Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Семејни инциденти: полицијата приведе пет сторители на насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

На 10.03.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.З.(27) од с.Долна Бањица, гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 26-годишна сопруга дека, поради меѓусебно недоразбирање, упатувал закани на нејзините мајка на социјална мрежа.

— реклама —

На 10.03.2026 во 12:05 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Т.Д.(18) од Крива Паланка затоа што физички го нападнал неговиот татко.

На 10.03.2026 во 00:45 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Е.В.М.(49) од Крива Паланка затоа што физички нападнал 16- годишник, син на неговата сопруга.

— реклама —

На 10.03.2026, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Р.(33) од битолско село, затоа што, според пријавеното, во семејниот дом физички ја нападнал неговата 25 - годишна сопруга.

— реклама —

На 10.03.2026 во 14:30 часот во ОВР Прилеп, 45 - годишна прилепчанка пријавила дека во семејниот дом во Прилеп била физички нападната од нејзиниот сопруг Е.Ш..

На 10.03.2026 во 23:15 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода О.Л.(44) од Охрид затоа што претходно во семејниот дом физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивното малолетно дете.

— реклама —

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi6biak62q58u266VqoE

Приведен 31-годишен Охриѓанец по пријава за физички напад врз девојката

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-library9uakem203nc88ewqwYz

Жена од Скопје пријавила дека била нападната од две сосетки на Бит-пазар

Скопје | пред 5 часа

media-libraryu3t6m8j4fjacfNjc8XP

Кривична за Кочанец: Тропал на нејзината врата и ѝ испраќал заканувачки пораки по расправија за сообраќаен прекршок

Македонија | пред 6 часа

media-libraryir3376islrh77wbHiEE

Возеле без положен испит, пијани или со забрана – 11 лица уапсени

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања