Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

„Bangaranga“ ја освои Европа: Којa е бугарската победничка на Евровизија?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Магазин
media-libraryhpho056e92mo1CitXBO

Бугарската претставничка на изборот за Песна на Евровизија – Дара, чие вистинско име е Дарина Јотова, преку ноќ стана едно од најбараните имиња на европската музичка сцена по синоќешната победа.

Заразната песна „Бангаранга“, впечатливата кореографија и енергичниот настап ѝ ја донесоа на Бугарија првата победа во историјата на натпреварувањето. Иако со години е голема ѕвезда во нејзината родна Бугарија, Евровизијата ја лансираше пред милионска публика низ цела Европа.

— реклама —

За време на Евровизиската недела, таа особено се истакна со настапот кој комбинираше современи поп и фолклорни мотиви, и токму оваа комбинација ги освои и публиката и жирито.

Дара е родена во Варна, третиот по големина бугарски град на брегот на Црното Море, каде што дипломирала на Националното училиште за уметност. Почнала да пее како девојче, прво изведувајќи традиционална бугарска народна музика, а подоцна се свртела кон модерната поп музика.

— реклама —

Пошироката јавност ја запознала во 2015 година во бугарската верзија на шоуто „X Factor“, по што нејзината кариера доживува подем. Деби синглот „К’во не чу“ многу брзо заврши на врвот на музичките листи, проследен од хитови како „Гром“, „Повикај ме“ и „Господин Ровер“.

Низ годините, таа освои бројни музички награди, распродадени билети на концерти и собра милиони прегледи на социјалните мрежи.

Таа беше и најмладиот ментор во шоуто „Гласот на Бугарија“, а минатата година настапи како предгрупа за Роби Вилијамс на концерт во Софија.

Дури и пред финалето, Дара отворено зборуваше за тоа колку многу ѝ значи претставувањето на Бугарија на Евровизискиот натпревар.

„Победата би била неверојатна и апсолутно се натпреварував за победа. Но, подеднакво сум трогната од идејата Бугарија да биде видена. Дека навистина можеме да бидеме видени“, рече таа во интервју за The Independent.

Таа исто така додаде дека верува оти нејзината земја има „огромна културна душа“ за која Европа сè уште не дознала доволно.

„Ако „Бангаранга“ го натера некого да ја истражува бугарската музика, брегот, литературата или луѓето, тогаш веќе сум постигнала нешто вистинско“, рече таа.

Насловот на победничката песна доаѓа од јамајканскиот сленг и може да се преведе како „бунт“, „метеж“ или „хаос“. Дара ја опишува како посебна енергија што симболизира слобода и живот без страв.

Тоа е чувство што секој го носи во себе. Моментот кога ќе одлучите да ја изберете љубовта пред стравот“, објасни таа по полуфиналето.

Песната стана и симбол на големото враќање на Бугарија на Евровизискиот натпревар по отсуството од натпреварот поради финансиски причини.

Земјата последен пат се натпреваруваше во 2022 година, а враќањето веднаш беше крунисано со историски успех.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

evrovizija

Македонија се враќа на „Евровизија“ во 2027 година

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryv3bm743bvvr84rEAUST

Демонстранти протестираа против учеството на Израел на Евровизија

Свет | пред 2 седмици

media-library3mr2maqq6k2d3QsTmvH

(Видео) Бугарија победи на Евровизија 2026 со песната „Bangaranga“

Магазин | пред 2 седмици

media-librarymir4ahlu2949f5xaz3E

Шест балкански земји во финалето на Евровизија, Грција главен фаворит за победа

Магазин | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања