Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

pozarna-avtobus-nokje

Херојски подвиг: Полицајци спасија дете од опожарена куќа, па завршија во болница

Независниот синдикат на полицијата објави за херојски подвиг на полицајци, кои спасиле дете од опожарена куќа. Откако го извадиле, и тие завршиле во болница.„На 03.01.2024 година, по пријава за пожар, од страна на Денис Месарош и Ибрахим Еминовски од полициска станица станица „Ѓорче Петров“, веднаш пристигнале на местото на настанот. Во запалената куќа забележале дека мало дете бара помош. Без да размислуваат за својата безбедност, тие влегле во куќата и успеале безбедно да го извадат детето, кое е пренесено на болничко лекување. Полициските службеници, и покрај тоа што вдишале чад, продолжиле да помагаат а истите и подоцна биле пренесени во болница за медицинска грижа“, напишаа од Независниот синдикат на полицијата и додаваат:Браво за храброста и пожртвуваноста на колегите! Ова е доказ дека сè уште има луѓе кои својата работа ја извршуваат со љубов и посветеност, дури и по цена на сопствениот живот. Нивниот подвиг заслужува почит и признание. Ние како Независен Синдикат на Полицијата сметаме дека ваквите примери од страна на МВР треба да бидат јавно истакнати, пофалени и наградени. Убедени сме дека во нашето Министерство има многу вакви позитивни примери, кои заслужуваат признание и поддршка“.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova-2-1

Сиљановска спушти рампа за двојазични лиценци: не им потпиша закон и им го врати во Собрание

Претседателката Гордана Силјановска Давкова не го потпишала указот за Законот за детска заштита и истиот го вратила на доработка во законодавниот дом. Со него се предвидуваше воведување на двојазични лиценци во градинките. Во образложението таа наведува дека спровела темелна анализа и експертски консултации по што бара преиспитување на одредбите од членовите 9 и 10 од предлог-законот.„Потсетувам дека начинот на употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо се веќе уредени со закон“,се наведува во образложението од Сиљановска-Давкова, објави 360 степени.За првото вето на претседателката се дозна од соопштение на опозициската СДСМ, која што го поздрави потегот на Сиљановска-Давкова и ја повика владејачката ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од овие законски измени.Реагираше и опозициската ДУИ, од каде што велат дека станува збор за „отворен напад врз албанскиот јазик и обид за поткопување на правата на Албанците во Северна Македонија“.Според процедурата, сега законските измени се враќаат во Собранието и ако бидат повторно изгласани со 61 глас, претседателката е должна да го потпише Указот.

Македонија | пред 1 година

vlada-2024-mickoski

Владата ќе го доработува законот за двојазични лиценци во градинките

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на последниот ден од 2024 година го известила Парламентот дека нема да го потпише указот на Законот за заштита на децата.Откако во јавноста излезе информацијата, од Владата информираа дека законот ќе се доработи и дека ќе биде доставен во Собранието во законските рокови.„Како Влада информираме дека законот ќе се доработи и истиот ќе се најде пред пратениците согласно законодавните процедури“, стои во ставот од Владата.Одребите од Законот за заштита на деца кои се однесуваат на воведувањето на двојазичните лиценци се спорни и истите треба да се пресипитаат низ призма на аманданот 5 од Уставот и на Законот за употреба на јазиците стои во образложението на Сиљановска Давкова.Претседателката бара преиспитување на спорните одреби од членовите 9 и 10 од законот во кои стои дека лиценците за работа се издаваат на македонски и на јазикот кои го говораат 20 проценти од граѓаните на државата, како и на ставот кој се однесува на полагањето на првиот дел од испитот електронски наместо во хартиена форма на македонски јазик и на јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните.Со непотпишувањето на указот, сега законските измени се враќаат во Собранието каде предлагачот треба да достави изменет текст, согласно укажувањата на шефот на државата.Доколку за Законот гласаат најмалку 61 пратеник, Сиљановска Давкова, ќе биде должна да го потпише указот за стапување во сила на Законот.

Македонија | пред 1 година

filkov-siljanovska-2

За ДУИ ветото на Сиљановска е скандалозен напад врз правата на Албанците

Демократската унија за интеграција најостро ја осудува, како што велат, скандалозната одлука на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за ставање вето на Законот за двојазичност на лиценците во градинките.„Ова е отворен напад врз албанскиот јазик и обид за поткопување на правата на Албанците во Северна Македонија. Но, ова не е изолиран чин, туку јасно координирана стратегија. Прво, лидерот на ВЛЕН, Африм Гаши, јавно настапи со изјава со цел да го подготви јавното мислење против албанскиот јазик и да создаде алиби за овој чекор, а веднаш потоа, разгорениот антиалбански национализам се активираше за да негира и напаѓа сè што е албанско.Ова е агресија против Албанците, во која влен свесно ја презема улогата на соработник.Ова не е само удар врз јазикот – ова е обид за враќање на Албанците назад, за демонтирање на сите тешко стекнати права. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со поддршка на ВЛЕН, покажува дека нема никаков интерес за соживот, туку следи реваншистичка, антиалбанска и опасна агенда.ДУИ има јасна порака: Албанскиот јазик не е монета за политичко поткусурување! Тој е уставно загарантирано право, а не инструмент кој оваа влада може да го користи по сопствена волја!Им упатуваме повик на сите Албанци, сите граѓсни кои веруваат во соживотот, граѓанското општество и сите демократски сили во земјата да се мобилизираат и да не дозволат оваа срамна стратегија да се реализира. ДУИ нема да седи со скрстени раце! Ќе ги искористиме сите политички и правни механизми за да го спречиме ова антиалбанско лудило. Претседателката и оваа влада треба да знаат едно: Албанците нема да дозволат да бидат избришани! Нашиот јазик е нашето достоинство, нашиот идентитет и нашата иднина – и ќе го браниме по секоја цена!“, се вели во соопштението на ДУИ.

Македонија | пред 1 година

prof-d-r-Dimitar-Apasiev

Апасиев: Дали тоа Претседателката го слушна апелот на Левица и стави вето на двојазичните лиценци?

Лидерот на Левица Димитар Апасиев, реагира на ставањето вето на Законот за двојазични лиценци во градинките.Апасиев на својот „Фејсбук“ профил напиша:„Дали тоа Претседателката на Републиката конечно го слушна апелот на пратениците на Левица, па ставила ВЕТО на противуставните двојазични лиценци (што вмроидите ги шверцуваа во Собрание, за да им угодат на необалистите од Вреди)?Ако е така, аферим и ашколсун!”, напиша Апасиев.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova-1-1

Прво вето на Силјановска: Не го потпиша указот за двојазични лиценци во градинките

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го стави првото вето и не го потпиша указот за Законот за заштита на децата, со кој се предвидуваше воведување на двојазични лиценци во градинките.„Одребите од Законот за заштита на деца кои се однесуваат на воведувањето на двојазичните лиценци се спорни и истите треба да се пресипитаат низ призма на амандамнот 5 од Уставот и актуелната регулатива за употреба на јазиците. Потсетувам дека начинот на употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, се веќе уредени со закон. Верувам дека Собранието како носител на законодавната власт ќе ги има предвид моите забелешки и укажувања при повторното разгледување на одредбите и ќе креира јасни, прецизни и недосмислени решенија во согласност со Уставот”, стои во образложението доставено до Парламентот од претседателката.Оваа информација ја поздравија од СДСМ и побараа од ВМРО-ДПМНЕ да се повлече од носење на вакви измени на законот.„Го поздравуваме непотпишувањето на указот од страна на претседателката, со што се отвора можност за ревизија, и бараме власта да се повлече од намерите поради спорните одредби што ги содржи законот. Членовите 9 и 10 од Предлог-законот, предложен од Владата, значат воведување двојазични лиценци во областа на детската заштита. Овој сегмент е веќе регулиран со друг закон за употребата на јазиците, а истовремено е спротивен на Уставот на државата. Дополнително, предложените измени враќаат процеси наназад, дозволувајќи лиценцирање во хартиена форма наместо дигитална, што отвора простор за злоупотреби, партизација и сомнително доделување на лиценци по партиски клуч“, истакнаа од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

bozik

Утре се слави Бадник, а задутре Божик

Православните христијански верници во земјава утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово Божик.Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. За Бадник во некои краишта во кругот на семејството се крши лепче со паричка и оној кому ќе му се падне паричката, се смета дека ќе биде најсреќен и ќе има бериќетна година.Одбележувањето на Бадник ќе почне пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“.Под мотото „Пренеси ја Божикната радост до секое срце!“, Христовото раѓање утре напладне во Скопје и други градови низ земјава, ќе го најават децата со бадникови поворки, пеејќи ја песната „Вечниот Бог“.

Македонија | пред 1 година

izgore-avtomovil

(Видео) Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле

Според информациите на ТППЕ Струмица, во 23:30 часот синоќа, изгорел автомобил на патот Струмица-Дабиле.Во гасењето на запалениот автомобил учествувале едно против пожарно возило и пет пожарникари, кои кога пристигнале на местото, пожарот веќе бил разгорен, но пожарот за кратко време бил локализиран и изгаснат, а причинета е голема материјална штета.

Македонија | пред 1 година

IMG_6897

Гостиварец осомничен за силување на девојче: Од познанство на интернет, до злоставување

За кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик е осомничен 22-годишник од Гостивар.Основното јавно обвинителство Гостивар поведе истрага поради основано сомнение дека осомничениот на 2 јануари принудил на сексуален однос 13-годишно девојче.Со жртвата се запознале преку апликацијата “Снеп-чет” и започнале да контактираат и да се гледаат. Кога девојчето не сакало повеќе да излегува со него, осомничениот вршел притисок и на критичниот ден ја принудил да ги остави другарите и да влезе во неговиот автомобил. Потоа и го одзел мобилниот телефон, ја натерал на однос против нејзина волја, заканувајќи и се да не кажува никому.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи би можел да се даде во бегство, да влијае врз детето-жртва и други сведоци или да го повтори делото.

Македонија | пред 1 година

IMG_6897

Педофил извршил полови дејствија врз дете: страотни детали

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 23-годишно лице, бидејќи постои сомнение дека извршил други полови дејствија врз дете кое не наполнило 15 години, кривично дело казниво според член 188 став 5 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 2 јануари во вечерните часови, го запрел 11-годишното дете и на сила го одвлекол во објект во изградба во близина на неговиот дом во Желино, па започнал пред него да врши други полови дејствија. Детето повикало за помош, но осомничениот не му дозволувал да замине, се додека повиците не ги слушнал таткото на детето и му се спротивставил, по што осомничениот се дал во бегство.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот на обвинителството и донесе Решение со кое му определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 1 година

toni-mihajlovski

Скопје, смрдеше на отров, смрдеше на „амбуланта“, на смрт, како во гасна комора, таков е системот!, реагира актерот Михајловски

Актерот Тони Михајловски се осврна на загадениот воздух во Скопје, посочувајќи дека градот е како во гасна комора. Потсети дека тоа трае над деценија и истото се третира како да е нормално, а не, штетно.Целиот статус на Михајловски:Бајати вести. Скопје/Козле завчера околу 23:30 мирисаше/смрдеше на отров. Смрдеше на “амбуланта”, на “болница”. Смрдеше на смрт.Ги прошетав кучињата 20тина минути. Јакната ми мирисаше на отровот а и крзното на кучињата мирисаше на истото. Тоа што мирисаше можеше и да се види во воздухот. Како во гасна комора. Децата ни кашлаат, болниците се полни, се гушиме. И така е 15/20/25год?И не ни пречи. Никому не му пречи. Можеби континуитетот го нормализира ненормалното, можеби сме заљубени во џелатот, или едноставно сме се “навлекле” на смрадот.Додуше мене ми пречи, ама мене тоа ми е заради астмата. Отидов да си купам “дишало” Фостер, ама немав со себе копија од потврда од на мајка му фрчилото дека имам астма. Нема потврда, нема дишало. Таков е системот. А ме има во “системот” дека имам астма, ама немам потврда. Копија која треба да ја носам со себе кога сакам да земам нова пумпи*ка.И тоа е направено така за да не се злоупотребува Фостер пумпи*ката. Можам на пример да се излечам од астма а сеуште да земам пумпи*ка и да ја препродавам. Или да ја давам на делење. По едно пафче/димче за одредена цена. Сиромав чо’ек, жив ѓа’ол. На мајка му пумпи*ката кој и да го смислил системот. Си купив Вентолин. Брка работа а и нема да станам првиот дилер на Фостер пумпи*ка во нашата земја.Нејсе, на вести јавија дека доцнат авионите од Истанбул. Шуќур. Полесно се дише кога имаш таква информација. п.с. Се прашувам тие што го одобриле тоа, очигледно горење на нечиј отпад, дали имаат деца, и дали нивните деца дишат некој друг воздух?

Коментари | пред 1 година

IMG_5645

Скопје и на првото место по најзагаден воздух во светот

Скопје успеа да се качи на првото место во светот на листата која ги прикажува градовите со најзагаден воздух во светот, а потоа постепено да падне на 11-то место. Од многу штетен, сега воздухот во главниот град е штетен. Сите овие податоци ги покажува сервисот „IQAir“, која добива податоци од мерни станици низ целиот свет, ги сортира и рангира.Нивото на PM2.5 во 21:58 часот беше 37,7 пати повисоко од годишната дозволена вредност според Светската здравствена организација.Зимскиот период за нашиот главен град, како и за повеќето населени места ширум земјава, неизбежно значи – рекордно загаден воздух. За жал, овој круцијален проблем станува актуелен само во зимскиот период, кога мерните станици регистрираат вредности и 50 пати над дозволените. Загадениот воздух е најопасниот надворешен фактор што придонесува за ризик од болести и прерана смрт.Загадениот воздух ни штети на сите, но најранливи се постарите лица, децата, како и лицата со хронични срцеви и белодробни заболувања. Воздухот, како надворешниот, така и оној внатре во нашите домови, може да биде загаден. Факторите кои го загадуваат воздухот надвор се делат на природни — односно биогени, и човекови — односно антропогени. Загадувачи на воздухот од природно потекло се шумските пожари и прашината од пустините.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-01-03-212925

Тошковски се извини на велешани за затворањето на мостот во Башино село за реконструкција, полицијата ќе обезбеди проток во сообраќајот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, заедно со премиерот на Владата Христијан Мицковски, министерот за транспорт и врски Александар Николовски, градоначалникот на Велес Марко Колев и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски беа на увид на состојбата на мостот кај Башино село. Целта на посетата беше да се координира брза реакција на институциите по добиениот извештај од Градежниот факултет до Јавното претпријатие за државни патишта дека мостот кај Башино село е во многу лоша состојба заради што се забранува секаков сообраќај за лесни и тешки товарни возила.Министерот Тошковски упати извинување на граѓаните на Велес кои ќе мора да бидат трпеливи за надминување на оваа состојба бидејќи за жал претходната централна власт до која е апелирано уште во 2018 година за проект за санација на овој мост оставила штетата толку да се зголеми што сега има неминовност од затворање на мостот на неколку месеци, се до негова конечна санација.„Министерството за внатрешни работи во моментот преку специјалните единици учествува во подводни снимања на мостот со што ќе овозможи видео материјал на Градежниот факултет за да направи брз проект за санација и пуштање во употреба на мостот за сообраќај што се очекува да заврши за 60 до 90 дена. Во меѓувреме сообраќајот кој нема да се одвива преку овој мост ќе биде пренасочуван преку Велес, а полицијата постојано ќе го регулира сообраќајот со посебни режими со цел да не се наруши текот на сообраќајот и да нема застои во движењето на возила низ градот Велес.Ги повикувам граѓаните на Велес и сите граѓани кои ќе имаат потреба да сообраќајот во овој регион да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои ќе учествуваат во регулацијата на сообраќајот. Во меѓувреме паралелно на проектот за санација на овој мост кој треба да заврши за 60 до 90 дена се планира проект на нов мост во близината на истиот, чија изградба треба да почне во втората половина на годината после завршувањето на тендерските постапки и избор на изведувач.“, потенцираше министерот Тошковски за време на увидот.

Македонија | пред 1 година

pograga-cuk

Од водите на Вардар извлечено телото на четвртата жртва во тешката сообраќајка кај Рашче

Откако од водите на реката Вардар беше извлечено уште едно тело на починато машко лице, патник во автомобилот кој излета вчера кај Рашче, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција и на оваа четврта жртва на тешката несреќа.Од Обвинителството велат дека се работи на утврдување на причините.Вчера вечер околу 21 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на реката Вардар го извадија возилото „ауди“ со скопски регистерски таблички, во кое биле пронајдени три починати женски лица Н.А.(23), В.А.(25) и З.А.(59) сите од село Грчец, скопско.Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција.Во несреќата со телесни повреди се здобило четиригодишно дете-сопатник, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Македонија | пред 1 година

1-3

Ѓорѓиевски: В понеделник Бадникови поворки во чест на Христовото раѓање

Подготвени се повеќе од 3500 коледарски пакетчиња за дечињата од Бадниковите Поворки. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги покани сите да бидат дел од досега најдолгата поворка која ќе финализира на плоштадот ,,Македонија” во Скопје, каде е поставена импозантна Божикна пештера.„Голема е мојата чест, што заедно со Премиерот Христијан Мицкоски сме помагатели на овогодинешните Бадникови поворки. Се потрудивме и плоштадот „Македонија” да го краси најимпозантната Божикна пештера во регионот.На 6-ти јануари, во 12 часот заедно со дечињата кои ќе го најават Христовото раѓање ќе ја формираме досега најдолгата поворка, на која ве поканувам сите да бидете дел од овој ден за паметење. Претходно, дечињата од Кисела Вода во 10:20 часот ќе ја посетат општината и ќе бидат дарувани со пакетчиња, а потоа заедно, пеејќи ја ,,Вечниот Бог” ќе се упатиме кон центарот на Скопје на досега највеличествениот Божикен настан. Ова се дефинитивно најрадосните денови во годината што посакувам да траат во текот на целата, а она што ме прави исклучително горд е што младите повторно живеат во духот на вистинските вредности и ја продолжуваат традицијата. Бог нека дарува здравје и љубов на сите. Се гледаме“, изјави градоначлникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

paridenari1

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2024 година.Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 03 Јануари 2025 година.Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:- 03.01.2025 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ- 08.01.2025– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-03-154701

Горан Минчев поднесе претставка до Државниот инспекторат за труд: „Законите мора да се почитуваат за сите подеднакво“

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, како физичко лице, граѓанин, по допрен глас, поднесе претставка до Државниот инспекторат за труд, барајќи вонреден инспекциски надзор во Јавното комунално претпријатие „Пиша“ од село Липково.Во претставката, Минчев укажува на сериозни неправилности во објавениот јавен оглас број 03-204/3, со кој се бараат четири нови вработувања на неопределено време.Според огласот, критериумите за вработување вклучуваат етничка припадност, што е во спротивност со Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за работните односи и Правилникот за задолжителните елементи на јавните огласи.„Ова е директно нарушување на принципите на еднаквост и недискриминација. Законот е јасен – вработувањата во јавниот сектор треба да се базираат на квалификации, компетенции и транспарентност, а не на етничка или друга дискриминаторска основа” - истакна Минчев.Како министер, но и како граѓанин, Минчев посочи дека ваквите случаи ја нарушуваат довербата во институциите и ги охрабрува граѓаните да се борат за почитување на своите права.„Должни сме да изградиме праведен систем кој функционира подеднакво за сите. Политичката волја за почитување на законите мора да биде основен принцип на секоја јавна институција. Само така можеме да создадеме силна и правична држава“, нагласи Минчев.Претставката до Државниот инспекторат за труд е поднесена со цел да се утврди дали во конкретниот случај постојат основи за прекршување на законите. Минчев повика инспекторатот да спроведе темелна истрага и да информира за преземените мерки.

Македонија | пред 1 година

03012025_Mickoski

(Видео) Мицкоски: Ќе се гради нов мост кај Башино Село, постојниот е небезбеден за сообраќај

„Градоначалникот кажа најголем дел од деталите коишто се поврзани со за жал ова што мора да се случи сега и мора да го направиме овој чекор, бидејќи не сакаме да дојде до последици коишто ќе значат и губење на човечки животи. За жал, во минатото иако се констатирало, иако градоначалникот уште во 2018 година, тогашниот, апелирал до тогашната Влада да се реконструира, да се посвети внимание на овој мост. Добро е да се знае дека овој мост е изграден во 1971 година, како времено решение од страна на тогашната Армија. После толку години, еве би рекол ако денеска го гледаме, тоа се 53 години, ова времено решение полека но, сигурно станувало некако трајно решение и дојдовме до состојба во којашто мора да се преземат вакви чекори“, рече премиерот Христијан Мицкоски.„Јас од мое име би сакал да им се извинам на велешани и на сите оние граѓани, коишто во следниов период за жал ќе имаат зголемен сообраќај низ Велес и нема да може да се користи овој мост за сообраќај. Навистина жалам што ова мора да се случи но, подобро да ние примиме некој политички куршум, отколку да не дај боже загубиме човечки живот, 53 години за жал ништо, 54 година ништо не се направило.Колегите од Градежниот факултет и покрај тоа што, ќе повторам градоначалникот тогашен уште во 2018 година апелирал и покрај тоа што во 2019 сменета категоризацијата од локален во државен ништо не е направено. Станува збор за седум милиони денари, коишто се барани за санација на истиот.Ништо не е направено и сега сме доведени во ситуација во којашто сме, да колегите од Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, донесат заклучок во којшто се вели дека, во овој момент се забранува секако вид на сообраќај на овој објект, бидејќи конструкциите се од висок ризик. Инаку вака од прилика изгледаат хоризонталните носачи. Еве да видите како изгледа отприлика. Практично комплетно имаме уништена и арматура и бетонска конструкција отприлика вака сетo тоа изгледа.Еве отприлика уште некоја слика да видат граѓаните како сето тоа изгледа, тоа е целосно уништено. Припадници од Министерството за внатрешни работи од специјалните единици, се тука има и нуркачки активности, за да може колку толку да снимаат одоздола, во делот на темелењето за да може да им се даде на колегите од Градежниот факултет, час поскоро да го изготват тоа техничко решение, за коешто зборуваше градоначалникот, за да може во следните до 90 дена максимум, имаме каков таков сообраќај барем во едната лента, преку користење на сигнализација со семафор. А на некој си би рекол 50 метра подоле, здравје боже во втората половина од оваа година ќе почне изградбата на новиот мост. Од директорот на Јавното претпријатие државни патишта, сум информирам дека следниов период, следниве недела-две, месец најдоцна, ќе заврши повикот за избор на проектанти. Тие веднаш ќе можат да почнат да проектираат. Месец и половина, до два, би било проектирањето, а потоа јавна набавка, тендер и очекуваме некаде втората половина од следната година да биде изготвен проектот, изведувачот да се избере и така натаму и да може да се изгради новиот мост.Во еден момент како што кажа и градоначалникот ќе имаме и времен сообраќај овде и градба на нов мост. Здравје боже за брзо од денеска ќе имаме многу побезбедна би рекол стабилна комуникација во рамките на градот Велес.Ја користам можноста еве да уште еднаш, им се извинам на жителите на Велес и на околината, којшто периодов ќе бидат би рекол сведоци на зголемен сообраќај којшто ќе се случува низ градот Велес. Но, ќе повторам, затоа сме тука. Јас заедно со колегите и министерот за транспорт и вицепремиер, министерот за внатрешни работи, пратениците се тука, градоначалникот, директорот на Јавното претпријатие. Подобро ние да бидеме тие коишто ќе ја понесат таа политичка тежина, отколку не дај боже да загубиме човечки живот и тогаш после, сите ние да бидеме виновни, зошто сето тоа не сме го направиле порано. Затоа се одлучивме на овој чекор“, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-03-154439

Шалтерите на „Водовод“ ќе работат в понеделник до 15:30 часот

ЈП Водовод и канализација – Скопје, во пресрет на божиќните празници, ги известува граѓаните на град Скопје, дека на ден 06.01.2025 година (понеделник), шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат, од 07:30 до 15:30 часот.Седми јануари, вторник, шалтерите на претпријатието нема да работат.

Скопје | пред 1 година

ustaven

Од јануари 2025 година граѓаните ќе можат и преку електронска пошта да иницираат постапка пред Уставниот суд

Од 1 јануари 2025 година секое физичко и правно лице, преку електронска пошта (e-mail) ќе може да поднесува иницијативи, барања и предлози до Уставниот суд.Електронското поднесување на поднесоци е овозможено преку интернет страницата на Уставниот суд, односно преку категоријата „Обраќање до Судот”, каде во поткатегоријата „Eлектронско поднесување на поднесоци” се наведени насоки за начинот на електронското поднесување.Поднесувањето на електронските поднесоци е предвидено со Правилникот за електронско поднесување на поднесоци до Уставниот суд на Република Северна Македонија и истиот е објавен на интернет страницата на Судот.

Македонија | пред 1 година

03012025-Mickoski-13

Мицкоски: Се што договоривме со Синдикатот за повисоки плати во здравството, како Влада ќе го испочитуваме, продолжува растот на плати

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање поврзано со тоа дали Владата ќе го почитува договорот за повисоки плати во здравството посочи дека оваа Влада ги почитува сите договори дури и тие преземени од претходната Влада.„Владата секако дека ги почитува договорите, па дури и оние коишто се преземени како обврска од претходната Влада, но тоа е што е, а камо ли па своите договори. Ние имаме договор со синдикатите, постигнавме историски договор со синдикатите на долг рок во следните четири години и после оние првични 10% зголемување на паричната маса за исплата на плати, па во рамките на таа парична маса кај техничкиот персонал имаме поголемо процентуално зголемување, кај докторите помало, но генерално оние 10% зголемена парична маса во октомври се случи, односно од ноември за октомври, истото тоа сега ќе се случи од април за март практично, тие 5% ќе се зголеми и така ќе се зголемува во следните 4 години. Рековме доколку буџетот дозволува просечно таа парична маса за исплата за плата на вработените во здравството ќе биде зголемена до 50%, нешто што претставува историски голем успех би рекол и ќе продолжиме понатаму да го подржуваме здравството“, објасни премиерот Мицкоски.Претседателот на Владата Мицкоски посочи дека во наредниот период ќе има и структурни реформи во здравството за граѓаните да ја добијат здравствената услуга која им е потребна.„Сега ќе следат и структурни реформи во овој процес и мислам дека со тек на време граѓаните ќе ја добијат онаа здравствена услуга којашто им е потребна. Тука ве молам да не ги заборавиме и оние специјализанти коишто исто така рековме ќе бидат вработени, обезбедивме средства за истите и истите тие ќе бидат вработени, да не биде голгота како до сега, по принципот како до сега“, кажа премиерот и додаде:„Да не заборавиме и дека повеќе од 1.000 нови вработувања ќе имаме во здравството, нешто што го ветуваше и министерот за здравство. Процедурата е почната само треба оние формални чекори да бидат завршени, така што навистина многу внимание ќе посветиме и посветуваме на здравството.“

Македонија | пред 1 година

janevska34-2

Јаневска: Продолжува одличната соработка со младите и грижата за подобар ученички и студентски стандард

Новата Влада има одлична соработка со младите. Во изминатите шест месеци излеговме во пресрет на повеќе нивни барања, со што се проширија правата и можностите за учениците и студентите. Ја продолжуваме редовната комуникација и заложбите за подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска по денешната средба со претставници на Националното студентско тело, Сојузот на средношколци и Форумот за образовни промени, на која се дискутираше за заедничките приоритети во 2025 година.„Продолжуваме да дискутираме за нивните потреби и за олеснување на процесот на образование и секојдневно функционирање. Драго ми е што учениците и студентите се задоволни од досега преземените активности и мерки, а јас уверувам дека ќе биде уште подобро за нив во сопствената земја. За оваа година обезбедивме буџет за студентски стандард кој е за 18% поголем од ланскиот и ќе изнесува 30 милиони евра“, рече Јаневска.Потсети дека на самиот почеток на календарската година, овозможен е бесплатен превоз за студентите во Скопје, односно Владата одлучи да префрли 120 милиони денари на ЈСП Скопје, за разлика од претходното владино раководство кое три години немаше донесено ваква одлука.Јаневска информираше дека минатата година го прифати барањето на студентите за субвенциониран студентски оброк да користат и бруцошите почнувајќи од месец октомври, што порано не беше така, како и дека оваа мерка или ќе го прошири опфатот на корисници или ќе се зголеми дневниот износ за студентите кои сега го остваруваат ова право.„Ги олеснивме критериумите за искористување на стипендиите за студенти запишани на студиски програми за наставен кадар. За стипендиите за втор циклус на студии во државата, овозможивме да аплицираат студенти со завршени тригодишни додипломски студии, кои порано беа дискриминирани. Постапките целосно ги дигитализиравме, така што повеќе нема доставување на хартиени договори и решенија. Ќе напоменам и дека навремено ги исплативме ученичките и студентските стипендии за тековната учебна, односно академска година, за разлика од минатото кога исплатата доцнеше по шест и повеќе месеци“, рече Јаневска.Министерката потсети и дека во тек е етапна реконструкција на студентските домови, како и дека оваа година ќе продолжи изградбата на ФИНКИ и ФФК.„Ќе има уште многу нови инвестиции, подобри услови за образование и повеќе права и можности кои ги уредуваме со нова законска регулатива. Следува изработка на нови закони за високо образование и за студентски стандард, процес во кој студентите се директно вклучени“, додаде Јаневска, потенцирајќи дека младите се иднината и мора да им се овозможат сите услови за тука да го реализираат својот потенцијал.

Македонија | пред 1 година

03012025-Mickoski-9

Обезбедени се средства во Буџетот за линеарното зголемување на пензиите за 2.500 денари, кажа Мицкоски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали во Новата 2025 година во овој Буџетот се предвидени повеќе средства за покачување на пензиите, информираше дека се предвидени зголемувања за мартовската пензија, којашто ќе биде исплатена во месец април.„Да, во новиот Буџет се предвидени зголемувања. Сега во мартовската пензија, односно која што ќе биде исплатена почетокот на април, односно како што доаѓа исплатата на пензиите практично самиот крај на март, почетокот на април за мартовската пензија. Оние дополнителни 2500 денари линеарно зголемување. Со што се заокружува она ветување, дека во првата година, линеарно пензиите ќе бидат зголемени за 5.000 денари. Ние за девет месеци еве тоа ќе го направиме, и мислам дека пензионерите се задоволни од оваа мерка, и мислам дека на некој начин успеваме тие пензионерски денови да ги олесниме како Влада, и ќе продолжиме во таа насока да работиме и во иднина. Повеќе од 300.000 пензионери ќе го добијат тоа покачување со мартовската пензија“, објасни премиерот.

Македонија | пред 1 година

lovecka-puska

Истрага за убиството во Тетово, предложен притвор за таткото кој го уби својот син

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 65-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.При семејно насилство и по кратка меѓусебна расправија, осомничениот со истрел од ловна пушка која ја поседувал со дозвола, со умисла го лишил од живот сопствениот 39-годишен син, со кого живееле во истиот стан.Куршумот ја погодил жртвата во градниот кош и тој веднаш починал, а осомничениот седел во станот со безживотното тело на починатиот додека не ги пронашле.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Македонија | пред 1 година

vevcanski-karneval

Љутков: Вевчанскиот карневал е национален бренд со уникатен спој на културата, традицијата и туризмот

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков на денешната прес-конференција на која беше најавено претстојното издание на традиционалниот Вевчански карневал, го истакна значењето на како што рече, еден од најавтентичните симболи на нашето културно наследство, со над илајада годишна традиција.Тој подвлече дека Вевчанскиот карневал и покрај предизвиците и недостигот на континуирана поддршка во изминатите години, опстојува како симбол на нашата култура и традиција.„Вевчанскиот карневал е потврда за посветеноста и љубовта на вевчанци кон своето наследство, кои со својата упорност и страст го задржаа духот на карневалот жив, и ја потврдија неговата важност. Креативните маски изработени со големо мајсторство, се повеќе од уметнички дела. Тие се огледало на времето – носат пораки, раскажуваат приказни и на уникатен начин го поврзуваат минатото со сегашноста, и ја коментираат стварноста“, рече Љутков.Министерот Љутков ја истакна туристичката атрактивност и можностите за развој на културата и туризмот на Вевчани:„Вевчани е и вистинска туристичка атракција. Лоцирано на падините на планината Јабланица, со недопрена природа како Вевчанските извори, богата историја, традиционална архитектура, специјалитети од локалната кујна, традиција и фолклор е основа Министерството за култура и туризам во иднина да посвети особено внимание во промоција и поддршка на културниот туризам на целиот овој регион, вклучувајќи ги и Охрид, Струга, и Дебарца“.Во пресрет на годинешниот Вевчански карневал, министерот најави дека оваа манифестација, која е членка на меѓународната асоцијација на карневали, ќе биде промовирана како национален бренд кој нуди уникатно искуство и кој како спој на културата и туризмот привлекува и ќе привлекува уште поголемо меѓународно внимание и посетеност.На прес-конференцијата се обрати и градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски. Беше најавено дека Вевчанскиот карневал ќе се одржи традиционално за празникот Василица, од 12 до 14 јануари. Покрај традиционалните маски и новите креации кои го отсликуваат општествениот живот во изминатите 12 месеци, организаторите најавија богата и разновидна дводневна музичка програма.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања