Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев наметна нови давачки кои дополнително ќе влијаат на нискиот стандард

Новата година започна со нов удар по џебот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Зоран Заев им наметна нови давачки кои дополнително ќе влијаат на нискиот стандард. Годинава ќе плаќаат повисоки даноци земјоделците, договорците, вработените во ИТ индустријата. СДСМ спротивно на укажувањата на експертската јавност, бизнис секторот, стопанските комори, продолжи со имплементирање на погубните политики за прогресивен данок, на штета на граѓаните со цел остварување на своите лични интереси.СДСМ удира и по најсиромашните кои среќата си ја бараат во обложувалниците или игрите на среќа. СДСМ сака да одземе дел и од малите довивки кои овие луѓе ги прават среќни.„Оттаму додаваат дека Заев ја третира буџетската сметка како своја лична банкарска сметка која ја користи за спроведување на свои лични хирови и исплата на партиските потрчковци.„Парите од зголемените даноци, парите на граѓаните ќе завршат во џебовите на новите заменици директори во јавните прептријатија назначени по партиски клуч кои ќе ја чинат државата неверојатни 2 милиони евра. Парите од зголемените даноци ќе одат за поголемите плати на вицепремиерите, повисоки за 8 илјади денари, пари со кои голем дел од македонските граѓаните преживуваат во текот на еден месец.Помина уште една година, завиена во црнила. Година во која криминалната и одродена власт предводена од аболицираниот Заев на граѓаните им донесе неуспеси и порази на секое поле. Граѓаните се осиромашени и понижени, животот дојде единствено за државните и партиските фунцкионери на СДСМ кој се богатат на грбот на граѓаните. Партиските потрчковци ги полнат своите џебови благодарение на црните и кримални, тендери и грантови.Наместо живот, власта донесе црнила. Наместо проспиретет, уназадување и неработење. После две години власта нема решение за најгорливиот проблем на граѓаните, аерозагадувањето, проблем кој одзема илјадници животи годишно.Зората е пред нас, а таа ќе ги истера црните облаци кои надвиснаа над Македонија, дента кога Заев седна во премиерската фотелја. Зората е олицетворена во духот на народот, граѓаните кои се спремен да се спротивстават на неправдите кои ги донесе СДСМ. Граѓаните ќе ги поразат црнилата, ќе го поразат Заев на следните избори и ќе го испратат политичката историја“, се наведува во соопштетието.

Македонија | пред 7 години

nasa

Сондата „Нови хоризонти“ ќе ни обезбеди фотографии од Плутон - крајот на овој сончев ситем

Во првите часови од новата 2019 година вселенската сонда „Нови Хоризонти“ (New Horizonsна НАСА би требало да дошла до најоддалечената точка од Сончевиот систем до која некогаш стигнал уред од Земјата.Од ноќеска на полноќ почна праќање на фотографиите од просторите зад Плутон , од светот на мразот , кој човечкото око до сега не го видело. Мисијата почна пред 20 тина години , кога серија не многу скапи летала биле пратени во вселената за да истражуваат одделни делови на Сончевиот систем.Според научниците, сондата утрово требало да стигне до вселенскиот камен наречен Ултима Тул, кој се наоѓа 6,4 милијарди километри оддалеченост од Земјата, на надворешниот раб од нашиот Сончев систем.https://twitter.com/NASA/status/1079905296238211073?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1079905296238211073&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.radiomof.mk%2Fsondata-novi-horizonti-na-nasa-na-novogodishnata-nokj-stignala-do-krajot-na-soncheviot-sistem%2F„Нови Хоризонти“ е толку далеку што научниците од мисијата немаат начин да се соочат со евентуални проблеми на кои можела да наиде сондата, туку сè е оставено на вградениот софтвер во објектот.Првите фотографии од Ултима Тул најрано ќе стигнат утре, а оние со подобар квалитет дури на 3-ти јануари.

Магазин | пред 7 години

venecija

Венеција и Турција ќе наплаќаат туристички такси

Новиот буџет на Италија вклучува и такса за влез на туристи кои ја посетуваат Венеција. Туристите досега плаќаа 1,5 евра такса за секоја ноќ која ја поминуваат во хотел или изнајмен стан, од сега од 2,50 до 10 евра дневно во зависност од времето на посетата. Целта е да се намали бројот на туристите , кои го гушат градот , како и да се наполни градската каса. Венецијанците долго време се жалеа дека масовниот туризам го поплави градот, и не се почитуваат неговите живописни канали.Таксата ќе се применува само за туристите, но не е јасно дали ќе го замени градскиот данок, кој веќе е наметнат на гостите на хотелите. Овој данок акумулира околу 30 милиони евра годишно, а "данокот за пристигнување" може да генерира околу 50 милиони евра.Покрај Венеција и Турција од 1 јануари 2019 година ќе собира туристичка такса во износ од 1,5 евра. Таксата ќе се наплаѓа на аеродромите при пристигнувањето на туристите, соопштија локалните медиуми. Таксата ќе се собира за туристите кои веќе платиле екскурзија до земјаата, за новите резервции таа ќе биде вклучена во авионските билети и ќе се наплаќа од превозниците

Свет | пред 7 години

cf37299692163a2754fab2808b5c6850_w790

Деца ставиле петарди во тенџере, едно од нив завршило на Одделението за хирургија

Дванаесетгодишно момче од Штип е повредено при пукање петарди. За време на новогодишната ноќ тој заедно со неговите другари ставиле петарди во тенџере. По пукањето на петардите тенџерето летнало и удрило во главата на момчето.Тој веднаш бил пренесен во Одделението за хирургија во клиничката болница во Штип.

Македонија | пред 7 години

0-102

САД и Израел излегоа од УНЕСКО

САД и Израел официјално излегоа од агенцијата на Обединетите нации за култура, наука и образование (УНЕСКО) поради загриженост дека овие организации се пристрасни против Израел.Владата на американскиот претседател, Доналд Трамп го објави повлекувањето во октомври минатата година, а потоа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучи да го стори истото.Нивното повлекување, претставува нов удар за УНЕСКО чиј коосновач по Втората светска војна беше САД со цел да се поттикне мирот.Агенцијата чие седиште е во Париз, е критикувана поради осудата на израелската окупација на Источен Ерусалим, како и со останатите политики кои во последно време ги спорведува Израел.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Трамп: Додека јас сум во Белата куќа и работам, вие таму се забавувате и славите

Американскиот претседателд Доналд Трамп  преку видео снимка на Твитер им посака среќна Нова година. Тој Новата 2019 година ја дочека во Белата куќа сам, а не на раскошниот бал со сопругата Меланија.„Додека јас сум во Белата куќа и работам, вие таму се забавувате и славите, но не ве обвинувам“, изјави Трамп.https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1079888205351145472?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1079888205351145472&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F293229%2Fdonald-tramp-so-cudna-novogodisna-poraka-se-oglasi-na-tviter-vie-slavete-dodeka-jas-rabotamТој на сите им посака да уживаат и да се забавуваат, а Новата 2019 година да им биде успешна и среќна.Исто така Трамп се осврна на двегодишната работа на неговата администрација, во кои, како што истакна, е многу сработено.„Никогаш во една администрација не е направено повеќе од оваа што направи во првите две години од мандатот. Економијата расте, растат платите на вработените по многу години, луѓето работат една работа наместо две или три. Постигнавме договори со Москва, Канада и Северна Кореја, за кои сите рекоа дека е невозможно. Ветив и работиме одлично како земја“ истакна Трамп и вети дека ќе биде подобро и поубаво во иднина.

Свет | пред 7 години

cAnk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTTJZN01EQV8vYTAwYzk0NDIzNWY4ZGE3MDFhNTgyMDU3ZTExNWYyM2MuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Од денес стапува на сила закон со кој може да се купи Црногорски пасош

Во Црна Гора од денес почнува примената на одлуката на Владата за економско државјанство, која овозможува странските инвеститори да добијат црногорски пасош.Инвеститорот може да стекне црногорско државјанство на неколку начини,  ако на сметка се уплатат 100.000 евра за развој на помалку развиените единици на локалната самоуправа.Државјанство може да се стекне и доколку на сметка уплати најмалку 450.000 евра за потребите за вложување на еден од развојните проекти во Подгорица или износ од 250.000 евра за вложување во еден од развојните проекти на сверниот или централниот дел на Црна Гора.Парите ќе бидат уплатени во посебен Фонд од кој ќе се финансира изградбата на инфраструктурата во помалку развиените општини, а пред се во северните делови на земјата.

Свет | пред 7 години

1879897888888888888888-620x350

(ФОТО) Ранета е и девојка во пукањето во Белград, се вршат претреси на сите излези од градот

Во пукањето кое се случи утрово во Белград, ранета е и девојка која исто така била во колата.Од попладневните часови полицијата во Белград започнала акција со која на сите излези од градот се наоѓа патрола. Патролата ги контролира сите сомнителни автомобили, пишува српски Блиц.Според информациите кои ги имаат, осомничениот не го напуштил градот, па поради тоа на излезите од градот се вршат претреси.https://twitter.com/IvanIgnjat/status/1080098955466342405?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1080098955466342405&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fhronika%2Fnovi-detalji-pucnjave-na-adi-huji-uz-mladica-upucanog-u-glavu-povredjena-i-devojka%2Fdth3wcsНајголема гужва има на патот Белград-Ниш, кај наплатната рампа „Врчин“, каде е формирана колона во должина од три километри.„Полицијата стои пред рампите и ги контролира таблиците“, велат на социјалните мрежи.Во Ургентниот центар примена е девојка и веднаш е започнато со дијагностика. Се уште нема информации за нејзината состојба.

Свет | пред 7 години

1546298212974-0102-620x350-1

(ФОТО) Северина Новата 2019 година ја дочека на Малдиви

Познатата пејачка Северина и нејзиниот сопруг одлучија Новата година да ја дочекаат на Малдиви.https://www.instagram.com/p/BsEOXgghERi/Брачниот пар Коиќ им ја честиташе Новата година на фановите со неколку фотографии од дочекот. На фотографиите може да се забележи дека Северина за оваа специјална прилика одбрала долг розев фустан.https://www.instagram.com/p/BsEKAvnByzC/На патувањето заедно со нив е и Александар, синот на Северина од првиот брак.

Магазин | пред 7 години

maz-germanija

Германец кој мразел странци, со автомобил се обидел да „покоси“ случајни минувачи

Маж со автомобил со голема брзина влетал во група пешаци за време на новогодишната ноќ во западна Германија, при што биле повредени најмалку четири лица.Возачот (50) со „мерцедес“ прво се обидел да удри во група луѓе во Ботроп по полноќ, но пешаците успеале да се тргнат од патот. Потоа напаѓачот во центарот на Ботроп со возилото удрил во група луѓе, меѓу кои имало Сиријци и Авганистанци, а потоа побегнал во Есен, каде неуспеал да удри во лица кои чекале на автобуска станица.Германската полиција утрово го уапси возачот. Според нив нападот бил насочен кон странци.

Свет | пред 7 години

Grabez-pistol

Во пресрет на Нова Година, маскирани лица ограбиле хотел во Скопје

Вчера околу 19:20 часот во хотел во Скопје три непознати лица извршиле разбојништво и со закана со пиштол одзеле пари.СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

ivanov-vo-kicevo.-2jpg

Иванов: Очекуваме годинава Армијата да го добие тоа што и припаѓа, конечно да станеме членка на НАТО

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов, денеска, на првиот ден од Новата година, ги посети припадниците на АРМ во касарната „Чеде Филиповски-Даме" во Кичево.Претседателот Иванов на припадниците на АРМ кои извршуваат должност за време на новогодишните празници им ја честита Новата 2019 година, посакувајќи им многу здравје, среќа и радост, како и исполнување на сите нивни очекувања.„Очекуваме оваа година да биде успешна за Армијата, односно Армијата да го добие тоа што и припаѓа, конечно да станеме членка на НАТО, да ја добиеме поканата и Македонија конечно да биде членка на НАТО", истакна претседателот Иванов.Македонскиот претседател имаше заеднички ручек со припадниците на АРМ во касарната „Чеде Филиповски-Даме", а новогодишните празници, преку видео-конференциска врска, им ги честиташе и на припадниците распоредени на јужната граница како и на учесниците во мисиите во Авганистан, во Либан и во Босна и Херцеговина, на кои им посака успешно завршување на мисиите и враќање во своите домови.Претседателот Иванов по повод новогодишните празници упати честитки и до сите граѓани на Република Македонија, посакувајќи им како што се сплотени, радосни и среќни за време на празниците, така да бидат и во текот на целата година.„Живееме во време кога се случуваат огромни промени, како кај нас така и во регионот и во светот, и во овој период на големи промени, пред се треба да останеме луѓе, да се почитуваме меѓусебе, да си веруваме и да се насочиме кон иднината, да обезбедиме посигурна иднина за сите наши поколенија", рече македонскиот претседател.

Македонија | пред 7 години

eksplozija-gasa-u-rusiji-5-830x0

(ВИДЕО) Пронајдено бебе под рушевините во Русија, однесено е на реанимација

Спасувачие под рушевините на станбената зграда која вчера се сруши поради експлозија на гас, пронајдоа десетмесечно бебе. Бебето под рушевините било 35 часа.Состојбата на бебето е критична, истакна тимот на итната помош.„Десетмесечното бебе е ивлечено од рушевините. Моментално е во болница, а неговата состојба е критична“, велат докторите.Во понеделникот околу 2 часот по средноевропско време, еден дел од зградата се сруши поради експлозија на гас. Според податоците од Министерството за вонредни ситуации на Русија уништени се 26 станови во кои живееле 46 лица. Спасувачите предупредуваат дека се уште постои опасност од рушење и на други делови од зградата.

Свет | пред 7 години

slika-1

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Владимир Ѓорчев положи цвеќе на гробот на Киро Глигоров

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Владимир Ѓорчев, пратеник во Собранието на Република Македонија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, положи цвеќе и оддаде почит на 7- годишнината од смртта на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија.„ВМРО-ДПМНЕ оддаде почит за Глигоров, првиот претседател на Република Македонија и учесник во АСНОМ, кој несебично се вложи себеси во градењето на независна Република Македонија, која што денес токму неговите партиски наследници ја погазуваат менувајќи го Уставот со цел менување на уставното име и идентитет“, велат од партијата.

Македонија | пред 7 години

kursum-645x360

Додека седела во својот дом ја погодил заталкан куршум

На 31.12.2018 година околу 20,00 часот во Скопје на улица „Македонско Косовска бригада“ додека А.Д.(36) седела во својот дом, од заталкан куршум кој поминал низ покривот се здобила со повреди констатирани во Градска општа болница  „Св. Наум Охридски“ Скопје.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Штипјанец извршил полов напад врз малолетничка

На ден 31.12.2018 год. во 14,30 часот во СВР-Штип пријавен е полов напад врз малолетничка од страна на Б. Н. (19) од Штип.Известен е јавен обвинител, кој издал наредба за лекарски преглед на лицето. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

policija-22

Молери му побарале капар од 100 евра, па го истепале и му ги одзеле телефоните и парите

На 31.12.2018 година во 09.50 часот А.Д.(48) пријавил дека на 30.12.2018 година околу 16.00 часот во неговиот дом на улица „Браќа Чакреви“ во Скопје Љ.Н. и други две непознати машки лица кои извршувале молеро - фарбарски услуги, му побарале 100 евра за капар, по што физички го нападнале и му одзеле телевизор, двд, звучници, пари и два мобилни телефони.Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Скопје | пред 7 години

siluvanje

Обид за силување во Струга

На 31.12.2018 година во 18,20 часот во Полициска станица Струга К.М. (37) од Струга вработена во спортска обложувалница на улица „Пролетрски бригади“ во Струга, пријавиле дека две машки лица се обиделе да ја силуваат.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

12-годишни деца повредени во сообраќајка, итно пренесени во Клиниката во Штип

На 01.01.2019 година околу 02,00 часот на крстосница од улица "Сремски фронт" и улица "Борис Крајгер" во Штип се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило "Ауди" со винички регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(25) од Виница, во кое сопатници биле М.М.(21) од Штип и П.Т.(26) и М.А.(25) двајцата од Виница и патничко моторно возило "Мазда" со струмички регистарски ознаки,  управувано од В.С.(38) од Штип, во кое како сопатници биле две лица на возраст од 12 години од Штип.По незгодата со возило на Итна медицинска помош во Клиничка болница Штип се пренесени сопатниците од возилото "Мазда" при што кај една од нив се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пожар во куќа во Оризари, пронајдено мртво едно лице

На 01.01.2019 околу 10.15 часот е пријавено дека настанал пожар во куќа во село Горно Оризари, велешко, сопственост на Р.М.(80). При гаснење на пожарот од страна на Противпожарна екипа Велес пронајден е починат Р.М..Се врши увид.

Македонија | пред 7 години

PER_1935

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров

Владина делегација што ја предводеше министерот за здравство Венко Филипче, во придружба на министерот задолжен за подобрување на инвестициската клима за домашните компании Зоран Шапуриќ, и заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, положи свежо цвеќе на гробот на покојниот поранешен претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.Како прв претседател на самостојна и независна Република Македонија, Глигоров имаше клучна улога во процесот на политичкото осамостојување на Македонија и нејзиното меѓународно признавање.Остануваат запаметени, меѓу другото, и неговите ставови за добрососедските односи дека „ние со сите наши соседи сакаме да имаме добри, пријателски односи, да имаме што поотворени граници, и да се свртиме кон оние проблеми кои не обединуваат, кои бараат заемна соработка – економска, политичка, и друга... И да ја оставиме историјата на страна“.

Македонија | пред 7 години

DSC_3615

(ФОТО) Македонските ѕвезди ја честитаат новата година

Македонските јавни личности на полноќ објавија фотографии со кои ја честитаа Новата 2019 година на своите следбеници на социјалните мрежи.„Среќна Нова година драги пријатели, ве сакам сите“ им порача водителката Лила Филиповска на своите следбеници на Инстаграм.https://www.instagram.com/p/BsEc898lORy/„Драги мои, Ви посакувам ваква среќа на сите како што ми е мене на фотографијава. Среќна Нова и само здравје (и чист воздух) Живели!, напиша Тамара Тодевска.https://www.instagram.com/p/BsEWNrPnagt/?utm_source=ig_embed„Ви посакувам многу здравје, среќа и љубов. Нека 2019 година биде година на триумфи, веселби и прослави. Нека се реализираат сите ваши соништа и соништата на вашите сакани. Среќена Нова година!, напиша Маријана Станојковска на својот Инстаграм профил.https://www.instagram.com/p/BsEBYcWBzEy/?utm_source=ig_embed„Со најсветли чувства ја дочекувам Новата 2019 Година!Во неа посакувам секое бездомно животно да има семејство кое ќе го сака и чува!Сакам сите постари луѓе да имаат одлично здравје и секогаш да имаат покрај себе некој кој се грижи за нив!Сакам сите деца на светов да имаат комплетно семејство исполнето со љубов и слога!И уште Ви посакувам на СИТЕ мнооооогу среќа и мнооооогу љубов!Од желби толку.А моите лични желби зависат само од мене, затоа ќе си посакам само безгранична љубов зошто тоа е причината поради која ние постоиме 🙏🏼Среќна Нова 2019Искрено Ваша Лоб“, напиша Викторија Лоба.https://www.instagram.com/p/BsDnYyCHxH2/?utm_source=ig_embed„Спремни сте за следните нови големи изненадувања во Новата година? Јас сум спремна“, напиша Калиопи.https://www.instagram.com/p/BsEDtj4A9B0/https://www.instagram.com/p/BsA-7Pbl_Nj/

Магазин | пред 7 години

voz-avtobus-2

78-годишна жена е шеста жртва во железничката несреќа кај Ниш

78-годишна жена е шестата жртва која им подлегнала на повредите по тешката железничка несреќа кај Ниш , во која воз преполови автобус. Таа починала во нишкиот Клинички центар со скршена бутна коска и карлица , како и нагмечени ребра.Шеснаесет годишното девојче пак со иницијали Л.И. се разбудило од кома. Сепак , докторите велат дека здравствената состојба и натаму и е сериозна.Заа потсетувње пред десет дена во близина на Ниш се случи тешка сообраќајна несреќа во која на самото место загинаа четири лица , од кои двајца тинејџери.

Свет | пред 7 години

IMG-0837c2447811d2e12c32b1552ec7cd08-V-01

Спасовски: Резултатите што беа постигнати во 2018 година на ГП “Богородица“ годинава ќе бидат подобрени

Чест и задоволство ми е што првиот ден од Новата 2019 година заедно со моите соработници сме овде на Граничниот премин Богородица, меѓу нашите колеги од Полициската станица за граничен надзор Богородица и што имам можност директно да им ја честитам новата година на полициските службеници, рече министерот Оливер Спасовски по денешната посета на полициската станица на граничниот премин Богородица.Граничниот премин Богородица како исклучително фреквентен, ако не и водечки во тој смисол, според обемот на работни обврски заслужува должно внимание и секаква поддршка во насока на што поефикасно и поквалитетно функционирање од аспект на полициското работење.„Искрено верувам дека резултатите што беа постигнати во 2018 година од страна на нашите колеги на ГП “Богородица“ годинава ќе бидат уште подобрени“, рече Спасовски.Министерот Спасовски оцени дека главно состојбата во текот на новогодишната прослава може да се окарактеризира како мирна и стабилна од аспект на безбедноста, така што генерално министерството за внатрешни работи може да биде задоволно од она што е сработено во текот на ноќта, но и претходно во деновите пред празниците, особено во делот на превенцијата.Министерот Спасовски во свое име и во име на раководството на министерството им ја честита новата 2019-година на сите вработени во МВР, но и на сите граѓани со желба и надеж дека годинава пред нас ќе ни биде далеку поуспешна на сите полиња, приватно и професионално.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Седум лица, од кои три деца го загубија животот во пожар во Русија

Седум лица од кои три се деца, го загубија животот во голем пожар кој зафати една куѓа во рускиот град Орск.Децата кои настрадале имале шест и четири години, а едно од нив било бебе кое имало пет месеци.Пожарникарите примиле повик во 5:57, а веќе во 6:13 пожарот бил локализиран.Причината за пожарот е се уште непозната. 

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања