Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Ако коленичивме за ковид-кризата за пет илјади вакцини, ние денеска ги помагаме соседните држави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryjpob45mseo9c5cUQdqF

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање-какви се вашите коментари во однос на наодите од опозицијата по однос на темата за мигрантите дека Венко Филипче алудира на тоа дека ќе дојдат економски работници, изјави:

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Видете, јас се обидувам некако во моите последни изјави да не ги коментирам изјавите коишто доаѓаат од СДСМ, бидејќи се изјави коишто се стихијни, дифузни и немаат никакво значење, т.е. имаат единствено значење, а тоа е преку креирање на лажна перцепција и растурање на пердуви да се обидат да нанесат штета на работата на Владата, бидејќи нивните изјави никогаш не се конструктивни. Туку се најчесто полни со лага, конструкција и тоа во јавните односи, се вика, како да нанесете штета на Владата којашто се бори во услови на криза и предизвици.

 Во ред, тие одбрале таква стратегија, таа е лажна, погрешна стратегија. Но, ќе се повикам на онаа позната Наполеонова изрека којашто вели дека: „можеби не треба да му се помага на противникот кога греши“. Така што ние остануваме да се фокусираме на она што претставува вистинска потреба на граѓаните, приоритет на граѓаните и на државата.

 Ние сме сериозна Влада. Влада којашто се обидува да ги антиципира предизвиците. Ако навремето коленичивме за ковид-кризата за пет илјади вакцини, ние денеска ги помагаме соседните држави во услови на криза кога се потребни агрегати за генерирање на електрична енергија, кога ќе треба од зоната на воени дејства да пренесеме странски држави, односно државјани на нашите соседи, тоа да го направиме. Еве, нашите ресурси се ставени на располагање на соседните држави и на граѓаните од соседните држави за поевтина цена да полнат гориво.

 Така што сега гледаме поинаква Македонија од онаа којашто беше ограбена, понижена и на колена од неколку години во времето на Владата на СДСМ и ДУИ. Тие имаа шанса, шансата ја пропуштија, така што им треба многу време да поминат во опозиција за да сфатат дека грешат“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 21 час

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 22 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања