Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Бела пена од Вардар и во Зелениково

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-librarykvd9fut7fjoa5p4unqK

Утрово вознемирени жители на селото Таор во општина Зелениково видоа загрижувачка глетка, одводниот канал што се влива во реката Вардар беше покриен со густа пена.

— реклама —

Инцидентот се случил веднаш по активирањето на пумпите за отпадните води од системот на Скопско Поле, што веднаш го вклучи алармот кај локалните власти за можно сериозно хемиско загадување на Вардар.

— реклама —

Ситуацијата е потенцијално сериозна бидејќи овој систем ги собира отпадните води од широк појас кој ги опфаќа општините Гази Баба, Арачиново, Илинден и Петровец, регион каде што има и индустриски капацитети и земјоделски површини.

— реклама —

За да се утврди што точно тече во Вардар, на барање на општината, екипи од Институтот за јавно здравје веднаш земаа мостри од водата и од сомнителната пена за хемиска анализа. Резултатите треба да покажат дали станува збор за детергенти, индустриски хемикалии или друг вид на опасен отпад.

Случајот е пријавен и до Државниот инспекторат за животна средина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylnfo4ifnk3l889xunWj

(Видео) Куче брка момче околу автомобил: „Вардар фанс“ тврдат дека е на Миленко Неделковски – „Дали е ова дел од тренингот?“

Спорт | пред 1 месец

— реклама —
vardar-komiti

(Видео) Вардар даде четири гола во дербито со Силекс

Спорт | пред 2 месеци

275674074_496133758650915_6676344617483907180_n

Херојска акција во центарот на Скопје: Двајца граѓани скокнаа во Вардар и спасија жена

Скопје | пред 2 месеци

DSC_0292

Брза интервенција спречи трагедија: Маж извлечен од Вардар од очевидец кој видел дека се дави, пренесен е во болница

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања