Промени тема
Контакт

Трамп: Не знам дали новиот врховен лидер на Иран е воопшто жив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library09vpv6t0cvspdoLnTnE

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека нема потврда дали новиот врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи, е жив по американско-израелските напади.

— реклама —

Во интервју за Ен-Би-Си Њуз, Трамп рече дека досега никој јавно не го видел Хамнеи и дека постојат различни информации за неговата состојба.

— реклама —

„Не знам дали воопшто е жив. Засега никој не го покажал. Слушам дека не е жив, а ако е, треба да направи нешто многу паметно за својата земја – да се предаде. Некои мислат дека е жив, но тешко ранет“, изјави Трамп.

Еден ден претходно, американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека врховниот лидер на Иран веројатно е сериозно повреден во нападите на САД и Израел.

— реклама —

Во истото интервју, Трамп зборуваше и за ситуацијата во Ормускиот теснец, клучен поморски коридор за извоз на нафта, изразувајќи очекување дека и други држави ќе се приклучат во операцијата за обезбедување на пловидбата.

— реклама —

Тој посочи дека не сака да ги именува сите држави што би можеле да се вклучат, но претходно изрази надеж дека во операцијата ќе учествуваат Обединетото Кралство, Кина, Франција, Јапонија и Јужна Кореја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран го доби одговорот од САД на предлогот за прекин на војната

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-library6crepiukitpr8lAKRxC

Иран во сè подлабока криза: Лековите поскапеле и повеќе од трипати

Свет | пред 5 дена

media-librarylkgnpc0p5rhp2N8GVwd

Иранска пејачка осудена на 74 удари со камшик по настап без хиџаб

Свет | пред 6 дена

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Нова порака од Техеран: Хамнеи тврди дека и Арапското Море ќе биде „ослободено“

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања