Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

1-5

Сите институции се подготвени во случај на нови врнежи од снег

Вчера, во просториите на Центарот за управување со кризи, се одржа 10-та седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи со кој претседава министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. На седницата беше анализирана состојбата со врнежите од снег, ниските временски температури и отсечени/завеани населени места во Република Македонија.Членовите на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, секој во својот делокруг на надлежност, ги презентираа информациите со кои располагаат во однос на состојбата, со акцент на најкритичните точки кои имаат итна и неопходна потреба за теренска интервенција и констатираа дека службите на сите надлежни институции навремено, одговорно и професионално имаат пристапено при справување со состојбата поврзана со снежното време.Согласно најавите од страна на УХМР за нови снежни врнежи во наредниот период, a со цел уште поголема ефикасност во справувањето, Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи донесе неколку заклучоци: Сите граѓани на Република Македонија коишто сметаат дека се загрозени, како и сите граѓани коишто имаат сознанија дека други граѓани може да бидат загрозени од снежното време и ниските временски температури, да се јават на бесплатниот телефонски број 195 во Центарот за управување со кризи, со цел нивно понатамошно навремено доставување на информациите и податоците до сите надлежни институции; Да се активира Главниот штаб, истиот да биде во континуирано заседание и да се следат тековно состојбите предизвикани од снежното време и ниските временски температури во Република Македонија; Главниот штаб имајќи ги предвид временските прилики, како и расположливата опрема (материјално – технички средства, механизација и слично), во соработка со сите надлежни институции (Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Дирекцијата за заштита и спасување, Армијата на Република Македонија) во текот на денешниот ден да направи прецизна процена на состојбите на терен, план за постапување и идентификација на итни потреби согласно теренската состојба, како и потреба и локации за доставување на хуманитарна помош, храна и лекови. Полициските сили на Министерството за внатрешни работи и припадниците на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија да бидат подготвени за итни интервенции доколку е потребно; Министерството за внатрешни работи, во соработка со ЈП „Македонија пат“ да го зголемат бројот на дежурни служби и сообраќајни контроли и патроли, особено на повисоките места, кои ќе ги предупредуваат возачите за задолжително поседување на зимска опрема, но и медицинска кутија за прва помош, а по потреба ќе информираат и за забрани за движење и пренасочување на тешки товарни возила; Сите институции да бидат во постојана комуникација и координација, во функција на навремено преземање на превентивни мерки и активности и притоа сите информации и активности што се поврзани од снежното време и ниските временски температури во Република Македонија, навремено да бидат доставувани до Центарот за управување со кризи, со цел нивно понатамошно дистрибуирање и навремено постапување; Возилата и механизацијата на ЈП „Македонија пат“ да бидат во постојан и континуиран ангажман, со цел одржување на возната состојба на патиштата и нормална проодност на истите; Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Црвениот крст на Република Македонија, веднаш да ги преземе сите потребни активности за навремено и превентивно згрижување на сите бездомни лица, не само од територијата на Град Скопје, туку од целата територија на Република Македонија, како и навремено доставување на неопходни лекови или други медицински средства и слични неопходни потреби; Министерството за здравство, во текот на денешниот ден, во сите служби за итна медицинска помош низ Република Македонија да подготви план за постапување, да определи број на екипи и протокол за функционирање и постапување во услови на постоење на снежно време и ниски временски температури во Република Македонија; Министерството за здравство, во соработка со Агенцијата за лекови веднаш да направат анализа/проценка за евентуална потреба од достава на лекови до граѓаните кои имаат потреба од достава на лекови, а особено да се направи проценка преку системот на Управата за електронско здравство за тоа на кои лица кои примаат хронична терапија ќе им биде потребно достава на лекови, согласно подрачјето на живеење, особено во повисоките места; Министерството за здравство веднаш да достави наредба до сите ургентни центри во Република Македонија, со цел нивна целосна подготвеност и мобилност (со материјал, опрема и кадар) во случај на зголемена потреба од давање на здравствени услуги за време на снежното време и ниските временски температури во Република Македонија; Сите градоначалници веднаш да ги стават во користење сите расположливи ресурси (материјално – технички, кадровски, опрема, механизација и слично), а доколку имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси, во случај да не можат да се справат со снежното време преку своите расположливи ресурси/или при нивно целосно исцрпување, во тој случај да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување; Сите градоначалници веднаш да ги мобилизираат кризните штабови во нивните општини и во нив да ги вклучат локалните претставници од Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 7 години

sunderland1-830x0

Украл ротациско светло од полициско возило, полицијата бара помош од граѓаните

Полицијата во Велика Бристанија започна потрага по момче кое украло ротациско светло од полициско возило.Според медиумите ова е лош потег на момчето, бидејќи тој бил снимен од надзорните камери.На фотографиите може да се забележи како момчето држи сино ротациско светло и изгледа задоволно поради тоа што го направил.Инцидентот се случил на 26 декември 2018 година околу 5 часот утрото, а полицијата побара од граѓаните да се јават доколку имаат некаква информација за него.

Свет | пред 7 години

49721928_353393875477702_3728138725117394944_n

СДСМ: Целиот демократски свет им честитаа на историската одговорност на пратениците и граѓаните

Со усвојувањето на уставните измени имплементиран е Договорот од Преспа со јшто се отвораат перспективите кон светла македонска иднина во ЕУ и НАТО, велат од СДСМ.„Целиот демократски свет, Европската унија, САД, НАТО, Германија, Велика Британија, Европската комисија, Австрија и други го поздравија усвојувањето на измените на Уставот, честитаа на историската одговорност на пратениците и граѓаните и ја потенцираа нивната натамошна поддршка во процесот на интеграција во двата најмоќни сојузи во светот.Сами, без поддршка од граѓаните и целосно изолирани остана раководството на ВМРО-ДПМНЕ, Јанко Бачев и неговиот портпарол Христијан Мицкоски.Дебакл за маргинална група верна на кукавицата Никола Груевски, осамена во поразените политики на деструкција и изолација.На страна на граѓаните, напредокот и иднината е целиот демкократски свет, прогресивните демократски сили во државата.Македонското едно општество се издигна над политките на изолација и поделби, идентитетот е загарантиран, а македонската иднина во ЕУ и НАТО е обезбедена“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

hasim-taci-990x556-696x391

Хардинај и Тачи го поздравија изгласувањето на уставините измени во Собранието

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај и претседателот на државата Хашим Тачи го поздравија изгласувањето на амандманите на Уставот.„Го поздравувам изгласувањето на уставните измени во Собранието на Македонија за промена на името во Република Северна Македонија, како голем чекор на патот кон евроатлантските интеграции на соседната држава. Овој настан, кој е значаен за новата историја на Западен Балкан, претставува надеж дека нашиот регион оди во правец на еден опстоен мир. Го поздравувам мојот хомолог Зоран Заев за докажаната прозападна визија, како и Албанците од Македонија за клучната улога во овие промени“, напиша косовскиот премиер Рамуш Храдинај на Фејсбук.Косовскиот претседател, Хашим Тачи на Фејсбук напиша дека на овој начин Македонија направила голем чекор напред со што ги отвора перспективите за политичка стабилност.„Република Македонија или Северна Македонија, како што се именува сега, направи голем чекор напред, отворајќи ги перспективите за политичка сабилност, продолжување на реформите и интегрирање на земјата во северноатланските интеграции, со што им гарантира подобар живот на своите граѓани и на новите поколенија“, напиша Тачи на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Соборени израелски ракети над Дамаск

Сириската противвоздушнаодбрана собори неколку ракети над Дамаск, јави државната телевизија.Ројтерс пренесува дека сириските сили ги собориле повеќето од израелските ракети кои биле испукани врз предградие на Дамаск од страна на израелски борбени авиони.„Израелската агресија беше ограничена на напад врз складиште на аеродром близу Дамаск“, јави телевизијата.

Свет | пред 7 години

1-3-1

ВМРО-ДПМНЕ: 81 пратеник вчера донесоа срамна и незаконска одлука со која ја негираат волјата на македонскиот народ

СДСМ изврши незаконска, противуставна и насилна промена на уставното име на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„81 пратеник вчера донесоа срамна и незаконска одлука со која ја негираат волјата на македонскиот народ изразен на референдумот од 30 септември, кој не беше успешен и со тоа никој во државата нема легитимитет да постапува во спротивност на истиот.Со договорот од Преспа се нанесува огромна штета врз македонската држава и македонскиот народ. ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во негова моќ оваа неправда да биде исправена.Неправдата не смее да остане. СДСМ покажа дека ја води државата во погрешен правец. Токму затоа треба да си замине. ВМРО-ДПМНЕ бара распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, за оваа криминогена власт која и нанесе голем број на порази на државата и ја зацрни нејзината иднина да си замине“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Kvebek-terotisticki-napad-3-620x350

(ФОТО) Автобус удри во автобуска постојка, неколку лица го загубија животот

Неколку лица го загубија животот, а најмалку 17 се повредени кога автобус на два ката удрил во автобуска постојка во Отава, Канада.Началникот на полицијата, Чарлс Бордел изјави дека има неколку жртви, но не кажа точен број.Од болницата во Отава изјавија дека примиле девет пациенти кои биле во критична состојба.На фотографиите објавени на социјалната мрежа Твитер може да се забележи дека предниот дел од автобусот е оштетен, а горниот дел од автобуската постојка е забиен во вториот кат од автобусот.https://twitter.com/ChannelNewsAsia/status/1083961795415429120?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1083961795415429120&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3023111-nesreca-u-kanadi-autobus-na-sprat-se-zakucao-u-stajaliste-ima-zrtava

Свет | пред 7 години

h_53852795

Коѕијас: Северна Македонија, добредојде во нашите животи

Поранешниот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, го поздрави гласањето во македонскиот парламент коментирајќи дека историјата треба да биде училиште, а не затвор, пишува грчкиот весник „Катимерини“.„Разговарав со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Се присетивме на тешкотиите, заморот, тензиите, довербата и надежта со кои се соочивме додека работевме на договорот. Сонувавме за заедничка иднина на двата народа. Северна Македонија, добредојде во нашите животи“, напиша Коѕијас на Твитер.

Македонија | пред 7 години

zaev-cipras

Ципрас со честитка до Заев за успешното завршување на процесот на ревизија на Уставот

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, му честиташе на Зоран Заев за исходот од парламентарното гласање за уставните измени поврзани со договорот за името со Грција, соопшти кабинетот на Ципрас.„Премиерот Алексис Ципрас контактираше со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев и му честиташе за успешното завршување на процесот на ревизија на Уставот, врз основа на Договорот од Преспа“, соопшти кабинетот на Ципрас.Во Собранието вчера со 81 глас „За“, пратениците ги изгласаа уставните амандмани.

Македонија | пред 7 години

Stoltenberg-Zaev

Заев и Столтенберг разговарале телефонски, честитки до граѓаните и пратениците

Премиерот Зоран Заев преку својот Фејсбук профил им честиташе на граѓаните и пратениците за преземената одговорност и воедно му се заблагодари  за честитката на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, со кој вечерва разговарале телефонски.„Им честитам на граѓаните и на пратениците за преземената одговорност за уставните измени со којашто заедно ги отворивме вратите на НАТО и ЕУ за Република Македонија.Во исто време, изразувам благодарност до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за честитката којашто телефонски ми ја упати вечерва, и со која на сите граѓани на нашата земја го честита историскиот успех и новите перспективи кои се отвораат пред нас“, напиша Зоран Заев.Во Собранието вечерва беа усвоени уставните измени, со кои Македонија се обврза да го промени името во Република Северна Македонија

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево време со мала до умерена облачност

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските и претпладневните часови по котлините со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Утринската температура на целата територија на државата ќе биде под нулата, а во одредени места ќе достигне и до -14 степени, додека дневната ќе се движи од -5 до 4 степени.Во Скопје не очекува сончево време со мала до умерена облачност и температура од -8 до -2 степени.Во недела попладне облачноста ќе се зголемува, а во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Македонија | пред 7 години

UGTPZ-pat-sneg-kamion

Забрана за камиони на патните правци Маврово-Дебар и Дебар-Струга

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози,наместа со остатоци од кашест снег.„Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар.Забрана за сообраќај за автобуси има на патниот правец Тетово – П.Шапка.Од превентивни причини во 16.30 ч вчера е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга.На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

proslava-po-glasanjeto

(ФОТО) Џафери пуши, но се е дозволено кога се слави нели?

На прослава се дозволува се, па дури и во законодавниот дом. Оние кои ги носат законите и кои први треба да ги почитуваат, очигледно прават отстапки.На денешната прослава по собраниската седница на која беа изглесани уставните имени, покрај пијалок се запали и цигарче но и пура.Само за потсетување Владата во 2017 правеше измани во закон за пушење. Според новиот закон , не смее да се пуши во локалите каде се служи храна, а дали ќе се пуши во кафулињата ќе одлучат самите угостители. Тие одлучуваат да изберат дали сакаат во нивниот локал да се пуши и за тоа да платат лиценца или ќе останат на сегашното решение, пушењето и понатаму да биде забрането кај нив.Така е во кафулињата. А како е во законодавниот дом. Сега засега знаеме дека има налепници насекаде дека НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПУШИ. Но, за кого важат овие предупредувања?

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Столтенберг со честитка до Заев за успешното гласање во Собранието

Генералниот сектретар на НАТО Јенс Столтенберг, преку Твитер му честиташе на Заев за успешното гласање во Собранието.„Му честитам на премиерот Зоран Заев за собраниското финално гласање на Договорот од Преспа. НАТО силно го поддржува целосното имплементирање на Договорот, што важно допринесува до стабилен и просперитетен регион – напиша Столтенберг на Твитер.

Македонија | пред 7 години

proslava-po-glasanjeto

(ФОТО) Заев, Џафери, Ахмети и останатите слават за Северна Македонија

По завршивањето на собраниската седница прослава за успешно завршената работа.Инаку со 81 глас „за“ вечерва беа изгласaни амандманите за промена на Уставот. Со тоа од македонска страна нема пречка за имплементација на Договорот од Преспа. Сега следува негово гласање во грчкиот парламент.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Курц: Ова е охрабрувачки и голем чекор напред за пристапување на Северна Македонија во ЕУ

Aвстрискиот канцелар Себастијан Курц, преку својот Твитер профил го поздрави изгласувањето на уставните измени.„Усвојувањето на уставните измени од Парламентот во Скопје денеска е многу охрабрувачки и голем чекор напред во процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Се надеваме дека со ова се создава позитивен импулс во целиот регион. ЕУ е комплетна кога сите земји од Западен Балкан се приклучија“, напиша Курц.https://twitter.com/sebastiankurz/status/1083795568009318407?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1083795568009318407&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fmakedonija%2Fpolitika%2Fkurc-ova-e-chekor-napred-za-pristapuvanje-na-severna-makedonija-vo-eu

Македонија | пред 7 години

stojnce-stoilov

Стоилов: За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА !!!

Стојанче Стоилов не издржа, објави емотивен коментар на својот профил на социјалната мрежа фејсбук. Тој напиша:„Ментално нестабилни сме сите у државава што дозволуваме вака да ни прават !!!Срам да ни е на сите….За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА“ !!!https://www.facebook.com/stole.stoilov/posts/10217947473019683Инаку македонскиот пикер Стојанче Стоилов, денеска беше прогласен за најдобар играч на средбата каде Македонија ја совлада Јапонија на светското првенство во ракомет.Стоилов е мошне емотивен кога ќе се спомене Македонија и македонскиот идентитет. На крајот од месец декември македонскиот ракометен репрезентативец, Стојанче Стоилов демонстративно си замина од манифестацијата на Агенцијата за млади и Спорт, „Спортист на годината“ затоа што за прв пат годнава на оваа манифестација се боруваше и на албански јазик.

Македонија | пред 7 години

8fe0aef5abc446d46994a4ffd519dbff

Албански министер: Придонесот на албанскиот политички фактор повторно се покажа како одлучувачки фактор

По изгласувањето на уставните амандмани во Собранието, Министерот за Европа и надворешни работи, Дитмир Бушати на Твитер напиша дека придонесот на албанските политички партии во Македонија уште еднаш се покажал како одлучувачки фактор.„Конечното гласање на Преспанскиот договор во Парламентот на Македонија претставува јасна потврда на политичката способност за деблокирање на патот кон НАТО и ЕУ. Придонесот на албанскиот политички фактор повторно се покажа како одлучувачки фактор. Честитки“, напиша Бушати. 

Македонија | пред 7 години

pogreb-makedonija

IN MEMORIAM: Република Македонија

Лавина од коментари на социјалните мрежи предизвикаја денешната седница на која беа изгласани уставните измени. Клетви, неверување од една страна и среќа и задовлство од друга страна. За едните Македонија почина денеска, за другите земјава конечно тргна да го оди вистинскиот пат.Проклети да сте предавници е најчестиот пост кој се постира вечерва, или пак оној каде тагува за починатата земја.

Македонија | пред 7 години

1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров: Горд сум што сум на вистинската страна од историјата

По изгласувањето на уставните амандмани во Собранието, Министерот за надворешни работи, Никола Димитров се огласи на Твитер.”Испишуваме историја со отворање на нашата иднина. Докажавме дека чуда се можни. Покажавме дека сме Европејци, не само географски, туку и според европските вредности. Горд сум што сум на вистинската страна од историјата”, напиша Димитров на Твитер.https://twitter.com/Dimitrov_Nikola/status/1083795451793551360

Македонија | пред 7 години

Zaev

СДСМ: Мицкоски, Груевски, Бачев и Иванов работеа против граѓаните и против ЕУ и НАТО, но не успеаја

Засекогаш ќе остане запаметено: Мицкоски, Груевски, Бачев и Иванов работеа против граѓаните и против ЕУ и НАТО, но не успеаја, велат од СДСМ.„Победи сигурната иднина наспроти темното минато.Победи напредокот наспроти кочењето и блокадите.Победи вистинскиот патриотизам наспроти служењето за туѓи антизападни интереси.Граѓаните се горди на сите пратеници кои го поддржаа членството во НАТО и ЕУ со заштитен и загарантиран македонски идентитет.Кога ќе има избори не зависи од Мицкоски, туку од приоритетите на граѓаните и државата.А портпаролот на Бачев, Христијан Мицкоски, може да се спрема само за нов пораз на кои било избори.Антизападниот Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразени токму од граѓаните на следните парламентарни избори, без разлика кога тие ќе се одржат.Граѓаните нема да дозволат нов Иванов,ниту нов Груевски.ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на Мицкоски и Груевски ќе се соочат со пораз на претседателските избори годинава“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

49614633_2010774012562955_2459227316534902784_n

(ФОТО) Министерот Филипче ја вакцинира својата внука со игла со капаче

Веќе одреден период Министерството за здравство преку прес-конференции и кампањи на социјалните мрежи повикува родителите да ги вакцинираат своите деца со вакцината МРП.Министерот за здравство, Венко Филипче пред неколку дена на Фејсбук објави дека ја вакцинирал внуката Илина, во обид да ја охрабри македонската јавност, а особено скептиците и заговорниците против имунизацијата.„Единствено добро што родителите можат да направат за своите деца е да им овозможат добро здравје, грижа и многу љубов. Утрово, во амбулантата Млин Балкан ја вакциниравме мојата внука Илина. Вакцините се безбедни, ефикасни и нѐ заштитуваат од разни болести“, напиша Филипче на Фејсбук.Но, денес на социјалните мрежи се појави истата фотографија од блиску, па многумина ја наметнаа идејата дека всушност станува збор за игла со капаче.  

Македонија | пред 7 години

dzes-bejli12-620x336

Честитки и од Бејли: Македонија донесе историска одлука

Македонија донесе историска одлука, вашето Собрание гласаше за да ги усвои уставните измени што се потребни за да се имплементира Договорот од Преспа со Грција, истакна американскиот амбасадор Џес Бејли во неговото обраќање по усвојувањето на уставните измени.https://www.facebook.com/USEmbassyMacedonia/videos/317392068890376/

Македонија | пред 7 години

mickoski

(ВМРО) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ бара распуштање на парламентот и одржување на вонредни избори заедно со претседателските

„Денес ИК  на ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратеничката група беше во постојано заседавање и ги донесе следните заклучоци:ВМРО-ДПМНЕ не ја подржува промената на Уставот со цел промена на името, идентитетот, културата и историјата и тој став е непроменет и се темели на партиската идеологија и е базиран на одлуката на народот потврдена на референдумите на 8 септември 1991 и 30 септември 2018.ВМРО-ДПМНЕ смета дека промената на Уставот со цел промена на уставното име, промената на идентитетот, кутурата и историјата се направи на насилен и криминален начин по пат на притисоци закани и пазарење. Одлуката за промена на името е одлука на 81 пратеник, не е одлука на Македонските граѓани. Со ова се суспендира волјата на граѓаните. Ова е чин на предавство.Со овој договор се нанесува штета на македонската држава. ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во негова моќ оваа неправда да биде исправенаДенес се покажа дека Македонија со Заев губи и доколку овие луѓе од СДСМ останат на власт Македонија ќе продлжи да губи и на ова и на сите други полиња. Ова мора да престане да се промени, а ќе се промени доколку овие луѓе си заминат од власт. Поради ова ВМРО-ДПМНЕ бара распуштање на парламентот и одржување на вонредни избори заедно со претседателските.Почитувани граѓани, вие давате и земате власт затоа избори се потребни на кои народот ке има глас да каже каква Македонија сака: Северна Македонија на Зоран Заев или Македонија на народот .Овие црнила на Заев ќе бидат поразени, а Македонија ќе победи и зората ќе изгрее“, изјави Мицкоски на денешната прес-конференција. 

Македонија | пред 7 години

6-2

Комитите на ФБ: Пpeдaвcтвo не пpocтувaме! Сега ќе се насмевнете, затоа што се чувствувате безбедни, но ќе се смени се наскоро

Комитите се огласија на социјалната мрежа фејсбук. Тие напишаа:Нашата мајка штотуку беше силувана од 81 манијак, силувањето беше координирано од 1 организатор плус 1 директен помагач за надворешна употреба, плус 39 воајери, нејзини синови и ќерки, неми посматрачи на овој гнасен чин на групен инцест.Сите ќе одговараат пред судот на народот! Ни во гробовите нема да имаат мир, нивните имиња и презимиња ќе бидат погрдни зборови од најпоган вид, клетви од најстрашен вид, нивните ликови ќе бидат користени како карикатури, како црни ликови во човечката историја кои го продадоа својот род, калаштури врз чие тело е исфрлан секретот на најгнасното што постои и што го гази ова наше парче земја, секрет на душмани...Во продолжение лик од статусот на комитите на ФБ....https://www.facebook.com/KomitiZapad87/posts/2003535683034040

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања