Промени тема
Контакт

Бегале од полицијата по обид за кражба, полицијата пукала предупредувачки во воздух

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 дена -

Македонија
media-librarypij38is49ldt2EpwO8U

Седум лица се лишени од слобода во Неготинско по обид за извршување тешка кражба во напуштен објект, соопшти МВР.

— реклама —

Полициски службеници од ОВР Неготино на 1 октомври презеле мерки за откривање на сторителите, постапувајќи по претходна пријава за тешка кражба.

— реклама —

Во кругот на напуштениот објект биле затекнати неколку лица кои, со употреба на алат, се обиделе да одземат предмети. Откако ги забележале полицајците, лицата се дале во бегство, при што полициските службеници испукале неколку предупредувачки истрели во воздух.

Набргу потоа, на местото и на неколку локации во Неготино биле лишени од слобода Е.Ф. (31), Б.Ф. (28) и Е.Ф. (32) од Паликура, Росоманско, Ѓ.У. (32), Д.И. (33) и Н.Ц. (38) од Градско и В.В. (31) од Подлес, Општина Градско.

— реклама —

Седумтемина биле задржани во полициска станица, а од нив биле одземени предмети.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhoec7j516hjl12gZgqO

„Прелетал“ на автопатот Скопје-Свети Николе: возачите знаат кај се „Сејф сити“, ама не и каде се полицајците со радари

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryoj2260cusfgs5QkAM2n

14 возачи приведени за безобѕирно управување, еден возел со 178 км/ч на автопат

Македонија | пред 18 часа

velosipedi

Уапсен 32-годишник во Скопје, се сомничи за кражба на 12 велосипеди

Македонија | пред 18 часа

media-libraryg8r4fkifn4v46H1SKm3

18-годишна девојка од Белгија исчезнала во битолско село Лавци

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања