Промени тема
Контакт

(Видео) Без возач и без оператор во кабината: Роботаксија од денес на улиците во Загреб

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Настани
media-library2u7jutn1263sedIZYjK

Загреб од денеска е дел од новата фаза на тестирање на автономниот превоз, откако компаниите „Верн“ и кинеската „Пони.аи“ започнаа пробни возења на роботакси без возач и без безбедносен оператор во возилото. Тестирањето се одвива на јавни сообраќајници, на 22-километарска траса што ја поврзува деловната зона Бузин со аеродромот „Фрањо Туѓман“. Компаниите наведуваат дека станува збор за прво тестирање од ваков вид на јавни патишта во Европа.

Досега во роботаксијата на „Верн“ за време на комерцијалните возења беше присутен безбедносен оператор кој можеше да преземе контрола врз возилото. Во новата тест-фаза оператор нема во кабината, туку системот за автономно возење самостојно управува со возилото, додека тимот на „Верн“ го следи од далечина. Според компаниите, операторите не управуваат со возилата од далечина.

— реклама —

Оваа фаза сè уште не е достапна за сите корисници. Возењето без оператор не може да се нарача преку апликациите на „Верн“ или „Убер“, туку станува збор за тестирање со поканети патници. Во следните месеци се очекува зоната на тестирање постепено да се проширува кон целото подрачје во Загреб каде што „Верн“ веќе ја нуди својата услуга.

— реклама —

Проектот го спроведуваат „Верн“, компанија од екосистемот на Мате Римац, „Пони.аи“, која ја обезбедува технологијата за автономно возење, и „Убер“, преку чија платформа во иднина треба да биде овозможено нарачување на роботаксијата.

„Верн“ соопшти дека неговите возила од почетокот на комерцијалната услуга во април имаат поминато повеќе од 200.000 километри во неколку илјади возења со корисници, со просечна оценка од 4,7 од 5.

— реклама —

Компанијата паралелно ја тестира и новата конфигурација на кабината. Предното совозачко седиште е отстрането, со што е ослободен дополнителен простор за багаж и голем екран. Со функциите на возилото и кабината се управува преку централен екран на допир поставен меѓу задните седишта.

— реклама —

Целосно автономните возења засега остануваат во тест-фаза, но нивното воведување претставува значаен чекор кон идната комерцијална употреба на роботаксија без човек зад воланот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3qoo07dtm5e68pKJCaB

Хрватски ресторански критичари го посетија „Македонски мерак“ во Загреб: „Турли тавата е причина да се вратиме“

Патувања | пред 2 дена

— реклама —
evra

Цените на недвижностите во Хрватска пораснаа 12,7 отсто за една година

Балкан | пред 2 дена

media-libraryopbbvkghoaava0Q7SPj

На 65 години почина поранешната хрватска министерка Андреа Златар Вјолиќ

Балкан | пред 5 дена

zagreb

Работниците во јавниот превоз и комуналните служби штрајкуваат во Загреб

Балкан | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања