Промени тема
Контакт

Бајден го ограничи дупчењето нафта на Алјаска само неколку часа по победата на Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-11-08-102841

Неколку часа откако републиканскиот кандидат, Доналд Трамп, победи на претседателските избори во САД, администрацијата на Џо Бајден го ограничи дупчењето нафта во Арктичкото национално прибежиште за диви животни на Алјаска. Дупчењето беше забрането со децении во Арктичкото прибежиште, недопрен регион во североисточна Алјаска, кој е дом на широк спектар на загрозени видови.

— реклама —

Меѓутоа, законот донесен за време на првиот мандат на Трамп бараше од федералната влада да дозволи закуп на земјиште таму во два наврати за потребите на дупчење и експлоатација на нафта. Закупот првпат беше понуден во 2021 година, но на крајот беше суспендиран и откажан од Министерството за внатрешни работи поради недостаток на интерес од нафтената индустрија.

— реклама —

Законот од ерата на Трамп бараше закупот повторно да се понуди пред крајот на 2024 година. Администрацијата на Бајден во средата објави дека на аукцијата ќе понуди околу 160.000 хектари, што е најмалата можна површина што може легално да ја понуди, пишува Си-ен-ен.

— реклама —

Последниот потег наиде на различни реакции. „Денешната акција на администрацијата на Бајден подобро го заштитува Арктичккото прибежиште и ние сме благодарни за тоа. Борбата за спас на Арктичккото прибежиште започнува повторно и ние сме подготвени за следните четири години“, рече Кристен Милер, извршен директор на Лигата на дивината на Алјаска.

— реклама —

Сепак, некои жители веруваат дека потегот на Бајден ќе и наштети на локалната економија, која во голема мера зависи од приходите од дупчење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп: Кој ќе победи во вештачката интелигенција – победува, дата центрите не смеат да заминат во Кина

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

„Политико“: Трамп ја притисна Европа со забрана за извоз на дизел – Г7 на крајот ослободи 100 милиони барели

Свет | пред 4 часа

media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: Одлично се согласувам со Ким, кога некој има 112 нуклеарни ракети добро е да сте во добри односи

Свет | пред 4 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го објави бројот на сенаторот кој се спротивстави на укинувањето на промената на часовникот

Свет | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања