Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

migranti_kola

Притвор за косовски државјанин што превезувал мигранти

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, косовски државјанин. За лицето постои основано сомнение дека сторило кривично дело Криумчарење мигранти, предвидено и казниво по член 418-б став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик.Во текот на вчерашниот ден, осомничениот пеш ја поминал македонско – косовската граница и по добиените насоки од непознато лице, го преземал патничкото моторно возило “Форд Транзит” и тргнал по автопатот А1 во правец кон Гевгелија. На непознато место пресретнал група мигранти кои претходниот ден илегално влегле во земјава, ги прифатил и тргнал во насока кон Скопје. На знак да застане од страна на полициски мешовит тим, осомничениот продолжил со зголемена брзина и кај клучката кон с.Смоквица го напуштил возилото со мигрантите и побегнал. Полициските службеници во возилото пронашле 58 мигранти од Пакистан и Сирија, меѓу кои имало и седум малолетни лица. Подоцна осомничениот е пронајден во близина на с. Миравци и лишен од слобода.Ценејќи дека се исполнети условите, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот со Решение му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Заев: Како одговорен граѓанин на нашата земја, излегов и гласав

Премиерот Зоран Заев по гласањето истакна:„Секој ваков ден на гласање е убав, и важен, кога граѓаните на најдиректен начин, на демократски начин, носат важни одлуки за својата земја.Гласањето е чест, право, и граѓанска должност.Денеска очекувам сите наши граѓани да изберат Претседател на Република Северна Македонија. Од сите нас се очекува сериозна одговорност доколку постигнеме две работи. Избереме успешо претседател на државата и секако избереме претседател којшто ќе не води напред. Сериозна зрелост ќе покажеме сите ако демонстрираме демократичност во нашиот избор, ако изборите бидат успешни, ако го држиме единството во нашата земја, и силно чекориме напред кон современиот свет, кадешто припаѓа нашата земја, Република Северна Македонија“, истакна Заев.

пред 7 години

guguceska

До 18:30 часот излегле околу 700.000 граѓани, односно 39,71%

Над 700.000 граѓани, односно 39,71 % до 18:30 мин. го оствариле своето граѓанско право за избор на нов претседател, соопшти ДИК.Гласањето течеше без проблеми. Избирачките места се веќе затворени.Во претседателската трка се Стево Пендаровски кандидат на СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска-Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијатa, и Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса.Претседателските избори се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин.Според член 81 од Уставот, победата на еден од кандидатите во првиот круг може да им ја донесе мнозинство на гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови за кандидатот. Доколку не се случи изборот да биде завршен во првиот круг, во вториот круг одат двајцата кандидати што освоиле најмногу гласови во првиот круг.Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 5 мај.

пред 7 години

Нема фотографија

Бојкот им оди во корист на ДУИ, пишува Мицковски

Во пресрет на претседателските избори, со свој коментар излезе новинарот Ивор Мицковски.„Бојкот им оди во корист на ДУИ. Гласање во Собрание им оди во корист на ДУИ.  Така да, заканиве и желбиве ви се глупи како и да ги вртиш.  Само што зависи на кои ботови припаѓаш“, пишува новинарот Ивор Мицковски на социјалните мрежи.[embed]https://www.facebook.com/ivor.mickovski/posts/10157422691131042[/embed]

Коментари | пред 7 години

izbori-glasanje-11-92584

Ова се општините со над 50% излезност до 17 часот

Над 50 проценти излезност до 17 часот, според сајтот на ДИК има во следниве општини:Крива Паланка 57,82%Новаци 53%Демир Капија 52%Ранковце 52%Демир Хисар 51%Вевчани 50%Прилеп 50%Крушево 50%Кратово 50%.

Македонија | пред 7 години

sri-lanka

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Грозоморни снимки од нападот во Шри Ланка

По осумте напади во Шри Ланка во кои животот го изгубија 207 луѓе, додека повеќе од 450 се повредени, од таму стасуваат грозоморни снимки.На видеото кое го објави АФП се гледаат тела и крв во црквата Св. Себастијан во Негомбо и хотелот Cinnamon Grand”  во Коломбо.Предупредуваме дека снимката е вознемирувачки.https://avaz.ba/globus/svijet/478200/jezivi-snimci-tijela-krv-rusevine%E2%80%A6?jwsource=cl

Свет | пред 7 години

ljupka-DIK-1

До 17 часот излегле вкупно 496.774 граѓани, односно 35,13%

Вкупно 496.774 граѓани, односно 35,13%  до 17 часот го оствариле своето граѓанско право за избор на нов претседател, соопшти ДИК.Гласањето тече без проблеми и ќе трае до 19 часот кога се затвораат гласачките места.Во претседателската трка се Стево Пендаровски кандидат на СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска-Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијатa, и Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса.Претседателските избори се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин.Според член 81 од Уставот, победата на еден од кандидатите во првиот круг може да им ја донесе мнозинство на гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови за кандидатот. Доколку не се случи изборот да биде завршен во првиот круг, во вториот круг одат двајцата кандидати што освоиле најмногу гласови во првиот круг.Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 5 мај.

Македонија | пред 7 години

Screenshot_1-5

Паника во црква во Минхен: Маж влегол помеѓу верниците кои се разбегале мислејќи дека е терорист

Во католичката црква Свети Павле во Минхен завладеала паника, бидејќи влегол непознат маж и почнал да вика. Како што пренесува „Индекс.хр“, во моментот во црквата имало Хрвати кои успеале да го совладаат.Според изјави на очевидците, станува збор за Африканец кој влегол помеѓу верниците и почнал да вика „Такбир“ (Алах акбар).Собраните почнале да бегаат бидејќи помислиле дека станува збор за терористички напад. Веднаш била повикана полицијата која пристигнала во голем број и го привела мажот.Локалните медиуми пишуваат дека се работи со маж со психичко пореметување.„Почна да гестикулира и да извикува неразбирливи зборови, тоа ги исплаши посетителите на црквата“, соопшти полицијата.Мажот бил уапсен, а полицијата истакнала дека не претставувал опасност за луѓето во црквата.

Свет | пред 7 години

zelenski-poroshenko

Во Украина до 15 часот одѕивот поголем отколку во првиот круг

Одѕивот на избирачите на претседателските избори во Украина до 15 часот изнесува дури 47, 8 проценти, соопшти Централната изборна комисија.Излезноста е поголема отколку во првиот круг на претседателските избори, кога до 15 часот изнесувала 45,1 отсто, пренесе „ТАСС“.Избирачките места се отворени од 8, а ќе бидат затворени во 20 часот.Укаина го избира следниот шеф на државата помеѓу актерот Володимир Зеленски и актуелниот претседател, Петро Порошенко.

Свет | пред 7 години

papa

Папата ги осуди нападите во Шри Ланка

Папата Франциско ги осуди суровите напади во Шри Ланка и изрази најдлабока поврзаност со христијанската заедница која е погодена за време на молитва, како и со другите жртви.„Со тага и болка ја примив веста за смртоносните напади кои се случија денеска на Велигден, донесоа жал и болка во црквите и другите места на кои се собраа луѓето во Шри Ланка“, изјави Папата.Во серијата експлозии кои потресоа цркви и луксузни хотели во Шри Ланка, според последните податоци загинаа и повредени се стотици луѓе.

Свет | пред 7 години

policija-2

Мртво лице пронајдено во Демир Капија

На 20.04.2019 година околу 18.30 часот во Полициската станица Демир Капија било пријавено дека на место викано „Селиште“-Копширишница, атар на општина Демир Капија, бил пронајден мртов Ј.Д.(50) од село Тимјаник, неготинско.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено за обдукција.

Македонија | пред 7 години

nis-nesreca-voz-1-830x0

Воз удрил во трактор кој бил оставен на шини во Скопје

На 20.04.2019 година во 17.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека помеѓу стојалиштето Кондово и стојалиштето Сулари, во близина на објектот на ЈП-Водовод-Скопје, на отворена пруга, патнички воз, кој сообраќал на релација Скопје-Кичево, удрил во трактор кој бил оставен на пругата.Повредени лица нема. Извршен бил увид на местото на настанот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Старец пријавил дека во скопско Влае го каснало куче

На 20.04.2019 година во 11.40 часот во Полициската станица Карпош, Ѓ.Д.(65) од Скопје пријавил дека во Порта Влае бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Скопје | пред 7 години

policija-620x2641

Залутан куршум завршил во возило во скопско Ченто

На 20.04.2019 година во 22.40 часот во СВР Скопје, А.И.(28) од Скопје пријавил дека во периодот од 21.00 до 22.40 часот на улицата „Јужноморавски бригади“ неговото патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од залутано зрно од огнено оружје. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Rucna-Bomba-kasikara-granata-620x350

Рачна граната пронајдена во Штип

На 20.04.2019 година во 18.35 часот во СВР Штип било пријавено дека во атарот на село Калапетровци, штипско, била пронајдена рачна граната.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

tepacka-1-1

Колеги се испотепале на работа во трговски центар во Скопје

На 20.04.2019 година во 20.00 часот во Полициската станица Карпош, А.И.(20) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17.30 часот во угостителски објект во трговскиот центар, каде што работел, бил физички нападнат од неговиот колега А.К.. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

tepacka-1

Млади лица се испотепале сред Скопје

На 21.04.2019 година во 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Петар Ацев“, И.К.(19) од Скопје со уште две непознати лица физички ги нападнале В.Д.(18) од Скопје и уште едно лице на возраст од 17 години. И.К. бил приведен во Полициската станица Аеродром. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Две лица повредени од кучиња во Скопје

На 20.04.2019 година во 19.00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Б.В.(38) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 16.30 часот на улица „Маџари“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога.На 20.04.2019 година во 11.15 часот во Полициската станица Центар, Д.В.(25) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11.15 часот на плоштад „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Над 100 мигранти од Пакистан и Сирија пронајдени во возило на автопатот Гевгелија-Скопје

На 20.04..2019 година во 12.30 часот на автопатот Гевгелија- Скопје, после клучка Смоквица, при контрола на возило „Форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, полициски службеници пронашле 58 мигранти од кои 56 од Пакистан и двајца од Сирија.При запирање на возилото, возачот побегнал. Во 12.45 часот на влезот во Гевгелија било сопрено возило „Фолксваген голф“ кое се движело пред возилото во кое биле мигрантите и поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ биле приведени Д.Ј.(22) од Богданци и Ѓ.И.(27) од Гевгелија.По преземени мерки било приведено и лицето К.Р.(34) од Косово, поради сомнение за кривичното дело „криумчарење мигранти“. Мигрантите биле предадени во Прифатниот центар Гевгелија и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Мажи од Белгија упаднале во седиштето на Армијата во Скопје, па се правдале на полицијата

На 20.04.2019 година во 18.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека М.Л.(24) и Р.Р.Г.(27), двајцата од Белгија, влегле во дворот на Генералштабот на Армијата на улица „Орце Николов“.Полициски службеници излегле на местото на настанот и лицата изјавиле дека залутале и ја прескокнале оградата.Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

izbori-glasanje-51993-92549

Излезност над 80 отсто

Излезеноста до 11 часот е највисока во КАМ и Стокомак, а најниска во Рамстор и Веро, забележано е и странско влијание во Сити Мол.[embed]https://www.facebook.com/kamajmk/posts/588755928280591?__xts__%5B0%5D=68.ARCM32VUNn-pqtZM3blVb4eZgmLSuQwExrnnXY59ILnLOxrLD93VEZ30j3EjFWowlaJ6H49N3tfQHI97ZJtKvzNbQkEG9b_COYuMZdht0WcjDyeJe5iFjc7xYHPzSCvSxZnqnF8SEzTH9u790DUpw88x44IJX87VZx8zkQyzj55cLW8NjHbkyD2HWy7kLJNyIczzSZF3cbZhUwf1RMoNu9r9TsO21dwCZvHZnQXRd5RhEye6bbyC5zMnHLV-Z0g-1bS4emkcdos4gzPKsc1Cf3pl4GqSFcD7epZvs58lkvUDsl4WePcseHsXAofY_jkNrYaC4dOtXbQrWEg15mc&__tn__=-R[/embed]Рекордна бројка на излезност се забележува во Моцарт, Спортлајф и околните кладилници со над 80%. Го сакам Камај во поштенско сандаче.

Магазин | пред 7 години

derkovski

Деркоски за кражбата на изборни списоци: Немам намера да се занимавам со тоа

Со шпекулации од дневно – политички карактер ниту сакам, ниту имам намера да се занимавам, рече претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со наводни списоци што се појавиле на руски сајтови.-Од тие причини избирачкото место не беше отворено повеќе од три часа. Согласно Изборниот законик таму не може да се одржи гласањето, рече претседателот на ДИК.Некои од новинарските екипи се пожалија дека не можеле да го проследат гласањето на избирачки места зашто им биле барани акредитации, на што Деркоски беше дециден дека со тоа и практично се покажуваат слабостите на нашиот избирачки систем.– Се покажува на дело најголемата слабост на нашиот избирачки систем и на избирачките одбори од почетокот на кампањата и распишувањето на изборите. Сите ОИК добија насока дека акредитациите од медиумските куќи се доволни за присуство на избирачките места кога станува збор за домашните медиуми. Акредитации се потребни само за странските новинари. Испечативме прирачници, снимивме видео прирачници и извршивме обуки максимално транспарентно, но не сите си ја сфаќаат одговорно задачата. Се знае точно што и како може да се прави на избирачкото место. Доволно е да се отвори прирачникот што стои на бирото, потернцира Деркоски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВИДЕО: Чесни сестри заработуваат илјадници евра од марихуана

Чесни сестри од еден манастир во Калифорнија заработуваат илјадници евра годишно од производство на марихуана.[embed]Со овој бизнис почнале во 2011 година, со само 12 растенија, а денеска работата им цвета. Тие тврдат дека со своите производи од канабис се во состојба да излечат многу болести, од епилепсија до рак, и наводно досега од зависности спасиле осум лица, пишува Индепендент.– Работевме со осум луѓе кои беа зависници од алкохол, цигари и дрога и на сите им беше подобро. Имаме сто отстотен успех во лечење од зависности – вели чесната сестра Кејт Мијусен.

Магазин | пред 7 години

57543528_1253335948150332_4485693736914780160_n

ЗОО Скопје доби нови жители, еве како се викаат близначињата (ФОТО)

Скопската Зоолошка градина од денес е побогата за два нови жители.Се родија две бебиња лемури. Едното е машко, а другото женско и ги добија имињата Цветанка и Цветко, токму поради денешниот празник Цветници.-Две нови близначиња денес во Скопје ЗОО. Големи да растат Цветанка и Цветко, велат од Зоо- Скопје.

Скопје | пред 7 години

IZBORI-GLASANJE

Жителите на село Рамни Габер не дозволиле да се отвори гласачкото место

За 60 луѓе од селото Рамни Габер, гласањето за претседател заврши уште пред да да започне. Самите се решиле на тој чекор, за така да им покажат на политичарите колку тие се разочарани од нив, објави Телма.–Жителите на селото Рамни Габер незадоволни од третманот на градоначалникот кај кого осум години одат во кабинет и го молат да им го направи патот овде во селото – решија да ги опструираат претседателските избори така што го сокрија клучот од просторијата кадешто денес требаше да се гласа.Од градоначалникот не бараат многу – ни кажаа тие. Сакаат само да се уверат дека не се заборавени од оние за кои го дале гласот.-Нека дојде булдожерот тука да го видат сите. Тогаш ќе гласам, кажа Саљуш Азири, жител на селото Рамни Габер.Жителите се пожалија дека особено во зима едвај се движат кога ќе падне многу снег.–Доаѓа лето, доаѓа зима, имаме стока. Немаме ниту пат, ниту услови ниту ништо. Затоа луѓето бегаат во Скопје, во Студеничани, во Морани. Поради патот, кажа Саљуш Азири, жител на селото Рамни Габер. –Ја заклучиле вратата со катанец и не ја отвараат заради тоа што градоначалникот не доаѓа да види што е ова, како живееме. Снег до колена, кажа Али Азири, жител на с. Рамни Габер.Негласањето во Рамни Габер беше меѓу првите неправилности кои Државната изборна комисија ги забележа на изборниот ден.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања