Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Белите патики на Рама предизвикаа критики на Самитот на НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryu3p05t06rhep3DSDmk1

Освен безбедносните теми и војната во Украина, на Самитот на НАТО во Анкара внимание привлече и изгледот на дел од државните лидери, откако експерти за протокол ги анализираа нивните модни избори.

— реклама —

Најмногу реакции предизвика албанскиот премиер Еди Рама, кој на средбата на лидерите се појави во темносин костум, но наместо класични чевли носеше впечатливи бели патики.

— реклама —

Експертите за протокол оценија дека ваквиот избор на обувки не е соодветен за настан од највисок државен ранг. Иако дел од јавноста неговиот стил го поврза со минатото на Рама како професионален кошаркар, познавачите на дипломатскиот протокол сметаат дека тоа не може да биде оправдување.

— реклама —

Покрај Рама, критики доби и словачкиот претседател Петер Пелегрини. Според експертите, додека седел со прекрстени нозе, му се гледала голата потколеница над чорапите, што се смета за пропуст во машкиот протокол за свечени и државнички настани.

— реклама —

Чешкиот експерт за протокол Ладислав Шпачек оцени дека ваквите детали оставаат лош впечаток и не се во согласност со правилата на официјалниот дипломатски бонтон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nato-mrezi

НАТО предупредува: Во случај на војна во Европа може да нема доволно гориво за воените авиони

Свет | пред 13 часа

— реклама —
mark-rute-1

Руте: Русија месечно губи над 40.000 војници во војната во Украина

Свет | пред 1 ден

nato-zastava

НАТО ја менува воената стратегија: Русија станува главен приоритет

Свет | пред 2 дена

Screenshot-2022-02-26-at-23.58.02

НАТО го предупредил Зеленски: Трамп може да ги запре испораките на американско оружје

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања