Славчо Попоски

20180511_024801

Ќе имаме пеколно лето: Сепак гледано долгорочно, топлотните бранови ќе траат пократко за разлика од минатите години

Со оглед на тоа дека летото сеуште календарски не е започнато, а од друга страна веќе се соочивме со првиот бран на многу високи температури на воздухот кои беа натпросечно високи за овој период од годината.Секако ова не значи дека пред нас е екстремно топло лето, напротив според долгорочните прогнози со кои ние располагаме ќе имаме едно нормално топло лето, што значи дека не очекуваме некои долготрајни топлотни бранови. Секако топлотните бранови ќе ги имаме и тие ќе условуваат многу високи температури на воздухот, но ќе траат пократко за разлика од изминатите години.Тука се и временските непогоди кои ќе бидат почеста појава и ова лето, особено во јули и во август кога би можело да имаме и поголеми временски непогоди и натпросечно количество на врнежи за тие месеци.Да напоменеме дека тука ни е и метеоролошкиот феномен “Ла Ниња” која особено ќе добива на интензитет кон крајот на ова лето. Таа носи пониски температури и го лади Европскиот Континент, кај нас врнежите токму поради овој метеоролошки феномен во иднина ќе ги има повеќе.Со оглед на тоа дека се работи за сезонска и долгорочна прогноза, граѓаните истата не треба да ја земаат здраво за готово и дека промени во истата се можни, што значи дека сезонските прогнози се со помала веројатност за остварување.

Македонија | пред 1 година

271857943_429202012226785_3224409273442573984_n

Температури до 41 степен: Максимумот на топлотниот африкански бран ќе биде во вторник и среда

Својот максимум овој многу топол бран кој продира од северните предели на Африка во Македонија ќе го достигне во вторник и во среда (11 и 12.6.2024). Тогаш максималните дневни температури на воздухот насекаде низ Македонија ќе надминуваат 30 степени, на повеќето места тие ќе се искачат и до околу 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие локално ќе достигнат и до 40-41 степен.Ув индексот овие два дена ќе има многу висока, до екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 8 и 9. Токму поради ова ги советуваме граѓаните да пијат повеќе течности, и секако, без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот.Во Скопје максималната температура на воздухот за време на максимумот на овој топол бран ќе се искачи до околу 37 степени.Да напоменеме дека следната седмица и тоа особено во најтоплите централни и југоисточни предели ноќите ќе бидат тропски, односно тоа значи дека температурите во ноќните и во раните утрински часови нема да се спуштаат под 20 степени.Мало освежување на времето не очекува дури во четврток (13.6.2024)

Македонија | пред 1 година

0394F1D7-0FF8-4E81-BB36-671698CD60AE

Овој викенд, како и во почетокот на следната седмица се очекува силно невреме во Македонија

Под влијание на циклон кој е со центар западно и северозападно од нас, овој викенд, како и во почетокот на следната седмица во Македонија во попладневните часови повторно ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Сепак, поради големата енергија во атмосферата токму поради топлиот бран од Африка, ќе се создадат услови за локално, но силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да предизвика локални поројни поплавувања, силен ветер, силни и чести електрични празнења како и со појава на град кој би можел да биде крупен во ваква ситуација.И во делови од Скопскиот регион постои услови за попладневна нестабилност, но и услови за појава на невреме.Апелираме граѓаните и тоа во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења да бидат крајно внимателни, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Секако во случај на појава на крупен град и на силен ветер автомобилите да се заштитат.Што се однесува до температурите, тие овој викенд, како и во почетокот на следната седмица ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие локално би можеле да надминат и 35 степени. Во Скопје за време на овој топол бран температурата ќе се искачи до околу 31-32 степени.

Македонија | пред 1 година

0394F1D7-0FF8-4E81-BB36-671698CD60AE

Циклон од запад овој викенд ќе ни донесе нови обилни врнежи и грмежи, а ќе има појава и на ново локално невреме

За време на викендов, и тоа поради влијанието на висински циклон од запад, повторно атмосферата во Македонија позначително ќе се дестабилизира, па така на повеќе места, и тоа особено во западната половина од државава ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Локално повторно ќе има услови за поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да предизвика нови локални поројни поплави, силен ветер, силни и чести електрични празнења, силен ветер, како и со појава на град.И во Скопскиот регион од денес попладне ќе биде нестабилно со услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.Што се однесува до температурите, тие остануваат без промени и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 29 степени, додека утре ќе биде малку посвежо со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.Да напоменеме дека за време на викендов локално ќе наврне позначително количество на воден талог, особено во западната половина од државава, и тоа над 25 литри дожд.

Македонија | пред 1 година

275180188_702022164305716_6556894355017446137_n

Метео-предупредување: од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

Денес од пладневните часови на повеќе места низ Македонија атмосферата значително ќе се дестабилизира, што значи ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Атмосферата поради високите температури, спарното време и топлиот бран од југ е многу загреана и исполнета со многу енергија, па така локално, особено во западната половина од државава, Пелагониско, како и во делови од северните предели, но и во Скопскиот регион ќе се создрадат услови за по силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој може да предизвика локални поројни поплави, силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на граад кој би можел да биде по крупен.Во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења препорачуваме голема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер и по крупен град, автомобилите да се заштитат.Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Доаѓа ли ново невреме кон Македонија

Според нашата алатка НОТАС, за рана најава на нестабилност и невреме, до крајот на денов и вечерва, како и претстојната ноќ таа прикажува ниво 3 во Македонија, засилен ризик од појава на локално невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнеа, како и со појава на град.Препорачуваме крајна претпазливост во случај на појава на електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно да се подалеку од дрвјата.

Македонија | пред 1 година

nevreme

Се очекува локална попладневна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Денес и утре особено во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а не се исклучува можноста и за ретка појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.И во делови од Скопската котлина особено денес попладне и навечер ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени, додека во Скопје таа ќе се искачи до околу 23 степени.Поголема нестабилност со врнежи, грмежи и локално невреме очекуваме во вторник, но многу повеќе детали околу ова очекувајте во следните наши метео објави.

Македонија | пред 1 година

277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

Утре на повеќе места врнежи и грмежи: локално се очекуваат и поинтензивни атмосферски процеси, во форма на невреме

Под влијание на циклонска активност од запад, утре (четврток 2.5.2024) времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд во текот на претпладневните часови. Од пладневните часови на многу места ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Локално, и тоа особено во централните , како и во источната половина од државава процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град, како и со силни и чести електрични празнења. Токму поради очекуваната појава на електрични празнења, апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни, односно да не претстојнуваат на отворен простор и под осамени дрвја.И во Скопскиот регион утре од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можно е овие процеси да бидат застапени и во форма на невреме.Што се однесува до температурите, тие утре ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Во Скопје утре температурата ќе се искачи до околу 25 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Какво време да очекувате на 1 мај: попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.Од пладневните часови се очекува изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за ретка појава на град. Нестабилноста ќе продолжи и во текот на ноќта кон 2 мај.Што се однесува пак до температурите, тие остануваат без промени и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.Во Скопје и околината исто така од пладневните часови се очекува локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилноста е можна и во ноќните часови према 2 мај. Температурата утре во Скопје ќе се искачи до околу 26 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Очекувајте студено време со врнежи од дожд и снег на планините – дождвило ќе биде и во Скопје

Под влијание на влажен и студен воздушен бран од север и од северозапад, до крајот на денешниот ден времето во Македонија ќе биде облачно и значително постудено со врнежи од дожд кој на повеќе места ќе бидат обилни, па така локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог.На планините, и тоа особено во западните и во северозападните предели со надморска височина од над 1100-1200 метри ќе има врнежи од снег.На планините исто така очекуваме формирање на снежна покривка со висина од 5 до 10 cм, понекаде и до 15 cм, а на повисоките планини таа би можела да биде и поголема.Локално врнежите исто така ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи, како и со засилен ветер во зоната на нестабилност.Во Скопје и околината исто таоа очекуваме врнежливо време, а во делови од котлината ќе има услови и за појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Што се однесува до температурите за денешниот ден, тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.

Македонија | пред 1 година

271390768_373459804110139_5169398056754971612_n

Од денес, па се до среда – Летото во Април продолжува

Во периодот од денешнит ден, па се до среда, територијата на Македонија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на топлата воздушна маса од Африка, како и на стабилна и сува воздушна маса. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со температура која ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 28 степени.Овие температури кои не очекуваат наредните три денови, секако и понатаму се натпросечно високи за овој период од годината.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-6680PM

Погледнете какво време нѐ очекува од утре, па се до среда

Продолжува периодот на стабилно, суво и претежно сончево време во Македонија и во следните три денови, односно во периодот од понеделник до среда. Температурите остануваат рано-летни и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.Само денес на повеќе места ќе биде ветровито, односно ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а попладнето е можна појава и на сосема слаб, локален и краткотраен дожд (ништо сериозно).Во Скопје исто така продолжува стабилното, суво, топло и сончево време, со засилување на ветерот од северен правец до крајот на денешниот ден. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 26 и 28 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-59-1880PM

Дали март ќе го испратиме со рано летни температури: Следниот викенд температури и над 25 степени

По променливото време кое не очекува од утре, проследено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, но накратко и снег на планините во понеделник, сепак по се изгледа месец март оваа година ќе го испратиме со рано летни температури на воздухот.Балканот и Македонија, следниот викенд би можеле да бидат зафатени од значлително потопла воздушна маса од северните предели на Африка која би условила температури дури и над 25 степени.Но најпрвин да измине најавеното променливо и врнеживо време во регионот, како и кај нас кое го најавивме за од утре, па потоа да се подготвиме за рано летни температури на воздухот, секако следниот викенд.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-06-at-22.04.40

Продолжува пролетното топло време: Ќе имаме променлива облачност, но и услови за слаби локални врнежи од дожд!

Овој викенд како што и најавивме продолжуваат пролетните температури на воздухот. Тие ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.Наутро пак температурите речиси насека остануваат над нулата, што значи не постојат услови за појава на утрински мразеви.Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, иако денес локално ќе биде и позначително облачно. Ќе има услови и за сосема слаби локални врнежи од дожд (ништо сериозно не се очекува).Што се однесува до ветерот, денес тој ќе биде со слаб до умерен интензитет и од јужен правец, додека утре ќе засилува ветерот од северен правец, особено Долж Повардарието.Во Скопје и околината ќе имаме слично време со температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 17 степени.Незначително опаѓање на температурите и локални врнежи од дожд ќе имаме во вторник.

Македонија | пред 1 година

AF5B8913-AAD4-498D-BB10-C77D5E0757F5

Доаѓа вистинска пролет: Касните зимски студови ќе изостанат оваа година!

“Судејќи според моменталните анализи, направени со помош на најпрецизните прогностички модели, оваа година по се изгледа ќе изостанат касните зимски студови, кои се карактеристични за месец март”, вели метео-прогнозерот Славчо Попоски.Времето во следните денови, односно до крајот на март ќе остане топло со пролетни температури на воздухот кои на многу места ќе надминуваат 10 степени, понекаде тие ќе достигнат и до околу 15 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи до околу, или близу 20 степени.Врнежите полека ќе се намалуваат, иако и понатаму повремено и локално ќе има услови за слаби врнежи од дожд.Уште потопло треба да биде кон крајот на викендот и следната седмица кога температурите понекаде би надминувале и 20 степени.Појава на утрински мразеви не се очекуваат, поради тоа што на повеќе места очекуваме температури малку над нулата.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Какво време нѐ очекува идните денови - ем топло, ем дожд, ем грмежи

„Како што и претходно кажавме и најавивме, пред нас е топол и релативно стабилен и сув викенд, иако локално можни се сосема слаби врнежи од дожд. Што се однесува до температурите, тие речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, понекаде тие ќе се искачат и до 15 степени, во централните и југоисточните предели температурата ќе се искачи и до околу или близу 20 степени“, најавува метео-прогнозерот Славчо Попоски и додава:Сепак овој викенд ќе засилува јужниот ветер, што ќе биде најава за нова голема промена на времето од понеделник.Во понеделник и во вторник, и тоа под влијание на нов длабок циклон од Атлантикот ќе има нови обилни врнежи од дожд, проследени со гремежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час).Локално можни се поинтензивни Атмосферски процеси, во форма на невреме, а можна е и појава на град. Остануваат релативно високите температури и покрај очекуваната нестабилност и врнежи.

Македонија | пред 1 година

275188151_680049909703117_5060941709380810353_n

Студ, снег, дожд, пад на температурите - што нѐ очекува со времето од понеделник

„Нов голем влажен, но овој пат и значително постуден воздушен бран ќе ја зафати територијата на Македонија во понеделник доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник и во вторник“, наговестува метео-прогнозерот Славчо Попоски и додава:На повеќе места ќе има обилни врнежи од дожд (локално ќе наврнат нови над 30 литри дожд на метар квадратен воден талог). Поради заладувањето и значителниот пад на температурите, на планините над 1200-1300 метри надморска височина ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира и снежна покривка.Значителна снежна покривка очекуваме на планините во западните и северните предели, како и на североистокот и истокот од Македонија (понекаде и со висина од над 25 сантиметри).НАПОМЕНА: Снежната граница локално би можела да се спушти и до околу, па и под 1000 метри надморска височина, со што врнежи од влажен снег би можело да има и на некои повисоки населени места. Сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер, најпрвин од јужен и од југоисточен, а потоа од северен и од северозападен правец (повремено со брзина од над 60 км/час).Во Скопје и околината исто така со овој влажен бран очекуваме нови пообилни врнежи од дожд, а на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер, најпрвин од југоисточен, а потоа од северен и од северозападен правец.Што се однесува до температурите, тие позначително ќе опаднат, особено во вторник кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 4 и 12 степени.Оваа голема промена на времето која не очекува е поврзана со длабокиот циклонски систем од запад, поточно со центар над Џеновскиот залив и во центарот на истиот ќе има присуство на значително поладен воздух.

Македонија | пред 1 година

244523411_359266169267354_5335682850940299611_n

Времето ќе биде невообичаено за овој период од годината - што нѐ очекува неделава

Невообичаено топлото време за овој период од годината, благодарение на топлиот метеоролошки феномен “Ел Нињо” ќе продолжи и во текот на оваа недела, температурите и понатаму речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели повремено тие ќе се искачуваат  и до пролетни 20 степени.Сепак ќе има повеќе облачност, а нов, овој пат поголем влажен воздушен бран од Медитеранот очекуваме од четврток. Овој влажен бран локално ќе донесе пообилни врнежи од дожд и позначително количество на воден талог. Сето ова повторно ќе биде проследено со засилен ветер од југоисточен правец, најиздразен долж Повардарието.Во Скопје исто така очекуваме слично време како и во останатите предели од државава.Мора да напоменеме дека поради изразеното јужно воздушно струење, од Сахара кон нашата територија, како и во поголем дел од Европа и Балканот се очекува транспорт на прашина и на песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена. Се очекува значително да ја има оваа прашина  и песок од Сахара.

Македонија | пред 1 година

0a1acb69-dfa1-4339-945a-531da4d20aa8

И во Македонија ќе има ветер и дожд, а регионот веќе е погоден од обилни дождови и силни ветришта - има и штети

Уште од утринава регионот е веќе зафатен од најавениот длабок циклон кој е со центар над северозападна Европа. Обилни врнежи од дожд има веќе во југозападна Босна, овие врнежи полека ќе навлегуваат во Црна Гора, потоа и на северот од соседна Албанија. Локално се очекува да наврнат и над 100 литри дожд на метар квадратен, со што постои можност и за локални поплавувања.На високите планини ќе има обилни врнежи од снег, со што локално ќе се формира снежна покривка со висина од над 30 сантиметри.Инаку изминатата ноќ олујниот ветер направи многу штети во Босна, особено во градо Цазин, северозападна Босна.Кај нас во Македонија овој викенд ветерот ќе достигнува брзина од над 60 км/час и ќе биде од јужен правец, а ќе има и локални послаби врнежи од дожд. Сепак ќе биде невообичаено топло за овој период од годината и понатаму, па така во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и до околу 20 степени.

Македонија | пред 1 година

xx_model-en-359-0_modez_2024022100_126_944_157

Бура за време на викендот ќе го погоди регионот, на удар се Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија, најавува Попоски

Времето во регионот полека ќе започне да се влошува, и тоа поради влијанието на длабокиот циклонски систем кој слободно може да се нарече ураган и кој е со центар над северозападна Европа.Веќе од утре во Црна Гора, Босна и Херцеговина а потоа и во соседна Албанија ќе започнат врнежи од дожд и ќе бидат многу обилни особено за време на викендот, кога на планините ќе врне снег и локално се очекува формирање на снежна покривка од над 30 сантиметри.Во овие три држави локално ќе наврне големо количество на врнежи (а можно е дури да наврне и месечно количество на дожд за два дена, па и повеќе од тоа) локално над 100/150 литри дожд на метар квадратен, што е премногу за релативно краток период, па токму поради ова можни се и локални поплавувања.Сето ова ќе биде проследено и со олуен јужен и југозападен ветер со удари понекаде и од над 85 км/час.Овој циклон овој викенд ќе влијае на времето и во Македонија, со што ќе има повремени врнежи од дожд, проследени со засилен јужен и југоисточен ветер. Сепак кај нас не постојат услови за поплавувања, но ќе ја почувствуваме поголемата промена на времето која ј најавивме.Што се однесува до температури тие и понатаму кај нас остануваат натпросечно високи.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-24-0310PM

Следната седмица доста турбулентна на Балканот: можни температури до 25 степени

Следната седмица доста турбулентна на Балканот, од Африка ни следува продор на уште потопол воздух кој во некои делови ќе донесе температури дури и до 25 степени, сепак ќе има чести врнежи и тоа поради влијание на циклон со центар над Џенова…Инаку промената на времето започнува уште од овој викенд кога очекуваме врнежи кои најпрво ќе бидат локални, а повеќе врнежи ќе имаме во недела навечер и во текот на ноќта кон понеделник и тогаш тие ќе се прошират во поголем дел од Македонија. Снег ќе врне само на високите планини.За време на викендот ќе дува и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Овој викенд ќе бидеме под влијание на длабок циклон со центар над северна и северозападна Европа.Температурите остануваат натпросечно високи, и на многу места тие ќе се искачуваат до околу, па и над 10 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе надминуваат 15 степени.

Македонија | пред 1 година

vrnezi-dozd-vreme

За време на викендот длабок циклон ни носи промена на времето, врнежи и засилен јужен ветер

До петок времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Само до крајот на денешниот ден ќе има повеќе облачност, а ќе има и појава на слаб локален дожд, на повисоките планини ќе провејува снег.За време на викендот кај нас, но и пошироко во регионот ќе имаме поголема промена на времето, односно ќе бидеме под влијание на длабок циклон со центар над северна и северозападна Европа. Овој циклонски систем кај нас ќе донесе врнежи од дожд, снег на повисоките планини, како и засилен јужен ветер.Повеќе детали околу оваа промена ќе имаме во следните метео објави.Во Скопје овие денови ќе имаме слично време како и во останатите делови од Македонија.Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу или малку над нулата, само понекаде температурата ќе се спушта за некој степен под нулата. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие повремено ќе надминуваат и 15 степени, што значи ќе бидат значително над просекот за овој период од годината.

Македонија | пред 1 година

271937299_421026089809384_1880700475912930685_n

Овој викенд ќе биде натпросечно топло

„Под влијание на стабилна, сува и релативно топла воздушна маса од југ, овој врикед времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло, утре со појава на мала до умерена локална облачност“, најавува метео-прогнозерот Славчо Попоски.Тој додава:Утре особено Долж Повардарието ќе засилува ветерот од северен правец.Во Скопје и околината ќе имаме слично време, стабилно, суво и сончево, додека утре ќе засилува ветерот од северен правец.Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаа до околу, или малку под нулата. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 15 степени, додека во најтоплите југоисточни предели температурите би можело да надминат и 15 степени.Претежно стабилното и суво време ќе се задржи и во почетокот на следната недела.

Македонија | пред 1 година

vrnezi-dozd-vreme

Најава за голема промена на времето: од понеделник ќе има чести врнежи и повремено засилен ветер

„Искористете го максимално ова убаво време кое ќе го имаме до крајот на оваа недела, поради тоа што веќе од понеделник ни следува нова голема промена на времето. Ќе бидеме под влијание на нов циклон од запад и на серија на влажни воздушни бранови“, вели метео-прогнозерот Славчо Попоски и додава:„До крајот на ова недела наутро ќе биде постудено со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштаат до околу, или за неколку степени под нулата. Максималните дневни температури на воздухот пак на многу места ќе се искачат до околу, или над 10 степени, додека во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу 15-16 степени.Во текот на следната недела, односно веќе од понеделник влегуваме во нов циклонален и влажен период со чести врнежи од дожд ширум регионот, па така и во Македонија. Врнежите повремено ќе бидат обилни и проследени со засилен јужен ветер. На планините ширум регионот, па така и во Македонија повремено ќе има обилни врнежи од снег со што ќе дојде до формирање на нова снежна покривка.Како што веќе подолго време најавуваме, во последната декада од месец февруари би можеле да се соочиме со значителни количества на дожд и на снег, а снег би можело да има и во пониските предели (градовите) ширум регионот, па така и во Македонија“.

Македонија | пред 1 година

IMG_4715

Почести врнежи и без екстремни студови - што нѐ очекува до крајот на февруари

Феноменот “Ел Нињо” под чие влијание сме во моментов, а носи потопло време, и секако ни донесе вистинска пролет во февруари, ќе продолжи се до крајот на летото или почетокот на есента, кога започнува ладниот феномен “Ла Ниња”.„Моите последни објави беа поврзани околу снегот, и дали истиот воопшто ќе го имаме оваа зима, барем засега нема никакви најави за снег, дури и во втората половина од овој месец барем според моменталните наблудувања и следења шансите за снег се многу мали кај нас, како и во поголемиот дел од Европскиот Континент. Но тоа не значи дека се до крајот на зимата ќе поминеме без студови па и без снег“, пишува метео-прогнозерот Славчо Поповски.Во март секако дека очекуваме повремени заладувања на времето кои би можеле да донесат снег. Генерално очекуваме натпросечно топло време се до крајот на оваа зима, без некои екстремни студови.„Што се однесува до врнежите, тие особено по 10 февруари, односно од овој викенд ќе бидат натпросечно високи, што значи дека влегуваме во циклонален, влажен и нестабилен период. Овој викенд ќе дува и силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и на песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена, а дождот кој го очекуваме ќе биде валкан“, додава тој.Сепак и поркај оваа голема промена на времето, температурите како што кажавме ќе бидат натпросечно високи и на повеќе места ќе надминуваат 10 степени. Секако оваа промена лошо ќе влијае особено кај метеопатите, каде се можни поголеми здравствени проблеми.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања