пораст на платите е забележан во секторите недвижности, култура и забава, а платите во образованието и другите услуги пораснале послабо од просекот.Според државниот завод за статистика просечната бруто-плата во сојузните земји на западот на Германија во ноември изнесувала 4.000 евра, а на истокот на земјата 3.170 евра.

Свет | пред 7 години

ukraina-tepacka-parlament

(Видео) Тепачка во украинскиот парламент

Нова тепачка во украинскиот парламент. Укранските медиуми јавуваат дека пратениците почнале да се туркаат и тепаат со тупаници поради плаката на која се наоѓал украински политичар наречен „Путинов агент“.Најпрво физички започнала пресметка помеѓу двајца пратеници која многу брзо преминала во општа тепачка.Седницата експресно била прекината.Инку ова не е прв пат во Украинкиот парламент да има тепачка.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Германија ги отвора вратите за работна сила и за Македонците

Новиот германски закон за вработување на граѓани од држави надвор од ЕУ во оваа земја носи неколку значителни промени. Оваа промена ќе им ја олесни постапката за наоѓање работа на работниците кои сакаат да работат во најсилната економија во Европа.Како што се наведува на сајтот на Владата на Германија, изразот „квалификуван работник“ ќе се користи и за работниците со висока стручна подготовка и за оние со пониска стручна подготовка, што на вторите ќе им го олесни патот до наоѓање работа.Новиот закон предвидува граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ, а имаат квалификации потребни за Германија, да добијат дозвола за престој од шест месеци за да најдат работа. Во овој период, тие мора да имаат свои средства за живот и да покажат доволно ниво на познавање на германскиот јазик.Ова значи дека Германија ги отвора вратите и за работна сила и од Македонија.Еден од главните услови, покрај квалификацијата е познавање германски јазик, поради полесна адаптација, а тоа не смее да биде под ниво А2. Овозможено е задржување во Германија поради пронаоѓање работа, а ќе биде овозможено и дошколување, таму каде што е потребно, поради различноста во образовниот систем на Германија и земјите надвор од ЕУ.

Свет | пред 7 години

sluzben-vesnik-zakon-amnestja

Иванов потпиша, Службен весник го објави - Амнестијата експресно стапува на сила

Законот за амнестија од денеска од објавен во Службен весник на РМ, којшто веќе го потпишал претседателот Иванов.Од денеска тече рокот од пет дена за обвинетите во предметот за 27 април во собранието од минатата година, во кој тие може да поднесуваат барање за амнестија.Во предметот, обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.Според овој Закон секој обвинет треба да поднесе барање да биде амнестиран доколку смета дека ги исполнува условите пропишани со овие законски решенија. Последниот збор ќе го дадат судијката и обвинителката во овој предмет, Добрила Кацарска и Вилма Рускоска.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Неверојатно - како успеа да го преживее?!

Вчера рано утрото, во пет часот, во словачкиот патен тунел Борик се случи стравична сообраќајна несреќа која беше снимена на безбедносна камера.Брз BMW автомобил пред влезот на тунелот полета во висина, буквално како авион, удри во горниот дел на тунелот , потоа се изврти веколку пати во воздух и внатре во тунелот падна на тркала.Иако по ваква несреќа секој би помислил дека возачот ќе биде барем повреден , 44-годишниот Словак излегол од BMW–то без никакви повреди и поминал само со оштетен автомобил. Резултатите од алкотестот на кој бил подложен покажале дека возачот бил трезен и немал консумирано алкохол.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Магла на планинскиот премин Ѓавато

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно суви коловози,освен на осојничавите места.„Намалена видливост до 100м. поради појава на магла на планинскиот премин Ѓавато.На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

mickoski

Мицкоски: Ќе поднесеме интерпелација за работата на Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку Фејсбук најави дека во Собранието ќе поднесат интерпелација за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за како што вели, нерасчистение убиства, „црниот Вотергејт на Заев“, односно прислушувањето на обвибителството и судството.„Нерасчистени убиства! Криминал во подем, држава со најголем раст на индексот за перцепцијата за корупција, сомнителни тендери во МВР!Тепање на сопствениот народ и политички прогон. Криминалот на луѓето од власта останува нечепнат, криминалци се пуштаат на слобода додека патриоти се затвораат. Незаконски претреси по домовите на луѓе кои протестираат.Црниот Вотергејт на Заев со кој се прислушкувало обвинителството и судството, за да се клекне на колена и уценува, е црно петно за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. И поради сето ова, и многу повеќе работи кои ќе бидат образложени во Собранието ќе поднесеме интерпелација за работата на Спасовски. Оставка поради неговото црно владеење со министерството, прогонот, неказнетиот криминал и растечката корупција“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

4713156

Грчкиот премиер во посета на Србија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ќе допатува во посета на Србија, при што е предвидена негова средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.Како што соопшти Кабиентот на српскиот претседател, по средбата, Вучиќ и Ципрас ќе присуствуваат на втората седница на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Грција.На Вучиќ и Ципрас утре во Белград ќе им се придружат и премиерите на Бугарија и на Романија, Бојко Борисов и Виорика Данчила, на средба во рамки на квадритералната регионална соработка.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања