Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

pokana-eng

Нова изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска

Третата самостојна изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска, насловена „Хексагон„ ќе биде отворена на 10 ноември, со почеток во 19 часот, галерија Eville Soe во Софија.„Хексагон„ е новиот инспиративен предизвик на Јованка Јанкоска, филигрански осмислен и на оваа третата самостојна и прва меѓународна изложба.Со сребрената жица како медиум Јанкоска ги синтетизира традиционалните и модерни креативни тенденции така што хексагонот, што е во основата на формата, низ оплеменување со филигранот во техниката и методите на создавањето, добиваат универзални уметнички димензии.Накитот создаден со уникатна и впечатлива естетика, како оригинално, единствено надополнување на убавината на жената, едновремено е и впечатлив изложбен експонат на Хексагон.Изложбата традиционално е со продажен карактер и ќе трае до 09 декември.

Магазин | пред 7 години

viktorija

Исчезнатата Викторија се врати дома

Петнаесетгодишната Викторија која пред една недела беше пријавена за исчезната, вчера се вратила во куќата на нејзините родители. Како што соопштуваат од МВР, нејзината мајка ја известила полицијата дека малолетничката се вратила дома во село Суводол.За сега не е познато што се крие во позадина на исчезнувањето на девојчето, но од полицијата соопштуваат дека се испитуваат деталите за нејзиното исчезнување.

Македонија | пред 7 години

orce_kamcev_-_01-640x426

СЈО во 6 часот утрово влезе во сите фирми на Орце Камчев

Обвинители од Специјалното јавно обвинителство утринава во 6 часот влегле во сите фирми на бизнисменот Орце Камчев !Информацијата предмалку за Скопје1.мк ја потврдија и од СЈО.Според првите информации СЈО од 6 часот утрово врши претрес во седиштето на „Орка холдинг“ и во други фирми надвор од Скопје, врз основа на судска наредба.Акцијата е со асистенција на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција на МВР, велат неофицијално од СЈО, но не кажуваат за какви сомневања станува збор, односно какви кривични дела истражуваат со инспекторите од организиран криминал од МВР.Нема информации во моментов додека трае претресот ни дали се врши заплена, а ни дали е некој уапсен.

Македонија | пред 7 години

holangjanec

Холанѓанец сака да ја промени годината на раѓање бидејќи „трансродовите луѓе можат да го променат полот“

Еден Холанѓанец смета дека треба да има право законски да ја промени својата година на раѓање бидејќи „трансродовите луѓе можат да го променат полот”, пишува УНИЛАД.69-годишниот Емил Рателбан сака официјално да има 49 години бидејќи на тој начин може да се врати на работа и да добие шанса да го видат повеќе жени на „Тиндер“.Емил, кој е гуру за самопомош, тврди дека неговите лекари му кажале дека има тело на 45-годишен маж, па затоа поднел барање во документите да му го променат датумот на раѓање на 11 март 1969 година, иако бил роден на 11 март 1949 година.Локалните власти го одбија неговото барање поради што тој ги тужеше повикувајќи се на тоа дека „трансродовите луѓе можат да го променат полот, па и тој би требало да може да ја промени возраста”.

Свет | пред 7 години

pozar

Апокалиптични сцени од Калифорнија: Десетина илјади луѓе евакуирани поради пожар

 Десетина илјади луѓе се евакуирани на северот на Калифорнија поради голем шумски пожар. Загрозени се неколку населби, а засега не е познато дали има жртви или повредени.Полицијата соопшти дека евакуацијата важи за целиот град Парадајз кој има 27 000 жители и се наоѓа на околу 300 километри од Сан ФранцискоПожарот се шири брзо поради силниот ветер, сувата трева и ниската влага во воздухот. Над Парадајз се издигнал густ црн чад кој можел да се види од оддалеченост од неколку километри.Затворен е и автопатот во тој тел, а националната метеоролошка сллужба издаде црвен аларм за опасност од пожарите во повеќе делови на Калифорнија.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Договорот за Брегзит ќе биде објавен во вторник

Договорот за Брегзит ќе биде објавен во вторник, откако ден претходно ќе го разгледа британската Влада, тврди уредникот на „Тајмс“ Сем Коутс, повикувајќи се на нацрт агенда за која е разговарано во Лондон.– Според еден нацрт од агендата за која е разговарано денеска во Вајтхол – „Кабинетот преферира в понеделник“ вели Коутс.Тој нагласува дека британскиот министер за Брегзит, Доминик Раб ќе има состанок со главниот преговарач од ЕУ Мишел Барние во вторник,  истиот ден кога ќе биде објавен целосниот договор за повлекувањето и дека ќе се разгледува политичка декларација. Според него, премиерката Тереза Меј ќе се обрати в среда во Долниот дом на Парламентот. Самитот на ЕУ би можело да биде одржан меѓу 23 и 25 ноември. Велика Британија треба да ја напушти ЕУ до 29 март.Договорот за Брегзит ќе биде објавен во вторник, откако ден претходно ќе го разгледа британската Влада, тврди уредникот на „Тајмс“ Сем Коутс, повикувајќи се на нацрт агенда за која е разговарано во Лондон.– Според еден нацрт од агендата за која е разговарано денеска во Вајтхол – „Кабинетот преферира в понеделник“ вели Коутс.Тој нагласува дека британскиот министер за Брегзит, Доминик Раб ќе има состанок со главниот преговарач од ЕУ Мишел Барние во вторник,  истиот ден кога ќе биде објавен целосниот договор за повлекувањето и дека ќе се разгледува политичка декларација. Според него, премиерката Тереза Меј ќе се обрати в среда во Долниот дом на Парламентот. Самитот на ЕУ би можело да биде одржан меѓу 23 и 25 ноември. Велика Британија треба да ја напушти ЕУ до 29 март.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Во Хрватска поднесена прва пријава за ширење лажни вести

Хрватската полиција поднесе пријава против еден 34-годишен маж, кој измислил приказна дека бил нападнат од мигранти, што претставува прва тужба во Хрватска за ширење лажни вести.Мажот снимил видео на кое инсценирал дека бил нападнат од мигранти во местото Оточац, по што видео снимката и ја предал на една новинарка, раскажувајќи и ја приказната за измислениот напад.Смимката била објавена на една локална телевизија, по што реагирала полицијата по службена должност, при што открила дека мажот воопшто не бил нападнат, поради што против него покрена прекршочна пријава за ширење лажни вести.Согласно хрватскиот Закон за прекршоци против јавниот ред и мир, за ширење лажни вести е предвиена парична казна или казна затвор во траење до 30 дена.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Ципрас вети нови 10 илјади работни места

Грчкиот премиер Алексис Ципрас вети дека во идната година, кога му истекува мандатот, ќе бидат отворени 10 илјади работни места во јавниот сектор и враќање на парите на илјадници јавни службеници оштетени со мерките за штедење. Тој во интервју за телевизијата Алфа рече дека тоа ќе биде можно поради договорот со Грчката црква на свештениците да им се одземе статусот на јавни службеници. Парламентот претходно усвои закон за враќање на околу 820 милиони евра одземени со намалување на платите на 280 илјади војници, полицајци, лекари, судии и професори. Грција во август излезе од програмата за помош, а догодина ја очекуваат парламентарни избори.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Дијалогот меѓу Белград и Приштина заглавен поради данокот на српски стоки

Српскиот претседател Александар Вучиќ по состанокот во Брисел со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, која посредува во дијалогот помеѓу Белград и Приштина и косовскиот претседател Хашим Тачи, изјави дека дијалогот ќе продолжи кога Приштина ќе ги повлече противправните мерки. „Изминатите денови, добивме одлуки од властите во Приштина, во кои тие противправно со ЦЕФТА договорот го зголемуваат за 10 насто данокот на стоки од централна Србија. Никој особено за ова не се возбуди во Европа. Тие зборуваат за формирање на косовска војска што е против бриселскиот договор. Се обидуваат да ја исфрлат Србија од северно Косово и тоа противправно. Не сакаат да ја слушнат нашата одлука“, изјави Вучиќ за РТС. Косовскиот претседател Хашим Тачи пак по разговорите ја обвини Србија дека била „агресивна и арогантна“. Тој додаде дека дијалогот не може да се води со ултиматуми, ниту со агресивен глас.„Останува да се види како работите ќе се движат во иднина“, рече тој, оценувајќи дека е момент за нов замав за да се искористи историската шанса Косово да дојде до признавање.

Свет | пред 7 години

rasprava

Продолжува расправата за вториот нацрт-амандман на Уставот

Комисијата за уставни прашања ја продолжи расправата за нацрт уставните амандмани, во рамки на втората фаза од постапката за менување на Уставот на Република Македонија. Таа вчера го усвои Првиот нацрт-амандман за промена на Уставот со десет гласови „за“ и пет проти, со кој се предлага замена на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот освен во член 36 каде има историски аспект, а ја започна и расправата за вториот нацрт амандман со кој во Преамбулата на Уставот одлуките на АСНОМ се заменуваат со Прогласот од АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор. И на вториот ден опозицијата и власта останаа на спротивни ставови.Опозицијата повторно обвини дека целиот процес за промена на името и Уставот се одвивал нетранспарентно и без консензус и оти не е испочитувана волјата на народот искажана на референдумот. Предложија со нацрт-амандман да се обезбеди заштита на сето она што значи менување на уставно име.На ова реплицираше заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски кој ги отфрли обвинувањата дека процесот бил нетранспарентен и оти не била консултирана опозицијата. Посочи дека биле одрзани шест тет-а-тет средби за да се објасни целиот процес.За вториот Нацрт-амандман со кој во Преамбулата на Уставот одлуките на АСНОМ се заменуваат со прогласот од АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен диговор. Опозицијата обвини дека со овој амандман и измените што се прават во Преамбулата се бришат деветте одлуки на АСНОМ, од кои, како што рекоа,  четири имаат државотворно значење. Заменувањето на одлуките со Прогласот, рече не смее да се прави, бидејќи Прогласот е само известување до граѓаните за донесените одлуки. Вметнувањето на Рамковниот договор, според пратениците од опозицијата, е дополнително проблематично и тоа отвора можности за федерализација и бинационална држава. Со ставањето на Рамковниот договор во Преамбулата, се отвора можност да се прогласи албанскиот јазик за службен на целата територија на државата.На ова реплицираше Жерновски, кој истакна дека тоа е апсолутна невистина и груба измама на граѓаните на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

grujo

Пратениците на пленарна ќе одлучуваат за мандатот на Груевски

Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска на пленарна седница треба да одлучуваат за одземање на мандатот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. За да се оствари тоа потребно е двотретински мнозинство што се поизвесно е дека нема да биде овозможено, со оглед на тоа што независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и „За заедничка Македонија“ се изјаснија дека нема да го поддржат предлогот на Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.Собраниската Комисија со мнозинство гласови во средата го прифати барањето на судот да му се одземе пратеничкиот мандат на Груевски заради издржување на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот мерцедес во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство што пак одлуката на пратениците не го одложува извршувањето на казнатаБарањето за одземање на мандатот на Груевски е според членот 59 од Деловникот на Собранието на РМ. Со него се предвидува за пратеникот осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на пратеничката функција, известување до претседателот на Собранието да достави судот кој ја изрекол казната.Со овој член од собранискиот Деловник е предвидено Предлог за одземање на мандатот на пратеник да поднесе Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието. По предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на пратеникот, Собранието води претрес на првата наредна седница, а претресот може да заврши со донесување одлука за одземање на мандатот на пратеникот или со заклучок дека нема елементи за одземање на мандатот на пратеникот. За да му биде одземен мандатот на Груевски на Собранието му е потребно двотретинско мнозинство.Груевски вчера требаше да се јави на издржување на затворската казна. Но тој и неговите адвокати поднесоа жалби против решението на судијата за извршување санкции кој постапува по предметот. Од судот информираат дека од денеска тече рокот од три дена во кои Кривчниот совет треба да донсе одлука по жалбите.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Почнува судењето за смртта на Никола Саздовски

Со воведни зборови денеска ќе почне првото рочиште од судењето за убиството на 20-годишниот член на навивачката група „Комити“, Никола Саздовски. Обвинети за смртта на Саздовски се Бесир Б. и Скендер Р., а процесот ќе го води судијката Даниела Алексовска-Стефановски.Саздовски на 29 јуни беше претепан на автобуската станица во Автокоманда, а по десетина дена борба за живот, тој почина на КАРИЛ. Неговата смрт предизвика протести со осуда и барање правда. Саздовски беше претепан со боксови и клоци во главата и градите, а кога паднал на земјата и изгубил свест, напаѓачите продолжиле со ударите.Основното јавно обвинителство Скопје изврши преквалификација на кривичното дело за смртта на Саздовски кога првичната квалификација наиде на бурни реакции од јавноста.Имено, наместо за кривично дело насилство од член 386, став 6 во врска со став 3, во врска со став 1 од Кривичниот законик, против тројцата обвинети, од кои едниот сè уште е во бегство, ќе се води судска постапка за кривично дело убиство извршено на свиреп начин од член 123, став 2, точка 1 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 7 години

delije-pavkov-620x350

(ВИДЕО) „Делиите“ на Павков му пееа под прозор

Звезда во вторникот го победи Ливерпул со 2:0, а вистински херој на црвено-белите беше Милан Павков кој беше стрелец на двата гола.Дел од навивачите најдоа каде живее, па во ноќните часови го посетија.Со пиротехника, почнаа да му пеат под прозор, а фудбалерот излезе на балкон за да ги поздрави. Тие ја пееа навивачката песна која згрме на „Маракана“ по головите на центарфорот.https://twitter.com/ciiciimiicii/status/1060449878852149249?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1060449878852149249&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fpacienti%2Feuforijata-ne-splasnuva-delii-mu-peea-serenada-na-pavkov-pod-prozor-video

Свет | пред 7 години

1540818041861-tan2018-10-294729740-620x350

(ВИДЕО) Авион удри во бандера

Авион на компанијата Лајан Ер удри во бандера пред полетувањето. Пред една недела авион на истата авиокомпанија се сруши над Индонезија и во истиот загинаа 189 лица, а истрагата е се уште во тек.Авионот Боинг 737-900 се движел по пистата на аеродромот во Бенгкул во Индонезија, и со левото крило удрил во бандера.Патниците биле сместени во друг авион и со доцнење од 4 часа пристигале на посакуваната дестинација.https://videos.dailymail.co.uk/video/mol/2018/11/08/8096828023992765489/1024x576_MP4_8096828023992765489.mp4Надлежните известуваат дека авионот е приземјен и дека истиот нема да може да лета додека не заврши истрагата.

Свет | пред 7 години

struja-1

Без струја делови од Чаир, Гази Баба, Ѓорче и Центар

Корисниците од делови од скопските општини Чаир, Гази Баба, Ѓорче Петров и Центар денес ќе бидат без електрична енергија, соопшти Центарот за управување со кризи.Од 8.30 до 12.00 часот, на улицата „Серава" и дел од улицата „Џон Кенеди" ќе има прекин на електрична енергија, додека во населба Синѓелиќ, од 10.00 до 12.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „Сава Ковачевиќ".Во Општина Ѓорче Петров, од 9.00 до 15.30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Ѓорче Петров" и во период од 9.30 до 14.00 часот на дел од улиците „Борис Серафов" и „Крсто Раковски", како и дел од булеварот „Партизански одреди" – делот кон „ЈСП – Скопје", ќе има преки на електричната енергија.Од 10.30 до 13.00 часот ќе има прекин на електричната енергија на дел од улиците „Козара" и „Шарски одред" во Општина Центар.

Скопје | пред 7 години

111111111111DSC_5033

Соопштение: По 40 години, Радовиш добиваат ново погребно возило

Општина Радовиш испрати соопштение дека добиле ново погребно возило, истото, ви го презентираме во целост:„Со цел обезбедување на квалитетни и ефикасни комунални услуги за потребите на граѓаните, градоначалникот Герасим Конзулов изврши примопредавање на нова градежна машина - универзален ровокопач утоварувач, како и промоција на специјалното комунално возило за собирање и транспорт на смет-донација од рудникот Бучим.Во присуство на градоначалникот Конзулов и претседателот на општинскиот совет Коле Чаракчиев, директорот на комуналното претпријатие Дејан Крстев го презентираше новото погребно возило.Директорот истакна дека по 40 години радовишани добиваат ново погребно возило со кое се решава еден долгогодишен проблем на претпријатието со застареноста на возниот парк.Градоначалникот најави и ново специјално возило за чистење на улиците и тротоарите на градот со што продолжува инвестирањето во модернизацијата на опремата на јавното комунално претпријатие“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ФОТО: Лени Кравиц во врска со тинејџерка

Лени Кравиц отсекогаш бил најголем заводник меѓу пејачите, се чини дека со текот на годините не се менува… На листата на жени со кои се забавувал се запишани и Никол Кидман, Ванеса Паради, Мишел Родригез, Адриана Лима, Наоми Кемпбел, Мадона, Стела Макартни.Не треба да се заборави ниту актерката Лиза Бонет, единствената која успеа да го однесе пред олтар и со која ја има ќерката Зое. Лени и Лиза беа во брак шест години, од 1987 до 1993 година, и ден-денес се во многу добри односи  и се голема поддршка еден на друг.Лени, кој веќе навлезе во шестата деценија, сепак, не мирува кога станува збор за љубовта… често менува жени и има многу авантури. Иако се чинеше дека конечно се смири покрај 30-годишниот модел Барбара Фијала, со која беше од почетокот на годината, виден е  со друга жена. Тинејџерка, всушност!Лени со новата избраничка е фотографиран во Мајами пред неколку дена, се шпекулира дека таа се занимава со моделство и дека има само 19 години, иако нејзиниот идентитет сè уште е непознат за  јавноста.Фановите го осудија изборот на познатиот пејач забележувајќи му што е 10 години помлада од неговата ќерка, а имаше и коментари во врска со изгледот на оваа млада дама – многумина не се одушевени од неа по сите убавици што ги имаше Кравиц во минатото.https://www.instagram.com/p/BoUsi4TH6c5/?utm_source=ig_embed

Магазин | пред 7 години

sestra

Истепана медицинска сестра на КАРИЛ

Медицинска сестра од Ургентинот центар вработена на КАРИЛ била претепана ноќесна по 2 часот, од роднина на пациент кој починал. Од ударите таа се здобила со тешки телесни повреди, а добила и закани по живот. Министерот за здравство, Венко Филипче, го осуди инцеитентот и побара од МВР полицајци да обезбедуваат дел од клиниките.Директорката на КАРИЛ, д-р Маја Мојсова вели дека вакви инциденти често се случуваат. Според неа, роднините на пацинетите не смеат правдата да ја земат во свои раце. Мојосова вели дека никој не може да ја извршува својата работа ако добива закани, а влезната врата на КАРИЛ не е во функција поради насилните упади на дел од роднините на пациентите.Министерот Оливер Спасовски уште ноќеска по 2 часот кога се случил инцидентот, бил запознаен со истиот. Попладнево, министрите ќе разговараат за мерките кои ќе треба да се преземат. Предлогот е да се воведе полициско обезбедување на Клиниките за гинекологија, детски болести, заедно со КАРИЛ и Ургентинот центар.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Пожар во струшко село, огнот стигнал до куќите во селото

Веќе неколку дена гори пожар во шушата во близина на границата со Албанија и претставува опасност да се запалат и  куќите во околните села. Пожарот од шумата Дримкол стигнал до селото Луково.До овој момент иако е пријавено, никој не преземал ништо за гаснење на пожарот, велат жителите. Таму нема пристигнато ниту противпожарни бригади, додаваат тие.Огнот го гаснат селаните кои сами се мобилизираат. Селото е населено прежно со постари лица.

Македонија | пред 7 години

megafoni

Половина граѓани не веруваат дека медиумите се независни

Речиси секој втор Македонец, односно 50,4 проценти, смета дека медиумите во Македонија се зависни, а само 15 отсто велат дека медиумите во земјава се независни, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење „Перцепции на граѓаните за медиумите и надворешната политика“, спроведено од „Ипсос Македонија“, нарачано од Медиумската програма во Југоисточна Европа на Фондацијата „Конрад Аденауер“.На прашањето колкава доверба имате во новинарите, во зависност од возрасната категорија на испитаниците, процентот варира од 38-40 отсто анкетирани кои одговориле дека имаат мала доверба или воопшто немаат доверба во новинарите. Само 14 проценти од испитаниците имаат голема доверба во работата на новинарите.Македонците најчесто се информираат од телевизијата – 71 отсто, на второ место се социјалните мрежи 46,9 проценти, од веб страниците на јавните институции 12,4, од радиото 12, додека од печатените медиуми само 8,7 проценти.Половина од анкетираните, 51,2 отсто, одговориле дека најмногу и веруваат на телевизијата како медиум, без одговор биле 28,1 отсто, на социјалните мрежи им веруваат 17,7 отсто, на веб страниците на јавните институции седум отсто, на содржините на радиото им веруваат 5,9 отсто, додека на печатените медиуми 4,6 проценти.Иако телевизијата ужива голема доверба, 39 отсто од населението смета дека лажните вести и дезинформациите се дистрибуираат преку телевизијата, додека ова мислење е уште повисоко за социјалните мрежи – 44 отсто.– Ова се тажни резултати за новинарството во Македонија. Истражувањето покажа дека има голем простор за подобрување во однос на независните медиуми, кои се централни точки во демократијата, меѓудругото и преку обуки и дообуки на новинарите – рече раководителот на Медиумската програма во Југоисточна Европа Хендрик Зитих.

Македонија | пред 7 години

ustav-377azh2f7fc47opw8fy5mo

Комисијата даде поддршка за „Република Северна Македонија“

Втор ден расправа за првиот нацрт-амандман од уставните измени. Комисијата за уставни прашања го поддржа првиот нацрт амандман на Уставот, за кој 10 члена гласаа „за“, пет беа против.Овој амандман, се однесува за замена на зборот „Република Македонија“ со зборовите „Република Северна Македонија“, освен во во членот 36 каде што името има историски контекст.

Македонија | пред 7 години

mijalkov-1

Мијалков до Мицкоски: Нели клечеше и се колнеше во Македонија, каква конструктивност му вети на Хан?

Поранешниот член на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, кој неодамна беше исклучен од партијата, повторно упати отворено писмо до лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. Во него тој наведува дека ниту едно претходно раководство на ВМРО не доживеало ваков срам на меѓународната сцена од сестринските партии.Во продолжение интегрално го пренесуваме отвореното писмо:Христијан,Ниедно претходно раководство на ВМРО не доживеало ваков срам на меѓународна сцена од сестринските партии кои се дел од Европската народна партија, а се надевам дека нема ни да доживее во иднина.Се надевам и посакувам во иднина секој прв човек на ВМРО дека ќе биде фактор кој ќе биде прашан околу тоа дали ќе има една или две партиски делегации и кој ќе биде во тие делегации. Ти не си фактор и наместо да ја обединиш и зацврснеш партијата, ти ја слабееш и ја делиш.За тоа си крив ти, твоето лицемерие, лажниот патриотизам и твојата незаинтересираност за иднината на Македонија.Во иста вечер јавно да те бламираат и да ти пишуваат пораки на социјалните мрежи и Дорис Пак и Јоханес Хан не говори ништо друго, освен што покажува дека и тие ги прочитале твоите лаги и не ти веруваат. Одлучиле да ти твитнат за да не ти текне да си пренесеш само тоа што ти одговара и да лажеш дека имаш поддршка за штетата што ја предизвикуваш и по Македонија и по ВМРО.Така е тоа Христијане кога играш дупло. Така е тоа Христијане со искусни политичари кои знаат дека твои советници од доверба шетаат по Скопје и зборуваат “а да си побаравме ние друг партнер, на исток”.Јасно е зошто партијата не праќа соопштение за средбата со Дорис Пак и Јоханес Хан.Во иста вечер претседателката на асоцијацијата на жени во рамки на ЕНП, Дорис Пак да ти каже дека твојот лажен патриотизам е неприфатлив за Европа, а од друга страна Еврокомесарот Јоханес Хан да ги нотира твоите заложби да не го опструираш процесот во парламентот е бламажа од светски, а не само од европски рамки.А, што правиш ти Христијане ? Праќаш банални соопштенија, додека луѓево со кои што се среќаваат твоите соработници организираат протести пред домовите на пратениците.Биди еднаш искрен и признај и пред членството и пред граѓаните, какви се тие твои заложби за конструктивност кои му ги вети на Хан ? Дали Хан лаже за твоите заложби ? Дали му кажа на Хан дека Македонија ти е пред се и дека ти ќе го спречиш договорот без тазлика на цената ? Дали му кажа дека и да не успееш сега да го спречиш, доколку дојдеш на власт нема да го реализираш тоа што ќе зависи од тебе ?Нели Христијане клечеше, се крстеше и се колнеше во Македонија? Која е сега таа конструктивност која што СЕГА ти стана повредна од Македонија ? Има ли твојата “борба за Македонија” цена и која е таа ? Дали ќе организираш протести и дали во Собранието ќе ги искористиш сите средства за да го блокираш договорот од Преспа, а такви средства имаш многу ?Ќе предложиш ли Христијане неколку илјади амандмани или ќе ти бидат виновни други пратеници кои не биле доволно ангажирани ? Ќе организираш ли секојдневни протести пред Собрание за да покажеш колкава поддршка имаш од народот или ќе ги обвиниш структурите дека биле пасивни ? Ќе сториш ли нешто или ќе се правдаш како имало нова реалност, а ти кутриот не си моќен да преземеш ништо ?Ти кажав и пак ќе ти кажам, тоа што го правиш не е чесно и не доликува на човек што треба да го води ВМРО. Сакаш да дојдеш на власт ама ти да си патриотот, а другите да се предавници. Сакаш да газиш преку туѓи животи. Кукавички и ниско од некој што треба да води организација како ВМРО.Прочитан си Христијане дека играш двојно со нашето членство и целиот народ. Извини се на членството за двојните игри и лицемерито. Извини се и на граѓаните на Македонија што ги лажеше дека ти ќе си го бранел името до крај.Христијан,Подолг стаж во ВМРО имам и од тебе и од твоите соработници. Овие писма до тебе имаат само една цел, а тоа е да го спасиме и направиме посилно ВМРО. Ти не си ВМРО. ВМРО е над тебе. Ти си времено на функција во ВМРО. Доколку ВМРО загуби на претстојните избори затоа што е изолирано, тоа ќе биде само заради тоа што немаш капацитет. Крајно време е да размислиш и одлучиш, за вракање на прозападниот курс, зацртан во трајните определби на партијата.

Македонија | пред 7 години

leto

Хуманитарен концерт на „Охридско лето“ со врвните руски уметници Синчук и Науменко

Директорката на Националната установа фестивал „Охридско лето“,Наташа Поповиќ, в недела, на 11 ноември во црквата „Света Софија“  со почеток во 19 часот  ќе организира хуманитарен концерт на класична музика со врвните руски уметници пијанистот Александар Синчук и флејтистот Aртем Науменко. Тие ќе изведат дела од Бах, Доплер, Рахмањинов, Алиабиев, Прокофјев, Кларк, како и од други композитори.Настанот од областа на класичната музика ќе биде бесплатен за посетителите, а на влезот од црквата ќе има кутија за донации, каде што посетителите ќе можат да дадат свој придонес за 15-годишната охриѓанка Сара Настеска на која и’ се неопходни 200 илјади евра за лекување во Германија.Младиот пијанист Александар Синчук е роден во градот Находка, Приморски Крај во Русија. Како студент на московскиотконзерваториум под менторство на професоротВалериПиасетски, почесен уметник на Рускатафедерација, Александар Синчук стана лауреат на многупрестижнинатпревари по пијано.Меѓудругите има и Прва награда на Четвртиот Меѓународеннатпревар на Рахманинови златенмедал на Деветтиот меѓународеннатпревар за младипијанистиво сеќавање на ВладимирХоровиц.Во февруари 2009 година, Александар Синчук успешно дебитираво салатаКарнегиХол во Њујорк.Во 2010 година младиотпијанистизведе 37 концерти на големата турнејаниз САД. Во 2014 година, Александар Синчук ја заврши престижната Дипломска програма со почести на музичкаташкола USC Торнтон во ЛосАнџелес, САД, во класата на  светскипознатиотпијанистДаниелПолак. Во февруари 2017 година, Александар Синчукучествуваше на церемонијата за затворање на третитеСветскиИгринасловени како ЦИСМ во Сочи.Неговите настапи денес се одржуваат во најдобритеконцертнисалинизРусија, како што се Големата сала на Московскиотконзерваториум, СалаСветланов во Меѓународниотдом на музиката во Москва, Концертнатасала на Марински театар и во странство: во Србија, Бугарија, Украина, Италија, Шпанија, Австрија, Германија, Франција, Данска, Луксембург, Швајцарија, Израел, САД, Мароко, Порторико, Турција, Кина, ЈужнаКореја ...Од 2014 година Александар Синчук е ангажиран во педагошкатаработа.Во 2015 година почна да работи како асистентпрофесор на Московскиотдржавенконзерваториум.Тојчесто дава мастеркласови во Европа, Америка и Азија.Флејтистот АртемНауменко е роден во 1992 година во Саратов, Русија. Со музика започнувауште од петгодишнавозраст. На 10 години Артемвлегува во Централнотомузичкоучилиште во Москва, и студира со професоритеЈуриДолжиков и Александар Голишев. Во 2010 година, го завршуваучилиштето со почесенуспех и го продолжува своето образованиена  Државниот конзерваториум „Чајковски" во Москва, исто така со професорГолишев  каде што дипломира со почести во 2015 година. Две години подоцна, Артеммагистрирал на флејта и продолжува со студиите на Конзерваториумот во Париз во класата за камерна музика на професоротМишелМорагуес.Тој е лауреат на Интернационалниоттелевизискинатпревар во 2006 година и победник на Меѓународниотнатпревар во Падова, Италија, во категориите на дувачкиинструменти и виртуози во 2007 година. Победник е и на  натпреваротМладиталенти на Русија во 2008 година. Науменко ја добинаградатаНационалентриумф и бешепрогласен за младпобедник во областа на литературата и уметноста во 2007 година.Науменко редовнонастапува и  во парискиансамбли, како и во дувачкиотквинтет„Апалон“ и триото„Фламиарт“. Настапувал исто така и со Парискиот камерен оркестар, Државниот оркестар на Филхармонијата на Русија, Државниот камерен оркестар„Московскивиртуози“, Лирскиотсимфонискиоркестар на Париз, Претседателскиоторкестар на Русија, Државниот дувачки бенд на Русија, СимфонискиотфилхармонискиоркестарСаратов , Омск, Кострома, Јарослав. Тојнастапил и со Чешката филхармонија (диригентПинхасСтајнберг) во 2010 година, и редовно добива покани да настапи како првафлејта во камерниоторкестар„Московскивиртуози“.

Македонија | пред 7 години

edinstvena-makedonija-so-mukoski-sredba

Единствена Македонија: Задоволни од средбата со пратеникот Мукоски

Кризниот штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување  избори „Македонија- блокира“ синоќа во рамките на народниот собир во Вевчани  оствари средба со пратеникот Крсто Муковски во неговиот дом, соопшти Единствена Македонија.Оттаму велат дека со Мукоски разговарале во пријатна атмосфера на кафе, со домашна македонска ракија направена лично од домаќинот. На средбата, како што велат, биле разменети мислења за актуелната состојба во државата, во која марионетската власт во Скопје е во очајнички поход по секоја цена да избрише сè што е македонско и зошто пратеникот Муковски не треба да учествува во ова национално злосторство спрема македонскиот народ и македонската држава.Ја информираме јавноста дека изразуваме задоволство од исходот на средбата. Сè уште ништо не е готово. По средбата со пратеникот Муковски, сега со големо охрабрување ги очекуваме и наредните средби со останатите уценети пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

todorov-han

ФОТО: Тодоров разговарал со Хан за перспективите на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

„Утрово остварив средба со Евро Комесарот Г-динот Јоханес Хан, на која разговаравме за евро-перспективите на Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ и за заканите и притисоците со кои се соочуваат сите оние кои мислат поинаку од актуелното раководство на партијата. Од двете страни беше изразена силна подршка за евро-интегративните процеси на Македонија и потребата од имплементација на реформите неопходни за интеграција на Македонија во ЕУ.Беше истакната и неопходноста од демократизација на партијата преку измена на статутот на партијата со цел ВМРО ДПМНЕ да продолжи да дејствува како европска, модерна центар-десна партија.Од страна на Евро-Комесарот беше потенцирано дека заканите и притисоците мора да запрат, и беше изразена јасна подршка за одлучните и храбри чекори кои се во правец на интеграција на Македонија во Европската Унија“, напиша ексминистерот за здравство, Никола Тодоров.https://www.facebook.com/TodorovNikola/posts/2222864067748268

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања