Бајден донесе одлука: Да се ​​изгради пристаниште за хуманитарна помош во Газа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Џозеф Бајден и нареди на војската да изгради привремено пристаниште во Газа за да достави повеќе хуманитарна помош на палестинската територија под израелска опсада.

— реклама —

Во синоќешниот говор за состојбата на нацијата во американскиот Конгрес, Бајден го повтори својот повик за итно примирје од најмалку шест недели меѓу Израел и Хамас, што исто така ќе овозможи ослободување на сите заложници кои се уште се држат во Појасот Газа.

„Вечерва им наредувам на американските воени сили да спроведат итна мисија за воспоставување привремено пристаниште на брегот на Газа во кое може да се сместат големи бродови кои носат храна, вода и лекови и привремени засолништа“, рече Бајден во говорот пред Конгресот.

— реклама —

Изградбата на тоа пристаниште не бара распоредување на американски војници на копно, рече тој.

Тој ја повика израелската влада да дозволи повеќе хуманитарна помош да влезе во Газа и нагласи дека таквата помош не може да биде споредна или за која може да се преговара.

Изградбата на привременото пристаниште ќе трае неколку недели и ќе се изведува со „сојузниците“ на копното, како и со ОН и хуманитарните организации, соопштија претходно високи американски претставници.

Еден од официјалните лица рече дека главниот елемент ќе биде изградбата на привремен брег и дека пристаништето ќе овозможи дополнителна помош еднаква на стотици камиони да пристигнува во Газа секој ден.

Израел е информиран за иницијативата и САД треба да соработуваат со Израелците за безбедносни прашања, додаваат изворите.

Белата куќа не го крие своето незадоволство што Израел го држи Појасот Газа под опсада од почетокот на војната против Хамас на 7 октомври минатата година, по нападот на организацијата на израелска територија.

Хуманитарната помош која Израел ја дозволува пристигнува во мали количини, а територијата влезе во голема хуманитарна криза.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kamala-haris

Камала Харис: Бајден ме вознемири со повик пред дебатата со Трамп

Свет | пред 4 месеци

cee73e8a-b7cc-4acf-9d40-932cea8eaa9e

Трамп споделува теорија на заговор дека Бајден бил погубен во 2020 година

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-09.54.38

Трамп му посака брзо закрепнување на Бајден кој има агресивна форма на рак на простата

Свет | пред 8 месеци

a2271988-8afc-4de7-a814-6640bef6b28d

(Видео) Бајден: Јас сум одговорен за враќањето на Трамп во Белата куќа

Свет | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања