Промени тема
Контакт

Бајден призна: Згрешив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави во интервју за вестите на Ен-Би-Си дека згрешил што ги охрабрил своите поддржувачи да го направат републиканскиот кандидат Доналд Трамп „своја мета“, но изјави дека насилната реторика е проблем што го има Трамп, а не тој.

„Грешка беше да се употреби тој збор. Мислев дека треба да се фокусираме на него. Фокусирајте се на она што тој го прави, фокусирајте се на неговите политики, фокусирајте се на бројот на лаги што ги кажал во дебатата." - изјави Бајден.

— реклама —

На 8 јули, Бајден, зборувајќи за неговиот лош настап во ТВ дебата, им кажа на донаторите дека има една задача, „да го победи Трамп“.

— реклама —

„Доста е да се зборува за ТВ дебатата. Тој треба да биде погоден во центарот“, рече тогаш Бајден, според Ројтерс.

Американскиот претседател е под зголемен притисок од неговите пратеници, донатори и активисти да се повлече од изборите по лошиот настап во дебатата со Трамп, но тој цврсто ја отфрли можноста да ја напушти претседателската трка.

— реклама —

Тој во интервјуто повтори дека нема да ја напушти претседателската трка, иако некои демократски лидери се скептични за победата на Бајден.

— реклама —

„Број еден, јас сум стар, но сум само три години постар од Трамп. За кратко време направив повеќе од кој било претседател“, рече Бајден.

Новата анкета спроведена од NBC News покажа дека Трамп води пред Бајден со два процентни поени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

bajden-2

Бајден спречил поголема војна меѓу Израел и Иран, открива „Атлантик“

Свет | пред 5 дена

— реклама —
kamala-haris

Камала Харис: Бајден ме вознемири со повик пред дебатата со Трамп

Свет | пред 1 година

cee73e8a-b7cc-4acf-9d40-932cea8eaa9e

Трамп споделува теорија на заговор дека Бајден бил погубен во 2020 година

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-01-21-at-09.54.38

Трамп му посака брзо закрепнување на Бајден кој има агресивна форма на рак на простата

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања