Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Вардар го освои Гостивар, Николов донесе три бода со гол во првото полувреме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 16 минути -

Спорт
media-librarygr3birmcian172qwLeU
фото: unsplash

Вардар забележа важна гостинска победа против Арсими во Гостивар, совладувајќи го домаќинот со 0:1. Единствениот гол на натпреварот го постигна Бобан Николов во 19. минута, по асистенција на Закариќ.

— реклама —

„Црвено-црните“ од почетокот ја презедоа иницијативата, а во 15. минута Матиќ ја затресе мрежата на Арсими, но погодокот беше поништен поради офсајд по интервенција на ВАР.

— реклама —

Само четири минути подоцна, Закариќ нафрли во шеснаесетникот, а Николов со удар со глава ја донесе предноста за Вардар. Гостите имаа уште неколку можности за зголемување на водството, но не успеаја да реализираат.

— реклама —

Во второто полувреме Арсими се обиде да се врати во натпреварот, но задачата му беше отежната во 68. минута, кога Арџенд Гафури доби црвен картон по удар со лакт во лицето на Мигел Пиреш, по интервенција на ВАР.

— реклама —

Вардар не ги искористи неколкуте добри можности за втор гол, но успеа да ја зачува предноста и да освои три бода. Арсими, пак, останува на дното на табелата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryifh365hvfgk19GX7dKS

(Видео) Црвено-црна доминација во Скопје: Вардар го победи Пелистер со 31:23

Спорт | пред 3 седмици

— реклама —
media-librarylnfo4ifnk3l889xunWj

(Видео) Куче брка момче околу автомобил: „Вардар фанс“ тврдат дека е на Миленко Неделковски – „Дали е ова дел од тренингот?“

Спорт | пред 2 месеци

vardar-komiti

(Видео) Вардар даде четири гола во дербито со Силекс

Спорт | пред 3 месеци

275674074_496133758650915_6676344617483907180_n

Херојска акција во центарот на Скопје: Двајца граѓани скокнаа во Вардар и спасија жена

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања