Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

АХВ повторно ја казни Општина Гостивар за незаконско заловување на улични кучиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryk0dua6papfka4DYBMs2

Општина Гостивар повторно е казнета од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) поради неовластено заловување и дислокација на бездомни кучиња, без одобрение од институцијата и од страна на неквалификувани лица.

— реклама —

По спроведен вонреден инспекциски надзор, АХВ изрече парична казна во вкупен износ од 2.100 евра во денарска противвредност, од кои 1.500 евра се однесуваат на Општина Гостивар, а 600 евра на градоначалникот.

— реклама —

Истовремено, Агенцијата донела и ново решение за забрана на спроведување ваков тип неовластени активности, покрај претходното решение издадено во ноември 2025 година.

Во соработка со Министерството за внатрешни работи било утврдено дека возилото со кое биле заловувани и дислоцирани бездомните кучиња е истото што и претходно било користено за вакви недозволени активности, но овој пат со променети регистарски таблички.

— реклама —

Вонредната инспекциска контрола била спроведена по пријави од граѓани, кои до АХВ доставиле фотографии и видеоматеријали како доказ за неовластеното постапување.

Од Агенцијата најавуваат дека ќе продолжат со засилени инспекциски надзори за почитување на одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните, особено во делот што се однесува на заловувањето и третманот на бездомните животни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library28toi26mc2fr31iJkmx

Одземени околу два тона небезбедно месо во Радовиш и 50 килограми месни производи во Пепелиште

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryc25mrd6h2n162muoaAi

Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора на приватен имот во општина Василево

Македонија | пред 4 дена

media-libraryvbr6e45ufdd43WYhghA

Запленети над пет тони овошје и зеленчук што нелегално се продавале на скопските пазари

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryp7j0pohh0mkc1MsEVlk

Еден тон забранети пилешки желудници запленети и уништени во месарници во Охрид и Струга

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања