СДСМ: Скапи сметки, евтини изговори - Шест месеци економски пад под ДПМНЕ
„Откако мерката со кошнички доживеа целосен дебакл, а Мицкоски им дозволи на големите трговци да профитираат на грбот на граѓаните многу провидни и евтини се изговорите кои сега ги пласираат. Не поминува оваа маниулација. Граѓаните претрпеа голема штета и многу скапо ги плаќаат погрешните политики на Мицкоски“, велат од СДСМ.„Шест месеци откако ДПМНЕ ја презеде власта, се чуствува голема економска несигурност, намалување на животниот стандард на граѓаните и нивно осиромашување.Сметките растат, цените растат, а Владата со лажни кошнички и измами се обидува да ги излаже луѓето дека нешто прави.Реалноста е сосема друга од онаа која сака да ја презентира Мицкоски, а граѓаните тоа најдобро го знаат кога ги отвараат паричниците во кои имаат се помалку пари. За жал, оваа Нова година тие ќе ја дочекаат многу поскромно и понесигурно.Политиките на Мицкоски јасно покажуваат дека тие се насочени кон заштита на интересите на елитата, додека најголемиот дел од граѓаните трпат.Последните податоци покажуваат дека минималната синдикална кошница за месец декември е зголемена за 840 денари и изнесува 62.861 денари. Ниту две минимални плати веќе не се доволни за основните потреби на луѓето.Владата дозволи трговците да ги зголемат цените, што е директна последица на нивната неспособност и недостаток на соодветни мерки. Наместо санкции, слушаме само апели и празни зборови.Во изминатите шест месеци нема раст на минималната плата, просечната плата стагнира, а добро воспоставениот систем за зголемување на платите од времето на СДСМ е целосно напуштен. Ова доведе до полош животен стандард денес, иако кризите од претходните години се зад нас.Дополнително, Владата на ВМРО-ДПМНЕ најавува мерки кои дополнително ќе го влошат животот на граѓаните: укинување на „недела неработен ден“, зголемување на старосната граница за пензионирање и покачување на ДДВ на 19,5%. Овие политики се директен удар врз работниците и граѓаните.ДПМНЕ уште еднаш покажува дека нивниот приоритет не се граѓаните, туку нивните бизнис интереси“, соопшти СДСМ.
Македонија | пред 1 година