Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Скопје1.мк

Нема фотографија

„БМВ“, „Порше“ и „Мерцедес“ украдени од авто салон во Кисела Вода

Вчераутро пријавено било дека од авто салон на улица “Сава Ковачевиќ”, Кисела вода, во Скопје од страна на непознат сторител одземени се три патнички моторно возила “мерцедес”, “БМВ” и “порше”.По преземени мерки, возилата се пронајдени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Фатени извршителите на четири разбојништва врз таксисти во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција - Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Гази Баба по целосно документирање ќе поднесе кривична пријава против лицата Д.Р.(18) и А.М.(18) двајцата од Скопје поради основано сомнение дека извршиле четири кривични дела „разбојништво“.„Пријавените, кривичните дела ги извршиле во месец декември годинава, врз такси возачи од различни такси компании, на идентичен начин, односно се качувале во такси возила барале да се превезат до село Брњарци,скопско и во сите случаи со закана со нож од такси возачите барале пари.По преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека извршители на кривичните дела се пријавените лица. По преземени мерки двете лица се лишени од слобода. Со наредба од Основен суд Скопје I Скопје извршени се два претреси во Скопје. На 19.12.2018 година во Полициска станица Гази Баба во присуство на Јавен Обвинител од страна на оштетените извршено е препознавање на пријавените“, велат од МВР.

Скопје | пред 7 години

ojo

ОЈО отвори предмет за додатоците на платите во Судскиот совет

Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас по објавите на медиумите за донесените одлуки на Судскиот буџетски совет за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата. Со донесените одлуки за членовите на Судскиот совет на Република Македонија се определува да се исплатат додатоци на плата во висина од 35 % од основната плата.Обвинителството ќе ја испитува основаноста на донесените одлуки за исплата на додатоци на плата за членовите на Судскиот совет и извршената исплата. Надлежниот јавен обвинител истражува евентуална кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и овластување и нанесена штета на Буџетот на Република Македонија со исплата на додатоците кои не се пропишани со Законот за плати на членовите на Судскиот совет.

Македонија | пред 7 години

ojo-1

Обвинителството од Монако ги замрзна парите од продажбата на концесијата на центрите за дијализа

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доби официјално известување од Обвинителството на Кнежевството Монако дека постапило по барањето за меѓународна правна помош во предметот за доделување на концесијата за центрите за дијализа во Република Македонија.На надлежниот јавен обвинител, кој од оформувањето на овој предмет е во постојана комуникација со Обвинителството на Кнежевството Монако, ќе му биде испратена целокупната документација која е поврзана со предметот што се истражува во Македонија.Во исто време, обвинителството од Монако потврди дека судија претседавач на Судот во прва инстанца на Кнежевството Монако постапил по барањето за привремено замрзнување на банкарска сметка.Имено, во рамките на постапката во предметот за доделување на концесијата за центрите за дијализа во Република Македонија, беше утврдено дека правното лице – концесионер на центрите за дијализа е отуѓено.Финансиските средства од продажбата во износ од 8.281.000 евра беа префрлени на сметка во Монако и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се обрати до властите во оваа земја со барање за нивно замрзнување, додека 3.275.000 евра се замрзнати на сметки во банки во Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

„Лајт џез клуб“, „Дневен престој“ и „Спик изи“ најдобри меѓу угостителските објекти

Секторот за локален економски развој  на Град Скопје во соработка со Агенцијата SWOT Research, специјализирана агенција со експертско знаење и искуство во анализа на квалитетот на услугата, избраа „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите″ во Град Скопје. Манифестацијата традиционално се оддржа по 11-ти пат.Плакетите на најдобрите, денеска ги врачи Марко Тодоров, раководител на Секторот за локален економски развој  на Град Скопје.- Скромните признанија во форма на плакети што сега ги доделуваме, ќе се потрудиме во наредните години да прераснат во награди коишто ќе бидат синоним за квалитет на еден угостителски објект. Целта на овој проект е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет во угостителските објекти на територијата на градот - изјави Марко Тодоров.Тој додаде дека новитет оваа година е тоа што за првпат резултатите од истражувањето ќе бидат дискретно соопштени на сопствениците или менаџерите на угостителските објекти коишто беа предмет на истражувањето, со цел да можат и самите да направат анализа на своето работење и да ги согледаат своите силни и слаби страни.Тодоров се заблагодари на Агенцијата “SWOT Research” за професионалната посветеност и изрази надеж за долгогодишна соработка.Годинава преку тајни купувачи за најдобри три ресторани се оценети:  1.„Лајт џез клуб“, 2.„Стара градска куќа“ и 3.„Скопски мерак“; најдобри три гостилници се: 1. „Дневен престој“, 2. „Гостилница Градска кафеана“ и „Дебар маало“; најдобри во категоријата кафулиња се: 1.„Спик изи“, 2. „Коктел бар“ и  3. „Рок бар Круг“, а во категоријата Lounge и мезе барови: 1. „Дистрикт бар енд кичен“, 2. „Паблик рум“ и третото место го освои „Соул кичен бар“.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Стоилковски: Власта ги брка од пазарите најранливите категории

Власта не реагира по критиките за новата мерка, за бркањето на пензионерите, хонорарците и оние кои се вработени од зелените пазари. Внимавајте, законски им забрануваат да тргуваат на зелените пазари, и предвиделе казни од 1500 до 2000 евра за тие лица! Наметнуваат лиценци кои ќе важат од Нова Година, а потоа ќе казнуваат, изјави Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.„Црната власт не се грижи за народот, во нивните политики нема ниту С за социјални политики, тоа С е само за Северна. Не мислат дека оние кои што се на минималец, со мала плата хонорар или пензија, не им стасува да преживеат во услови на спирала на покачување на цените. Да се разбереме, оние кои што имаат повисока плата, не стојат на пазарите!Ги брка од пазарите најранливите категории, оние кои што чесно го дополнуваат буџетот за корка поскап леб и продаваат на пазар. Се работи за една третина од оние кои тргуваат на зелените пазари, тоа се околу 20 илјади луѓе, тоа се 20 илјади семејства, тоа се во просек 80 илјади усти за ранење!Зоран Заев, оној црпнатиот од нива, заборави и на нивите и на родот и на земјоделците и на пазарите. Оваа мерка удира по чесните, а онеправдани, оние за кои државата не одвојува доволно, а им го поскапува преживувањето, оние кои наместо живот, повторно се туркаат во црнила.Оваа мерка, во услови на девастирано земјоделие, удира по ситните производители, удира по земјоделците, удира и на голема група кои купувајќи од нив, за пониска цена носат храна дома! Но за оваа мерка на Министерството за економија, Министерството за Труд и социјална политика нема замерки! Нема замерки иако директно зафаќа најмалку 20.000 вработени од ранливите категории“, изјави Стоилковски.Тој додаде дека за оваа мерка нема реакција ниту од Министерството за земјоделство, иако оваа мерка дополнително силно ќе влијае и врз откупните цени на производите, кои да потсетиме без пласман останаа необрани, или на буниште!„Оваа мерка ќе допринесе за заштита на големите трговци, големите прекупци по пазарите и маркетите. Оваа однародена мерка на црната власт не води сметка за тоа што ќе се засили сивата економија, ќе се продава на црно, на диви пазари, а државата нема да си го наплатува делот.Никој што е поврзан со делот на трговија на зелените пазари нема објаснување зошто пензионери, хонорарци или вработени легално не би тргувале на зелените пазари и да го дополнуваат буџетот за да носаат храна дома!Власта ги зацрнува зелените пазари. Го осиромашија народот, ги скратија примањата, пензиите, ги дигнаа акцизите на горивата, го уништија земјоделството. Ранливите категории на сила ги влечеа од пазарите, им ги шутираа производите, а сега носат и закон со кој што дури 30% од трговците на пазарите ќе бидат спречени чесно да носат денар повеќе во своите домови! И ќе казнува со илјадници евра! Црната мерка е спротивна со принципите на слободната пазарната економија, но и е противуставна. Според Уставот секому му е загарантирано право на работа и остварување дополнителен приход.Оваа црна мерка мора веднаш да се спречи, да престане хајката по луѓето од зелените пазари, казните со илјадници евра, понижувањето на оние кои чесно работат.Црнилата мора да запрат. Колку побрзо оваа забегана власт за една намена замине, толку подобро за сите во Република Македонија“, вели Стоилковски.

Македонија | пред 7 години

uploads_thumbs_resize_800x420_359997

(ВИДЕО) Од снимањето на Божикната песна „Небо и земја“

Ексклузивна можност да ѕирнете во студиото каде што нашите познати пејачи работат на возобновување на „Небо и земја“ - стара словенска коледарска песна, со традиција да се пее во битолскиот крај до пред 30 години.Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Некст тајм, Димитар Андоновски, Љубојна и Златно славејче стануваат дел од првославната историја, возобновувајќи Божикна песна што се' уште се пее на Бадник во Русија, Украина и Белорусија, а отсега, традицијата на пеење „Небо и земја“ повторно се враќа и во Македонија.Видео спотот за истата, ќе биде промовиран веднаш по Нова Година, како најубава Божикна честитка од пејачите до својот народ.„Небо и земја" е стара словенска коледарска песна, која до денес се задржала во помнењето на старите битолчани, како песна што се пеела и на Бадник и на Божик.Оваа песна се' уште се пее на Бадник во Русија, Украина и Белорусија.Можно е оваа песна да се пренела во руските земји токму од овде, од Македонија, бидејќи рускиот народ примил крштение од Охридската Архиепископија, а со тоа усвоиле и голем дел од традициите коишто тука се негувале.Подоцна, пак, поради состојбите во кои западнал Балканот, голем дел од тие традиции кај нас биле изгубени. Но, за среќа биле задржани во Русија која во тоа време била единствена слободна православна земја.Се претпоставува дека после Октомвриската револуција, руските емигранти кои дошле тука во Македонија, ни вратиле дел од тие традиции, меѓу кои и оваа песна.

Магазин | пред 7 години

4-2

(ВИДЕО) Реновирана полициската станица во Кичево

Министерот Оливер Спасовски и дел од раководството на МВР денеска ја посетија реновираната полициска станица во Кичево, објект што е реновиран со средства од Министерството со цел обезбедување подобри услови за работа за полициските службеници. Во овој објект инвестирани се 3.300.000 денари, а беше направена замена на врати и дрвени прозори со нови ПВЦ, интервенирано е на фасадата, а извршени се и други молерофарбарски работи.Министерот Спасовски во изјавата за медиумите потенцира дека она што го затекнал во МВР беа голем број запуштени и руинирани објекти, полициски службеници за кои цела деценија не беше набавена униформа, многу лоши услови за работа.-Веднаш се зафативме за работа и еве, ги гледате резултатите. Од втората половина на 2017 година заклучно со денес, реконструиравме или саниравме вкупно 18 објекти, а само годинава таа бројка изнесува 11 објекти,  за што беа издвоени околу 25 милиони денари. Притоа сите тие активности ги финансиравме од сопствени средства, односно од средства од буџетот на Министерството за внатрешни работи. Полициските службеници постојано во текот на оваа година добиваат нови униформи, ги реновираме објектите за да обезбедиме соодветни услови за работа, а од овој месец ја зголемивме и платата на полициските службеници. Се разбира, ние на ова нема да застанеме туку со овие активности продолжуваме и во текот на наредната година за кога планираме да вложиме нови 70 милиони денари за реновирање и реконструкција на објекти. Во 2019 година, меѓу другото, планираме активности за обновување на објектите на Полициските станици во Дебар,  Кочани, Крива Паланка, Виница и многу други... Покрај ова, планираме интензивирање на активностите во делот на програмите за полициска обука, едукација и специјализација, ново зголемување на платите на вработените во МВР- рече министерот Спасовски.На средбата со раководството на ПС Кичево се разговараше за безбедносната состојба на подрачјето на ПС Кичево, која  е стабилна и имаме подобрување во многу сфери од работењето на полицијата. Особено е видливо зголемувањето на откривачката дејност.Министерот Спасовски имаше работна средба и со градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари.-Со градоначалникот на Кичево разговаравме за меѓусебната соработка, за обновувањето на врската меѓу локалната заедница и полицијата. Многу важно за безбедноста е да има соработка, партнерски однос меѓу граѓаните и македонската полиција. За жал, таа нишка беше прекината во минатото, но денеска имаме многу заеднички иницијативи кои придонесуваат да ја обновиме таа соработка и притоа ја враќаме довербата на граѓаните во полицијата. Упатувам апел до граѓаните на Кичево да бидат партнери на полицијата. Разговаравме за прашања кои можеме заеднички да ги решиме, посебно во делот на сообраќајот и веќе детализираме и конкретни активности. Успешната соработка ќе ја продлабочуваме и во иднина- рече Спасовски.

Македонија | пред 7 години

igor-jug

Колумна на Игор Југ од Шутка

Има ли поголемо нacилcтвo од тоа да ги отвориш вратите на paзгнeвeнa толпа народ?!?!?1. Крсто Муковски, човекот кој од три и половина месеци проведени во пpитвop, машки и храбро плaчeшe четири месеци. Плaчeшe како дете и на колена ги молеше командирите да го пуштат да си оди дома, оти не можел да издржи и ќе умpл во пpитвopoт! Велеше дека и тој чува коњи 100 пати подобри услови, одколку што се условите во пpитвopот. Да не дојде до забуна, еден коњ на господин Муковски, чини цели 100.000€, „има се, може се„. Истиот овој господин, пред десетина дена доби тендер од 700.000€, како награда како доброто однесувње, претпоставувам. Патните трошоци во изминатите години и не се баш ништо бомбастично нешто во споредба со останатите награди и привилегии кои оваа персона ги ужива со години, како избраник на народот, на кој треба да му служи, ама очигледно Крсто погрешно ја сфатил својата должност и одговорност кон истиот народ.И како цреша на тортата е фактот дека Крсто без денар гаранција беше пуштен, додека ние ситните риби сме по 15 месеци во пpитвop без никаква шанса да излезиме. На некои додека сме во пpитвop ни се родија и деца кои веќе проодеа без нивните татковци да се израдуваат на тоа.2. Сашо Василевски, математички прорачунат егоист, кој освен сопствениот задник, ништо друго не го интересира. Понатаму не би го коментирал, зошто по некогаш изгледот говори се! П.С. Василевски и никогаш не бил ВМРО – вец.3. Љубен Арнаудов, човек за кого имав високо мислење, а за кој сега мислам дека е достоен наследник на браќата Грим и е одличен раскажувач на приказни, со кои последниве месеци не држеше под кумплуг.4. “Господата уметници”они кои “бpутaлнo” беа апсени и чии семејства беа вoзнeмиpувaни а децата пpecтрaшeни. За разлика од нас и нашите семејства со децата, кои веројатно не сврстуваат во групата на полупримати (мајмуни со помала интелегенција и сличност со луѓето).5. Трите мали бедни шпиунчина, што дадоа лажни искази за да се спасат, нема од нас да добијат поголем медиумски простор од колку што заслужуваат;КОДОШИ !!!(генот на Спасо Лигушот и Коте од Руља, живее!)Дурловски и Дамовски ги почитувам како луѓе и уметници и нема да ги коментирам.Но господинот Трендафил, што пиеше лекови за смирување и aнтидeпpecиви со шаки и сакаше да се бecи во Шутка, не можам да не го спомнам.Не смеам да го прескокнам и јунакот од Gotham City – Македонскиот Че Гевара кој се изјаснува како комунист по убедување, а за награда што ги водеше протестите „ За заедничка Македонија„ стана член на Извршен Комитет на една Демократска Христијанска партија ( иронично нели?).За финансиската награда ќе премолчам, да не помисли некој дека му љубомориме на „ЧЕ„ .П.С. Ова “јуначиште”додека беше во Шутка, едната нога едва ја употребуваше, а сега како елен „тречак„. Позната е неговата изјава по излегувањето од притвор: “подобро да ми ја иceчaт нoгaтa, одколку да ме вратат пак таму”.Децата наши, да ги учиме да чекорат во животот со крената глава, а не да ги веднат пред секого и да коленичат !!!Да живее Република Македонија !!!Игор ЈугDudinka.mk

Македонија | пред 7 години

wizzair-1-750x400

Визер ќе опслужува четири нови дестинации од Охрид и две нови од Скопје

Нискобуџетната авкиокомпанија Визер беше избрана на јавниот повик за авиосообраќање во Република Македонија, кој, како што информираше на прес-конференција министерот за траспорт и врски Горан Сугаревски.Согласно критериумите Визер има обврска да почне со оперирање на најмалку четири нови дестинации од аеродромот Свети Апостол Павле – Охрид и тоа првите две до 26 март 2019, а другите во рок од една година од денот на склучувањето на договорот и истите да ги опслужува за период за кој се доделува финансиска поддршка. Компанијата има обврска да опслужува две нови линии од меѓународниот аеродром во Скопје до 26 март и да ги опслужува најмалку две години.Во однос на финансиските средства, предвидени се најмалку 312 милиони денари или околу пет милиони евра за период од 2019-2022. За следната година се предвидени 86 милиони денари, за 2020 - 204 милиони денари, за 2021 - 104 милиони денари, а за 2022 година - 17 милиони денари.

Македонија | пред 7 години

Pepi-Rendzov-1

Во понеделник промоција на ЦД на Петар Ренџов

Во понеделник, 24 декември 2018 г. во 20 часот, во клуб-ресторанот “Портофино”, ќе биде промовиранo најновото ЦД издание на Петар Ренџов, насловено како „Jazzilka”.Најновиот музички албум „Jazzilka“ (Џезилка), во содејство со повеќемина врвни музички инструменталисти, е создаден од потребата во Македонија да се продолжи со имплементирање на џез музиката во останатите музички жанрови, како врвна и есенцијална димензија во музичката уметност. Со естетика, потврдена од  претходните негови изданија, Ренџов во „Jazzilka” се претставува како автор или аранжер на 13 композиции, нови возбудливи музички креации со текстови од истакнати автори од македонската книжевност и литература.Новото издание на Петар Ренџов, „Jazzilka”, ќе биде претставено и концертно пред пошироката публика, во рамки на промотивните активности во 2019 година.Авторот и гитаристот Петар Ренџов,  долги години делува на македонската музичка сцена. Тој е признат изведувач и учесник во преку 20 музички проекти, а неговото име е тесно поврзано со многу од познатите интерпретатори на забавната музика. Водител на “Котон Клуб”, емисија за блуз и џез музика на Алфа ТВ (2010-2012) год. и автор на три музички ЦД проекти – Сонот на невестата (2005), Темјаника (2009), Бела Салсита-Тумбао салса бенд  (2014).

Магазин | пред 7 години

Opstina-Cair

Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје додели благодарници на соработниците за нивната поддршка на универзитетот

Ректорот, на Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, д-р Азис Положани, денес, на посебна манифестација, додели благодарници на Општина Чаир и ОУ „Конгреси и Манастирит“ за поддршката и успехот на образовниот процес на универзитетот.„Факултетот за градежништво и архитектура, факултетот за информатички науки, факултетот за технички науки, факултетот за технолошки науки и факултетот за социјални науки се нешто повеќе. Професорите и студентите таму не учат само за тоа како да програмираат, како да градат и како да произведуваат, туку и за тоа како да живеат. Многу е важно како да ќе се снајдат во општество, каде секој ден е сѐ потешко за младите да се вработат. Од Вашите зборови и пенкала, во нивните раце се положуваат алатките за напредок.“, истакна ректорот, д-р Азис Положани, пред соработниците, административното и академското тело на универзитетот. Тој додаде дека со работата се на раскрсница на историјата и затоа не смеат да дозволат да се најдат во погрешна насока, и дека за темелите кои се поставени за да се најде вистинскиот пат заслуга имаат Владата на Република Македонија, Министерството за образование и наука, а во голема мера се заслужни Општина Чаир и ОУ „Конгреси и Манастирит“ – Скопје, каде следат настава голем број студенти од УМТ.Во склоп на манифестацијата се одржа и посебен семинар за академскиот и административниот кадар на Универзитет „Мајка Тереза“ од Скопје. Истиот беше отворен од страна на генералниот секретар на универзитетот, Бујар Кaјоли, кој порача, „Создавате индивидуи кои ќе го поттикнат напредокот на општеството и заедницата. Во секоја комуникација со Вас гледам дека ‘Студентот е на прво место’“. Воедно, се одржаа и предавања на теми „Eвропски кодекс за добро административно однесување/работење“, од г-н Ристо Костуранов, генерален секретар на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, и „Што носат измените на Законот за високо образование“ со г-н Агим Рушити, раководител на сектор за високо образование при Министерство за образование и наука.

Македонија | пред 7 години

policija-2-1

Момче од Драчево во полиција: „Извршена е обљуба врз мојата малолетна сестра“

На 20.12.2018 година во 22:30 часот во Полициска станица Драчево, А.А.(21) од Скопје, пријавил дека на 20.12.2018 година околу 20:00 е извршена обљуба врз неговата малолетна сестра.Пријавени се и овозможувачите на делото.Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Скопје | пред 7 години

47796006_506139849793355_2908708760891424768_n

(ВИДЕО) Кучиња од расата Кане корсо оставени да умрат на плац

Злоставени, изгладнети, болни, оставени да умрат – снимки од врвна одгледувачница на расата Kaне корсо во Македонија, oбјави здружението за заштита на животни, Анима мунди.https://www.facebook.com/AnimaMundiMacedonia/videos/506138903126783/„Зад приказните за врвни легла и одбрани раси, ова е вистината која најчесто нема да ја дознаете и скапата цената која ја плаќаат животните! Снимките се направени на плацот на В.К, кинолошки судија и познат одгледувач на расата Кане корсо, кој неретко се кител со медали за своите примероци. Ова е она што го добиле животните за возврат.Снимките се објавени од руски државјани кои биле на плацот со цел да воспостават соработка со одгледувачот.Измет, мрши, мали кучиња кои дословно умираат пред камера, возрасни примероци, запуштени, изгладнети и болни, услови во кои и лаик би констатирал крајно злоставување и нехуманост, амбиент од кој и на нечовек ќе му се згади.Ваквите приказни не се ислучок туку се почеста реалност и ова се случува тогаш кога животните вредат толку колку им е пазарната вредност. Ветеринарните нспектори наместо да „ловат“ и казнуваат хумани граѓани кои привремено згрижуваат животни (ги казнуваат за немање чипови кај сите – иако знаат дека се згрижени привремено и бараат дом, приказни немате здравствена книшка и слично) со ова треба да се занимаваат, истражуваат; ова треба да го превенираат и спречат, тука треба да наплаќаат казни и изрекуваат забрани за било каква дејност која понатаму би вклучила контакт со животни. За вакви грозоморија во нормални земји се изрекува казна затвор, но ние сме Македонија“-велат од Анима мунди.Оттаму тврдат дека за овој случај знаат кинолози, трговци на раси…, се шушка, никако не се зборува јавно и секако не се превзема ништо. Поради големата љубов кон животните! Одгледувачот си заминал од плацот, животни повеќе таму нема.„Законодавството ни е такво да секој кој има желба може да отвори одгледувачница, заработува многу и пред никого да не одговара. Регистар/евиденција на одгледувачници нема, легла одат и над 1000 евра примерок, женските примероци служат како фабрика за нови и нови, несоодветните репрезенти на расите завршуваат на улица или со смрт. По улиците и стационарите врие од лабрадори, хаски, ротвајлери, шарпланинци, кои за трговците или оние кои ги купиле повеќе не вредат ништо, хумани граѓани и активисти им ги гледаат гревовите.БАРАМЕ ИТНО регулирање на дејноста, дефинирање на условите, настроги контроли и казни за секој кој неовластено размножува и продава кучиња. Доста ни е од злоупотребите и профитот на грб на животните ИНСИСТИРАМЕ НА ТЕМЕЛНА ИСТРАГА НА ОВОЈ СЛУЧАЈ И ОДГОВОРНОСТ ЗА СЕКОЕ ЕДНО МАЧЕНО И УМРЕНО/УБИЕНО КУЧЕ!“-стои во соопштението од Анима мунди.

Македонија | пред 7 години

48355602_2325087317503323_649044917921775616_n

(ВИДЕО) МЗШВ додели 30 милиони денари за подобра рурална патна инфраструктура

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство годинава за првпат доделува средства преку Програмата за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој. Се работи за финансиска поддршка во вкупен износ од 30 милиони денари, за која денеска се потпишаа договорите со пет Центри за развој на планските региони на територијта на Република Македонија, корисници на оваа програма.„Оваа поддршка е дел од нашите капитални вложувања директно во земјоделството, од што бенефит ќе имаат земјоделците. Наша цел е со средствата кои ги доделуваме денеска да ја подобриме руралната патна инфраструктура, која е основен предуслов за успешен развој на земјоделството. Овие средства ќе се користат за изградба и реконструкција на пристапни патишта во подрачја на интензивна земјоделска дејност. На овој начин ќе се олесни пристапот до обработливи површини, ќе се зголеми и олесни производството на земјоделски производи“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.На јавниот повик кој беше распишан конкурираа 10 апликанти, од кои по евалуацијата, критериумите ги исполнија пет Центри за развој на планските региони.  Висината на финансиската поддршка што ќе ја добијат Центрите зависи од  двата критериума-минимум 40 отсто обработливо земјоделско земјиште во регионите за кои аплицираат и бројот на општини опфатени со проектите за кои аплицираат Центрите.Од јануари следната година ќе започнат постапките за јавна набавка за избор на најповолен изведувач и надзор на работите предвидени во приложените проекти. Одобрените проекти треба да се реализираат во рок од 12 месеци од денот на потпишување на договорите.

Македонија | пред 7 години

nis-nesreca-voz-1-830x0

Детали за несреќата во Ниш, починаа две деца

Пет семејства завиени во црно е новиот биланс од сообраќајната незгода што го потресе регионот, а се случила утрово кај Ниш. Воз удрил во автобус кој преминувал преку железничка пруга, а од јачината на ударот, автобусот се преполовил. Едната половина останала од едната, а другата од другата страна на пругата.На самото место загинале три лица, а две им подлегнале на повредите во операциски сали во Клиничкиот центар во Ниш. Најмалку десетмина се во тешка животозагрозувачка состојба.Телеграф ги објави имињата на загинатите: 75-годишен Богомир Лазиќ, 48-годишна Даниела Станковиќ, 42-годишна Наташа Јанковиќ и момче и девојче на 15 години.Вочазот на автобусот e осомничен дека е виновен за несреќата. Тој e во истата болница во која на повредите им подлегнале 15-годишниците. Тој е опериран, а полиција го чува од роднините на настраданите. Лекарите се борат за животот на околу десетина лица.„Сцените се толку ужасни што и полицајците плачат додека ги извлекуваат жртвите. Автобусот буквално е пресечен на два дела“, вели очевидец за Блиц.На лекување се задржани 13 лица, од кои осум се малолетни, а момче и девојче на 16 години се во тешка состојба.Девојчето има тешки повреди на средишниот нервен систем, оперирано е, но е во кома. Момчето има повреда на горниот дел од карлицата. Борбата за нивниот живот продолжува, изјавил српскиот министер за здравство Златибор Лончар кој е во посета на Клиничкиот центар во Ниш.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Стевоски: Јован ни го остави Константин оверен со потпис како аманет во политички тестамент

Политички активниот поранешен кандидат за градоначалник,  Стевоски Стево вели дека лобистите, политичките мешетари и советниците кои деновиве реализираат активности за погазување на вољата на прерано починатиот Градоначалник околу назначувањето на негов заменик треба да се појават сами на избори и да видат колку тежат, или како што вели нетежат и лебдат кај гласачите.„Покојниот Градоначалник назначил свој заменик додека бил жив. Тој ставил своерачен потпис на документ со кој оставил свој заменик. Тоа е своевиден политички тестамент. Тоа е нешто како аманет, оставен со потпис и заверен со печат. Тој тестамент сега група ситни души од СДСМ, ангажирани од канџите на бизнис олигархијата која со децении го закопува Охрид мешетари да го избрише и по секоја цена да стави свој човек кој ќе владее со Градот, па макар тоа да е и само 20 работни дена до 10 февруари.Тоа покажува на кое дереџе сме спаднале со тие кои имаат право да одлучуваат за нас, кога ја газат искажаната воља на Градоначалникот додека бил жив, ја газат вољата на народот кој на изборите го избрал Градоначалникот да одлучува, и уште еднаш ја газат вољата на народот кој на истите избори ја изгласал листата на која носител беше Константин Георгиески со над 15 000 гласа. Зар мислите дека покојниот Стојаноски не зел во предвид колку гласа освоила листата кога се одлучил да го именува Константин за свој заменик ? Ова е жална вистина за нашиот град, за нас како луѓе или нелуѓе. . . Но народот сето ова го гледа и кој мисли дека не знае народот што се случува нека си прави Бајрам на умот на некоја си кадрова комисија. “ - вели Стевоски и ги повикува советниците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да бидат достоинствени , да покажат морал и почит и да ја исполнат довербата која покојниот Градоначалник Јован Стојаноски ја имал кон Константин Георгиески.Стево Стевоски на последните избори беше независен кандидат кој во дискусиите најмногу ја напаѓаѓе бизнис транзициската олигархија за која тврдеше дека го уништила Охрид, но и партиите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за кои исто така тврдеше дека се општествени штеточини кои не донеле ништо добро за чесните луѓе.ВМРО ДПМНЕ наскоро ќе обелодени дека нема намера да ја гази вољата на покојниот Градоначалник и дека тие нема да се противат Константин Георгиески да биде в.д. Градоначалник на Охрид до следните избори.

Македонија | пред 7 години

Gradonacalnik_Jovan_Stojanoski-1

Аналитичарите едногласни : Почитувајте ја волјата на народот и покојниот Стојаноски

Политичките аналитичари кои изминатите години ги анализираат политичките процеси во Охрид на „Охрид 1“ се едногласни околу тоа за в.д. Градоначалник да биде избран Константин Георгиески, советникот од СДСМ кој покојниот Градоначалник го избра за свој заменик, а народот му даде доверба на избори со над 15 000 гласа за листата која тој ја предводеше.Васе Врангалоска - СДСМ мора да покаже почит кон починатиот Градоначалник од нивните редови.Политичките превирања, нереалните амбиции на поединци, влијанијата од бизнис лоби групи и раздорите внатре во партија на власт се логични и би рекла очекувани појави во политичкиот живот во еден ваков момент, кога настапува смрт на човекот кој ја имал власта во свои раце.Цела историја ако ја погледнеме ќе најдеме безброј такви примери, на појава на такви апетити и претендирања за „тронот“.Во случајот со процесите кои сега се одвиваат внатре во СДСМ, јас би нагласила дека иако очекувани се неповолни и од тие процеси губи најмногу партијата ( која во овој момент мора да покаже почит кон починатиот Градоначалник од нивните редови ) , а особено штета има градот Охрид. Во СДСМ мора да имаат предвид три работи и тоа :1 Словото на Законот , тоа значи дека мора да се држат единствено до законските одредби и никако не смее да се излезе надвор од нив.2 Волјата на починатиот Градоначалник кој во време на својот живот именувал свој заменик, и сигурно се водел од некои критериуми при именувањето на заменикот.3 Волјата на народот кој на избори го избрал сега за жал покојниот Градоначалник да одлучува во име на народот, а тој со полно право и легитимитет одлучил да именува свој заменик, со што оставил одредено кадровско решение од доверба и за кое сметал дека е најдобро да биде негова замена.Да не заборавиме дека Константин Георгиевски предводеше листа која победи на изборите со над 15 000 освоени гласови. Веројатно овој факт покојниот Градоначалник го имал во предвид кога одлучувал кој да е негов наследник и тоа мора да се има во предвид и денес, кога течат внатрепартиските битки во СДСМ за тоа кој ќе седне на столот од Стојаноски, но да се истисне заменикот кој тој го оставил.Значи мора политичката елита во владејачката партија да остане имуна и да проба да се тргне од игрите на бизнисмените, олигарсите и останатите лоби групи и едноставно да ја испочитува вољата на покојниот Стојаноски и неговото кадровско решение да го избере за в.д. Градоначалник на Охрид.Дотолку повеќе што додека во СДСМ се чека заседание на некоја си партиска комисија, ВМРО ДПМНЕ мудро поентира и покажува голем респект и почит кон починатиот Градоначалник одбивајќи воопшто да дискутира и да разгледува можности околу погазување на вољата на покојниот Градоначалник, но и на народот. Да на народот, кој по своја воља довербата е даде на кандидатот на СДСМ за Градоначалник но и за листата во Советот. Тоа е политичка доблест, политичка големина и покажување голема зрелост и респект пред се кон народот и неговата воља која народот ја кажа на избори. Судбината креира ваква ситуација и сега мораме да продолжиме натаму запазувајќи некој етички и човечки вредности дури и во политиката - анализира политичкиот социолог Васе Врнагалоска. Никола Митровиќ - Заменик ние практично имаме назначен со потпис од покојниот Стојаноски и верификуван со 15 000 гласа од народот !Во тешките мигови за Охрид во кој емоциите на тага од прерано починатиот градоначалник Стојаноски неможат да стивнат и како по градација се повеќе се зголемуваат мораме да бидеме владетели на чувствата и да преминеме понатаму во заедништво и сплотеност без разлика на партиска или било која друга поделба.Но во овој период како да надвладеа желбата за заземање на „престолот“ по секоја цена па дури и по внатрепартиска поделба во СДСМ.Моите искуства покажуваат дека секогаш внатрепартиската борба е полоша и потешка отколку со политичкиот опонент. Но според мене сега во овие мигови на тага и емоции најмалку што е потребно раздор, туку треба да се потсетиме и да согледаме на чекорите кој ги направил преранопочинатиот ни наш градоначалник.На своето заменичко место со свој потпис тој го назначи Константин Георгиевски, кој впрочем беше и носител на листа и кој во самиот изборен циклус на чело на таа листа освои 15 000 гласови. Оттука барем според мене треба да се согледа , волјата на преранопочинатиот градоначалник Стојановски, волјата на народот, па и законските норми. Дури ако сакате со оваа одлука по малку изненадувачки но веќе јавно се поставија и советниците на ВМРО ДПМНЕ од името на партијата.Сметам дека Константин Георгиевски ги има квалитетите но да речам и аманетот со потписот на градоначалникот барем во наредните месеци да ја извршува повеќе би рекол задачата отколку функцијата В. Д. Градоначалник на Охрид. Но како заклучок сакам да наведам дека оној кој и формално правно ќе ја извршува таа функција како водилка треба да ги согледа постулатите на преранопочинатиот градоначалник на Охрид - Стојановски - анализира Митровиќ. Владо Чингоски - Византиските игри во СДСМ Охрид се во полн ек и повторно Охрид и Охриѓани ќе бидат колатерала.Секако дека не очекував, после прераната смрт на Градоначалникот Стојаноски, да одговарам или да дадам анализа за тековните настани околу избор на вршител на должност градоначалник.Искрено очекував акцентот не да се стави на персоналното решение, за кое за воља на вистината мислев дека е акцептирано, туку на скратување на постапката за избор на веќе, барем по мене познатото решение, кое беше и избор на починатиот, за негов заменик.Очигледно дека наместо повеќе од потребното, нормализирање на состојбите и функционирање на општинските служби, повторно на површина излегоа внатрепартиските кадровски, лични интереси.По се изгледа дека воопшто особено во владеачката коалиција или партија,не ги интересира нормалното функционирање на општината кое во овој период треба да биде целосно мобилизирана и посветена на донесување на актите кои се суштествени и кои ги креираат севкупните развојни политики за идната година, туку ги интересира позицирањето на што подобра пол позиција за кандидатура за градоначалник на извесните вонредни избори кои треба да се одржат најкасно со претседателските избори.Византиските игри познати во СДСМ ( до душа не е исклучок нити една партија во РМ), не е ништо ново. Поранешните кандидати за градоначалник не ги имаат смирено своите афинитети, а туку се и некои нови, кои пак сега од позиција која ја имаат во Советот или во државната и партиската структура и тоа како се гледаат на градоначалничката фотеља.Најмалку на сите нив ги интересира дали можат со својот капацитет да ја извршуваат таа функција, битно е да имаат лоби во централата кој ќе ги седне во фотељата. Потоа, потоа е лесно, никој не одговарал за својата работа или не работа, па нема да бидат и тие исклучок.Повторно Охрид и Охриѓани ќе бидат колатерала.Се надевам дека централата на СДСМ нема повторно да се води од бизнис, родбинско, пријателски, банкарски и не знам какви други лоби или односи и ќе замижува на ваквите случувања , туку ќе донесе сериозна одлука со целосна анализа на состојбата и исто толку важно, брза одлука, и на таков начин ќе им даде на знаење на кого кое место му припаѓа.Што се однесува до ДПМНЕ, мудро молчи и го чека исходот од изборот на ВД градоначалникот, кој во овие 4-5 месеци и нема што многу да направи и да ги искорити сите непродуктивни расправии и игри во СДСМ, во своја корист.

Македонија | пред 7 години

5-6

ЈП Службен весник и Врховниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Директорот на ЈП Службен весник на Република Македонија, Мартин Костовски, и претседателот на Врховен суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, на ден 20 декември 2018 година, потпишаа Меморандум за соработка, со цел поврзување на информациските системи на двете институции, во делот на доставата на огласите кои судовите ги објавуваат во службеното гласило.„Со потпишувањето на овој Меморандум се зајакнува меѓусебната соработка и се олеснува автоматската размена на податоците во електронска форма помеѓу двете институции, со цел да се овозможи интеграција на АКМИС-системот со информатичкиот систем на јавното претпријатие за подготовка на службеното гласило „Службен весник на Република Македонија“.За ЈП Службен весник на Република Македонија овој меморандум ќе овозможи брза комуникација со која ќе се  елиминира досегашната практика за мануелна обработка и внес на сите огласи и нивно печатење во хартиена верзија, во интерес на зголемена ефикасност и економичност при нивното менаџирање“, се вели во соопштението.На средбата, двете институции изразија задоволство од досегашната соработка и најавија нови заеднички проекти кои би биле од корист за судовите, но и за стручната и за пошироката јавност. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Се реконструира Финскиот парк во населба Ченто

Реконструкцијата и хортикултурното уредување на Финскиот парк во населбата Ченто е во завршна фаза. Увид во активностите за обнова на оваа зелена површина денеска изврши градоначалникот Шилегов.„Деновиве работиме на реконструкција и хортикултурно уредување на зелена површина од околу 13.000 квадратни метри во Финскиот парк во населбата Ченто. Површината е прекопана, исчистен е шутот, донесена е нова плодна хумусна земја и се подига нов тревник. За прв пат во овој парк е поставена хидрантска мрежа со систем за полевање со прскалки. Поставени се 23 шахти и 145 прскалки за наводнување на зелената површина. За обнова на овој парк се одвоени околу 6,5 милиони денари од Буџетот на Град Скопје, а на терен работеа екипите на ЈП „Паркови и зеленило““, рече денеска градоначалникот Шилегов.За потсетување, оваа година Градот Скопје подигна и реконструираше рекордни 122.838 квадратни метри зелена површина. Оваа есен беа засадени 3.500 висококвалитетни садници на јавните површини, а приоритет беше обновувањето на дрворедите и подигнувањето нови дрвореди.„Го зголемивме буџетот за животна средина за 2019 година за 32 насто. Зголемување има и во делот за подигање паркови и зеленило за над 50 милиони денари. Зазеленувањето останува на врвот на листата на приоритети на Град Скопје. Ќе ја искористиме пролетта да го обновиме загубеното зеленило и да им обезбедиме на нашите сограѓани повеќе чисти зелени површини. Влогот во здрава животна средина е трајна придобивка која непосредно влијае врз здравјето на сите сегашни и идни генерации“, нагласи Шилегов. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Од каде толку оружје во Скопје?

Македонија немала полош и понеспособен министер за внатрешни работи. Оливер Спасовски е заинтересиран само за сомнителни набавки, делење на милионски лиценци и целосна партизација на министерството, вели Орце Ѓорѓиевски.„Не поминува месец без вооружена пресметка на улиците во Скопје. Градот стана целосно небезбеден, а Спасовски ги крие срамните статистики за ниската реализација на полицијата на која што и ги врзаа рацете.Вчера 15 минути пред 18 часот од огнено оружје во сред Скопје на фреквентна локација во општина Чаир е рането едно лице, кое со повреди е пренесено во Градската општа болница.Од каде толку оружје и од каде толкава сигурност на бандитите во главниот град за да може да пукаат кога сакаат и каде сакаат? Дали се ова истите оние кои ја прославуваа изборната победа во Чаир со истрели од калашникови, а Спасовски се правеше дека не ги гледа и не презеде ништо? Дали се ова групите за кои што заменик министерот Агим Нухиу кажа дека биле подготвени со оружје да влезат на 27-ми април во Собранието, а Спасовски повторно се правеше дека не ги видел?“, вели Ѓорѓиевски.Според него, Спасовски и СДСМ ја зацрнија полицијата коалицирајќи со криминалот. Жртва може да биде секој еден недолжен минувач, наше дете, брат, сестра, родител или комшија. МВР под раководство на Спасовски не може да си ја исполни својата основна должност, а тоа е зачувување на јавниот ред и мир.„Граѓаните веќе две години се во константен грч. Убиствата, пукањата, запалените автомобили и грабежите станаа наше секојдневие. Родителите се исплашени да ги пуштат своите деца на улица, повозрасните не смеат да излезат до продавница без страв дека некој нема да ги ограби а сето ова е последица на криминалната политика на власта, која пушти над 800 криминалци од затворите на улиците.Спасовски наместо да се шета низ државата продавајќи демагогија, треба да понесе одговорност за сите пропусти и последици врз безбедноста и безбедносниот систем.Црнилата по улиците не смеат да бидат наше секојдневие. Оваа власт мора час поскоро да си замине“, изјави Ѓорѓиевски.

Македонија | пред 7 години

grad-sidnej

(ВИДЕО) Град со големина на тениски топчиња во Сиднеј

Сиднеј утрово беше погоден од град со големина на тениски топчиња. Невремео предизвика штета од повеќе десетици милиони долари„До 6:30 часот добивме 15.000 барања за оштета во вредност од 80 милиони австралиски долари“, изјави австралискиот совет за осигурување.Жителите на Сиднеј беспомошно гледаа како ледените топки им ги кршат шофершајбните на автомобилите.Град од ваков обем не е забележан околу дваесетина години, кога вкупната штета била 1,7 милијарди австралиски долари.https://twitter.com/cassieturnbull7/status/1075633713814298624?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1075633713814298624&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Fsidnej-go-pogodi-grad-so-golemina-na-teniski-topchinja-video

Свет | пред 7 години

unnamed

(ВИДЕО) Reminder - нов сингл и видео на Кирил Џајковски

Македонскиот композитор и продуцент Кирил Џајковски го објави новиот сингл Reminder за кој е изработен и одличен видео спот, а со кој Џајковски се враќа на сцената по подолга дискографска пауза.Песната „Reminder“ е прва соработка со новиот член на неговиот концертен бенд, вокалистот David Lion и претставува храбра комбинација на Balkan Beat звукот со glitch-hop и реге влијанија.Ова издание под етикетата на „Филтер Лабел“ е прво во низата синглови со нова музика на Џајковски што ќе бидат објавени во текот на следните месеци и ќе коинцидираат со засилена концертна активност на најпопуларниот македонски електронски артист. Имено, „Reminder“ наскоро ќе ја има и својата концертна промоција на новогодишниот настап на Џајковски во Шибеник, Хрватска.Синглот „Reminder“ е премиерно објавен на официјалниот YouTube канал на Џајковски, а е достапен за слушање и симнување преку сите водечки дигитални сервиси во светот.

Магазин | пред 7 години

teuta

Попови и оџи, но и градоначалничката Теута Арифи во прв ред на протестот против казината во Тетово

Започна протестот во Тетово против казината во Тетово. Стотици граѓани од Тетово се приклучија на протестот. Меѓу присутните граѓани на собирот, во прв ред попови и оџи и градоначалничката Теута Арифи.фото: kurir.mk

Македонија | пред 7 години

vodno_taski-1

(ФОТО) Тешка сообраќајна незгода на Водно: Такси-возило удри мотоциклист

Тешка cooбpaќајна нecpeќa се случи попладнево на улицата Тодор Александров која води кон населбата Водно, откако таксист обидувајќи полукружно да заврти на две полни ленти, му го пресече патот на мотоциклист, пренесува Инфомакс.Според првичните информации, мотоциклистот се здобил со тешки тeлecни пoвpeди, но близината на Клиничкиот центар била среќна околност истиот брзо да биде хocпитaлизиpaн.Во тек е увид на местото, а сообраќајот се одвива отежнато во овој дел од градот.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања