Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Банката затворила 300 сметки поврзани со Трамп, сега тврди дека причината биле сомнежи за перење пари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Американската банка „Капитал уан“ побара од судот да ја отфрли тужбата што против неа ја поднесе компанијата на американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека затворањето на банкарските сметки било резултат на повеќемесечна проверка поврзана со спречување на перење пари.

— реклама —

Во судскиот поднесок, банката наведува дека одлуката била донесена по детална анализа спроведена од тимот задолжен за спречување на перење пари и во согласност со интерните процедури и регулаторните насоки. Притоа, не се тврди директно дека компанијата на Трамп перела пари, но се посочува дека забележаните трансакции припаѓале на категории што, според федералните банкарски правила, бараат дополнителна проверка.

— реклама —

Компанијата „Трамп Организација“ и Ерик Трамп ја поднесоа тужбата во март 2025 година, тврдејќи дека сметките биле затворени поради политичка дискриминација и ставовите на банката по настаните од 6 јануари 2021 година.

— реклама —

Од „Капитал уан“ ги отфрлаат овие обвинувања како неосновани и истакнуваат дека планот за затворање на повеќе од 300 сметки поврзани со Трамп бил донесен уште во март 2021 година.

— реклама —

Според „Гардијан“, ова е првпат една банка јавно да наведе дека проверките за спречување на перење пари биле причина за затворање на сметки поврзани со семејниот бизнис на Доналд Трамп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library753l9u9pj4g359nNunx

САД депортирале рекордни 483.200 лица во една година

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-library0macachlreevcFQIboH

Едно лице загина, неколкумина повредени во вооружен инцидент во Вашингтон

Свет | пред 20 часа

media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx

Инфлацијата во САД ги тресе светските берзи, ФЕД може да ги зголеми каматите

Свет | пред 2 дена

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Американски воен офицер уапсен во Велика Британија под сомнение за шпионажа во корист на Русија

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања