Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

03012025-Mickoski-8

(Видео) Мицкоски: Се пушти во употреба реконструираната спортска сала „25 Мај“ во општина Радовиш

„Проекти коишто беа започнати, во рекордно време завршени. Нешто што претставува навистина за мене импозантен успех и за тоа би сакал да му честитам и на министерот за спорт и на градоначалникот на Општина Радовиш и на сите оние коишто беа вклучени во реконструкцијата на овој објект, да ја, од оној изглед којшто го имаше во минатото, изгледа навистина вака европски, репрезентативно“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.„Очекувам голем дел одбојкарски, кошаркарски, ракометни репрезентативци да произлезат од овој објект. Пингпонгари се разбира, борачи коишто ќе го користат овој објект, затоа што Радовиш во минатото бил расадник на многу македонски спортски великани, така очекувам и во иднина да се продолжи.Ние како Влада ќе продолжиме да ги поддржуваме ваквите проекти. Спортот ни е во фокусот. Како што кажа и министерот, без инфраструктура не можеме да бараме и резултати. Значи многу е важно да ја имаме онаа базична, основна инфраструктура, согласно приоритетите на Владата и потоа и да очекуваме и да бараме резултати од оние коишто ќе ја користат оваа инфраструктура.Знам дека, и министерот за спорт на територијата на цела Македонија, и овдека во Радовиш, градоначалникот имаат исклучително амбициозна агенда. Едниот со спортската инфраструктура, другиот покрај спортската, има и градоначалнички приоритети. Инфраструктура којашто ја бараат радовишани се разбира, којашто им е потребна.Сега ќе го објавиме новиот повик. Некаде од прилика средината на јануари, крајот на јануари, втората половина на јануари којшто ќе трае три месеци и ќе можат општините, нормално повторно со проекти да конкурираат, а ние како Влада да ги финансираме во делот на инфраструктурата.Така што очекувам нови булевари, нови улици, нови канализации, нови водоводи, нови градинки, нови училишта, реконструкција на истите, нови спортски објекти и така натаму, и така натаму. Сакам да кажам дека остануваме посветени на она коешто го ветувавме на граѓаните.Уште еднаш на крај, да им честитам, дозволете ми, и на министерот за спорт и на градоначалникот и на сите коишто беа вклучени да овој објект вака изгледа. Знам колку и пратеничката се бореше во сиот овој период и во рамките на буџетот да бидат предвидени средства. Затоа сакам да им честитам на сите оние коишто учествуваа во реализацијата на овој и во реализацијата на минатите, но и на идните проекти овде за Општина Радовиш“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

3.1.2024

Директорот на Царинска управа Николовски: Спречен организиран криминал со употребувани возила, запленети 35 автомобили, поднесени кривични пријави за 24 лица до Обвинителство за организиран криминал

Царинската управа преку Секторот за контрола и истраги откри и спречи организирана мрежа во која увозници, шпедитери, возачи вработени во превозни компании и царински службеници организирано вршеле кривични дела со употребувани возила, при што овие возила на нелегален начин биле ставани во промет и завршувале на авто-плацеви во Македонија без да се платат увозни давачки. Запленети се 35 автомобили со вкупна вредност од 20 милиони денари, при што врз Буџетот на државата преку избегнување плаќање увозни давачки е нанесена директна штета во висина од 9 милиони денари. Ова го истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на прес-конференција на која информираше за случаите.Директорот притоа вели дека постои сомневање дека избегнатите давачки и штетата нанесена на Буџетот на државата е многу поголема, затоа што е голема веројатноста во изминатите години овие дела да се случувале повеќекратно.„Досега, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се поднесени кривични пријави за 24 лица, 19 физички и пет правни лица, за сторени кривични дела: царинска измама, прикривање стока од сторено кривично дело царинска измама, фалсификување и злоупотреба на службена должност и овластување. Со целосно завршување на предистражните и истражните дејствија, кривични пријави ќе следат за други лица, при што некои од нив ќе се теретат за повеќекратно извршување на исти или слични дела. Во однос на царинските службеници кои извршиле злоупотреба на службена положба и овластување, во тек се дисциплински постапки, по што ќе следат соодветни казнени мерки“, потенцира Николовски.Поконкретно, во овие случаи, како што информира директорот, Секторот за контрола и истраги при Царинската управа утврдил грубо кршење на законските прописи. Сторителите на кривичните дела, кои биле учесници во добро организирана и разработена шема, изработувале фалсификувани придружни документи кои се потребни за завршување на царинската постапка и фиктивно гo раздолжувале транзитот без притоа да спроведат царинска постапка. Така, без да бидат платени царината и другите увозни давачки, возилата биле пуштани во слободен промет и истите завршувале на различни авто – плацеви во државата.Николовски порачува дека нема да има простување, и оти се става крај на организираниот криминал и корупцијата. Откривањето на овие случаи, вели, е само почеток од она што следи, при што ќе продолжат со исто и засилено темпо кон откривање и спречување на сите вакви криминални појави и со зголемување на приходите во Буџетот.

Македонија | пред 1 година

DSC_0288

Шест уапсени на различни локации во Скопје: сите се на возраст од 22 до 41 година

На 02.01.2025 во 14.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Ф.С.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 02.01.2025 во 16.15 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода О.Р.(41) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 02.01.2025 во 14.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода С.Ш.(28) од с.Крушопек, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 02.01.2025 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода С.С.(22) од Кочани, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 02.01.2025 во 15.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода И.С.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 02.01.2025 во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода А.Љ.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

pograga-cuk

Позната возраста на загинатите жени во Вардар - МВР со детали за случајот

На 02.01.2025 околу 16 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на локален пат Сарај-с.Рашче, патничко возило излетало од патот и паднало во реката Вардар. Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници, Итната медицинска помош и јавен обвинител.Околу 21 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на реката Вардар го извадиле возилото „ауди“ со скопски регистерски таблички, во кое биле пронајдени три починати женски лица Н.А.(23), В.А.(25) и З.А.(59) сите од с.Грчец, скопско. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција.Во несреќата со телесни повреди се здобило четиригодишно дете-сопатник, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, а се трага по А.А.(56) од с.Грчец,скопско, кој според исказ на роднини, бил во возилото пред да излета од патот.Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а екипи на СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции со физичко пребарување и пребарување со два дрона од страна на САЕ Тигар и Единицата за брзо распоредување преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 1 година

472248164_583581700968077_7570639880014557016_n

„Не е страшно што лаже, туку тоа што мисли дека е оправдување првата помисла кога ќе видиш усмртено животно да ти е 'Еј леш, сликај ме одма'“

Низа реакции донесе оправдувањето на заменик-директорот на ЈП „Македонијапат“, Сашо Дранго, кој кажа дека се фотографирал со убиената мечка, откако таа била прегазена од автомобил. Новинари, јавни личности, критичари дадоа свој осврт.„Тоа што МВР нема регистрирано сообраќајна несреќа во која имало мечка во декември, не е битно. Уште понебитно е што мечкава не е на пат, туку во шума. Има ич не е ни битно што заменик директорот на Македонија пат службено онака си се шета со пушка. И си позира со мртва мечка „настрадана во сообраќајка“. Што правел, ја влечел од патот до шумата и ја врзал околу вратот само за да се слика, за да биде поубава позадината? И да, најстрашно е што ова ќе му помине, и наредниот пат кога службено ќе отстранува мечка од патот“, напиша Мери Јордановска, новинарка.„Не е страшно то шо лажит, колку шо е страшно то шо мислит дека е нормално оправдување првата помисла од ко ќе најш усмртено животно на пат да ти е: "Ееееј види леш..сликај ме одма!"“, напиша Иљче Затаракоски, критичар.„Заменик директорот наоружан и службено тргнал да отстранува умртвена мечка од сообраќајна несреќа кој патем не е пријавена како предизвикана од мечка. Ја влечел, тегнел до шумата и ја обесил на дрво за да се слика со неа. Од кога вторите луѓе по хиерархија во институции одат лично да собираат лешеви од улици? И од кога вработените на Македонија пат на работа носат пушки? Абе кого лажете вие?“, напиша Гизела Бошковска.„Наместо фала да кажете, можеби уште некоја кола ќе се излупала на мечката!!!! Плус мажиште пола тон го дигна. Пушката ја носел за сваки случај. Добро мисли ли со тимбата дека лагиве се лесно проваливи. На пример, никаде во билтен на МВР не е пријавено дека некој лупнал мечка, валда не лупаат секој ден“, напиша Јанаки Митревски, адвокат.„Лошо продолжува оваа 2025-та. Наоружани ловџии сликани со уловен трофеј-мечка, се вадат дека имале сообраќајка со дотичната мечка, потоа натчовечки извлечкана во шума“, напиша Ивор Мицковски.

Коментари | пред 1 година

aleksandar-kambovski

Александар Камбовски е нов претседател на Судски совет

Судскиот совет на седница денеска избра нов претседател Александар Камбовски.Претходната претседателка Весна Дамева во декември 2024 година поднесе оставка на три дена пред пред истекот на нејзиниот мандат.Собранието минатиот декември не го усвои годишниот извештај за работата на ова тело. За работата на Советот имаше и има критики за политички нарачани одлуки. Неусвојувањето на извештајот за работата на Судскиот совет ја отвора можноста пратениците врз основа на членот 100 од Законот за Судски совет да отворат расправа за работата на членовите на тоа тело кои се избрани од Собранието.Ова неколку пати го најавува и премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, најавувајќи дека „размислуваат за неколку потези што ќе ги преземат после празниците".Судскиот совет има 15 членови, од кои 8 ги избираат судиите од своите редови, а од 5 членови што ги избира Собранието, двајца се на предлог на претседателот на државата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-03-112819

Камбовски порача: На судиите кои не работат според законите местото нема да им биде во судскиот систем

Александар Камбовски, новоизбраниот претседател на Судскиот совет на колегите им порача, судиите кои не работат според законите ќе бидат отстранети од судскиот систем.„Бидете уверени дека институцијата ќе се води со интегритет, непристрасност и максимални напори за заштита на судската независност. Ова е куќа на судиите, ги охрабруваме да работат согласно законите и да не потпаѓаат под никакви влијанија. Крајно време е да се стави крај и секој судија кој не работи според законите, туку според негови лични интереси и потпаднал под влијание, дека местото нема да му биде во судскиот систем“, изјави Камбовски по изборот.

Македонија | пред 1 година

Badnik-Stefan

Божиќното послание од Архиепископот Стефан: Христос се роди

Божиќното послание од Архиепископот Стефан:Чудесен Советник, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот..Возљубени празникољупци,Воплотувањето на Бога, во личноста на Господ Исус Христос, е настан со значење за сиот свет и за сите времиња. Преку тоа собитие, целото создание се преобразува, а на човештвото му се овозможува учество во божествениот живот и му се дава слобода преку победата над гревот и над смртта. А еден од даровите на тој спасоносен настан е потврдувањето на вистината дека секоја личност е посебна и неповторлива, обдарена со посебни дарови и таланти. Христијанството ја возвестува вистината дека секоја личност има непроценлива вредност пред Бога, Кој толку го возљуби човекот и светот , што самиот Себеси Се понижи до таа мера да се роди во пештера, да прими лик на слуга, па дури и да биде распнат на Крст – за сите и за сè.Оваа вистина треба да ни послужи како поттик да дадеме сè од себеси, за во духовниот раст да Му се уподобиме на Христа, Кој, бивајќи Богочовек, е наш совршен пример на човечко битие. Тоа духовно растење, пред сè, започнува да ни се укажува преку Божјиот глас во секого од нас, што ние го нарекуваме совест, а совеста, пак, е како витлеемската ѕвезда којашто нè води до Господа Христа. И токму следењето на таа светлина е почетокот на покајанието, коешто доведува до вистинска промена на нашите животи.Возљубени чеда во Господа,Денес го празнуваме Рождеството на Синот Божји. Но од секого од нас зависи дали Тој ќе се роди и во нас, дали ќе се всели во нашите срца и души, дали ќе живееме со радоста од спасоносниот настан во Витлеем и со одговорноста којашто Христовото рождество ја носи со себе. Веста за доаѓањето на Месијата, пастирите и мудреците ја примиле со радост и љубов, а царот Ирод, пак, ја примил со завист и љубомора. И како што радоста и љубовта нѐ прават вистински Христови следбеници, така зависта и љубомората се моќни чувства кои можат целосно да нѐ уништат, правејќи нѐ робови на омразата и на стравот. Токму така се чувствувал и Ирод кога од мудреците, коишто ја следеле чудесната ѕвезда, разбрал за раѓањето на пророкуваниот и очекуван Месија. Евангелието ни сведочи дека тој се вознемирил , плашејќи се да не го загуби својот престол. На сличен начин, како ова Иродово однесување, и ние честопати претпоставуваме дека квалитетите и успесите на другите луѓе ги засенуваат нашите, па почнуваме да ги гледаме нив како закана. Животот во Бога, пак, и осознавањето на вистината, дека бивајќи Божји чеда, меѓусебно сме браќа и сестри, нѐ вдахновува со љубов кон другите, со взаемна грижа и со радост за сечие преуспевање.Возљубени во Христа Богомладенецот,Преку Божјата љубов ние сфаќаме дека, како Божји чеда, сите сме примиле дарби коишто треба да ги преоткриваме и утврдуваме. Светиот апостол Павле вели: Даровите се различни, но Духот е ист; и служењата се различни, но Господ е ист; и делувањата се различни, но Бог, Кој извршува сѐ во сите, е ист. Пројавата, пак, на Духот се дава секому, за полза на сите .Каков и да е нашиот призив, какви и да се нашите дарови и таланти, сето тоа ќе придобие вистинска смисла доколку е принесено во служба на Бога, подобно на даровите коишто мудреците Му ги принеле на Богомладенецот. Служете си еден на друг, секој со дарбата што ја примил, како добри управители на разнообразната Божја благодат – вели светиот апостол Петар. А, пак, светиот апостол Павле ја истакнува нашата меѓучовечка поврзаност, велејќи дека сите сме членови и органи на Црквата и сите тие се важни и неопходни, иако имаат различни функции .Возљубени чеда на Македонската Православна Црква,Сите ние како личности, како Црква и како народ, да бидеме благодарни за сите наши дарби, бивајќи свесни дека сè што имаме е од Него, од Господа. Да се почитуваме меѓусебно, со даровите коишто Светиот Дух штедро ги излева врз секого, за изградување на единство во Црквата Христова. Милостивиот Бог, преку Неговата љубов и Неговата благодат, може да ги преобрази нашите стравови и несовршености во љубов и усоврушување во радоста на Светиот Дух.Оттаму Христовата жртва, започната со Неговото рождество по тело, и завршена со Неговото страдање на Голгота, ни укажува дека секој човек е достоен за љубов. Синот Божји, Господ Исус Христос, Се даде Себеси за сите да нѐ направи вечно живи. Затоа свети Иринеј Лионски истакнува дека „Славата Божја е – живиот човек“ ! А вистински жив човек е оној којшто пребива во љубовта Божја. Според тоа, треба да живееме според поуката на апостолот кој поучува: Љубете се едни со други срдечно, со братска љубов; натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг . Живеејќи така, ќе го стекнеме мирот одозгора и ќе ги почувствуваме во нас плодовите на Царството Божјо, а тоа се: праведност и мир и радост во Светиот Дух . Па, чувајќи го единството на Духот преку врските на мирот , да се трудиме да имаме мир во себе, мир во својот дом, мир со луѓето и мир меѓу народите, знаејќи дека за тој мир копнееле мирољубивите души низ целата историја.Затоа, празнувањето на Божик нè поставува пред изборот како ќе одговориме пред Христа Богомладенецот: дали ќе го следиме примерот на исплашениот Ирод, што води во погибел; или оној на смирените и искрени мудреци и пастири, кои со радост Му се поклонија на новородениот Цар?Па, нас ништо не нè принудува да наликуваме на Ирода! Напротив, бивајќи крстени во името Христово, можеме да ја следиме ѕвездата на нашата совест којашто нè води до Христа, та Нему да Му ги принесуваме нашите лични дарови и таланти. Правејќи го ова, се ослободуваме од духовната поробеност, со што ни се покажува друг пат, патот на Евангелието, патот на вистинската слобода во радосната заедница на Неговото вечно Царство.Со овие пораки ви го честитаме празникот на Христовото рождество на сите чеда на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како во Татковината, така и насекаде по светот, поздравувајќи ве со радосниот поздрав:ХРИСТОС СЕ РОДИ!Честито и од Бога благословено новото 2025-то лето Господово!† СТЕФАН,АРХИЕПИСКОПОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИзаедно со членовите на Светиот архијерејски синодна Македонската Православна Црква– Охридска Архиепископија† ПЕТАР, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски† НАУМ, Митрополит Струмички† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски† ЈОВАН, Митрополит Крушевско-демирхисарски† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско-канадски† ПИМЕН, Митрополит Европски† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско-гостиварски† ГРИГОРИЈ, Митрополит Кумановско-осоговски† ЈОАКИМ, Епископ Дељадровско-илинденски† МАРКО, Епископ Делчевско-каменичкиБожик, 2024

Македонија | пред 1 година

vardar-3

Една од починатите жени го возела автомобилот кој излета во Вардар - детали од обвинителот

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место кај Рашче, каде автомобил со патници излета и падна во водите на Вардар.И покрај исклучително тешките услови на непристапен терен, беа преземени сите дејствија за обезбедување траги и докази со цел да се утврдат причините за несреќата.Заедно со автомобилот, од водите на Вардар беа извадени три починати женски лица, за кои е издадена наредба за обдукција. По уште едно лице се трага, додека во автомобилот патувало и дете кое е пронајдено повредено надвор од возилото, па е пренесено на Клиничкиот центар.Според првичните сознанија, со возилото управувала една од починатите.Ќе биде издадена наредба и за вештачење на автомобилот.По насоки на јавен обвинител се разговара со очевидци на настанот, како и со блиски на семејството во возилото со цел да се испитаат сите околности.

Македонија | пред 1 година

Vlada-hrana

Ќе поскапи храната за политичарите во Влада, ќе оживее “Македонско село”, крај на луксузирањето со службени возила

Од Службата за општини и заеднички работи, во изминативе шест месеци, откако со неа раководи Ивица Томовски, велат дека успеале да преземат бројни активности во насока на надминување на затекната состојба од претходното раководство.“Уште од првиот ден, Службата се фокусираше на мерки со кои беше неопходно да се надминат многу од затекнатите проблеми и неефикасности, се интензивираше процесот на ревизија и оптимизација генерално во насока на одговорно, отчетно и транспарентно управување со државните ресурси.За кусо време, СОЗР стави крај на недомаќинското работење, ги оптимизираше трошоците за набавка на пијалоци и апетисани за потребите на државните органи, ги покачи цените на угостителските услуги во владините објекти, со што минато станаа привилегиите за избраните функционери, а во завршна фаза е и постапката за ставање крај на лошите практики за злоупотреба на службените возила, преку изготвување на посебен регистар и унифицирање на службените возила.СОЗР примени механизам за строга контрола на сите службени трошоци со цел да се намалат непродуктивни патувања, кои биле пракса во минатото, а во насока на одговорно трошење и планирање на јавните средства.„Големо безредие и тотален хаос наследивме со државниот имот од кој 80 отсто имаше нерешени имотно-правни односи, затекнавме запуштени вили сопственост на државата, заборавени репрезентативни објекти. По извршена анализа на состојбите, конкретни чекори презедовме и во таа насока“, вели Томовски.Поради недостатоци во проектот во владината Палата АСНОМ, склучен и наследен од претходната власт, СОЗР направи анекс на проектот за реконструкција која е во тек, а се преземаат и мерки за заживување на комплексот „Македонско село“ кое во изминативе пет години е затворено и заборавено поради негрижа. Во моментов се врши и реконструкција на Клуб на пратеници, со цел да са врати функционалноста на објектот и неговиот имиџ.СОЗР во моментов врши анализи на условите за изградба на втора фаза од Жичницата, од црквата „Св.Јован“ во Капиштец до Средно Водно, како и за доградба на зградите на Факултетот за физичка култура (ФФК) и Факултетот за информатички технологии (ФИНКИ) во рамките на кампусот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, објекти кои шест години се во фаза на карабина.И во наредната година ќе продолжиме со подобрување на системот за управување со цел да овозможиме транспарентност, отчетност и поголема ефикасност во работењето на сите нивоа, со што ќе се подигне нивото на доверба во оваа важна служба и ќе придонесе за понатамошен развој и напредок”, велат оттаму.

Македонија | пред 1 година

f_35979066_1280

(Видео) Ужасна несреќа на туристички автобус со руски туристи: има тешко повредени, по судирот на патарина во Тајланд

Туристички автобус со руски туристи удри во наплатна рампа на наплатната рампа Понг на 2 јануари во 18:22 часот по локално време, при што беа повредени 33 лица.Автобусот на Ким Хо Тур се судрил со патарина, бариера и Тојота Фортунер, по што почнало да истекува гориво.Спасувачките служби излегле на местото на настанот и брзо ги евакуирале патниците. Меѓу повредените има шест лица кои се во тешка состојба, додека 27 се здобиле со полесни повреди. Меѓу повредените има вкупно 30 патници од автобусот и тројца патници од Тојота Фортунер. На сите им била укажана помош на местото на настанот пред да бидат пренесени во локалните болници за понатамошно лекување.Службеник за безбедност на автопатот објасни дека Тојота Фортунер успорувал за да помине низ наплатната рампа кога автобусот, кој се движел со голема брзина, наеднаш ја сменил лентата. Автобусот изгубил контрола, предизвикувајќи сообраќајка и паника, пренесува pattayamail.https://x.com/MarioNawfal/status/1874830293070151805

Свет | пред 1 година

vardar-potraga

Се трага по мажот кој бил во автомобилот што излета во Вардар, детето е во стабилна состојба

Потрагата по мажот кој бил во автомобилот што излета во Вардар од патот Расче-Кондово - трае. Полицијата добила пријава во 16 часот, и веднаш постапиле.-Во 18 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски” сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар. Во 21.05 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на река Вардар го извадија возилото „ауди”, во кое биле пронајдени три починати лица, соопшти МВР.Како што вчеравечер информираше Центарот за управување со кризи, од возилото кое било извлечено од Вардар биле извадени тела на три женски лица.Дететo е е згрижено во Детска хирургија. Тоа, неофицијално, е во стабилна состојба.

Македонија | пред 1 година

avion

(Видео) Авион удрил во фабрика во Калифорнија и експлодирал, има загинати

Две лица загинаа, а осумнаесет се повредени кога мал авион денеска се урна во фабрика за мебел во Калифорнија, јавува Sky News. На снимката од надзорната камера се гледа како авионот се навалува на страна додека се приближува до зградата, пред да експлодира во облак од црн чад.Авионот се урнал поминувајќи низ покривот на зградата во која во тоа време биле 200 работници. Несреќата се случила само две минути откако авионот полетал од општинскиот аеродром Фулертон во округот Оринџ.Портпаролот на полицијата изјави дека се уште не се знае дали двете лица кои загинаа се во авионот или во фабриката. На осум повредени им била укажана прва помош на лице место, а десет од нив морале да одат во болница.Потврдено е дека моделот на авион е РВ-10 со четири седишта. Тоа е втор ваков модел кој доживеа несреќа по полетувањето од истиот аеродром за два месеци.

Свет | пред 1 година

izrael-vojska

Израел и Хамас подготвени за нови преговори во Катар

Израел и Хамас планираат да испратат преговарачи во Катар и да ги обноват преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа.Заливската држава, заедно со САД и Египет, посредува во разговорите, бидејќи Израел и палестинската милитантна група Хамас одбиваат директно да разговараат.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го одобри испраќањето на преговарачка делегација. Хамас соопшти дека планира да испрати свои преговарачи, а висок функционер на групата изрази оптимизам.„Постојат добри изгледи дека преговорите ќе бидат успешни овој пат“, изјави Муса Абу Марсук за катарската новинска организација Ал-Араби Ал-Џадид.Тој не откри на што го темели својот оптимизам. Ќе биде тешко да се постигне компромис бидејќи Израел и Хамас сакаат да се уништат меѓусебно.Израел бара список со имињата на живите заложници заробени во Газа. Хамас рече дека му е потребна пауза во борбите за да се утврди локацијата и здравјето на заложниците, што Израел го гледа како изговор, објавија медиумите.Војната започна со напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, при што загинаа околу 1.200 луѓе и беа заробени околу 250.

Свет | пред 1 година

CARINA-GRANICNI-PRELAZ-710x400

Десет лица во рацете на Обвинителството, сосе двајца службеници „паднаа“ при криумчарење на луксузни автомобили

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за обезбедување докази и поднесе обвинение против вкупно десет лица осомничени дека учествувале во дејствија на криумчарење на луксузни автомобили, како и фалсификување службени и други исправи.Во текот на 2021 и 2022 година, тие со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во земјава автомобили кои биле предмет на меѓународна потрага, како и автомобили за кои на друг начин ја избегнувале царинската контрола.Двајца од обвинетите се службени лица – референти од Одделението за управни работи во МВР, кои ја овозможувале постапката за регистрација на возилата во државава, иако знаеле дека се криумчарени.Еден дел од возилата по неколкупати меѓусебно си ги препродавале за да го прикријат криумчарењето, по што ги отуѓувале на крајни корисници.Во овие активности бил вклучен и 11-тиот осомничен, државјанин на Република Грција, за кого кривичниот прогон ќе биде отстапен грчките органи.Заедно со поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за четворица од обвинетите.По едно лице се трага со веќе распишана меѓународна потерница поради неговата инволвираност во друг сличен предмет со криумчарење луксузни возила кој го водеше Основното јавно обвинителство Скопје.

Македонија | пред 1 година

471810503_583581687634745_2825681479630016839_n

Заменик директорот на „Македонија пат“ застрелал мечка, дивеч под заштита, па се сликал, објави Анима Мунди

Јавноста е револтирана од однесувањето на заменик директорот на Македонија пат, Сашо Дранго. Тој застрелал мечка па се фотографирал, вели Анима Мунди и додава:„Мечката е дивеч под заштита, што значи дека нејзиното ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането според постојниот закон. Според Кривичниот законик, ловењето на дивеч под заштита, како што е мечката, се казнува со затворска казна од една до пет години“.Фотографијата ја објави невладината организација за заштита на животните „Анима Мунди“.Од Анима Мунди очекуваат тој да биде разрешен од функцијата, бидејќи, како што велат, вршителите на јавни функции треба да бидат синоним за одговорност, отчетност и почитување на законите, наместо со пушки в рака да убиваат заштитени видови животни и притоа да не одговараат.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-11-at-19.28.46

Уште една трагедија: Тетовец пукан во глава, убиен од сопствениот татко

Моменти пред дочекот на Новата година, 65-годишниот тетовчанец М.Н. го убил сопствениот син.Жрвата е 39-годишен маж во Тетово. Телото е пронајдено во неговиот дом со прострелна рана во главата.Тие живееле заедно, а неофицијално, според полицијата, на убиството му претходела караница. Имало обиди жртвата да биде спасена, но неуспешно. Брзата помош го однела во Ургентниот центар во Тетово, каде починал.Убиството било извршено со ловечка пушка на 31 декември. Ловечката пушка била пронајдена покрај телот на 39 годишниот маж.

Македонија | пред 1 година

vardar-3

Телата на три женски лица се извадени од возилото кое падна во Вардар, потрагата продолжува

Возилото кое попладнево во 16 часот излета во реката Вардар во близина село Рашче е извлечено, информираа од Центарот за управување со кризи.Како што соопштија од ЦУК, од возилото се извадени телата на три женски лица.Потрагата по четвртото машко лице кое најверојатно од возилото излетало во водите на Вардар продолжува, додаваат од ЦУК.

Македонија | пред 1 година

pozar-avtomobil

Опожарено возило во Арачиново, нема повредени

Денеска во 02.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Арачиново, скопско, настанал пожар во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.М.(34) од Арачиново.Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот било изгаснат. Повредени лица нема.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Скопје | пред 1 година

UaYct-

30-дневен притвор за дилер од Мала Речица

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Мала Речица за кого постои основано сомнение дека сторил – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 30 декември, во својот автомобил држел пакувања со вкупно 50,13 грама наркотична дрога марихуана. Кога полициски службеници во Тетово го запреле за проверка, тој дел од дрогата фрлил преку прозорецот на автомобилот, а едно пакување му било пронајдено во неговата патика.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и му определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 1 година

101013308-147590

Две жени од Градско повредени во сообраќајна несреќа

Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 15.40 часот на регионалниот пат Р1102 Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес. Увид бил извршен од увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 1 година

fani

Каранфилова-Пановска: СДСМ ќе понуди соодветен концепт и вистински човек за рехабилитација на Скопје

На Скопје во изминатите години му се случи цунами, целосен крах на основните функции на градот и скопјани таа тешка реалност ја живеат секој ден, посочи заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова Пановска, во интервју за Локално. Во интревјуото таа посочува дека СДСМ на локалните избори ќе има соодветна програмска и концепциска понуда, како кандидат што ќе може да го рехабилитира главниот град.Каранфилова Пановска, во интервјуто вели дека најголемата вина за овој крах на главниот град ја имаат Мицкоски, ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска.„Колабиран е јавниот превоз, хигиената во градот е катастрофална, улиците се преполни со смет, јавните претпријатија не функционираат, нема реализација на крупни капитални проекти, нема развој на градот.Грубо звучи, но реално скопјани се жртви на нивните меѓусебни пресметки, интереси и калкулации Тие го доведоа главниот град на дното, не само во јавниот транспорт, туку и во сите други области. Заедно ветуваа модерно Скопје, нови 250 автобуси па дури и бесплатен јавен превоз. А што донесоа? Заглавен и задушен град, целосен распад, не само во јавниот превоз, на сите полиња. И тој крах е на ВМРО-ДПМНЕ, иако сакаат скопјани да го заборават тоа“, вели Каранфилова Пановска.Во интервјуто таа потсети дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Градот намерно ја блокираа и ја кочеа работата, не гласаа важни одлуки за граѓаните, ниту пак предложија и донесоа некакви мерки за помош на скопјани.Поларизацијата која се случува помеѓу централната власт и градот, како што кажа Каранфилова Пановска е само дополнително изживување со скопјани и покажување огромна некадарност, болна суетност, немање сенс за јавен интерес.Каранфилова Пановска во интервјуто порача дека СДСМ ќе даде соодветен одговор, концепциски, програмски и кадровски и ќе излезе пред граѓаните со своја понуда за целосна рехабилитација, за обнова на Скопје.„Програмата ќе понуди модерен јавен превоз, намален сообраќаен метеж, ослободување на јавните простори, на нови зелени појаси, сообраќајно поврзување на градот внатре и со периферните населби. Ќе понудиме програмски концепт на модерното и ефикасно домување, каде скопјани ќе се чувствуваат убаво и задоволно, со квалитетни услови за образование на децата и најмалите. Концепт за справување со загаденоста, отпадот, нечистотијата, културни и спортски содржини на градот, пристојни дигитализирани и современи начини на сервисирање на потребите на граѓаните“, порача Каранфилова Пановска.При тоа заменичката претседателка на СДСМ, рече дека профилот на кандидатот на СДСМ за Град Скопје, ќе биде човек од градот за градот, човек од граѓаните за граѓаните, човек што ќе може да го рехабилитира Скопје, да го издигне од пепелот и да го крене на едно ново, подобро ниво, какво што заслужуваат граѓаните на нашето Скопје.

Македонија | пред 1 година

10

Градоначалникот Ѓорѓиевски во увид на градежните активности за нов паркинг кај ООУ „Невена Георгиева Дуња“

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во градежните активности за изградба на нов паркинг во дворот на основното училиште „Невена Георгиева Дуња“. Новиот паркинг, кој ќе се простира на површина од 550 квадратни метри, ќе обезбеди околу 50 паркинг позиции, со инвестиција вредна приближно 450.000 денари. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека ова е уште еден чекор во континуираното решавање на предизвиците поврзани со урбаното живеење:- Во изминатите три години изградивме над 1500 паркинг места низ општината, со што значително го олеснивме секојдневието на граѓаните. Со изградбата на овој паркинг, придонесуваме кон подобра функционалност и достапност во непосредна близина на училиштето, кое секојдневно го посетуваат ученици, родители и наставен кадар, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.Тој потсети дека, во истиот училишен објект е во тек изградбата на затворен базен, кој треба да биде готов до крајот на мај и дека во насока на заложбата за воведување едносменска настава во сите основни училишта во општината, ова училиште ќе биде проширено.„Само пред неколку дена заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски, направив увид во тековната изградба на затворениот базен во истиот училишен објект. Очекуваме овој значаен проект да биде завршен до крајот на мај. Во контекст на нашата заложба за воведување на едносменска настава во сите основни училишта во општината, со задоволство најавувам дека истото училиште ќе биде и проширено. Веќе имаме подготвена финансиска конструкција за проширувањето, со која општината ќе аплицира на вториот јавен повик од Владата за обезбедување средства за капитални проекти“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.Во училиштето „Невена Георгиева Дуња“се обезбедени се и интерактивни панели кои ќе користат во наставниот процес. Поставен е и нов видео надзор кој ќе ја зголеми безбедноста на учениците, а набавен е и инвентар за училишната кујна.

Скопје | пред 1 година

5

Мојсоска: Левица е единствена партија со јасен став против Бугари во Устав под било какви услови - патот до Брисел не може и не смее да води преку Софија

Пратеничката и генерална секретарка на Левица, Јована Мојсоска, во интервју за „Локално“ изјави дека Левица е единствена парламентарна партија со јасен став – против Бугари во Устав под било какви услови.„Нашиот став е јасен - патот до Брисел не може и не смее да води преку Софија. Македонското општество мора отворено да почне да говори за феноменот на интеграцијата на Македонија во Европската Унија, а тоа е дека со секој исчекор, постепено се губеше самобитноста на македонската нација. Почнувајќи од Лисабонската декларација, преку Рамковниот договор и територијалната поделба, па нелегитимниот Преспански договор, ние денес сме во состојба на длабоко поделена држава по дејтонски нефункционален систем каде унитарноста е само на хартија, додека паралелни институции никнуваат во образованието, општините, болниците, па сега гледаме дури и паралелна т.н. Албанска академија.Додека во Бугарското собрание сведочиме едногласно усвоена Декларација со која се негира самобитноста на македонската нација, во нашиот контекст се гледа како т.н. партии на албанскиот блок секогаш се во служба на интересите на странските интереси за демонтирање на македонската држава. Можете само да претпоставите колку е посилна позицијата на Грција при Преспанскиот договор или на Бугарија при т.н. Француски предлог, знаејќи дека секогаш имаат четвртина пратеници во Македонското собрание подготвени да ги гласаат сите позиции кои ги рушат конститутивните елементи на македонската држава. Ние сме во ситуација кога 20 - 30 пратеници во законодавниот дом (од албанскиот политички блок) секогаш се подготвени да гласаат за промени на Уставот.Сè додека не изникне граѓанска опција во албанскиот политички блок, со силен сентимент на лојалност кон Република Македонија, овие ретроградни партии секогаш ќе ги рушат позициите на македонската држава, како дел од нивната доктрина која почива врз необалистичка идеологија.На патот кон ЕУ, македонската држава, која почива врз АСНОМ и народно-ослободителната борба, е под директен напад на здружените сили на необализмот и неоврховизмот, како во времето на Втората светска војна. Потребни се нови генерации политичари, со силен државнички менталитет, кои можат да ги антиципираат геополитичките промени и мудро да се позиционираат во новиот светски поредок, како што направила авангардата при конститурањето на македонската држава, изникната од големата победа против фашизмот“, вели Мојсоска.

Македонија | пред 1 година

filkov

Филков: Наша одговорност е да изградиме силни механизми за правосудството и да обезбедиме дека никој, без разлика на својата позиција или статус, не е изземен од одговорност

Министерот за правда, Игор Филков во интервју за Локално.мк се осврна на актуелните состојби во правосудството, реформите и предизвиците со кои се соочува од моментот на преземањето на функцијата . Враќањето на довербата на граѓаните во правосудниот систем е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме. Говорејќи за новите имиња на црната листа на САД поради корупција на која се најде и судија, министерот Филков смета дека тоа има голема важност во контекстот на напорите за борба против корупцијата и зајакнување на правдата во нашата земја.„Во врска со новите имиња на црната листа на САД, вклучително и судија од Апелацискиот суд, тоа е сериозен сигнал кој не може да се игнорира. Корупцијата, особено во судството, е еден од најголемите предизвици за демократските институции и владеењето на правото.Во однос на прашањето дали ќе продолжи праксата нашите западни партнери да посочуваат лица вклучени во корупција, а тука да не се преземаат постапки, мора да истакнам дека е многу важно да имаме независни и ефикасни институции кои ќе ги испитуваат и процесуираат овие случаи. Нема да има напредок во борбата против корупцијата ако не постои волја од страна на домашните институции да се преземат конкретни мерки и да се санкционираат оние кои ги прекршуваат законите. Паралелно, треба да признаеме дека меѓународните партнери играат значајна улога во поддршка на нашите напори и ја користат својата позиција за да истакнат каде се проблемите.Наша одговорност е да изградиме силни механизми за правосудството и да обезбедиме дека никој, без разлика на својата позиција или статус, не е изземен од одговорност. Ако некој е посочен како корумпиран, тогаш постапките треба да се водат со целосна транспарентност и праведност, без разлика на тоа дали станува збор за високи судии или други јавни функционери.Нашите меѓународни партнери можат да дадат важни информации и да ни помогнат во откривањето на коруптивните активности, но на крајот, на нас е да ги преземеме неопходните мерки и да осигураме дека правдата ќе се спроведе“, вели Филков.Што се однесува на реформите во Судскиот совет, министерот Филков вели дека по завршувањето на јавните расправи за Судскиот совет, следниот чекор е да се разгледаат сите забелешки и предлози кои беа дадени од страна на учесниците во расправата, вклучувајќи ги и експертите, граѓанските организации, како и јавноста.„Преглед на сугестиите и изработка на финален предлог: Во следната фаза, сите коментари и сугестии кои беа дадени за време на јавната расправа ќе се анализираат од Министерството за правда и од стручни тела. Врз основа на тоа ќе биде изготвен финален предлог кој ќе вклучува можни измени или дополнувања на предложените реформи за Судскиот совет. Овој процес ќе се одвива во консултација со правниците и експертите за правосудни реформи, за да се обезбеди дека се исполнети сите правни и етички стандарди“, потенцира Филков.Во интервјуто за Локално.мк, министерот Филков говори и за функционалноста на Министерството за правда, како да се врати довербата во првoсудството,новиот Кривичен законик, состојбата во затворите и други прашања.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања