Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Скопје1.мк

keln

Заложничка драма во Келн, се слушаат истрели

Заложничка драма е во тек на главната железничка станица во Келн, а според некои информации се слушаат и истрели.Околу 12:45 часот полицијата добила дојава дека напаѓач зел заложници и се забаракадирал во амбулантата или во ресторан на станицата.Според полициски информации, напаѓачот има еден заложник.Полицијата го опколи целото подрачје.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Заев понуди помирување, мнозинството се уште неизвесно

Премиерот Зоран Заев на првиот ден од пленарната расправа за уставните измени рече дека е потребно помирување за настаните кои се случија на 27 април минатата година. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги задржаа своите критики на резултатите од референдумот и на како што тврдат лошиот договор со Грција.Пленарната седница за уставните измени почна со истата неизвесност како и претходните денови за тоа дали има двотретинско мнозинство за пристапување кон измена на Уставот. Бројот на пријавени говорници, п

Македонија | пред 7 години

oruzje

ЕУ усвои нов режим на санкции против употребата на хемиско оружје

Советот на министри за надворешни на ЕУ во Луксембург денеска усвои нов режим на санкции за спречување на употребата на хемиско оружје, јави дописничката на МИА од Брисел.Отсега ЕУ ќе биде во можност да воведе санкции врз лица и ентитети инволвирани во развивањето и употребата на хемиско оружје, без разлика на нивната националност или локација.Санкциите ќе можат да се однесуваат и на оние кои даваат финансиска, техничка и материјална помош или пак оние кои охрабруваат, асистираат или се поврзани

Свет | пред 7 години

poplavi

Страшни поплави на југот на Франција, шестмина мртви

По обилните дождови, југот на Франција го погодија поплави, јавуваат агенциите.Како што јави страницата Севир ведер Јуроп, најлошо е во покраината Од, каде што нивото на реката Орбиел драматично пораснало.Во поплавите смртно настрадале шест лица, јавуваат француските медиуми, кои додаваат дека синоќа во тој регион паднало количество дожд што вообичаено паѓа за неколку месеци.

Свет | пред 7 години

zemjotres

Земјотрес на Халкидики, почувствуван и во Солун

На грчкиот полуостров Халкидики во северна Грција околу пладне е забележан земјотрес со јачина од четири степени според Рихтер.Како што пренесува грчката агенција АНА, според податоците на сеизмолошката станица на Аристотелскиот универзитет во Солун, епицентарот на потресот бил на 10 километри западно и северозападно од градот Арна.Се наведува дека земјотресот бил на мала длабочина и дека се почувствувал во близината на Солун.

Свет | пред 7 години

lorenco

Лоренцо Сера: Македонија не е проститутка, па ЕУ да сака да ја купи

Tенденцијата е јасна – Македонија има многу добра можност да стане членка на ЕУ, но има домашна задача што треба да се направи, а тоа е имплементација на реформите, изјави денеска шпанскиот амбасадор во Македонија Емилио Лоренцо Сера.Тој тврди оти голема лага е дека никој не ја сака Македонија во ЕУ, алудирајќи на дел од кампањата што се водеше пред референдумот.– Многу од реформите што Европската унија ги бара од Македонија да ги имплементира, се за доброто на македонските граѓани. Целта е да с

Македонија | пред 7 години

ademi

Адеми: Во говорот на Заев апсолутно немаше повик за амнестија на обвинетите за 27 април

Премиерот збореше за помирување, подавање рака, помирување на поделбите, апсолутно немаше повик за амнестија. Едно е судските процеси, друго е интересите на државата. Факт е дека сме поделени, партиски, етнички и по сите основи, народот исто како и политичарите, сите сме сити од поделби. Помирувањето и пружањето рака има човечка димензија, амнестијата е нешто друго, вели за Макфакс министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, по што додаде дека медиумите погрешно ја протолкувале и

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Бензините и дизелот поскапуваат

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 1, 1,5 и за 2 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.Цената на еуросупер БС-95 и на еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1, односно за 1,5 денари за литар. Новата цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 74,5 денари за литар, додека малопродажната цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 76,5 денари за литар.Дизелот ќе поскапи за 2 денари на 69 денари за литар.Екстра лесното масло за домаќинство, пак, ќе поскапи 2,5 денари

Македонија | пред 7 години

fb_img_1539157220668

Да и помогнеме на оваа мајка од Скопје да и се радува на Дарија

Да подадеме рака, и да помогнеме. Да дариме живот на еден човек! Со нашето малку да помогнеме на оние на кои помошта им е најпотребна. На овој млад брачен пар во овие тешки моменти им е потребна нашата помош. Како што стои во објавата на мајката, поради предвремено породување и критична состојба на нивното бебе, тоа е задржано во единствената приватна клиника која нуди стручна нега за неговото опоравување. Цената на третманот е вртоглава, па затоа тука мора да стапи на сила подобрата страна на м

Македонија | пред 7 години

zaev

Заев нуди амнестија за 27 април ако опозицијата поддржи уставни измени

Премиерот Зоран Заев, на денешната собраниска седница за отворање на Уставот согласно Договорот од Преспа, на која е неизвесно дали ќе се постигне неопходното двотретинско мнозинство, побара политичките актери од двете спротивставени страни да си простат за крвавите настани во парламентот на 27 април.-Ајде да си простиме, прв чекор нека биде 27 април. Тогаш, сите бевме можна мета од изманипулирани поединци, па сега е одлична прилика, застанувајќи заедно за иднината на Македонија и нашите деца, д

Македонија | пред 7 години

5766496

Бугарија до македонските пратеници со бугарски пасош: Ќе ви ги одземеме пасошите на тие што ќе гласате против уставни промени

Лазар Младенов, претседател на Бугарскиот Културен Клуб – Скопје (БККС) во врска со утрешното гласање во македонскиот парламент за уставните промени со што ќе се промени уставното име на Република Македонија, со што и се дава можност на Македонија да ја започне процедурата за присоединување со ЕУ и НАТО, на својот профил на фејсбук го напиша следниов статус.Подземните игри на некои политички кругови во Софија никако да престанат. Истурањето вода под Македонската рогозина може и ним да им го нато

Македонија | пред 7 години

znaminja-777x437

Министрите на ЕУ во Луксембург ќе разговараат за референдумот во Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска ќе се состанат во Луксембург на седница на Советот за надворешни работи на ЕУ.На дневен ред ќе се најде актуелната состојба во регионот, меѓународните односи, вклучувајќи ги и резултатите од 73-тото Генерално собрание на Обединетите нации, неведува агенцијата „АНА“.Министрите, исто така, ќе разговараат и за ситуацијата во Македонија по референдумот што неодамна се одржа, како и за изборите во Босна и Херцеговина што се одржаа на 7-ми ок

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Дали СДСМ свесно ја втурнува државата во вештачка економска криза поради договорот од Преспа?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Власта е неспособна да го реализира ветеното. Неработата и неспособноста се главна одлика на оваа влада и затоа прави ребаланс. Недозволиво е држава во развој како Република Македонија да има економски раст од 1, 2 или 3% и ниво на капитални инвестиции за осум месеци од само 23.3%. Класичен дебакл и одраз на елементарно незнаење е за осум месеци нивото на реализирани капитални инвестиции да биде очајни 23.3%. Економијата тоне во секој аспект, а секој следен чекор на власт го забрзува процесот на

Македонија | пред 7 години

protesti-sobranie

Протести и блокади пред Собранието против промена на Уставот

Здружението на граѓани „Преродба“ за денес најави протести и блокади пред Собранието со почеток од 10 часот, непосредно пред почеток на парламентарната седница на која пратениците ќе дискутираат и одлучуваат за отворање на Уставот.Впрочем, организаторите најавуваат протести секој ден од 10 до 14 часот, со цел, како што истакнуваат тие, продолжување на македонскиот отпор и се додека не се исполни барањето за поднесување оставкана актуелната власт.„Од говорницата пред Собранието ќе се обратиме со

Скопје | пред 7 години

sobranie-pratenici

Пратениците ќе се обидат да го менуваат Уставот

За денеска во 11 часот е закажана парламентарната седница за потребата од уставни измени, кои ги предложи владата согласно Договорот од Преспа.Пред седницата СДСМ ги повика сите пратеници да ги поддржат уставните измени, со цел деблокирање на евроатланските интеграции.Од ВМРО-ДПМНЕ, се изјаснија дека на денешната координација ќе решат како ќе настапат на парламентарната седница, меѓутоа јасно порачаа дека пратениците нема да поддржат уставни измени за промена на уставното име на државата.Здружен

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Загина мотоциклист, три лица тешко повредени, викендов 29 сообраќајки во Скопје

Еден возач на мотоцикл загина, три лица се здобиле со потешки, а 14 со полесни повреди во вкупно 29 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 12 од сообраќајките е регистрирана само материјална штета.Според полицискиот извештај на СВР Скопје, 253 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 112 возачи биле исклучени од сообраќај, од кои 50 поради управување под дејство на алкохол, 52 без стекнато право на управување со моторно возил

Скопје | пред 7 години

ubistvo

Tетовец си ја убил 52-годишната сопруга

Педесет и тригодишен тетовец синоќа околу 22 часот и 30 минути смртно ја застрелал со пиштол својата една година помлада сопруга по што избегал, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.Според неговите првични информации, настанот се случил во куќата на двајцата сопружници на улицата „Љуботенска“ во тетовската приградска населба Мала Речица. По застрелувањето на сопругата тетовецот излегол од куќата по што пукал и кон такси возило, но никого не погодил по што избегал.Полицијата пр

Македонија | пред 7 години

miljarderka

Таа е најмладата американска милијардерка: Има 36 години, се мажела 4 пати, а еве од каде има толку пари

Иако "Forbes 400" на почетокот на овој месец ја прогласил за најмлада жена на листата на најбогати Американци, животот не бил секогаш добар за богатата наследничка Линси Снајдер.Оваа 36-годишна жена тешка повеќе од 3 милијарди долари се разведувала 3 пати, го изгубила својот татко кој се предозирал со лекови во 1999. година, но и самата се соочила со зависност.Претседателката на управата и единствена наследничка на ланецот за брза храна "In-N-Out" ја краси насловната страна на посебното издание

Магазин | пред 7 години

kanada

Последни подготовки за историската легализација на канабисот во Канада

Во Канада се спроведуваат последни подготовки по повод усвојување закон за легализација на канабис, а на провинциите им е оставено до среда да утврдат правни детали за неговото спроведување.– Со тоа, Канада ќе стане втора држава во светот што ќе легализира канабис, а нејзиното искуство одблизу ќе го следи Западот, најави либералниот премиер Џастин Трудо.Локални медиуми јавуваат дека во одделни покраини легализацијата  логистички можеби ќе создаде многу проблеми.Канаѓаните во иднина ќе може да од

Свет | пред 7 години

eu-1

Денеска министрите на ЕУ ќе разговараат и за референдумот во Македонија

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе имаат состанок во Луксембург на седница на Советот за надворешни работи на ЕУ.На дневен ред ќе се најде актуелната состојба во меѓународните односи, вклучително и резултатите од 73-то Генерално собрание на ОН.Министрите ќе разговараат за референдумот што неодамна се одржа во Македонија, како и за изборите во Босна и Херцеговина што се одржаа на 7. октомври.На дневен ред ќе бидат и миграцијата и ситуацијата во Либија.Руски медиуми објавија дека мин

Македонија | пред 7 години

bavarski

Поразот на баварските избори – нов удар за владата на Меркел

Конзервативниот Христијанско социјалната унија (ЦСУ) – еден од сојузниците на германската канцеларка Ангела Меркел, загуби на регионалните избори во Баварија. Според резултатите, ЦСУ го загуби апсолутното мнозинство во јужната германска покраина, освојувајќи само 37,2% од гласовите. Зелените станаа втората најголема политичка сила со освоени 17,7% од гласовите. Зад нив, со 11,7% освоени гласови се Слободните избирачи и десно популистичката Алтернатива за Германија (АфД) со 10,3%. Продолжува падо

Свет | пред 7 години

limaj

Косовскиот вицепремиер Лимај: Косово ќе има армија до крајот на ноември

Косовскиот вицепремиер Фатмир Лимај, изјави дека оваа година со закон ќе биде формирана косовска армија, додавајќи дека тоа може да се случи до крајот на ноември, соопшти косовската телевизија РТК.– Има три работи, кои ги очекуваме – визна либерализација, формирање на армија и членство во Интерпол-рече Лимај.Косовската Влада на почетокот на месецот поднесе три законски проекти до Парламентот, поврзани со Силите за безбедност на Косово, од кои едниот се однесува на трансформацијата на лесно воору

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Меморандуми за соработка за реформите во секторот енергетика

Меморандуми за соработка ќе бидат потпишани денеска меѓу Владата на Република Македонија, Министерството за економија и УСАИД, како и меѓу Регулаторната комисија за енергетика и УСАИД, а во врска со „Проектот за поддршка на реформите во секторот енергетика во Македонија“.На свеченоста планирано е да се обратат вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши, амбасадорот на САД, Џес Бејли и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бисли

Македонија | пред 7 години

guvernerka

Гувернерката на НБРМ се сретна со високи претставници на ММФ и Светската банка

Гувернернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), се сретна со извршниот директор на ММФ, Ентони де Ланој.Ангеловска-Бежоска се сретна и со директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ, Пол Томсен, извршниот директор на СБ, Франк Хемскирк, потпретстедателот на СБ, Сирил Мулер, потпретседателите на ИФЦ, Џорџина Бејкер и Вибке Шломер, менаџерски тимови од инвестициски фондов

Македонија | пред 7 години

poplava

Регионална средба за намалување на ризици од катастрофи

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Центарот за развој на Југоисточниот регион организират Втора регионална средба за соработка на земјите од регионот во намалувањето на ризици од катастрофи и изградба на урбана отпорност.Средбата ќе се одржи денеска и утре во Скопје, а најавено еучество на над 120 претставници од повеќе земји од Југоисточна Европа, претставници на УНДП од земјите од Југоисточна Европа, регионални организации за справување со кризи и кризен менаџмент и служби за ц

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања