Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Бесим Красниќи не се вратил во „Идризово“ по истекот на прекинот на казната, судот издаде наредба за приведување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Македонија
2

Основниот кривичен суд Скопје информира дека осудениот Бесим Красниќи не се вратил во КПУ-КПД „Идризово“ во рокот определен по истекот на прекинот на издржувањето на затворската казна.

Судот во мај годинава го уважил неговото барање за прекин на казната, земајќи ја предвид доставената медицинска документација и мислењата на надлежните лекари. Прекинот бил одобрен поради потребата од дополнителни медицински испитувања кои, според доставените наоди, не можеле да се спроведат во услови на казнено-поправната установа.

Од Судот појаснуваат дека при вакви одлуки се зема предвид здравствената состојба на осуденото лице, а прашањето дали потребното лекување може да се спроведе во затвор или е неопходно лекување надвор од установата е пред сè медицинско прашање.

— реклама —

По истекот на првично одобрениот прекин, Б.К. побарал негово продолжување. Судот со решение од 16 јуни 2026 година го одбил барањето, оценувајќи дека од доставената медицинска документација не произлегува потреба од дополнително лекување подолго од 30 дена надвор од установата.

— реклама —

Жалбата на осудениот била одбиена од Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, со што било потврдено решението на судијата за извршување на санкциите.

На 10 јули в.д. директорот на КПУ-КПД „Идризово“, Зоран Јовановски, го известил судот дека Б.К. не се вратил во установата во определениот рок.

— реклама —

По добиеното известување, судот издал наредба за негово приведување, како и потерница доколку се утврди дека се крие или се наоѓа во бегство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

idrizovo-ambulanta

Затвореници од „Идризово“ се тепале со тврди предмети, еден заврши на Клиники

Македонија | пред 4 месеци

idrizovo-ambulanta

Затвореник од Идризово ја доби Македонија пред Стразбур: судот утврдил дека бил тепан од чувар пред кантина, а истрагата била неефикасна

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2023-09-14-at-20.54.34

Инцидент во Затвор Скопје: При претрес на вработен одземен мобилен телефон

Македонија | пред 6 месеци

media-librarynch44fps57ctehAv2mA

Министерството за правда му подари скенер на затворот „Идризово“

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања