Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Без возачка и агресивно однесување кон полиција во Тетово, приведе повеќе лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Две одделни интервенции на тетовската полиција резултирале со лишување од слобода на повеќе лица поради сообраќајни прекршоци и нарушување на јавниот ред, информираат од МВР.

— реклама —

Во првиот случај, на 27.04.2026 година во 13:45 часот на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.С. (20) од село Добарце, тетовско. При сообраќајна контрола било сопрено мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, кој го управувал без да поседува возачка дозвола. Мотоциклот е одземен, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

— реклама —

Во вториот случај, истиот ден околу 20:30 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници ги привеле Ш.Х. (31) од село Мала Речица и С.Х. (27) од Тетово.

— реклама —

При контрола на патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.Х., биле констатирани повеќе сообраќајни прекршоци. Според полицијата, возачот потоа се однесувал агресивно и упатувал навреди кон полициските службеници, додека сопатникот одбил да се легитимира.

— реклама —

По целосно расчистување на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 21 час

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 21 час

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања