Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

pivo

Испиени 7,5 милиони литри пиво и изедени 200.000 колбасици на „Октоберфест“ во Минхен

По 16 дена, вечерва завршува најголемиот светски саем – „Октоберфест“ во Минхен. Според прелиминарните извештаи, овогодинешниот „Октоберфест“ во Минхен го посетиле рекордни 6.300.000 посетители од целиот свет.Најмногу посетители биле од САД. Се испиле 7,5 милиони литри пиво, се изеле околу 200.000 колбасици, околу 80.000 коленици и дури околу 460.000 пилиња.Манифестацијата помина во многу добро расположение и добра атмосфера, а организаторите велат дека немало никакви проблеми. Немало ниту безбе

Магазин | пред 8 години

pijani

Казнети 33 пијани возачи во Скопје

Сообраќајната полиција на СВР Скопје измината ноќ спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол и фатила 33 пијани возачи.Во акцијата биле контролирани вкупно 180 возачи. Кај 33 од нив било утврдено присуство на алкохол во крвта, а еден возач одбил да биде алкотестиранПо однос на констатираните  прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се 34 мерки.Од сообраќај биле исклучени

Скопје | пред 8 години

diskoteka

Драма пред дискотека во Скопје: Момче претепано од две лица

Утринава во 04.20 часот, 18-годишниот Н.Н. од Скопје, пријавил дека околу 02.00 часот пред дискотека во Градски Парк бил физички нападнат и претепан од страна на две непознати лица.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 8 години

Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.ВНИМАТЕЛНО: Од ЕВН е највено дека од 03.10.2018 година напојувањето на тунелите на патот Демир Капија – Смоквица од страна на Демир Капија ќе биде исклучено неколку денови. Од оваа причина напојување ќе има само од страна на Удово. Доколку дојде до прекин во напојување од двете страни сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица во двете насоки ќе се одвива под посебни услови во тунелите.ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообра

Македонија | пред 8 години

Нема фотографија

Италија ги затвора аеродромите за авиони со мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини рече дека Италија ќе ги затвори аеродромите за авионите кои без дозвола ќе носат мигранти од Германија. Италијанскиоит весник „Република“ пренесува дека германската агенција за бегалци испратила десетина писма до мигрантите, советувајќи ги да се вратат во Италија, можеби со чартер летови, а прв таков трансфер, како што се наведува, е планиран за 9 октомври.„Ако некој во Берлин или Брисел мисли во Италија да истовари десетина мигранти со н

Свет | пред 8 години

tajfun

Тропската бура Мајкл може да премине во ураган

Тропската бура Мајкл може да засили и да премине во ураган, додека се движи кон северозападниот дел на Флорида, соопшти американскиот Национален центар за урагани.Центарот наведе дека во моментов ветровите се движат  65 километри на час.Се очекува бурата да премине во ураган во вечерните часови во текот на утрешниот ден, поради што населението во североисточниот и централниот американски залив се советува да ја следи состојбата.Гувернерот на Флорида, Рик Скот изјави дека планира да прогласи вонр

Свет | пред 8 години

Нема фотографија

Слаб одзив на референдумот во Романија

Гласањето на дводневниот референдум за промена на Уставот со цел отежнување на легализацијата на браковите од истополни сопружници во Романија, заврши вечерва.Референдумот, според информациите, не успеа да привлече голем број гласачи. Изборната комисија соопштила дека два часа пред затворањето на бирачките места, излезноста била 19 отсто, додека за успех на референдумот потребно да излезат било најмалку 30 отсто од запишаните гласачи, пренесе АП.Бил предложен уставен амандман за промена на дефин

Свет | пред 8 години

Нема фотографија

На изборите во БиХ најмногу гласови за Додик, Комшиќ и Џаферовиќ

Според првите прелиминарни резултати што ги објави Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина, на изборите за Претседателството на БиХ победија Шефик Џаферовиќ кандидат на најголемата бошњачка партија СДА, Жељко Комшиќ од храватската заедница кој веќе два мандата беше на таа функција и Милорад Додик кој во Република Српска го победи неговиот против кандидат Младен Иваниќ. Одѕивот беше над 53 насто во земјата во која има околу 3,3 милиони гласачи. На вчерашните избори не биле забележни п

Свет | пред 8 години

Нема фотографија

Сончево со умерена облачност и услови за дожд

ретпладне ќе биде умерено облачно, а попладне во западните делови значително облачно со услови за локален слаб дожд. Минимална температура од 5 до 13 степени, а максималната од 22 до 28 степени.Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од североисточен правец. Температура 11/26степени.Од вторник ќе преовладува стабилно и суво време. Утринските температури ќе имаат тенденцја на опаѓање, а дневните на покачување.

Македонија | пред 8 години

karpuusin

Карпушин: Русија не се меша во Македонија, но земјата не треба да се брза во НАТО

Рускиот амбасадор во Тирана, Александар Карпушин за време на престојот во градот Корча изјави дека прашањето за името на Македонија и членството во НАТО е одлука на народот. Тој ја отфрла можноста за вмешаност на Русија во ова, но од друга страна ја советува Македонија да не брза да стане дел од НАТО.Сметам, додава тој, дека е праведено прашањето за името на Македонија, нејзиното членство во НАТО и во ЕУ да биде во рацете на македонскиот народ.Дури и ако биде решено во Парламентот, според Корпуш

Македонија | пред 8 години

Нема фотографија

Интерпол: Претседателот Хонгвеј поднесе оставка пред заминувањето за Кина

  Високиот кинески официјален претставник Менг Хонгвеј, чие исчезнување го пријави неговата сопруга пред десет дена, поднесе оставка од функцијата претседател на Интерпол во пресрет на заминувањето за Кина, соопшти Интерпол.Интерпол не ја појасни причината за неговата оставка, но соопшти дека таа веднаш стапила на сила.Во соопштението се наведува дека вршител на должноста претседател на Интерпол ќе биде потпретседателот во Извршниот комитет на Интерпол, Ким Џонг Јанг од Јужна Кореја.Дисциплински

Свет | пред 8 години

odnosi

Се усложнуваат односите: Мицкоски му порача на Заев „ако има избори, да се откаже од договорот“

Можните предвремени парламентарни избори ја усложнуваат односната ситуација помеѓу власта и опозицијата бидејќи од овие вториве до првите стигнуваат сè покомплицирани услови.Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ вчера од премиерот Зоран Заев побара јавно да се откаже Преспанскиот договор, а по изборите да и удоволи на опозицијата – да се формира ново јавно обвинителство, наместо сегашното СЈО, на чие чело токму ВМРО да предложи прв човек. Новото обвинителство, според Мицкоски, ќе треба да го прошири радиус

Македонија | пред 8 години

IMGP9326

„Кардиолоши завод“ Охрид и „Алкалоид“ со хуманитарна акција во Охрид

ЈЗУ Кардиолошки завод од Охрид денес со хуманитарна акција под мотото „Моето срце - твоето срце“ ги заврши активностите по повод „Светкиот ден на срцето“.Хуманитарниот настан се спроведе во соработка со „Алкалоид“ и кафе бар „Објектив“ каде во периодот од 12 до 14 часот посетителите можеа да донираат средства за лекување на деца од семејства под социјален ризик.Вработените во Кардиолошки завод и Здравствен дом Охрид вчера организираа еко акција во која се чистеше просторот кај месноста Свети Сте

Македонија | пред 8 години

limuzina

Лимузина усмрти 20 луѓе во државата Њујорк

Дваесет луѓе загинаа кога во толпа народ влетала лимузина во американската сојузна држава Њујорк. Несреќата се случила во градот Скохери, во близина на туристичка локација преполна со луѓе.Лимузината, како што наведуваат локалните власти, со голема брзина се спуштила од нагорнина и налетала на минувачи, пред продавницата за предмети за домаќинство „Apple Barrel Country Store“, попларна меѓу туристите.Не се познати причините за инцидентот, а во тек е истрага.

Свет | пред 8 години

putin

Путин роденденот го прославува во кругот на семејството и пријателите

Рускиот претседател Владимир Путин денеска полни 66 години. Портпаролот на Кремељ, Дмитри Песков, изјавил за „Тас“ дека рускиот претседател, роденденот ќе го прослави со своите најблиски и пријателите.Како што потсетува агенцијата „Тас“, Путин минатата година за својот роденден бил во Сочи, каде држел вонреден состанок со постојаните претставници на Рускиот Совет за безбедност, а дека во 2016 година не се појавувал во јавност.Путин традиционалн прима роденденски честитки преку телефон од други л

Свет | пред 8 години

erdogan

Ердоган: Повеќе нема да земаме кредити од ММФ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека Турција повеќе нема намера да зема кредити од Меѓународниот монетарен фонд.„На денешна Турција не и` се потребни позајмици или техничка поддршка од Меѓународниот монетарен фонд“ рекол Ердоган, пренесе Тас, повикувајќи се на турската агенција „Анадолија“.Тој нагласил дека темата за земање кредити од ММФ е затворена за секогаш.Турција, последните долгови кон ММФ ги подмири во 2013 година, а нови дискусии на таа тема се покренати по падот на домаш

Свет | пред 8 години

agatangel

Агатангел: Лицемерни решенија за самоукинување му се нудат на македонскиот народ

„Перфидни предлози и лицемерни решенија за самоукинување му се нудат на македонскиот народ. Сеништата од минатото се повторно тука олицетворени во современи апостоли на немирот и омразата. Ова денес во црквата е историски момент а не тоа што некој друг ни го пропагира“, рече владиката Агатангел на утринската литургија во цркваата „Света Софија“ во Охрид.Инаку, вчера делегатите на МПЦ во Калишта на црковниот Собор преку резулуција изгласаа измени во Уставот на црквата и уште еднаш го потврдија ст

Македонија | пред 8 години

Capture

(ВИДЕО) Мајмун вози автобус полн со патници во Индија

Индиски возач на автобус е суспендиран од работа затоа што му дозволил на мајмун да управува со возилото во кое имало 30 патници. Според изјави на очевидци, мајмунот влегол во автобусот со еден од патниците, но не сакал да седи на ниту едно друго место освен во предниот дел на автобусот. Па така, возачот му дозволил на мајмунот да седне зад воланот и да го продолжат патот, објави Би-би-си.Овој несекојдневен настан се случил во државата Карнатака, во јужна Индија.

Магазин | пред 8 години

mitevski

(ВИДЕО) Митевски: Марин издал одобрение за градба на зграда кај „Мајчин дом“

Пред околу дваесетина дена предупредивме дека општина Аеродром е спремна да издаде одобрение за изградба на нова висококатница на локацијата кај „Мајчин дом“, па Златко Марин го искористи предреферендумскиот период и на инвеститорот му издаде одобрение за градење на станбено деловен комплекс на површина од околу 14.000 метри квадратни, поточно десеткатница со повеќе од 240 нови станови, обвини Дејан Митевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.„Златко Марин одобрението за градење го издал

Скопје | пред 8 години

kucinja-skopje1

(ФОТО) Во Охрид повеќе кучиња, отколку луѓе

Во центарот Охрид, на градскиот плоштад, чинарот, но и наоколу, се забележува глутница на кучиња скитници. Охриѓани велат дека во градот има повеќе кучиња отколку луѓе. За нив, ова е сериозен проблем за кој решение треба да најде локалната самоуправа.„Можеби изгледаат безопасно, ама може да бидат сериозен проблем. Деца сами шетаат, им лаат. Ќе ги испокасаат. Никој не реагира, а тие само се множат“, вели еден од случајните минувачи.Во Охрид, за жал, сеуште нема соодветен простор за згрижување на

Македонија | пред 8 години

dom

Општина Аеродром: Ги разгледавме сите правни механизми за да спречиме објект пред „Мајчин дом“

Општина Аеродром ги разгледа сите можни правни механизми за спречување на градбата пред „Мајчин дом“. Општината активно соработува со Уставниот суд, кадешто се доставени сите потребни документи во однос на ДУП И10, за кој се поднесени повеќе претставки. Уставниот суд до денес нема донесено никаква одлука за овој предмет, ниту го има ставено на мирување, ниту го има поништено ДУП И10, реагираат од Општината на тврдењата на Дејан Митевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром, дека градоначалн

Скопје | пред 8 години

cernobil

Чернобил повторно произведува струја

Украинските власти одлучија на најдобар можен начин да ја искористат загадената зона околку Чернобил и на местото каде што се случи најголемата нуклеарна катастрофа во светот изградија соларна електрана.Засега станува збор за скромен објект со капацитет од еден мегават, а се наоѓа на 100 метри од поранешната нуклеарна централа. Соларните плочи покриваат површина од 1,6 хектари и произведуваат доволно електрична енергија за 2.000 домаќинства.Новата соларна електрана, иако во моментов има ограниче

Свет | пред 8 години

Нема фотографија

Силен дожд во Далмација, Сплит и Диоклецијановата палата се под вода

Силниот дожд кој што од синоќа врне во областа на Далмација, Хрватска, направи проблеми во Сплит, а поплавени се подрумите на прочуената Диоклецијанова палата.Неколку сплитски улици се целосно под вода, а дошло до прекин во електричната енергија на неколку места. Поплавени се неколку куќи.Во последните 24 часа паднале 62 литри дожд по метар квадратен. Во околината на Сплит забележани се неколку одрони, а дождот правел проблеми и во Макарска.

Свет | пред 8 години

policija-2-1

Пронајдени гранати од Прва светска војна во Битола

Пет гранати кои потекнуваат од Првата светска војна биле пронајдени во Битола.Според информациите на МВР, вчера во 11,50 часот во полиција било пријавено дека при ископ на земја на поранешниот отпад „Битолска Суровина“ на улица Индустриска во Битола пронајдени се пет гранати кои потекнуваат од Правата Светска војна.Од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување гранатите се подигнати за понатамошна постапка.

Македонија | пред 8 години

43442103_2010214919024710_4338732527414935552_o

Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова најбрзи на „Скопје трча 10 километри“

Денес во Скопје по втор пат се одржа трката „Скопје трча 10км“ на која учество земаа повеќе од 1600 натпреварувачи.Оваа година се трчаше под мотото „Секој километар значи“ и трката имаше хуманитарен карактер за поддршка на „СОС Детско село“.На „Скопје трча 10КМ“ во машката категорија прв заврши Дарио Ивановски со време од 32:04 минути, втор беше Дејан Атанасов, а трет Атанас Анчевски. Во женска категорија прва беше Адријана Поп Арсова која истрча со време од 38:28 минути, второпласирана беше Мил

Скопје | пред 8 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања