Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Балогун: Интервенцијата на Трамп внесе немир во американската репрезентација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Спорт
media-libraryd22sdoe5go5eeBvnHXj

Американскиот репрезентативец Фоларин Балогун призна дека контроверзната одлука на ФИФА да му ја укине суспензијата, донесена по интервенцијата на американскиот претседател Доналд Трамп, негативно влијаела врз атмосферата во репрезентацијата пред поразот од Белгија на Светското првенство.

— реклама —

Во интервју за „CBS“, напаѓачот изјави дека целата ситуација предизвикала нервоза кај неговите соиграчи и внела дополнителен притисок пред осминафиналниот натпревар.

Балогун првично беше суспендиран по црвениот картон заработен на натпреварот против Босна и Херцеговина, но само 24 часа пред дуелот со Белгија, ФИФА ја поништи казната. Одлуката предизвика бројни реакции и обвинувања за политичко влијание врз светската куќа на фудбалот.

— реклама —

„Мојата прва реакција беше среќа што повторно сум во тимот. Но, веднаш знаев дека тоа ќе предизвика многу контроверзии. Кај соиграчите се чувствуваше нервоза, бидејќи ситуацијата беше навистина необична“, изјави Балогун.

— реклама —

Тој додаде дека било тешко целосно да се концентрира на натпреварот поради големиот медиумски притисок и неизвесноста околу неговиот настап.

Осврнувајќи се на црвениот картон, Балогун рече дека според него не станувало збор ниту за прекршок.

„Тоа не беше ниту прекршок, па бев целосно шокиран. Кога нешто не е намерно, не треба да биде црвен картон. Тоа беше несреќна ситуација, која ни создаде многу поголем притисок отколку што беше потребно“, изјави американскиот напаѓач.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5odsev01qor28PWHJZq

Мбапе доби зелено светло од Реал, дали се подготвува изненадување за „Златната топка“?

Спорт | пред 16 часа

— реклама —
media-librarykthm4fckl1lb2xnwFXE

(Видео) „Двојните стандарди мора да престанат“: Озил упати порака до ФИФА

Свет | пред 19 часа

media-library98ltv1m2m1v82yfCkaG

Почина Бо Јохансон, селекторот што ја одведе Данска до историското четвртфинале на СП 1998

Спорт | пред 1 седмица

media-libraryj543rtpfria9c0UlVPf

Марш за Халанд: „60 милиони? Аха, како да не!“

Спорт | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања