Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Ахмети со шефот на ОБСЕ Вал: Водиме битка за достоинство, еднаквост и Европа, нас не нè интересира власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
ahmeti-val-2

Во седиштето на Демократската унија за интеграција, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, г. Килијан Вал.

Претседателот Ахмети и амбасадорот Вал разговараа за многу прашања во земјата и регионот, меѓу кои евроинтеграциите, приоритетите на ДУИ за земјата и граѓаните, легитимитетот, ситуацијата во Северна Македонија и Косово итн.

Ахмети му порача на Вал дека ДУИ, без никакво сомневање и со сите сили, останува недвосмислен промотор на европскиот дух и пријателството со Америка кај нас, па затоа преговарачката рамка со Европската унија мора да ја спроведеме без одлагање.

„Партнерите во власта без етнички легитимитет ветија дека за 3 до 6 месеци ќе го сменат Уставот. ДУИ нема да дозволи отстапување од европскиот пат и ќе инсистира на уставни измени бидејќи граѓаните се решени да станат дел од Европската унија.

— реклама —

ДУИ не сака и нема да биде дел од оваа влада, туку води битка за национално достоинство од секојдневното погазување и за почитување на Охридскиот договор како и евроатлантската ориентација на државата.

Нас не нè интересира власта и под никакви околности оваа наша битка и битката на Албанците не е и нема да биде страст за власт.

Потписниците на Охридскиот договор треба да бидат алармирани за овие сериозни нарушувања на меѓуетничките односи и еднаквост“, соопшти ДУИ.

— реклама —

Ахмети посочи дека Уставниот суд со прегласување по политичка наредба ја избришал етничката припадност, а на ред е и албанскиот јазик.

— реклама —

„Овие одлуки се неприфатливи за нас. Во меѓувреме, во регионот, албанско-српското помирување со взаемно признавање меѓу Косово и Србија е неопходност и само тоа ќе донесе мир, стабилност, безбедност и регион со перспектива, додека голем историски договор во регионот е потребен и за посветеност за незагрозување на територијалниот интегритет на Северна Македонија од нејзините соседи.

Овие историски и визионерски процеси мора да ги гарантираат Соединетите Американски Држави и Европската Унија“, се додава во соопштението на ДУИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dui-ali-ahmeti-rodenden

ДУИ честитаат Илинден: Охридскиот договор е под постојани обиди за поткопување

Македонија | пред 2 дена

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ обвинува: 90% од грантовите за спроведување на Охридскиот договор, Владата ВМРО-ДПМНЕ-ВЛЕН ги даде на српската заедница

Македонија | пред 3 дена

dui

ДУИ: Владата изгуби 60,77 милиони евра европски грант за Коридорот 8

Македонија | пред 4 дена

media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

ДУИ: Уште еден странски инвеститор си заминува - Владата да одговори колку работни места се загрозени

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања