„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Бакарот поскапува: пазарите реагираат на новите закани со царини од Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Свет
media-libraryf30hrekck2oc4zqSVZJ

Цените на бакарот во САД денеска пораснаа на 5,5 долари за фунта, односно околу 2,12 евра за килограм, што претставува највисоко ниво во последните пет месеци. Ова е најголем износ од јули наваму и доаѓа во контекст на повторните најави за воведување царини од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Trading Economics.

— реклама —

Според анализите, пазарите реагирале на сигналите дека Белата куќа повторно ја разгледува можноста за воведување царини на клучни индустриски метали. Ваквите најави веќе еднаш доведоа до нагло поскапување на бакарот, кога цената достигна рекордни 5,8 долари за фунта, по претходните закани за ограничување на увозот.

Американскиот претседател повторно ги актуализираше своите ветувања за воведување царини и најави дека до следната година ќе бидат воведени тарифи за бакар како стратешка суровина. Аналитичарите оценуваат дека ваквите политики создаваат дополнителна неизвесност на глобалните пазари, со оглед на тоа што бакарот има клучна улога во индустријата, градежништвото и енергетската транзиција.

— реклама —

Пазарните движења укажуваат дека инвеститорите веќе ги вградуваат овие очекувања во цените, што може да значи продолжен притисок врз пазарот на бакар и во наредниот период, особено доколку најавените царини навистина стапат на сила.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања