Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

soobrakajka

Автомобил излета од локалниот пат Кадино - Миладиновци

На 18.11.2018 година во 07.00 часот на локалниот пат село Кадино-село Миладиновци, скопско, патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(47) од Скопје излетало од коловозот и се превртело.Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Т.Т. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид на местото на настанот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајка во Скопје, еден со тешки телесни повреди

Вчера во 07.40 часот на улица „Јадранска магистрала“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(28) од село Сингелиќ, скопско и патничко возило „Хонда сивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(35) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Ј..Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје и по укажан

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Кошаркарите на „Ангели“ од Кисела Вода ја победија екипата на „Спортисимо“

КК „Ангели“ од Кисела Вода убедливо ја победи екипата на „Спортисимо“ од Кавадарци, со резултат 117:51.Со оваа голема победа сениорите на „Ангели“ се искачија на првото место на табелата во втората кошаркарска лига.На натпреварот предводеше Христијан Ристов со постигнати 20 поени, додека Симеон Митров со 18, Стефан Миловски со 15, а најмладиот играч Марко Спасовски постигна 14 поени.Клубот од Кисела Вода следната недела ќе игра на гости во Тетово со КК „Тетекс“.

Спорт | пред 7 години

cinedays-800x430

Доделени наградите на затворањето на Cinedeys

Со прогласувањето на наградените филмови и премиерата на филмот „Еј“ на Васил Христов во киното Милениум е затворен 17-от Меѓународен фестивал за европски филм „Cinedeys“.„Со задоволство ја спуштаме завесата на годинешниов „Cinedeys“, за прв пат како фестивал со акредитација од Меѓународната федерација на асоцијации на филмски продуценти (FIAPF), со која застануваме рамо до рамо со големите фестивали во Кан, Берлин, Сан Себастијан, Венеција и Торонто. FIAPF во „Cinedeys“ препозна фестивал кој им

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Утре без вода населбите Жданец, Трнодол и Нерези

Утре поради изведување на водоводен приклучок од ф100мм на ул.Теодосиј Синаитски 29 ( Жданец ), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Висока Зона на населбите Жданец, Трнодол и Нерези од 09:00 часот до завршување.

Скопје | пред 7 години

sobranie-206-

Хелсиншки: Притворените за 27 април со денови биле оставени без храна и вода

Повреди на постапката и на правата на обвинетите констатира Хелсиншкиот комитет во судењето за упадот во Собранието од 27 април. Како што стои во октомврискиот месечен извештај за човековите права на Хелсиншки комитет, е забележан нехумен третман кон притворените лица во овој предмет. Во првите неколку дена од судењето, велат од Хелсиншки, тие целосно биле оставени без храна и без вода.-По соодветните реакции на набљудувачите од граѓанските организации и бранителите на обвинетите во притвор, суд

Македонија | пред 7 години

Asaf-Ademi-1

Адеми: Јас не сум Супермен

Деветте комисии кои ќе одлучуваат за финансирање на националните проекти од културата по дејности, задутре ќе почнат да работат. За да не се повторат неправилностите и судирот на интереси при изборот на проекти од минатата година, што  предизвика реакции и резултураше со повлекување на некои проекти, Министерството за култура назначи нови членови во речиси сите комисии и ги соопшти имињата на нивните претседатели. За да нема основани жалби, министрот Асаф Адеми ќе има и директен телефонски број

Македонија | пред 7 години

kristijan-stefanovski111

Запален автомобилот на сопственикот на „Прагма продукција“, организатор на концертот на Чолиќ

Непознати лица утрово во 3:50 часот му ја запалиле колата на Кристијан Стефановски, сопственикот на „Прагма продукција“, која ги организираше концертите на Анстасија, Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Жељко Јоксимовиќ, Саша Ковачевиќ, Марија Шерифовиќ и други.Кристијан за „Репортер“ потврди дека колата со бугарски таблички од марката „Бе-ем-ве“ во задниот дел е скоро целосно изгорена, и рече дека веднаш пријавил во полиција.„Ме разбуди силен звук на пукање, слушав како се топеше и пуцкаше пластиката од

Скопје | пред 7 години

soobrakajka-1

Три лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје

Три лица се здобиле со тешки телесни повреди во три од вкупно 43 сообраќајки што се случиле во текот на изминатите три дена во Скопје. Во 22 сообраќајки со полесни повреди се здобило 41 лице, а во 18 била причинета материјална штета.Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто и четири возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, осум возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на ми

Скопје | пред 7 години

44094681_467523503745856_1839960828510470144_n

„Пасат“ и „Мерцедес“ се судриле кај Крива Паланка, скопјанец тешко повреден

Вчера околу 14 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, во село Псача, на место викано „Бунар“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Пасат“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од П.Н. (48) од Скопје и патничко возило „Мерцедес“ со албански регистарски ознаки, управувано од А.А. (46) од Република Албанија.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил П.Н., кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. Увид на местото извршила еки

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

( ВИДЕО ) Тони плашици угинуваат низ каналот Студенчишта во Охрид

Од утрово тони плашици угинуваат во каналот Студенчишта во Охрид како последица на нискиот водостој на Охридско Езеро.Неподнослива реа се шири низ воздухот околу каналот.Експертите повеќе денови предупредуваа дека ќе се случи оваа еколошка катастрофа, но ЕЛЕМ не го намали испустот на вода од Охридско Езеро, а нивото остана на ниско ниво и дојде до ова масовно угинување на рибата.

Македонија | пред 7 години

gruevski-2-1

Ќе им се одзема и личната карта на обвинетите?

По бегството на поранешниот премиер Никола Груевски само со лична карта, власта ќе бара начин на обвинетите, освен пасошот да им биде одземен и овој документ, како мерка за обезбедување. Премиерот Зоран Заев вели дека правниот систем работи и бара начин како да се реши ова прашање, со оглед на тоа што личната карта е единствен документ за идентификација на обвинетите кои се слободни, односно кои не се во притвор, пишува Независен весник.„Судот не може повеќе да одзема само пасош, мора да одзема

Македонија | пред 7 години

zemjotres-1

Земјотрес во Грција, почувствуван во Македонија

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово во 5 часот и 47 минути регистрирше земјотрес со епицентар во Грција, 180 километри југоисточно од Скопјe.Рихтеровата магнитуда на земјотресот е 4,2, а бил почувствуван од населението во јужните делови од Македонија, со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 7 години

tek

Претседателите на Русија и на Турција ќе присуствуваат на церемонија во врска со Турски тек

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе допатува во Турција за да учествува на церемонија по повод завршувањето на проектот за поставување на гасоводот Турски тек по морски пат, јави агенцијата Анадолија.На церемонијата ќе учествува и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.Гасоводот Турски тек ќе го транспортира рускиот гас во Турција, а од Турција во Европа. Турски тек се состои од две линии, од кои секоја одделно има годишен капацитет на транспорт на гас од 15,75 милијарди кубни метри,

Свет | пред 7 години

migranti

Спасени 40 мигранти заглавени во обид да стигнат до Грција

Турската крајбрежна стража спасила 40 мигранти кои со пловило заглавиле кај брегот на турски западен остров, во обид да влезат на грчка територија.Турската крајбрежна стража испратила два хеликоптери и брод по повикот за помош што го упатиле мигрантите, пренесе новинската агенција „АП“.Националноста на мигрантите не е јавно соопштена.Турската крајбрежна стража годинава пресретна повеќе од 23.500 лица кои се обиделе да заминат за Грција, преку Турција.

Свет | пред 7 години

bugarija-1

Протести ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини

Ширум Бугарија продолжија протестите против превисоките цени на горивото, зголемените трошоци за живот, сиромаштијата и корупцијата.На плоштадот во центарот на Софија се собраа повеќе илјади луѓе. Демонстрантите извикуваа „оставки“ и „референдум“, носеа бугарски знамиња и транспаренти на кои пишува „Народот против партиите“ и „Мораме да ги спречиме демографскиот колапс и геноцид во Бугарија“.Организатор на протестите е граѓанскиот форум „Промена“ под мотото „Да го промениме системот“.Во Софија п

Свет | пред 7 години

srbi

Српски медиуми: Вучиќ добил непристојна понуда од Брисел и ја отфрлил

Српските медиуми утрово пишуваат дека Брисел му упатил на српскиот претседател, Александар Вучиќ, по пат на дипломатски канали непристојна понуда, односно уцена – продолжување на дијалогот со Приштина, во замена за нови поглавја за членството на Србија во ЕУ. Белград категорично го отфрлил предлогот.„Скандалозно барање, проследено преку дипломатски канали, во кое за возврат на Србија и се нуди ЕУ да отвори три преговарачки поглавја“, наведува извор за „Телеграф“.„Новости“ пишуваат дека Белград н

Свет | пред 7 години

vmro-1

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да ги прифати итните мерки кои ние ги предлагаме против загадувањето

Македонските граѓани буквално се гушат поради неспособноста на локалната и централната власт да се справи со енормното аерозагадување. Илјадници граѓани секоја година ги губат своите живот поради загадениот воздух, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста.„Најновиот извештај на Светската здравствена организација покажува дека секоја година 3 илјади граѓани на Македонија починуваат како директен резултат на загадениот воздух.Нема ништо од предизборното ветување за почист воздух, ниту

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во Виена состанок на премиерите од Западен Балкан

Денеска во Виена, по покана од австрискиот канцелар Себастијан Курц ќе престојуваат премиерите на Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, Србија и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина. На нивниот заеднички состанок ќе учествува и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, како и комесарката за дигитално стопанство Марија Габриел. Австрискиот канцелар кој деновиве престојуваше во Белград и Приштина изјави дека Европската унија ќе биде комплетна дури откако државите од Запад

Скопје | пред 7 години

zemjotres

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 5.47 часот регистрираше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 180 километри југоисточно од Скопјe, во соседна Република Грција.Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 4.2, а беше почувствуван од населението во јужните делови од републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка

Македонија | пред 7 години

zabrani

Укинати забраните на патиштата, сообраќајот по влажни коловози

Укинати се сите забрани и ограничувања на патиштата што беа предизвикани од снежните врнежи и сообраќајот е нормализиран на сите патни правци. Врнежите од снег се престанати на секаде.Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“ утринава соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а наместа со остатоци од кашест снег.На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилаго

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Облачно со услови за дожд

Преку денот облачноста делумно и краткотрајно ќе се намали, но во вечерните часови од запад повторно ќе се зголемува, а во западните делови ќе има врнежи од дожд. Температурата ќе достигне од 5 до 14 степени.Во Скопје преку денот умерено облачно, во ноќните часови со врнежи од дожд. Температура до 7 степени.Под влијание на потопол влажен бран утре и во среда ќе биде облачно со врнежи претежно од дожд. Во западните делови се очекуваат обилни врнежи (локално над 40 л/м2).Од четврток се очекува ста

Македонија | пред 7 години

durlovski-vo-sobranie111-162122

Химната во интерпретација на Игор Дурловски ечеше на синоќешниот протест

На синоќешниот протест пред Собранието против уставни измени беше интонирана македонската химна во интерпретација на оперскиот пејач, Игор Дурловски. Химната ечеше од звучниците иако Дурловски не присуствуваше на протестот, бидејќи е во домашен притвор како обвинет за настаните од 27 април.Неговиот соборец кој е исто така обвинет, Богдан Илиевски, напиша на фејсбук дека интерпретацијата на Дурловски треба да биде официјална верзија на државата.„Треба со закон да се усвои химната на Република Мак

Македонија | пред 7 години

375061-zaev-za-global-verushevski-i-kostovski-za-puch-ne-podnele-baranje-za-prekin-na-abolicijata

СДСМ: Платите растат во сите сектори, обезбедуваме повеќе пари за граѓаните и повисоки плати

Предлог Буџетот за 2019 година изготвен од Владата предводена од СДСМ, обезбедува раст на платите во сите сектори.Со Буџетот за 2019 година предвидено е зголемување на платите од 5 отсто за вработените во здравството, образованието, армијата, полицијата, вработените во детските градинки и културните работници.Докторите специјалисти ќе добиваат поголеми плати за 10 отсто, за навистина да се вренува нивниот труд и за да продолжат да работат во јавното здравство.Ќе продолжи и трендот за раст на пла

Македонија | пред 7 години

todor-petrov

Петров: Овој режим од Муртино мора да падне

На вчерашниот протест, од говорницата се обрати и Тодор Петров. Тој побара оставка од Владата и распуштање на Собранието. Како што додаде тој, оваа Влада е нелегитимна.„Не чекајте команда за акција, на секое место пружете отпор кон Владата. Овој режим од Муртино мора да падне. ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името и идентитетот“, истакна Петров.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања