Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Овој викенд, како и во почетокот на следната седмица се очекува силно невреме во Македонија

објавено пред 2 години -

Македонија
0394F1D7-0FF8-4E81-BB36-671698CD60AE

Под влијание на циклон кој е со центар западно и северозападно од нас, овој викенд, како и во почетокот на следната седмица во Македонија во попладневните часови повторно ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

— реклама —

Сепак, поради големата енергија во атмосферата токму поради топлиот бран од Африка, ќе се создадат услови за локално, но силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да предизвика локални поројни поплавувања, силен ветер, силни и чести електрични празнења како и со појава на град кој би можел да биде крупен во ваква ситуација.

— реклама —

И во делови од Скопскиот регион постои услови за попладневна нестабилност, но и услови за појава на невреме.

— реклама —

Апелираме граѓаните и тоа во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења да бидат крајно внимателни, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Секако во случај на појава на крупен град и на силен ветер автомобилите да се заштитат.

Што се однесува до температурите, тие овој викенд, како и во почетокот на следната седмица ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие локално би можеле да надминат и 35 степени. Во Скопје за време на овој топол бран температурата ќе се искачи до околу 31-32 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

lugje-karpos-esen-korona-1

Македонија се разбуди со минусни температури: Во Берово -1 степен, еве какво време нè очекува

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Од -4 утрово до 28 степени преку ден: Голема температурна разлика низ Македонија

Свет | пред 2 седмици

media-library3ris6de2hrpl08pK26C

Голем пресврт на времето: Арктички студ стигнува на Балканот

Балкан | пред 1 месец

media-library4uqdirj780pd7xIn8At

Посвежо време до среда, а потоа температурите повторно растат до 34 степени

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања