Промени тема
Контакт

(Видео) Вардар даде четири гола во дербито со Силекс

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Спорт
vardar-komiti

Актуелниот шампион Вардар се врати на победнички пат во Првата македонска лига, откако денеска на домашен терен убедливо го совлада Силекс со 4-1 во дербито на колото.

Вардар рано дојде до предност преку Димитар Данев, кој ја искористи првата посериозна можност на натпреварот. Силекс потоа презеде иницијатива, создаде неколку шанси и успеа да израмни во 37. минута преку Анѓелески.

— реклама —

На почетокот на второто полувреме Мирков, кој го предводи Вардар по заминувањето на Фабијани, направи тројна измена. Во игра влегоа Мигел Пиреш, Пуелио и Маневски, по што домаќините заиграа значително подобро.

— реклама —

Вардар повторно го презеде водството во 63. минута преку Маневски, а само шест минути подоцна Пиреш зголеми на 3-1.

— реклама —

Силекс не се откажа и се обиде да се врати во натпреварот, но не ги искористи своите можности. Казната стигна во 88. минута, кога Спахиу ги постави конечните 4-1.

— реклама —

За Силекс ова е првиот пораз сезонава. Кратовскиот тим досега забележа две победи и едно реми, покрај денешниот пораз.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylnfo4ifnk3l889xunWj

(Видео) Куче брка момче околу автомобил: „Вардар фанс“ тврдат дека е на Миленко Неделковски – „Дали е ова дел од тренингот?“

Спорт | пред 2 седмици

— реклама —
275674074_496133758650915_6676344617483907180_n

Херојска акција во центарот на Скопје: Двајца граѓани скокнаа во Вардар и спасија жена

Скопје | пред 1 месец

DSC_0292

Брза интервенција спречи трагедија: Маж извлечен од Вардар од очевидец кој видел дека се дави, пренесен е во болница

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryh7f1fft81snm55RzKG9

(Видео) Комитите го „запалија“ Скопје пред шампионската прослава на Вардар

Сцена | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања