Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Босна и Херцеговина протера четворица Иранци поради сомневање за шпионажа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 57 минути -

Балкан
media-library3hi0rvmnlhjkf6qa7Oq

Четворица ирански државјани, меѓу кои тројца дипломати, се протерани од Босна и Херцеговина поради сомневање за шпионажа. Информацијата ја потврди министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ, откако претходно беше објавена во локалните медиуми.

— реклама —

Според медиумските извештаи, Иранците ја напуштиле земјата на 25 ноември, по налог за протерување потпишан од Конаковиќ врз основа на информации добиени од Разузнавачко-безбедносната агенција. Меѓу нив се советникот во иранската амбасада во Сараево, Хосеин Махдијан Фард, и аташеата Мортеза Фазали и Ехсан Саџади Моназах. Четвртиот протеран е Сејед Јасер Сејед Мохамад.

— реклама —
— реклама —

Според објавените информации, безбедносните служби го идентификувале Фард како припадник на иранското Министерство за разузнавање и безбедност. Тој во БиХ престојувал од средината на 2025 година, а претходно десет години служел во Германија.

— реклама —

Останатите тројца, според медиумските извештаи, се поврзани со Иранската револуционерна гарда. Конаковиќ оцени дека станува збор за безбедносно прашање, без да открива дополнителни детали.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryo3u9oto0qlo094TPaKh

Иран го реорганизира разузнавачкиот систем по серијата сериозни безбедносни пропусти

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Иран постави седум услови за мир со САД: Техеран одбива преговори додека не бидат исполнети

Свет | пред 5 дена

media-library7sd7l1ft0puv5KUV65e

Иран ги засилува нападите во Ормускиот Теснец, погодени три танкери

Свет | пред 1 седмица

media-library06go5cls328ccyseqYv

Иран со јасна порака: „Попуштањето пред противникот не е начин да се стави крај на војната“

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања