Промени тема
Контакт

Бебиња умираат додека монструмот Мемеди не ги санира пропустите на Детска Клиника, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-05-28-at-11.50.20

„Директорот на Клиниката за детски болести - Реџеп Мемеди ќе плати и втора казна во само два месеци затоа што одбива да ги отстрани сериозните недостатоци на самата клиника! Двата извештаи на инспекцискиот надзор го откриваат колапсот на клиниката, вклучувајќи нестручни лекари и одбивање прием на деца без никакво образложение“, вели Левица и додава:

— реклама —

На Клиниката, од вкупно вработени 45 доктори специјалисти, ниту еден од нив не дежура во амбуланта на Клиниката, а прегледите во дежурна амбуланта се вршат од страна на специјализанти, кои издаваат медицинска документација во име на дежурните доктори специјалисти, а некогаш и документација и без потпис и печат!

— реклама —

Според Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ), директорот Мемеди и неговиот тим не презеле соодветни мерки и сè уште не го исполниле наложеното решение, со што ги оставаат пациентите во опасност.

— реклама —

Бидејќи Мемеди одбива да преземе мерки за санирање на колабираната состојба, пред неколку дена Инспекторатот изрече глоба од 4000 евра за Клиниката, а за Мемеди како нејзин директор 1200 евра. Додека во текот на вчерашниот ден, Инспекторат по втор пат изрече казна за оваа клиника, бидејќи не издале писмено образложение за причините за одбивањето на приемот на седуммесечното бебе кое почина пред 5 дена.

— реклама —

Само во последните шест месеци, 20 деца починале на клиниката, што ја прави стапката на смртност застрашувачки висока. Раководството од братучедите Мемеди, поддржани од министерот Таравари, се директно одговорни за овие трагедии. Уште колку детски животи треба да згаснат за монструмот Мемеди да биде тргнат од директорската функција?!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања