Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Без возачки испит, пијани или со забрана зад воланот: 25 возачи уапсени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryjohi0te5esv38xjd81v

Вкупно 25 возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со возило. Меѓу нив, 12 возеле без положен возачки испит, 11 биле под дејство на алкохол, а двајца управувале возило и покрај активната забрана.

— реклама —

Од МВР информираат дека полициските службеници ги лишиле од слобода на различни локации во државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ според член 297-а од Кривичниот законик.

— реклама —

Меѓу лицата кои возеле без положен возачки испит се шестмина од Скопје, како и лица од селата Ново Село, Орланци и Бојане, а приведени биле и тројца малолетници на возраст од 16 и 17 години, двајца од Скопје и еден од Кочани.

— реклама —

Под дејство на алкохол биле затекнати возачи од Скопје, Радовиш, Штип, Прилеп, Неготино, Гевгелиско и Гевгелија. Двајца возачи од Делчево и Битола, пак, управувале возило и покрај изречената забрана за управување со моторно возило.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Истовремено, апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не возат без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 12 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 12 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања