Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

28112024_Mickoski

Мицкоски: Граѓаните да се чувствуваат безбедни, Владата обезбедува безбедна и сигурна европска држава со подобра економија и повисоки плати, а го враќа и достоинството

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека граѓаните треба да се чувствуваат мирни и безбедни, безбедносната состојба е стабилна, а Владата носи подобра економија, повисоки плати и го враќа достоинството кое изминатата влада од СДСМ и ДУИ го распродаваше.„Додека Мисовски размислуваше дека Талат Џафери за него е идол и инспиративен спикер на Собранието, изнесе навреди и квалификации. Чувствувајте се безбедно, се надевам после овие години минати во Парламент, минати на грбот на граѓаните ќе имате богата новогодишна и божиќна трпеза и ќе уживате во мирот и безбедноста што оваа влада предводена од коалицијата „Твоја Македонија“ и ВМРО-ДПМНЕ во која составен дел се коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ овие денови ќе ви бидат безбедни и мирни, не треба да се грижите и за годините кои следат“, изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеникот Горан Мисовски поврзано за безбедносната состојба.Премиерот Мицкоски му порача на пратеникот Мисовски да ги повика на одговорност сите оние кои му биле идоли и коалициони партнери да се вратат и да дадат одговор пред органите, поради криминалот за кој постојат основани сомневања дека го правеле.„Во оваа мирна и безбедна Македонија ќе можете да се почувствувате и вие горди кога овие 3% раст од економијата во третиот квартал, сега во четвртиот ќе бидат 4%. Буџетскиот дефицит ќе биде помал од 4% што ќе се намали за прв пат после долги години јавниот долг. Ќе ги гледате среќните лица на пензионерите коишто ќе добијат покачување од 5.000 денари, ќе ги видите радосните лица на вработените во јавната администрација кои за прв пат ќе имаат К15, средства кои за жал вие не ги предвидовте“, изјави премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски додаде дека во оваа безбедна и мирна Македонија, вработените во образование и здравство добиваат повисоки плати, и може да си дозволат повеќе од тоа што можеа да си дозволат изминативе 7 години кога влада беше СДСМ и ДУИ, а исто така сега со новата влада има рекордни откупни цени за земјоделците.„Ќе гледате како министрите од оваа влада која обезбедува безбедна и сигурна европска Македонија се борат да го вратат достоинството кое вие го распродадовте изминативе седум години. Разбирам дека ова вас не ви значи ништо, што е за човек кој нема достоинство да повраќа достоинство, ништо. Ние ќе се бориме да го повратиме тоа кое го распродадовте и секоја година по малку ќе дојдеме до тоа што му е потребно на македонскиот граѓанин“.

Македонија | пред 1 година

BKuzeska3

(Видео) Неколку милиони евра е направен грабеж врз граѓаните со „кошничките“ на Мицкоски, рече Кузеска

„Тоа е уште една измама. Нашиот народ вели, после свадба – тапани. Откако мерката со кошнички доживеа целосен дебакл а Мицкоски им дозволи на големите трговци да профитираат на грбот на граѓаните многу провидни и ефтини се изговорите кои сега ги пласираат. Не поминува оваа маниулација. Самата власт кажа дека нема основа да ги казнува трговиците, власта е таа што им дозволи да ги покачат цените“, кажа портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.„Граѓаните многу скапо ги плаќаат погрешните политики на Мицкоски. Според нашите проценки, повеќе милиони евра е направен грабеж врз граѓаните во изминатиот период, токму заради оваа лоша политика на Мицкоски. Така да оваа штета веќе не може да се надомести. Луѓето се веќе осиромашени за новогодишните празници.За шест месеци се живее полошо отколку во најголемите економски кризи, кога владата на СДСМ се грижеше за граѓаните. Целата оваа политика е апсолутно којашто е во интерес на бизнисот а не во интерес на граѓаните.Прашањето е што им должеше Мицкоски на трговците што ги остави да ги пљачкаат граѓаните?“, рече Кузеска.

Македонија | пред 1 година

BKuzeska2

(Видео) ДКСК да ја повлече скандалозната одлука за Христовски и да ја преиспита, вели Кузеска

„СДСМ бара повлекување на скандалозна одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска со директорот на АНБ, Бојан Христовски и неговата диплома. Фактите кои што ги објавија медиумите и се достапни за целата јавност се загрижувачки и отвораат низа прашања за основите врз кои е донесена одлуката, дури и за можен конфликт на интерес во самата ДКСК“, рече Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.„Ова мора да биде целосно расчистено затоа што е удар не само врз угледот на ДКСК туку е дамка и за нејзината работа.Анонимната претставка во која беше оспорена факултетската диплома на Бојан Христовски, издадена од еден Универзитет во Скопје ДКСК ја отрфли повикувајќи се на анализа на Државниот просветен инспекторат.Оваа диплома, која самиот Христовски ја пријавил, предизвика основани сомнежи поради експресното завршување на студиите за само 1 година. Замислете, наместо 4 за една успеал.Вчера, една национална телевизија објави информација за конфликт на интерес во самата ДКСК. Членка на ДКСК, која беше задолжена за овој случај и ја реферираше одлуката дека „сè е во ред“ со дипломата на Христовски, истовремено е предавач на истиот универзитет од каде што е издадена спорната диплома.Овие информации беа јавно достапни и на интеренет страната на Универзитетот и на страната на Државната комисија за спречување на корупција.Но по објавата на прилозите во медиумите, Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша” Цвета Ристовска од наставен на интернет страницата.Оваа ситуација ја загрозува веродостојноста на одлуките на ДКСК и ги поткопува во целост.Во Етичкиот кодекс на Антикорупциската комисија е наведено дека членот треба да се откаже од одлучување во предмети кои се поврзани со судир на интереси. (член 9).Едноставно, е неприфатливо вакви нерегуларности да бидат премолчени или оправдани.СДСМ бара итно:1. Повлекување и преиспитување на одлуката од страна на ДКСК за случајот со дипломата на директорот на АНБ.2. Расчистување на прашањето за конфликт на интереси во редовите на ДКСК.3. Преуспитување на анализата направена од Државниот просветен инспекторат.Мора да се обезбеди транспарентност и одговорност во процесот, со цел граѓаните да добијат јасни одговори и да имаат доверба“, изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-12-26-at-10.55.27_ccc367a4

Герасимовски: Џез, вино и костени, предновогодишна вечер за скопјани

Градоначалникот Горан Герасимовски, синоќа присуствуваше на настанот „Џез под ламба“ кадешто беа изведени македонските евергрини во џез верзија на Искра Србиновска квартет.„Синоќа, Скопје беше обвиено во звуците на македонските евергрини, мајсторски преработени во џез верзии од Искра Србиновска квартет. Во предновогодишна атмосфера, со убави разговори и многу позитивна енергија, заедно го одбележавме културниот настан Џез под ламба. Подиумот беше отворен за сите – од најмладите до највозрасните! Сите во еден глас и ритам се потсетивме на безвременските евергрини, песни што ги обележале животите на многу генерации, а и понатаму ги инспирираат новите“, истакна Герасимовски.Општина Центар продолжува да ги поддржува македонските уметници со организирање на вакви слични културни настани во кои се оддава признание на македонската музика.

Скопје | пред 1 година

siljanovska-davkova-1

Претседателката Сиљановска - Давкова именуваше претседател и членови на Комисијата за одликувања и признанија

Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за одликувања и признанија.За претседател на Комисијата е именуван проф. д-р Валентин Мирчески, а за членови на комисијата се именувани проф. д-р Гзиме Старова, д-р Самуел Садикарио, д-р Андријана Јаневска, м-р Ана Дурловски, м-р Решат Амети, Дејан Георгиевски, Евгенија Теодосиевска, Жарко Башески, Оливера Наковска Бикова и Весна Петрушевска.Комисијата за одликувања и признанија ја сочинуваат поединци кои во текот на својата професионална кариера имаат остварено значајни постигнувања и стекнато висока репутација во македонското општество. Тие се признати експерти, кои со своите трудови и постигнувања се истакнале во различни области на општествениот живот како што се науката, културата, уметноста, образованието, здравството, спортот.

Македонија | пред 1 година

logo-80-godini-MNTcolor-01

80 години Македонски народен театар

Македонскиот народен театар, најстарата национална професионална театарска институција и темелот на културата на Македонија, ја испишува сопствената историја, а од 31 јануари 2025 година и достојно ќе го одбележи јубилејот - 80 години.Чуварот на културните и традиционалните вредности низ годините преку репертоарската програма го чува и го негува театарскиот јазик и идентитет. По формирањето и натамошното постоење, поминува низ разни периоди: создавање и негување на ансамблот и на публиката, на творци кои ќе учествуваат во обликувањето на претставите, одржување на репертоарот и гостувања во и од светот. Создава место на европската и светската мапа преку поставување дела од севкупната класична и современа драматургија, но и преку постојано ангажирање на светски реномирани режисери.МНТ се стреми кон ширење на театарската уметност во јавноста, пред сѐ насочена кон публиката, нивна анимација и едукативно театарско будење, како и приближување до младината за активно размислување на темата култура и театар.Во име на јубилејот, нашиот долгогодишен соработник, Зоран Кардула, направи голема чест за најголемата театарска куќа во нашата земја и со неговиот препознатлив дизајнерски печат, го создаде логото „80 години Македонски народен театар“.Сите ние и секоја следна генерација, сонуваме, мечтаеме кон патувањето и создавањето на нови креативни светови.

Магазин | пред 1 година

26121

Димитриеска-Кочоска: Многу наследени проекти се прекинуваат поради објективни проблеми, се прават законски измени за процена на проектите над 2 милиона евра

Сите јавни инвестиции над 120 милиони денари или 2 милиони евра ќе поминуваат филтер во Министерството за финансии и ќе бидат одобрувани од Владата со цел да се надмине состојбата на појавување проблеми во подоцнежната реализација. Ова е предвидено со измени во Законот за буџети, а со цел да се креираат проекти кои ќе можат да се реализираат.Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Тв 21 во кое истакна дека има многу наследени проекти од претходната Влада кои сега се прекинуваат поради објективни проблеми.„За жал многу од проектите што ги наследивме и за кои очекувамве дека ќе има реализација ги прекинуваме во овој период поради објективни проблеми. Како на пример се раскинув договор заради откриена фалсификувана банкарска гаранција“, рече министерката и додаде дека кај одредени проекти има и забрзана динамика.Очекува годината да се заврши со реализација на околу 550 милиони евра капитални инвестиции. Тоа е околу 70% од планираното. Но важно е дека станува збор за реализација на реални капитални инвестиции.„Во 2021 година капитални расходи се реализирани во износ од 400 милиони евра, во 2022 во износ од 450 милиони евра, во 2023 година 700 милиони евра. Но во овие средства се и трансферите кон ЕСМ од кои потоа беа исплаќани плати, како и авансни плаќања за одредени проекти. Оваа година ќе завршиме со капитални расходи околу 550 милиони евра но тоа се реални капитални расходи“, истакна министерката.Во однос на реализацијата на Буџетот рече дека се одвива согласно планираното. „Приходите од ДДВ ќе бидат над планот, од Данокот на личен доход согласно планот, кај Данокот на добивка ќе има реализација 98-99%. Придонесите ќе имаат 100% реализација.Буџетскиот дефицит ќе биде понизок“, потеницира Димитриеска-кочоска.Информираше дека нема да има проемни во даночната политика и дека единствената промена е усогласувањето со минималниот корпоративен данок.Според министерката треба да се работи на подобрување на целокупниот животен стандар на граѓаните, кое што не опфаќа само раст на плати и пензии, туку вклучува и подобри услови во образованието, здравствениот сектор, инфрастурктура и слично.„Платите во јавниот сектор ќе се усогласат согласно законските прописи и за тоа се предвидени средства. А во контекст на склучувањата колективни договори, рече дека се одобрени онаму каде што буџетските корисници предвиделе средства за раст на платите во рамки на одобрените лимити “, појасни министерката.Во гостувањето се осврна и на користењето на средствата од заемот од Унгарија кој е наменет за општините и приватниот сектор. При тоа посочи дека Владата на крајот на новиеми има донесено одлука за условите за користење на средствата во приватниот сектор и дека во моментов се чека Развојната банка да го финализира производот согласно кој ќе се пласираат средстват од деловните банки кон крајните корисници.За средствата наменети за општините, рече дека процесот се одвива како што беше планиран и дека веќе се вршат исплати по одредени проекти кај кои има реализација.

Македонија | пред 1 година

kradecaaa

Приведен крадец во Карпош, одземеното вратено на сопственичката

На 24.12.2024 во 11.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С.(42) од Косово, кој бил затекнат непосредно по извршување на тешка кражба од куќа.При преглед кај него биле пронајдени накит, рачни часовници, хрватска лична карта и други предмети, а при легитимирање лажно се претставил како хрватски државјанин.Со него бил извршен службен разговор, а одземените предмети биле вратени на оштетената. Од страна на Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело тешка кражба, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Скопје | пред 1 година

limani-zeneva-1

Лимани, алатка на Мицковски или министер за граѓаните, прашува ДУИ

„Министерот за социјална политика, Фатмир Лимани, вчера покажа дека нема никакви други приоритети освен да ги спроведува наредбите на Мицковски“, велат од ДУИ.„Неговиот срамен потег, со кој реши да ја отвори градинката дури откако доби јавна критика од премиерот, е јасен доказ дека тој не е министер за децата и граѓаните, туку само политичка алатка која не работи за интересите на народот, туку за исполнување на барањата на неговиот газда.Ова однесување не е само личен проблем на министерот, туку и проблем на партијата која го именуваше.Овој министер, дали е на БЕСА, или е само инструмент на Мицковски, без никаква чуство за интересите на граѓаните и децата?БЕСА, која тврди дека ги претставува интересите на граѓаните, треба да преземе одговорност за оваа ситуација.Дали ќе продолжат да поддржуваат министер кој е само алатка на премиерот, или ќе заземат став против ова злоупотреба на должноста и недостигот на посветеност кон граѓаните?“, прашува ДУИ.

Македонија | пред 1 година

MitkoTrajculeski

Трајчулески: Бегството на Груби е страшна порака за нефункционалност на државата

Државата и институциите на системот целосно затаиле или е договорено бегството на Артан Груби. Трета од овие две претпоставки, нема. Но, и во двата случаи, тоа е страшно за самата држава и за нејзиното функционирање, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, во дебатната емисија „Топ тема“ на ТВ Телма.- За бегството на Артан Груби, имаме ситуација која упатува на два можни заклучоци, односно претпоставки. Првата е дека државата, односно институциите на системот целосно затаиле, бидејќи од она што го дознавме директно од министерот за внатрешни работи, имало пункт поставен кај кружниот тек пред Блаце, имало стоп листа на самиот граничен премин, Блаце, меѓутоа човекот избега. Тоа е една претпоставка. Втората претпоставка е дека имаме договорено бегство, односно врз основа на некаков си договор Артан Груби е пуштен да ја напушти државата. Трето не може да биде. И во двата случаја, тоа е страшно за функционирањето на државата“, рече Трајчулески.Тој се осврна и на партизација во правосудството, велејќи дека политичарите треба искрено и чесно да инвестираат во уставната поделба на власта, на извршна, законодавна и судска, ако сакаме да придонесеме во враќање на довербата во правосудството. Но, актуелната валст сега планира да прави реформи во судството по принципот ’да ги избркаме нивните, а да ги донесеме нашите‘.- Имаме случај каде сопруга на актуелен градоначалник од ДПМНЕ беше ставена за член на судскиот совет. Потоа случај каде што висок партиски активист, на ВЛЕН беше ставен во советот за јавни обвинители и имаме ситуација каде што има најава за разрешување на членови на судскиот совет. Ако е тоа начинот и реформата која власта планира да ја направи, тогаш ниту има реформа ниту пак ќе ја вратиме довербата во судството, рече Трајчулески.Единствен начин да ја вратиме довербата, потенцираше пратеникот на СДСМ, е да успееме да ги задржиме најчесните и најквалификувани луѓе, со највисок личен и професионален интегритет, кој ќе останат да работат во рамките на правосудството, потоа да се ангажираат најдобрите од приватна правна пракса со тоа што ќе ги натераме да служат на државата на начин на кој ќе изградиме систем за градење на кадри во правосудството.

Македонија | пред 1 година

angeloska-bezoska

Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на денарот е загарантирана, девизните резерви повисоки во споредба со претпандемичниот период

Стабилноста на денарот е загарантирана благодарение на капацитетот и инструментариумот со кој располага Народната банка за одбрана на курсот на домашната валута, со акцент на девизните резерви коишто годинава се околу 40% над нивото од претпандемичниот период. Се очекува натамошно постепено стабилизирање на инфлацијата и следната година. Идната монетарна политика ќе зависи од инфлацијата и од девизниот пазар. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за Македонската телевизија.Како што нагласи гувернерката, и покрај бројните предизвици Народната банка преку своите мерки успеа да ја одржи макроекономската стабилност, како и стабилноста на курсот на домашната валута во однос на еврото. Говорејќи за нивото на девизните резерви, како главен инструмент за одржување на стабилноста на курсот, гувернерката посочи дека тоа е значително повисоко во однос на претпандемичниот период и нагласи дека тоа се должи на постојаниот откуп на девизи од страна на Народната банка на девизниот пазар во изминатите две години, во услови на значително постабилен платен биланс особено трговската сметка, дознаките, како и солидните странски инвестиции.Во однос на инфлацијата, гувернерката истакна дека по просечната инфлација од 9,4% минатата година, таа во првите десет месеци од оваа година изнесува 3,4% и дека се очекува натамошно постепено забавување и следната година. Сепак, гувернерката посочува и на одредени ризици. „Важно е да се истакне дека цените на примарните производи се под значително влијание на геополитичките случувања, а тој дел сѐ уште е ранлив, постои голема неизвесност и потребно е големо внимание. Дополнителни извори на ризици се секако домашните фактори, особено пазарот на трудот, на кој треба да му обрнеме особено внимание за да не се соочиме со нови бранови на инфлациски движења“, посочува Ангеловска-Бежоска.Гувернерката нагласува дека поставеноста на монетарната политика и во иднина ќе биде условена од инфлацијата и девизниот пазар. „Доколку се задржат поволните трендови, без остварување на некои поголеми надворешни и домашни шокови, тоа секако ќе остави простор за натамошно олабавување на монетарната политика“, истакнува гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Македонија | пред 1 година

03-foto-REK-Oslomej-Custom

Нов тарифник - фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на минерални суровини

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со цел воведување ред во користењето на националните богатства.и фер наплата, од 1 јануари 2025 година започнува со наплата на до 100% зголемени надоместоци за експлоатација на природните ресурси.Со измените во Тарифник за утврдување на висината на надоместоците за издавање на дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини, надоместоците за минерални суровини се зголемуваат до 100%, што ќе значи и значајно зголемување на приходите за државата. Предлогот на министерството за зголемување на надоместоците е усвоен од Владата и објавен во Службен весник, со што новиот Тарифник почнува да се применува на 1 јануари.Клучните измени вклучуваат:За користење на просторот за експлоатација: Надоместокот се зголемува за околу 30%.За експлоатација на мермер: Надоместокот ќе изнесува 5% од приходот од продадената минерална суровина, наместо досегашниот процент од фиктивна цена.Металични минерални суровини: Зголемување од досегашните 2% на 4%.Неметалични минерални суровини: Зголемување во просек над 100%.Измените не ги засегаат надоместоците за енергетски минерални суровини, како јаглен, со цел да се спречи дополнителен раст на цената на електричната енергија.Со оваа мерка, годишниот приход од концесиските надоместоци, кој моментално изнесува околу 10 милиони евра, значително ќе се зголеми. Овие средства ќе бидат насочени кон подобрување на јавните услуги и поддршка на економскиот развој.„Со новите измени обезбедуваме фер наплата за користење на нашите национални богатства, штитиме одржлив развој и гарантираме придобивки за сите – и за државата, и за приватниот сектор.“ изјави министерката Сања Божиновска.Министерството се раководеше од детална анализа на регионалните и светските практики, како и препораките од Државниот завод за ревизија. Извештајот од април 2024 година потенцира дека концесиските надоместоци во Македонија се најниски во регионот, што ја поттикна потребата за измени. Дел од анализите ги испраќаме во состав на ова соопштение до јавноста, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 1 година

tableti-sosu-ilinden-3

Градоначалникот на општина Илинден им додели смарт таблети на учениците од СОСУ „Илинден“

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевскки, додели 66 смарт таблети во СОСУ „Илинден“ по повод новогодишните и божиќните празници.Градоначалникот Георгиевски истакна дека оваа иницијатива е во согласност со неговите заложби и посветеност кон модернизацијата на образованието и обезбедување на најдобрите услови за учење и развој на учениците. Таблетите ќе бидат искористени за пристап до најновите едукативни апликации, дигитални учебници и други материјали кои ќе го направат учењето поинтересно и попријатно и ќе им помогнат на учениците да ги доразвијат своите дигитални вештини кои се клучни во ова време на дигитализација.Тој додаде дека локалната самоуправа цели кон модерно и современо образование за сите млади.

Скопје | пред 1 година

Popis_2021

ВЛЕН: ДУИ нон грата крадеше и во пописот на населението, милиони евра во нивните џебови

„Кога зборуваме за корупција, мислиме на ДУИ нон грата. Корупцијата не е болест, туку ноторна појава која е присутна во едно општество како резултат на ненаситни и деструктивни луѓе“, соопшти ВЛЕН.„Претходната власт, особено партијата на црната листа ДУИ, исто така го злоупотреби процесот на попис на населението. И во овој сложен процес ДУИ не остави без злоупотреби и преку овој процес се обиде да ги збогати своите функционери. Тие мислеа само на џебот, а не на фер процес и олеснување на процедурите за граѓаните каде што ќе им овозможат на сите да се попишат. Потсетуваме, во овој период директор на Државната агенција за статистика беше Апостол Симовски, додека заменик директор беше Илми Селами од редовите на ДУИ, но во овој случај во процесот на регистрација тие имаа обврзан потпис.За процесот на регистрацијата обезбедени се буџетски средства во износ од 7,9 милиони евра, од кои 49% од трошоците се наменети за техничка опрема, поточно за набавка на лаптопи.За потребите за регистрацијата, на јавниот тендер се побарани 5.650 лаптопи со вкупна вредност од 3,9 милиони евра, под услов веднаш да се испорачаат.На вчерашната прес-конференција обелоденивме шокантни детали за тоа како ДУИ го спроведе процесот на регистрација, но партијата нон грата продолжува да молчи.Ваквиот начин на спроведување на постапката за јавна набавка, со приложување на анекси кон основниот договор со кои се менуваат условите и роковите за реализација на договорот и времето на плаќање предвидено во тендерската документација, без професионално и соодветно прифаќање на лаптопите, не обезбедува целосна транспарентност на постапката и не овозможува фер конкуренција на сите оператори. Во овој случај имаме работа со прекршување на законот. Како што потврди Државната ревизија, во овој случај имаме повреда на постапките за јавни тендери.Прашуваме како се дрзнале да примат/испорачаат 5.650 лаптопи знаејќи дека немаат соодветна експертиза.Коалицијата ВЛЕН ќе ги демаскира пред јавноста и ќе ги открие нивните вистински лица. Додека ДУИ заедно со нивните следбеници ќе остане само лоша приказна за Албанците. Партиа нон грата ДУИ освен во конкуренција за криминал во ништо друго не може да конкурира за првото место.Коалицијата ВЛЕН најави дека нема да има компромис со оние кои се вмешани во корупција и 20 години по ред им нанесуваат штета на Албанците, затоа го повикуваме Обвинителството да ги истражи овие злоупотреби при процесот на регистрација, кои се забележани и во извештајот на Државниот Завод за Ревизија.Лагите, манипулациите и тајните зделки, мораат да излезат на виделина. Дојде време за одговорност!“, соопшти ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

viber_image_2024-12-25_16-00-47-812

Комунална хигиена-Скопје подигна 𝟧𝟢 кубни метри непрописно одложен отпад во текот на изминатото деноноќие

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 50 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Карпош и Гази Баба, информира Комунална хигиена-Скопје.Повторно е интервенирано на улицата Џон Кенеди во општината Чаир, каде што се подигнати 15 кубни метри кабаст и отпад од картонски пакувања одложени на јавна површина во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“. Во оваа скопска општина се отстранети и седум кубни метри непрописно одложен градежен отпад од сообраќајна површина на улицата Цветан Димов.Во општината Карпош се реализираа активности на булеварот Партизански одреди, каде што се расчистени приближно пет кубни метри отпад од картонски пакувања одложен на тревна површина во близина на Порта Влае.ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден отстрани и обемна дива депонија составена од кабаст и мешан комунален отпад лоцирана на улицата Париска комуна во општината Гази Баба, извести Комунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

grubi5123

Само Венко Филипче и СДС остануваат верни на Артан Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Во СДС владее истата криминална матрица, без никаков морал и етичко однесување. СДС на чело со неврохирургот на Заеви, Венко Филипче и неговите партиски соработници се оставштина од периодот на владеење на криминална коалиција СДС-ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„И од нив не може да се очекува конструктивност, нови идеи, нов и чесен начин на делување. Целото раководство на СДС, заедно со Филипче кој бил од иста влада со Артан Груби, кој поради криминал се најде на црната листа на САД и стана бегалец од македонската правда.Артан Груби беше тој кој СДС ги држеше во раце да не им падне владата, па да не можат да продолжат заедно да крадат. За да не им падне криминалната влада, која до последен ден висеше на стаклени нозе, и да можат да владеат и да седат во удобните фотелји, СДС го гледаа и го премолчуваа криминалот на Груби.Со тоа СДС станаа соучесници во криминалот, осиромашувањето на народот и крадењето на државата. Груби беше највлијателната фигура за време на владеењето на криминалната коалиција СДС – ДУИ, кој големата моќ ја демонстрираше со арогантно однесување летајќи орли по телевизии, играјќи фудбал по државни канцеларии, криминално печалејќи врз грбот на граѓаните.Од ваквото однесување на Артан Груби и од неговиот криминал се дистанцираше дури и неговата партија. И ДУИ вели дека таквото однесување на Груби било погрешно. Дури и ДУИ, симболично кажано, уште пред петел да пропее, се откажа од Артан Груби.Од петни жили, ДУИ се обидуваат да најдат начин како народот побрзо да заборави на арогантното однесување на Груби во владата, на неговиот криминал и корупција, но и дека некогаш бил нивен член.И неговиот партиски и владин другар, Бујар Османи знаел за арогантното и криминално однесување на Артан Груби, за кој вели дека му сметало и дека не го одобрува.Само Венко Филипче и СДС остануваат верни на Артан Груби. Само тие ниту виделе, ниту знаење, ниту му сметало арогантното и криминално однесување на Груби.Тоа е така затоа што откако му оставија одврзани раце да прави што сака, станаа соучесници во неговиот криминал и корупција. И затоа, бегството им одговара само на СДС, затоа што знаат дека Груби води до нив и така би излегле на површина криминалите кои заеднички ги правеле.Но, на Венко Филипче и СДС треба да им е јасно дека одговорност ќе има, колку и тие да се препелкаат и да измислуваат изговори.Македонија се трансформира и правна држава и одговорност, за сите кои што се огрешиле пред законот, ќе има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

market-pari

СДСМ: Скапи сметки, евтини изговори - Шест месеци економски пад под ДПМНЕ

„Откако мерката со кошнички доживеа целосен дебакл, а Мицкоски им дозволи на големите трговци да профитираат на грбот на граѓаните многу провидни и евтини се изговорите кои сега ги пласираат. Не поминува оваа маниулација. Граѓаните претрпеа голема штета и многу скапо ги плаќаат погрешните политики на Мицкоски“, велат од СДСМ.„Шест месеци откако ДПМНЕ ја презеде власта, се чуствува голема економска несигурност, намалување на животниот стандард на граѓаните и нивно осиромашување.Сметките растат, цените растат, а Владата со лажни кошнички и измами се обидува да ги излаже луѓето дека нешто прави.Реалноста е сосема друга од онаа која сака да ја презентира Мицкоски, а граѓаните тоа најдобро го знаат кога ги отвараат паричниците во кои имаат се помалку пари. За жал, оваа Нова година тие ќе ја дочекаат многу поскромно и понесигурно.Политиките на Мицкоски јасно покажуваат дека тие се насочени кон заштита на интересите на елитата, додека најголемиот дел од граѓаните трпат.Последните податоци покажуваат дека минималната синдикална кошница за месец декември е зголемена за 840 денари и изнесува 62.861 денари. Ниту две минимални плати веќе не се доволни за основните потреби на луѓето.Владата дозволи трговците да ги зголемат цените, што е директна последица на нивната неспособност и недостаток на соодветни мерки. Наместо санкции, слушаме само апели и празни зборови.Во изминатите шест месеци нема раст на минималната плата, просечната плата стагнира, а добро воспоставениот систем за зголемување на платите од времето на СДСМ е целосно напуштен. Ова доведе до полош животен стандард денес, иако кризите од претходните години се зад нас.Дополнително, Владата на ВМРО-ДПМНЕ најавува мерки кои дополнително ќе го влошат животот на граѓаните: укинување на „недела неработен ден“, зголемување на старосната граница за пензионирање и покачување на ДДВ на 19,5%. Овие политики се директен удар врз работниците и граѓаните.ДПМНЕ уште еднаш покажува дека нивниот приоритет не се граѓаните, туку нивните бизнис интереси“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

popova-shapka

Најмногу снег на Попова Шапка

Најладно утрово било во Крушево каде што се измерени -3 степени, 0 степени биле измерени во Битола и Берово, 1 во Крива Паланка, Охрид, Прилеп, 2 во Тетово, Дебар, Претор, 3 во Скопје-Петровец, Штип, 4 во Куманово, Демир Капија, 6 во Струмица, Гевгелија.Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)8 Тетово, 7 Демир Капија, 6 Скопје-Петровец, Битола, 4 Крива Паланка, Прилеп, Дебар, Крушево, 3 Претор, 1 Берово.Висината на снежната покривка во 𝟢𝟩 часот утрово била 68 сантиметри на Попова Шапка, 60 во Маврови Анови, 25 во Крушево, 7 во Тетово, 4 во Гостивар.Времето во текот на ноќта и изутринаваОблачно со повремен локален дожд, на планините повремен снег. Дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Времето денескаПроменливо облачно и студено со повремен локален дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе достигне од 2 до 8 степени.Во Скопје облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината со повремен снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-26-061146

(Видео) Во авионската несреќа во Казахстан 29 лица преживеаја, 38 загинаа

Падот на авионот во казахстанскиот град Актау го преживеале вкупно 29 лица од кои 14 се државјани на Азербејџан, а 38 лица загинаа.Од преживеаните, 11 лица се хоспитализирани и се на интензивна нега.Според официјални информации на Еуроњуз преживеаните патници, додека се приближувале до рускиот град Грозни, дестинацијата на летот, слушнале експлозија проследена со нешто што, како се наведува, личело на шрапнел што го удрил авионот и го оштетил трупот на леталото.Претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев нареди да се формира комисија која ќе го испита падот на патничкиот авион.Од друга страна, лидерот на Азербејџан Илхам Алиев изјави дека се уште не се познати причините за несреќата и дека постојат неколку различни верзии. Еден од преживеаните патници објавил видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како спасувачите пристапуваат до леталото и вршат тријажа на местото на настанот.

Свет | пред 1 година

siljanovska-davkova-1-1

Претседателката Давкова да го искористи правото на вето за двојазичните лиценци изгласани од ДПМНЕ, бараат од Левица

„Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова е на крстопат: дали ќе ја исполни својата уставна обврска и ќе го заштити правниот поредок или ќе го аминува грубото кршење на Деловникот и Уставот од страна на власта? Измените на Законот за заштита на децата, со кои се воведуваат двојазични лиценци во градинките, се донесени со флагрантно кршење на собраниските процедури преку ненадлежната Комисија за енергетика – чин што Претседателката, како поранешен пратеник, остро го осудуваше“, велат од Левица.„Токму таа, која во минатото ги критикуваше ваквите погазувања на парламентарниот процес, сега е во позиција да го спречи нивното продолжување. Но, ќе остане ли доследна на своите зборови или ќе се претвори во уште еден нем претседател кој ги аминува штетните политики на власта? Потпишувањето на Указот ќе значи дека ги напушта своите предизборни ветувања, го погазува своето достоинство, професионални достигнувања и се приклучува на линијата на поранешниот претседател Пендаровски – симбол на поданички однос кон владејачките структури.Воведувањето на двојазични лиценци е дел од пошироката стратегија за разградување на унитарноста на државата преку паралелни институции, поддржана од неуставниот закон за двојазичност. Претседателката, како професор по уставно право, одлично ги разбира опасностите од ваквите политики, но дали ќе има храброст да застане против нив? Нејзината одлука сега не е само прашање на потпис, туку тест на најзиниот интегритет и доследност.Левица ја повикува Претседателката Сиљановска - Давкова да го искористи своето уставни право на суспензивно вето и да не го потпише Указот за прогласување на измените на Законот за заштита на децата, односно да го спречи воведувањето на двојазични лиценци!“, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

struja-1

Без струја делови од Сарај и Гази Баба

Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека денеска без електрична енергија ќе останат:– во периодот од 08.00 до 10.30 часот, корисниците на дел од Сарај и стопански објекти на: Адем Иљаз, Ислам Абази, Млекара Глумово, Драче Сарај, Бензиска Пумпа Сарај во општина Сарај;– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од улицата Дрма-Идризово во општина Гази Баба;– во периодот од 10.30 до 13.00 часот, корисниците на дел од Сарај и село Грчец во општина Сарај.

Скопје | пред 1 година

macro-shot-pouring-water-into-glass

Без вода денеска дел од Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано еден прекин со водоснабдување и тоа поради промена на затворач ф-200 мм на улицата Славејко Арсов бб. Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и висока зона од населбата Пржино, однос зградите над 4-ти кат, во општина Кисела Вода.Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.

Скопје | пред 1 година

49807066_385247978904813_5791866151453589504_n_385247972238147

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремен локален снег во северните делови од земјата, а во југоисточните со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.Во Скопје облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег, а во повисоките делови од котлината со повремен снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.Времето во наредните деновиДо петок ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер(над 60км/ч). Од сабота следува период на стабилно време со ниски утрински температури. По одделнии котлини ќе има појава на магла и пониски дневни температури.

Македонија | пред 1 година

Panovski-vo-Pretres-2

Никола Пановски имаше сообраќајна незгода: Kога чекате на семафор, а сте сами во автомобил, особено џип, не гледајте во мобилен, гледајте пред вас, ве преколнувам

Актуелниот советник во Советот на град Скопје, д-р Никола Пановски на социјалните мрежи извести дека доживеал несреќа додека возел велосипед.Пановски вели дека е добро физички, но психички е се уште во шок. Апелираше до возачите додека се на семафор, да гледаат пред нив, а не во мобилниот телефон.„Вчера, 24.12.2024, 11 часот наутро, на раскрницата на ул. Никола Тесла со Илинденска (кај Трибека, и гим. Орце Николов), се движам по ул. Н.Тесла кон Илинденска со велосипед, закачувам за нешто со педалата, минувајќи меѓу колите кои чекаа на црвено, и тротоарот, и паѓам на стомак пред џипот кој чека прв на семафорот. Се испружувам раширен со сите четири на асфалтот, јас напред со рацете, а велосипедот поназад заедно со моите нозе. Таман почна да ми тече крв од нос и се спремав да се исправам, кога шок. Џипот тргнува и ме покрива, таман е толку висок што само ми ја допира мојата голема глава, но ме стиска силно на десниот колк и на десната нога. Јас се дерам, а и многу лица кои чекале на пешачки. Џипот запира и по две секунди (кои траат како вечност), се враќа назад. Не ме прегази само затоа, што прво со нњговото лево предно тркало го прегази задното тркало на велосипедот, па рамот, кој ми ја стисна десната подколеница која беше под рамот. Значи осети отпор и прикочи инаку, јас ќе бев смачкан, а возачот на џипот и да не беше осуден, ќе беше душевно осакатен доживотно. Значи, ако не гледате напред,а гледате во мобилен или на страна можеби под вашето возило во меѓувреме да паднал човек, дете итн.Да ја завршам случката. За чудо, успеав да станам, целиот згмечен и во прав, крв од носот, очилата летнати (баш нови и скапи), ама ок беа, лаптопот и мобилниот преживејаа, велосипедот во посмртни остатоци, ама ќе се поправи, велосипедот ем ме турна во смрт, ама и ме спаси. Возачот на џипот ме зема во возилото, велосипедот во багажник и ме однесе дома. Го оставив смачканиот велосипед во гаража, се качив на друг и отидов на седница на Совет на Град Скопјев каде што бев и тргнат, истресов прашина и влегов во 11.30, доцнев 10 минути. По некое време гледам дека ме затега ногавицата кај подколеницата. Оток како тениско топче. На пауза отидов дома да се пресиблечам, кога потколеницата се наду како топка, и почнаа силни болки. Не можев ни до вц да одам без помош. Денес сум подобар, сам се движам, десната потколеница е само двапати подебела од левата, вчера беше трипати подебела и не ме боли. Лесни болки во рамо, колк, носот. Утре и ќе излезам од дома, значи ок сум физички, а психички сум се уште во шок, па затоа ја напишав оваа порака до возачите“, пишува Пановски.

Македонија | пред 1 година

Panovski-vo-Pretres-1

Доктор Пановски во шок, за малку ќе бил прегазен: За чудо, успеав да станам, целиот згмечен и во прав

Микробиологот, д-р Никола Пановски на социјалните мрежи пишува за страшен настан кој се случил вчера , поточно во детали раскажа што тој доживеал на една од скопските улици, воедно испраќа апел до возачите, да не се користат мобилните телефони додека управувате со возило, бидејќи може да биде кобно, нешто што тој за влакно го избегнал.Вели дека психички е во шок, а има и физички болки. Тој во описот пишува дека ќе бил смачкан, а возачот кој бил со автомобил џип, ќе бил душевно осакатен. Тој упати апел до возачите додека се на семафор, да гледаат пред нив, а не во мобилниот телефон.„По тоа што го доживеавме вчера, јас на велосипед и господинот во голем џип, ве преколнувам:КОГА ЧЕКАТЕ НА СЕМАФОР, А СТЕ САМИ ВО АВТОМОБИЛ, ОСОБЕНО ЏИП, НЕ ГЛЕДАЈТЕ ВО МОБИЛЕН, ГЛЕДАЈТЕ ПРЕД ВАС, ВЕ ПРЕКОЛНУВАМ!!!Вчера, 24.12.2024, 11 часот наутро, на раскрницата на ул. Никола Тесла со Илинденска (кај Трибека, и гим. Орце Николов), се движам по ул. Н.Тесла кон Илинденска со велосипед, закачувам за нешто со педалата, минувајќи меѓу колите кои чекаа на црвено, и тротоарот, и паѓам на стомак пред џипот кој чека прв на семафорот. Се испружувам раширен со сите четири на асфалтот, јас напред со рацете, а велосипедот поназад заедно со моите нозе. Таман почна да ми тече крв од нос и се спремав да се исправам, кога шок. Џипот тргнува и ме покрива, таман е толку висок што само ми ја допира мојата голема глава, но ме стиска силно на десниот колк и на десната нога. Јас се дерам, а и многу лица кои чекале на пешачки. Џипот запира и по две секунди (кои траат како вечност), се враќа назад. Не ме прегази само затоа, што прво со нњговото лево предно тркало го прегази задното тркало на велосипедот, па рамот, кој ми ја стисна десната подколеница која беше под рамот. Значи осети отпор и прикочи инаку, јас ќе бев смачкан, а возачот на џипот и да не беше осуден, ќе беше душевно осакатен доживотно. Значи, ако не гледате напред,а гледате во мобилен или на страна можеби под вашето возило во меѓувреме да паднал човек, дете итн.Да ја завршам случката. За чудо, успеав да станам, целиот згмечен и во прав, крв од носот, очилата летнати (баш нови и скапи), ама ок беа, лаптопот и мобилниот преживејаа, велосипедот во посмртни остатоци, ама ќе се поправи, велосипедот ем ме турна во смрт, ама и ме спаси. Возачот на џипот ме зема во возилото, велосипедот во багажник и ме однесе дома. Го оставив смачканиот велосипед во гаража, се качив на друг и отидов на седница на Совет на Град Скопјев каде што бев и тргнат, истресов прашина и влегов во 11.30, доцнев 10 минути. По некое време гледам дека ме затега ногавицата кај подколеницата. Оток како тениско топче. На пауза отидов дома да се пресиблечам, кога потколеницата се наду како топка, и почнаа силни болки. Не можев ни до вц да одам без помош. Денес сум подобар, сам се движам, десната потколеница е само двапати подебела од левата, вчера беше трипати подебела и не ме боли. Лесни болки во рамо, колк, носот. Утре и ќе излезам од дома, значи ок сум физички, а психички сум се уште во шок, па затоа ја напишав оваа порака до возачите”, пишува Пановски.

Коментари | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања