Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

tuzla

Во Тузла петиција: Децата да се лечат со пари од буџетот, а политичарите со праќање СМС пораки

Во Тузла започна акција за собирање потписи „Децата да се лечат со пари од буџетот, а политичарите со праќање СМС пораки, па кој ќе уплати уплати“, објави Анадолија.Цалта на оваа акција е со сигурност да се обезбедени финансиски средства за лечење на тешко болните дечиња кои не ги опфаќаат средствата од заводот за здравствено осигурување.Акцијата ја покренала неформална група на родители од Тузла, кои како што е наведено истата ќе ја спроведат низ целата територија на Тузла.„Многу сме задоволни од одзивот на граѓаните, а ова е и доказ за тоа колку тие не се задоволни од работата на политичарите“, вели меѓу другото Индира Бектиќ Мујкиќ, една од организаторите на акцијата.Таа додава дека во тешки моменти кога родителите ќе дознаат за болеста на детето, тие покрај тоа што мораат во целост да му се посветат , мора да водат сметка и за тоа како ќе соберат пари и колку СМС пораки се пратени , и дали одзивот на хуманите луѓе ќе биде доволно за да се соберат парите.Целиот текст на: aljazeera.net

Свет | пред 7 години

vucic

Вучиќ најави зголемување на санкциите за кривични дела и воведување на доживотна казна затвор

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешната седница на Советот за национална безбедност најави заострување на санкциите за кривични дела и воведување доживотна казна затвор за најтешките дела.„Воведуваме доживотна казна затвор за оние кои ги сториле најтешките кривични дела како убиство на дете“, изјави Вучиќ.Како што изјави тој за силување казната нема да биде од 3 до 12 години, туку од 5 до 15 години, без можност за намалување на истата.„Минималната казна од 6 месеци за семејно насилство ќе биде зголемена на една година“, изјави тој.Кампањата за доживотен затвор веќе две години ја води фондацијата на Тијана Јуриќ , со која раководи нејзиниот татко Игор , откако во 2014 исчезна неговата 15 годишна ќерка, која по 12 дена беше најдена мртва на депонија.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Еди Рама: Границата со Косово, по принцип на Шенген на пролет ќе биде отворена

Границата со Косово, по принцип на Шенген на пролет ќе биде отворена, најави албанскиот премиер Еди Рама.„Она што ќе го направиме е многу едноставно. Презедовме цел Шенгенски систем преведен од почеток до крај. Со многу детали меѓу Министерството за внатрешни работи на Албанија и Министерството за внатрешни работи на Косово за да се гарантираат сите безбедносни параметри и слобода на 7движење, не доведувајќи во прашање кои било загарантирани стандарди кои ние ги даваме како држава која има корист од либерализација на визен режим“, изјави Рама.Тоа го нагласи на традиционален прием за акредитирани дипломати во Тирана, на кои присуствуваа амбасадорите на Србија и Русија.Рама додаде дека од амбасадорите очекува како што вели „да не ја уништуваат сликата на овој чин на рециклирање на остатокот на националниот фолклор од минатото“.Претходно Рама изјави дека по прнципот на Шенген посакува граници и со Македонија и Грција.  

Свет | пред 7 години

dugin-1

Дугин предупредува преку ФБ: „Заев под притисок на ЦИА се припрема да го aпcи Иванов“

Поранешниот советник на рускиот претседател Владимир Путин, Александар Дугин на својот фејсбук профил ги прокоментира последните случувања во Македонија. Тој својот статус го напиша под Итно. Дугин пишува дека набрзо во Македонија се спрема државен удар на кој мета ќе биде претседателот на државата кој под притисок од ЦИА, Зоран Заев ќе мора да го aпcи.-Итно: Набрзо се спрема државен удар во Македонија. Заев под притисок на ЦИА се припрема да го aпcи Иванов.Потсетуваме дека Дугин е човекот кој го предупреди и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека во Турција се спрема воен удар со цел негово соборување, во организација на Фетула Ѓулен и ЦИА.Инаку Александар Дугин и Леонид Савин последно во Македонија беа на 4 март 2018 год. На прашањето: Дали Македонија има избор. Дали може народот сам да одлучи сака ли членство во ЕУ И НАТО или евроазиската унија? нивниот став беше:Избор има секако, но тој избор мора да го донесе самиот Македонски народ и тоа не е наше решение, не е решение на Русија туку само сопствено решение на Македонскиот народ. Ние го знаеме фактот дека Македонија која исто како и Србија се наоѓа под огромен притисок од западот , поточно од ЕУ и САД. По наше гледање доколку постои организација за меѓународно право, секој народ треба да има свое право да го избере својот пат, да си одлучи со кого ќе соработува и никој не смее да прави притисок како тие ќе се одлучат и на која страна ќе се приклонат.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Нови случаи со морбили, хоспитализирани пет деца и еден возрасен

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје денеска биле хоспитализирани уште пет деца и еден возрасен со клиничка слика на морбили (мали сипаници).Во моментов има 20 болни од морбили, од кои 18 се деца и двајца возрасни, соопшти Министерството за здравство.Најмногу заболени има во населбата Ново Лисиче, општина Аеродром вкупно 11 деца и уште нови четири сомнителни за кои утре ќе се знае резултатот од лабораториските анализи, кои ќе потврдат или отфрлат морбили. Сите новопримени пациенти имаат клиничка слика на пациенти заболени од морбили (мали сипаници). Како што соопшти Министерството за здравство, досега во сите вакцинални пунктови во Скопје до 13 часот вакцинирани се 1.894 лица, а само денескa вакцинирани се 30 деца. Од Министерството за здравство уште еднаш повикуваат на вакцинација на децата, иако е прогласена епидемија од морбили.– Има доволно количини од МРП вакцини. Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со добар квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење, се вели во соопштението.Од Клиниката информираат дека имаат 120 легла, но треба да се има предвид дека се хоспитализираат пациенти и со друга патологија. Најмладиот пациент е бебе од осум месеци, а најстариот има 43 години од Скопје и е мајка на едно од заболените деца.Министерството за здравство, досега во сите вакцинални пунктови во Скопје до 13 часот вакцинирани се 1.894 лица, а само денескa вакцинирани се 30 деца. Од Министерството за здравство уште еднаш повикуваат на вакцинација на децата, иако е прогласена епидемија од морбили.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Бачев: Ова е нашиот план Б за спречување на Договорот за промена на името

„Вчера се случи едно од најголемите предавства во поновата македонска историја.Странскиот измеќар Зоран Заев и 81 пратеник извршија национално предавство врз македонскиот народ и македонската држава со изгласувањето на уставните измени со кои се брише се што е македонско.Меѓутоа, уште ништо не е готово. На денешната прес конференција го обелоденуваме планот БПо ратификацијата на договорот од Преспа и во грчкиот парламент, според договорот Македонија ги известува сите држави-членки на Обединетите нации дека членството го продолжуваме под ново име.Многу е веројатно дека марионетата Заев како влада прв ќе се истрча во името на државата да ги извести Обединетите нации.Во таков случај, и претседателот Иванов веднаш треба да упати писмо до ОН со кои ќе ги извести дека се работи за невалиден договор, ништовен и според домашното и според меѓународното право бидејќи договорот не е склучен од надлежен орган и нема дозволен предмет, не е почитуван референдумскиот резултат од 30 септември, не е потпишан указот од Иванов, значи сето ова добро ќе се образложи во писмото на Иванов.Во една таква ситуација ќе дојде до меѓународно недоразбирање и според Повелбата на ОН Иванов ќе побара тоа да биде испитано од Советот за безбедност на која седница ќе учествува и Иванов, бидејќи според Повелбата секоја членка на ОН која не е членка на Советот за безбедност, може да учествува без право на глас во расправата кога нејзините интереси се засегнати.Позицијата на Иванов да се обрати во името на државата е многу посилна од Заев и владата од најмалку две причини:Прво, според домашното право примарна надлежност за вакви меѓународни договори има Иванов, и второ, веќе имаме воспоставена практика, да потсетам, сите преговори за членството на Македонија во ОН и на крај писмото во ОН за членство во 1992 го поднесе претседателот Киро Глигоров а не тогашната влада со Бранко Црвенковски, и оттука, може да се изведе аргументот дека Иванов како претседател има примарно и посилно право да се појави пред Обединетите нации.Се разбира, ова ќе биде новина во историјата на ОН за првпат два органи од иста држава да бидат со спротивни позиции што остава лош впечаток по угледот на една држава бидејќи државите на меѓународен план зборуваат во еден глас.Но, сега се бориме да не бидеме избришани како македонски народ и треба да преземеме се и по цена и на угледот и достоинството на државата.Сега не би зборувал околу постапката во Советот за безбедност каде многу е извесно дека ќе дојде до блокада по ова прашање, па префрлувањето на прашањето во Меѓународниот суд на правдата и Генералното собрание, оти ќе ми треба многу простор, но, само ќе кажам дека според општото меѓународно право и правото на ОН се на крајот ќе заврши во наша корист.За ова се потребни две претпоставки: храброст од Иванов да го направи ова и Иванов да побара подршка од Русија и Кина а покасно и од државите кои не признаа под уставното име.Генерално гледано, сега е најбитно да се добие во време, да проблематизира на меѓународен план овој капитулантски договор од Преспа и на крајот ќе дојде успехот.Се разбира финалето ќе дојде со новата легална власт која ќе го поништо договорот од Преспа.Претседателот Иванов мора да го направи ова и на крајот на мандатот да застане на страната на македонскиот народ.Со тоа, Иванов како претседател не губи ништо, а Иванов како личност во македонската историја ќе биде запишна на вистинската страна.За крај, Единствена Македонија го подржува барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори заедно со претседателскте избори“, изјави Јанко Бачев.

Македонија | пред 7 години

zaev-odgovornost

Заев: Останавме еден милион - треба да се помириме

Во нашата земја останаа само еден милион граѓани, токму поради тоа треба да се помириме. Има случаи каде брат со брат не прават муабет поради политика. Треба да се помириме, повтори премиерот Зоран Заев на пресс конференцијата по изгласувањето на уставните измени.Според Заев потребно било и помирување помеѓу политичарите, помеѓу народот.

Македонија | пред 7 години

clipboard01-620x350-1

(ВИДЕО) Мицкоски: Останува запишано дека 81 човек во Парламентот го променија името и идентитетот, а не народот

Исто како и мнозинството граѓани, така и јас со чувство на мака проследив пресот на Зоран Заев. Само Зоран Заев, политичар аболиран за тежок криминал, кој влече сериозни хипотеки зад себе може да прославува и да се гордее што го променил името и идентитетот на сопствената земјa, изјави Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.„Само Зоран Заев, кој се колнеше во татковци и дедовци дека немало да го чепка вековното име може да се гордее и да се обраќа како премиер на нова земја Северна Македонија.Само Зоран Заев, кој ветуваше дека македонскиот Устав бил европски, може да се фали со притисоците, заканите и непринципиелните пазарења со кои што ја погази јасно изразената волја на граѓаните на референдумот од 8 септември 1991 година и 30 септември 2018 година.Зоран Заев денес и предвреме ја преименува сопствената татковина, на се уште не стапен во сила договор. СРАМОТА!Господине Заев, Македонија денес не слави! Македонија денеска е завиена во црно бидејќи Вие продадовте, погазивет и уништивте се. Ова што вие го направивте има само еден збор – Предавство и кариеризам!Залудни се фалбите, залудни се и изнасилените насмевки, зарипнатиот глас од славјето во кое ниту тој, ниту неговите најблиски соработници не веруваат. Залудна е и лажната еуфорија и стакленото звоно кое го креираат. Чаламот на власта не го покрива срамот со промена на името и идентитетот. Човекот треба да разбере дека никој не го сака, никој не му верува. Но и се поголем е бројот на луѓето кои веќе не му се плашат.Зоран Заев готов си! Сите веќе тоа го знаат, а набрзо и ти ќе го дознаеш тоа!Оваа влада беше за едно прашање, и тоа прашање го решивте катастрофално, преку промена на име, идентитет, јазик, историја, култура, образование, промена на се што е македонско. И овој рок и оваа задача сега завршува. Токму затоа оваа влада на СДСМ која ја предводиш ти толку силно ќе падне што прашање е дали нешто ќе остане од СДСМОстанува запишано дека промената на Уставот со цел промена на уставното име се направи на противуставен, противзаконски, нелегитимен, насилен и криминален начин, по пат на притисоци, закани, уцени и пазарења.ВМРО-ДПМНЕ и мнозинството на македонскиот народ и мнозинството на граѓаните на Македонија не го подржаа овој договор.ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што е во негова моќ да се исправи во иднина оваа неправда.Останува запишано дека 81 човек во Парламентот го променија името и идентитетот, а не народот, не граѓаните на оваа држава!Длабоко чекориме во втората година од власта на оваа влада. Македонија е фрлена на колена и тоа не само во поглед на името, туку и во економијата, уништеното здравство, неквалитетното образование, земјоделието.По капитулацијата на Заев со името, тој најавува нова капитулација, општествена, економска, политичка, образовна, здравствена, секаква.Видовме досега дека не ги бива, и како што Заев брутално лажеше пред две години дека ќе имало 500 евра просечна плата, дека докторите ќе имале 100.000 денари просечна плата, ќе изградел 600 км автопатишта, нова клиничка болница, поврат на ддв ќе имало зголемени стипендии за студентите, зголемени пензии за студентите, загарантиран откуп за земјоделците и што ли уште не. истите тие лаги ги гледаме и денес а богами ги слушаме. Истите лаги, ќе имало фабрики, ќе имало поголеми плати, ќе имало автопати, дрн дрн бла бла празни муабети. Но ова е друго време. Денес веќе никој, ама баш никој не му верува на Заев!Денес е докажано дека не можат, не умеат, и дека со секој ден ќе биде полошо. А по капитулацијата со името, ако остане оваа влада следи нова капитулација, во економијата и во општетсвото.Затоа, Заев и вие од осрамениот СДСМ - не бегајте од одговорност. Немојте да се криете зад партиските одлуки како што се криевте зад гласовите на 81 пратеник за да ја погазите волјата на народот. Излезете на избори! Не се тоа избори за фотељи тоа се избори каде ќе победи народот, каде што ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, за да победи достоинствена и горда Република Македонија“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

nurkaci-2

(ФОТО) Нуркачите го исчистија делот каде ќе се фрла светиот крст

Во пресрет на христијанскиот празник Богојавление - Водици членови од нуркачкиот центар Амфора и клубот за подводни дејности Охрид, извршија чистење на дното на езерото каде ќе се фрла чесниот крст.„Основната цел е безбедноста на капачите и намалување на ризикот од повреди“, велат од Амфора и клубот за подводни дејности Охрид.

Македонија | пред 7 години

clipboard01-620x350

Комбе удри две годишно девојче кое почина на пат кон болница

Голема трагедија се случи во Хрватска кога комбе кое било паркирано тргнало и удрило две годишно девојче.Несреќата се случила околу 10 часот и 15 минути. Девојчето починало на пат кон болницата.Истрагата е во тек и деталите ќе бидат познати по увидот. 

Свет | пред 7 години

mickoski

Мицкоски: Заев да не мисли дека молам бога да не ги добијам изборите и во понеделник да го распушти Собранието

Мицкоски на денешнате прес-конференција го повика премиерот Зоран Заев уште во понеделник да се распушти Собранието и да се формира техничка влада, па заедно со претседателските избори да се одржат и вонредни парламентарни.„Денес од засрамениот Заев слушнавме две тези: дека се крие позади одлуките на партијата и позади анкетите кои покажувале сигурно водство и дека на секој политичар добредојдени ќе му бидат нови 4 години мандат. Но вистината е следна, ако е така ајде во понеделник да го распуштиме Собранието и да организираме фер изборен циклус и заедно со претседателските избори да одржиме вонреди парламентарни избори во Македонија. Па да видиме дали Зоран Заев ќе победи или народот заедно со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија ќе победи на тие избори“, изјави Мицкоски.Исто така тој изјави дека не се плаши и ја користи оваа прилика да го повика да не мисли дека моли бога да не ги добие изборите.„Еве веднаш одлучно му велам ајде да го распуштиме парламентот имате доволно време во органите на партијата да донесете одлука. Има доволно време да се подготват тие избори, да се формира техничка влада и заедно со претседателските избори да имаме вонредни парламентарни избори. И тогаш да видиме дали Зоран Заев ја ужива довербата или онаа вистинската анкета ќе му ја испорачаат граѓаните на Македонија. Не бараме избори затоа што сакаме ние да бидеме на влст, туку Македонија да престане да губи и Зоран Заев да ја напушти политичката сцена во Македонија“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

nikogas-severna

(ФОТО) Транспарент пред куќата на Заев - „Никогаш Северна“

Пред куќата на премиерот Зоран Заев во Струмица, синоќа поставен транспарент со натпис: „Никогаш Северна“.Покрај оваа порака и целиот град Струмица транспаренти со слична содржина.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Приведен стружанец - во кафетерија носел оружје

При извршен личен преглед кај У.В.(22) од струшкото село Поум, вчера пронајдено е огнено оружје пиштол марка „Црвена Застава“ калибар 9 милиметри и рамка со девет куршуми, кои нелегално ги поседувал.Прегледот е извршен во кафетерија во селото Делогожда каде е забележан, а потоа веднаш е приведен во полициската станица во Струга.По консултација со Јавен обвинител и судија на претходна постапка, У.В. е лишен од слобода. Против него, по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

UGTPZ-pat-sneg-kamion

Забрана за тешки товарни возила на патот Дебар-Струга

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози,наместа со остатоци од кашест снег.„Од превентивни причини вчера во 16.30 ч воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга.На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

1-3-1

Од денес нашата земја во светот е Република Северна Македонија

Од денеска, нашата земја во светот и официјално е Република Северна Македонија.„Договорот стапува на сила откако ќе биде ратификуван и во грчкиот парламент. Примената е јасно опишана внатре. За меѓународна употреба стапува веднаш. За домашна употреба со отварање на поглавјата, не повеќе од 5 години“, изјави Заев.Тој додаде дека откако договорот ќе биде ратификуван и во Грација, тие ќе ги известат сите земји во светот.По изгласувањето на уставните измени и Уставниот закон , промените уште денеска ќе се објават во Службен весник. Потпис од Претседателот Иванов не е потребен, иако тој најави дека нема да ги потпише одлуките за името кои беа донесени вчера. 

Македонија | пред 7 години

133838480-184601

МЗШВ: Пристигнати околу 300 понуди за давање под закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари

Вчера заврши рокот за поднесување на понуди за учество на јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари, велат од МЗШВ.„До Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство заклучно со вчерашниот ден пристигнаа близу 300 понуди за учество на овој јавен повик. Со оглед на тоа дека дел од понудите се праќани по пошта, се очекува да пристигнат уште понуди и конечната бројка ќе се знае во вторник следната недела.  Потоа ќе следува евалуација на пристигнатите понуди и склучување на договорите со земјоделците.Се работи за повик на кој за разлика од огласите за кои што МЗШВ ги објавува расположливите парцели , сега им се овозможи  на земјоделците доколку имаат информации каде има слободна земја, самоиницијативно да пројават интерес преку подготовка на геодетски елаборат и прибирање на сите потребни документи пропишани со јавниот повик.Јавниот повик беше наменет за целокупното земјоделско земјиште во државата или за 34 региони. Целта на овој повик е да се стави во функција целото расположливо земјоделско земјиште, особено оние парцели што не се атрактивни и што се со понизок квалитет од 4,5,6,7 и 8 класа, а кои што можат да се искористат за производство. Со овој јавен повик се создаваат  поволни услови, сите земјоделци кои веќе се занимаваат со земјоделство, оние што сакаат да го прошират своето производство или да започнат агробизнис, да склучат договор со МЗШВ и да дојдат до земјиште. На овој начин директно ќе се влијае врз зголемување на површините со обработливо земјоделско земјиште а со тоа и на производството на земјоделски производи. Воедно огласите за давање на земјиште под закуп  се и основа за аплицирање за ИПАРД 2 програмата и ќе придонесат за зголемување на бројот на апликации за оваа програма.Земјиштето за кое што ќе склучат договор треба да го искористат за  подигање на долгогодишни насади, оранжерии, долгогодишни насади со лешник, маслинарници, други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за брзо растечки дрвја, за рибници и за спортско-рекреативни активности и рурален туризам“, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Македонија | пред 7 години

policija-22

Уапсен маж кој се обидел да излезе од Македонија, се наоѓал на стоп листа на МВР

На 11.01.2019 година во 18,30 часот во Полициската станица за Граничен премин-Табановце, на излез од Р.Македонија лишен од слобода бил Г.Б. (29) од с.Голема Речица-тетовско, поради тоа што при проверка во Оперативната евиденција било утврдено е дека истиот евидира во стоп листа од МВР.Лицето било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

1-1-1

(ФОТО) Повик за ликвидација на Заев

На Фејсбук страницата „Зоран Заев Предвник број 1“ се појави фотографија на која над главата на Заев виси бесилка. На страницата во тек е кампања и повик за негова ликвидација. Овие фотографии се споделуваат од страна на интелектуалци и професори кои се против актуелната власт.Покрај оваа, постојат и други страници на кои се шири омраза и на истите секој може да напише што сака, без притоа некој да го контролира тоа.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Автомобил излета од патот и удри во четири паркирани возила, возачот итно пренесен во болница

На 12.01.2019 година во 03,10 часот било пријавено дека во Пробиштип на улицата „Миро Барага“ патничко моторно возило „Мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од К.А.(29) од Пробиштип, излетало од патот, притоа удирајќи во четири паркирани возила:  три возила “Голф“и едно возило “Опел Корса“.Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Јавната здравствена установа во Пробиштип, а потоа и во Клиничката болница во Штип за укажување на лекарска помош.Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од Полициската станица Пробиштип и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Заев: Сите знаат, а знае и Мицкоски дека тоа што го бара моли бога да не се случи

На прашањето дали ќе го прифатат предлогот на Мицкоски за вонредни парламентарни избори заедно со претседателските, тој изјави дека заедно со највисоките органи и тела на СДСМ ќе го отворат ова прашање.„Македонија треба да го искористи ова пред се за економијата и реформите. Сите знаат, а знае и Мицкоски дека тоа што го бара моли бога да не се случи, но бара првиот човек на опозцијата, затоа ќе размислиме. СДСМ заедно со своите највисоки органи и тела најборзо можно ќе го отвори ова прашање, следуваат претседателски избори и е вредно за размислување. На Македонија и треба отворена врата за да може да напредува. Ш том ќе донесеме одлука тоа ќе го соопштиме“, изјави Заев.Тој додаде дека политички за СДСМ и останатите партии е посакувано да има избори бидејќи тоа е можност за нови 4 години власт. 

Македонија | пред 7 години

Zaev

Заев: Фала богу не е потребен потпис од Иванов за вчерашните одлуки во Собранието

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција рече дека не е потребен потписот на Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.„Фала богу не е потребен потпис од Иванов. Вчера парламентот донесе одлука за прогласување на амадманите и законите и за нив не треба потпис од Иванов. Тие веднаш ќе излезат во службен весник“, изјави Заев. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Се преврте возило на патот Скопје-Тетово, возачот со тешки телесни повреди

На 11.01.2019 година околу 17,30 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, во близина на клучка Кондово, патничко моторно возило “БМВ“, управувано од В.М. (43) од Тетово, удрило во металните одбојници и се превртело.Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники “Мајка Тереза“.Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил изршен увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

priveden

(ВИДЕО) Приведени браќата од „Пука козметика“ на синоќешниот протест пред Собранието

Раперот Жарко Масларковски од дуото „Пука козметика“ синоќа бил приведен на протестот пред македонското Собрание. Видео од привеувњето синоќа објави својот Фејсбук профил неговиот брат Дарко.Приведувањето се случило додека Дарко имал обраќање во живо и покажува како најпрвин неговиот брат е легнат на улицата пред Собранието и потоа со лисици на рацете е внесен во комбе. На снимката може да се слушне и дека тој обвинува еден од полицајците дека го удрил.https://www.facebook.com/puka.kozmetika.3/videos/10156111860523367/Од МВР велат дека приведените нападнале полицец:„На 11.01.2019 година околу 21,20 часот на улицата “Димитрие Чуповски“ во близина на Порта Македонија, едно непознато лице физички нападнало полициски службеник. Лицето било приведено, но пред да биде внесено во службено возило дошло друго лице, кое исто така физички нападнало полициски службеник. Двете лица се приведени во Полициската станица Центар и било утврдено дека станува збор за Д.М.(35) и Ж.М.(35) од Скопје. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопштија од МВР.

Скопје | пред 7 години

download

(ВИДЕО) Експлозија во центарот на Париз, повредени неколку лица

Во центарот на Париз утрово дошло до експлозија, а според неофицијални податоци повредени се 15 лица меѓу кои еден пожарникар.https://www.facebook.com/RTnews/videos/2500588726624725/Полицијата соопшти дека експлозијата веројатно била предизвикана од истекување на гас во пекара во центарот на градот. Портпаролката на полицијата во Париз изјави дека пожарникарите моментно се наоѓаат на местото на експлозијата. Таа рече дека неколку лица биле повредени, но за среќа загинати нема.https://twitter.com/Jetlumm/status/1084008343784566784?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1084008343784566784&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3023136-cuo-se-uzasan-prasak-staklo-i-namestaj-bili-su-svuda-parizani-u-vesu-i-pizamama-izleteli-napolje-ovo-su-prvi-snimci-sa-ulica-pariza-foto-videoКако што изјави таа засега точниот број на повреди не се знае. Голем број полицајци, како и тимови на Брзата помош се присутни на самото место, а од населението се бара да ја избегнува областа каде што се случила експлозијата. 

Свет | пред 7 години

vakcini

Во Охрид, Струга, Вевчани ... вакцини со погрешни декларации

По изврешента внатрешната контрола, со сите здравствени домови во државата, пронајдени се 635 кутии од МРП вакцината, со залепена погрешна декларации.Вакви вакцини има во здравствените домови во Охрид, Струга, Вевчани, Крушево, Велес, Демир Хисар, Крива Паланка и Скопје.Спротиво на ова од министретсвото за здавство уедуваат дека Сите дози од МРП вакцината се со добар и проверен квалитет од реномираниот европски производител „Глаксо Смит Клајн“ од Белгија. МРП вакцината е безбедна и произведена во Европската унија. Има два сертификати, за квалитет од производителот и од контролна лабораторија.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања