Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Без дозвола, без надзор, со 382 кутии марихуана: Управител од Велешта под истрага

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Marihuana

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струга против 58-годишниот И.Б. од село Велешта и против правно лице со седиште кај селото Драслајца, поради сомнение за сторено кривично дело по член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.

— реклама —

Како што информира МВР, првопријавениот, во својство на управител на правното лице, спротивно на законските одредби, склучил договор и набавил сув цвет од канабис без ниту едно вработено лице. Тој не го известил Министерството за здравство за договорот и не обезбедил неопходни безбедносни мерки како 24-часовно физичко и видео обезбедување, ниту услови за складирање на канабисот.

— реклама —
— реклама —

По извршена контрола од страна на Комисијата при Министерството за здравство и Владата, е донесена одлука за поништување на дозволата за одгледување медицински канабис. Складираниот канабис е одземен и предаден на Агенцијата за управување со одземен имот.

— реклама —

Дополнително, со судска наредба бил извршен претрес во просториите на фирмата, при што се пронајдени сомнителни документи, како и 382 картонски кутии со марихуана во посебна сеф соба. Целокупниот материјал е одземен и предаден на надлежната агенција.Истражните органи продолжуваат со постапката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0us05j4159dle3DUNq0

Приведени двајца осомничени пиромани во Македонски Брод и Долнени

Македонија | пред 1 час

media-librarygie3r8ces75vex5smBO

Детали за сообраќајката во која загина 19-годишниот мотоциклист: Уапсен возачот кој избегал од местото, има и видео

Скопје | пред 2 часа

media-librarygnqu2bjk0a52b4wUDn7

МВР со детали за трагедијата во Радишани: Мотоциклист без регистарски таблички загина на лице место

Скопје | пред 20 часа

media-libraryl5dr5ib1eo1b0WN7Y1S

Кај Богородица пронајдени тројца мигранти, едниот со прострелна рана

Македонија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања