Промени тема
Контакт

Бесими: ЕУ за да биде целосна веднаш треба да го интегрира Западниот Балкан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
09032022_PVRSM_ZPVRSM_ME_MF_MZSV_Press_3

Заедничка цел на сите земји од Западен Балкан е да бидеме дел од ЕУ и од единствениот европски пазар. Само ЕУ интеграцијата, регионалните интеграции и единствениот пазар можат да придонесат за економски развој, како на национално, така и на регионално ниво. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во обраќањето на Преспа форумот за дијалог, говорејќи на панел дискусијата на тема „65 години по Договорот од Рим: Дали Европа е целосно економски обновена и интегрирана?“.

– По 65 години од Договорот во Рим, европскиот единствен пазар е најголемата економска област во светот и едно од најголемите достигнувања на Европската унија, со околу 500 милиони потрошувачи, 24 милиони компании и околу 17 милиони граѓани кои работат или живеат во различна земја од онаа од која потекнуваат. Сето ова придонесува кон подобри услови за живот за граѓаните, а воедно и за подобар економски резултат, рече Бесими потенцирајќи ја важноста на поврзаност.

Тој порача дека имајќи ја предвид актуелната состојба во која живееме, војната на европско тло и предизвиците кои произлегуваат од тоа регионот треба да биде дел од ЕУ и дека ЕУ за да биде целосна веднаш треба да го интегрира Западниот Балкан.

— реклама —

– Европа покажува дека се подобро се справува со предизвиците. Тоа го покажа со ковид-кризата, сега со предизвиците поврзани со воведените санкции со Русија, но во сета таа криза го покажува и одговорниот однос кон земјите од Западен Балкан, истакна министерот и додаде дека индината и на ЕУ и на земјите од Западен Балкан по оваа криза е да се даде предност на процесите на дигитализација, зелената транзиција, инфраструктурна поврзаност на регионот, човечкиот капитал, како и доброто владеење и борба со корупцијата.

Тоа, како што кажа, се петте цели кон кои заедно треба да бидеме насочени во иднина, со цел развој и постигнување подобри услови за живот за граѓаните.

Сесијата посветена на 65 години после Римскиот договор:Дали Европа е целосно економски обновена и интегрирана“ ја отвори премиерот Димитар Ковачевски, а меѓу учесниците беа и премиерката на Србија Ана Брнабиќ, Мајлинда Брегу генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка, Матео Бономи експерт за економија од Меѓународниот институт во Рим, како и Горан Ѓуровиќ министер за економски развој и туризам на Црна Гора и Артане Ризваноли министерка за економија на Косово.

— реклама —

Преспа форумот за Дијалог (ПФД) е платформа креирана од Владата на Република Северна Македонија со цел да им овозможи на земјите, лидерите, организациите и граѓаните да градат долгорочни односи и да ги зајакнуваат партнерствата. Годинашното второ издание се одржува во Охрид и е посветено на акутлени безбедносни, политички и економски прашања со кои се соочува Европа и Западен Балкан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

hajredini2

Оценката на министерот Бесими не се совпаѓа со објавениот скрининг, вели Хајредини

Коментари | пред 3 години

besimi-132424

(ВИДЕО) Бесими лут оти му кажаа дека пациентите со цистична фиброза ќе умрат чекајќи „трикафта“

Македонија | пред 3 години

besimi

Бесими: Кој е патот до економски развој и подобар животен стандард?

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања