Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
urban-park

Седум до осум месеци старо бебе било пронајдено оставено на клупа во парк на подрачјето на Шуто Оризари, по што било пренесено на лекарски преглед, а полицијата започнала истрага за утврдување на сите околности на случајот.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 15 јуни 2026 година во 19:30 часот, А.С. од Скопје пријавил во СВР Скопје дека во паркот забележал оставено бебе.

— реклама —

Полициски службеници веднаш излегле на местото, а екипа на Итната медицинска помош го пренела детето во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. По извршениот преглед било утврдено дека бебето е во добра здравствена состојба и нема видливи повреди.

Во рамки на преземените мерки, во Полициското одделение Шуто Оризари биле повикани на разговор М.М. (49), И.М. (54) и Ш.М. (32), сите од Скопје.

— реклама —

Според нивните искази, Ш.М. на подрачјето на Центар се сретнала со С.Н., која ѝ го доверила бебето да го причува. Откако С.Н. не се вратила, Ш.М. заедно со детето заминала во населбата Шуто Оризари, каде што го оставила бебето во паркот.

— реклама —

За случајот е известен јавен обвинител, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на евентуална одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb6m676te1p4o2Wnhmcm

МВР официјално потврди: Уапсен Александар Лазаров – Цуна по четиридневното бегство

Македонија | пред 3 часа

media-library050nv58kgqrc19SDvNB

28-годишник почина по тешки повреди при сеча на дрва кај Дебар

Македонија | пред 22 часа

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Потпишал договор во име на корисникот и му активирал поскап ТВ-пакет – кривична за монтер на електронски комуникациски услуги

Македонија | пред 22 часа

media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Со фалсификувана возачка и лична карта возел камион – кривична пријава за 39-годишник

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања