Поради уличен дефект на водоводна цевка со профил Ф-100 милиметри на улицата „Коста Абрашевиќ“ б.б., денеска, 10 септември, прекинато е водоснабдувањето во дел од општина Чаир.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека без вода ќе останат корисниците од улиците „Коста Абрашевиќ“, „Панче Неделковски“ и „Серава“.
Прекинот започнува во 09:00 часот и ќе трае до отстранување на дефектот.