Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ѓорѓиевски и даде 24 часа на Левица да се извини: Тендерот за којшто манипулирате е потпишан од Арсовска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
media-librarybpadjj0k1bf4aJ2k0gC
Скопје1.мк

Левица, пак удривте статива. Ама дури ни противничката не ја погодивте, туку својата.Тендерот за којшто манипулирате во јавноста е потпишан од поранешната градоначалничка Данела Арсовска, истата таа која ги бодреше и штитеше вашите директори на претпријатија, вели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Станува збор за постапка што е наследена и развојна.

Тоа сигурно добро го знаете бидејќи тој период, токму вие бевте тие кои имаа исклучителна блискост со нејзината администрација, ги полневте управните одбори, добивавте работни позиции и договори на дело во институциите на Град Скопје.

— реклама —

Истите тие институции кои, да потсетиме, беа оставени во финансиска дупка од околу 300 милиони евра, последица на недомаќинско и неодговорно управување.

Затоа, пред да делите лекции за транспарентност и отчетност, добро би било прво да се соочите со сопствената политичка улога во тој период.

— реклама —

Граѓаните имаат добра меморија, а фактите се тврдоглава работа.

Наместо да трошите енергија на фабрикување наративи и фејсбук-објави со краток рок на траење, би ви препорачал конечно да почнете да се однесувате како сериозна опозиција.

Граѓаните очекуваат идеи, решенија и визија за подобар град, а не дневна доза политички театар.

— реклама —

Затоа, ви давам рок од 24 часа да се извините за пласираната невистина.

А во иднина, пред повторно да се обидете да креирате политичка конструкција, проверете ги фактите.

Во спротивно, ризикувате повторно јавно да се избламирате“, вели Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykihm0ffcg7ks161AHl4

По децении чекање, почна реконструкцијата на улицата „Лазар Поп Трајков“ во Гази Баба, најави Ѓорѓиевски

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryjmcfj28ferrj6CL7jhx

Околу 30.000 граѓани го чистеа Скопје, Ѓорѓиевски најави акции двапати месечно

Скопје | пред 2 дена

media-library6qvio439351v2RcbE1D

Ѓорѓиевски: Иднината на младите се гради со можности, поддршка и доверба

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryc3c7i09stp432oTwYh5

Над 400 оброци поделени за најранливите сограѓани по повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања